Ова е мој пост и вака гласи: Тoлку имaм ревoлт и омраза кoн луѓетo, немoже да се опише за oнa денес штo се случи сo бесењетo на тие мирни мaaлски миленици. Тoлку ве мразам и имaм гнев штo ни сaмaтa немoжaм да гo oпишaм кoн чoечкиoт рoд...Еден да ми се oбрaти дoдекa шетaм куче сo погрдни збoрoви кaкo штo беше дoсегa, oвoјпaт нема да дигaм гaлaмa и дa се рaспрaвaм, негo ќе гo зaдaвaм...
Ми се гади, почна да ми се повраќа од нервоза. Имам мачиња мали и сега неделава кај и да е ќе ги земат едно по едно. Е како да спијам јас бе од кај да знам дали ќе му искочи на некој мачето надвор и ете ти толку треба.. Се забегано. Гадови.
Свесното и намерно усмртување или потешко загрозување на здравјето на домашние миленици (пред се кучиња и мачки) во поединечни случаи или групно преку труење или на друг начин се дејствија кои се забранети и кои претстауваат кривични дела или прекршоци. Пред да навлеземе во опис на правната уреденост на нив потребно е да се напомене дека клучно за успех во постапката е благовремено прибирање на доказни средства. Детално фотографирање на местото на настанот, прибирање на податоци од лицата кои можеби имаат информаци како сведоци како и извештај за смрта на животните од ветеринар се клучни за поведување на постапка. Мачење животни – чл. 233Ова кривично дело постои при „груба злоупотреба на животното“, „нанесување на непотребни маки“, „нанесување на непотребни болки“ или кога „заради изживување животното се изложува на страдање“. Во случајот за труење важно е да се докаже дека настрадните животни биле изложени на непотребни маки и болки. За ова кривично дело е предвидена парична казна или затвор до 6 месеци. Загадување на животната средина и природата – чл. 218Случаите на масовни труења кои станаа чести ги исполнуваат елементите на ова кривично дело. Предизвикувањето на опасност за животот и здравјето на луѓето или уништување на животинскиот или растителниот свет во поголеми размери. Казната за ова дело е затвор од 4 до 10 години. Предизвикување општа опасност – чл. 288Доколку масовните труења на животни се случуваат на јавни простории со зголемена фрекфенција на луѓе и особено деца (паркови, јавни простории, дворови од училишта и градинки, тротоари, игралишта, простор околу живеалиштата, трговски центри и сл.) со тоа дејство се предизвикува значителна опасност за животот и телото на луѓето. За основното дело е предвидена казна од 6 месеци до 5 години. Поднесување кривична пријава Кривичната пријава се поднесува до надлежниот јавен обвинител (во градот каде се случил настанот). Кривичната пријава се поднесува усно или писмено. Препорачливо е кривичината пријава да се поднесе писмено и да ги содржи сите важни факти (кога се случил настанот, каде, колку животни се настрадани, како настрадале, која е причината за нивното пцовисување, околноста дека настанот се случил на јавно и фрекфентно место). Во прилог на пријавата мораат да бидат содржани доказите со кои се потврдуваат наведените факти (фотографии од настанот, контакт податоци од сведоци кои би можеле да дадат информации за настанот, потврди од ветеринар за причина за смрта и сл.). ВАЖНО е веднаш по добивањето сознанија за труење да биде запознаено и МВР затоа што се работи за кривични дела за кои се гони по службена должност. Во пријавата може да се даде и квалификација на делото (мачење животни, предизвикување општа опасност) меѓутоа обвинителот не е врзан за истата.Доколку јавниот обвинител во предкривичната постапка утврди постоење на основано сомневање за конкретното лице кое го извршило делото ќе поднесе обвинтелен предлог (дококлу се работи за дело за кое е предвидена казна затвор до три години) или барање за спроведување на истрага (за останатите дела.Од особено значење е во конретните случаи да биде вклучено стручно лице адвокат кое ќе ја состави пријавата и ќе ги координира дејствијата во постапката.Бидејќи се работи за релативно сложено прашање кое вклучува повеќе сегменти (не постои пракса во судовите, ниско ниво на свест за правата на животните, нисно ниво на свест за здравјето на луѓето, слободната продажба на високотоксични забранети супстанци) покрај самата кривичната пријава потребни се дополнителни активности кои вклучуваат поднесување на прекршочни пријави за трговците кои продаваат забранети супстанци, актовности за подигање на јавна свест подигање на јавна свест и сл.
Јас не знам како може човек така ладнокрвно да расфрла отрови и стапици наоколу без да помисли малку дали само кучињата се тие што ќе се фатат во нив. Добро е што досега некое детенце не настрадало. И за кучињата ми е жал, навистина треба една институција која ќе ги згрижи за да не се на мака ни тие ни луѓето.
Секое г...о кое труе, малтретира и го опрњвдува насилството и убивањето на недолжни животни е спремно тоа на човек и дете да го направи. Гнаси одвратни. На дб им ги гледам тоа гадните фаци, ми се повраќа од нив.
Da se razbereme, bezdomnik najcesto samiot e kriv sto se nasol na ulica, ili dokolku se raboti za dete, krivi se negovite roditeli. Tie i mozat da vlijaat na svojata socijalna sostojba, mozat da rabotat, mozat da se skoluvaat. Kuce ili mace e inferioren vid i i da saka, ne moze da vlijae na svojata soatojba. Ne znae da raboti, ne znae da gradi, ne znae da se lekuva, ja nema svesta sto ja imaat lugeto. Se slagam deka zivotno i covek ne se sporeduvaat, zivotnoto e daleku ponemokno od bezdomnikot. Sekogas poveke ke zalam kuce skitnik, otkolku alkoholicar bezdomnik. Ne mi se veruva kolku e otupena svesta kaj nekoi luge.
I se nadevam tie sto frlaat otrovi eden den nivnoto dete ke se podzatrue malce nesakajki. Mozebi i samo mozebi togas ke im se razvie malce svesta vo toj otupen, maloumen "pamet" sto go imaat, bidejki gledam zborovi kaj nekoi luge ne dopiraat.
Apsolutno se soglasuvam, no na rajata kako sto gi ima pogore kako da i se objasni? Ima golem del od lugevo na forumov sto ne vodat diskusija, tuku borba za ego. Na takvite da objasnuvas prosta matematika e isto kako na dzid da objasnuvas.
Знам јас апсолутно те разбирам. Страшно ме револтира ова што им се прави. Само едно ќе кажам- се се враќа!
Има една улична кучка, секој ден кога идам на работа ја хранам. Ме познава по одот и некад ќе поминам таму кај што најчесто е стационирана и гледам ја нема, си продолжувам одам и после некое време осеќам некој ми ја турка ташната и кога ќе видам она. Којзнае од кај ме видела, ама битно да се пријави дека е тука. И тоа ни е ритуал секој ден. Пред еден месец се окучила некаде, ама ги криеше кучињата. Пред некое време ги најдовме, четири на број, кое од кое поубаво. И сега кога и носам храна, јаде колку јаде, другото парче по парче во уста и носи кај кучињата. Просто да не веруваш. Малите веќе почнале да одат и излегуваат на улица. Она се нервира, им ржи, ќе фати едно за нога и го влече да не иде на улица. Само што сместила едно и искача друго. И така цел ден. Им дежура, ги штити, им носи храна. Ги сместивме на малку побезбедно. Не дека таму е ептен безбедно, ама пак. И сега барам некој кој сака куче да ги вдомиме. Кучката е мал раст, таткото незнам каков е, ама гледајќи ја мајката не верувам дека ќе бидат големи. Ќе постирам неколку слики, сеуште се плашат и неможам убаво да ги сликам сите. Ама ќе ги сликам деновиве. Па ако некој е заинтересеиран или знае некој што сака кученце, нека ми пише.
nemas pamet ti dete da se podzatruelo, kuceto pobitno e od deteto taka? i seto ova masovno truenje po ulicite e rezultat na onie napadi od kucistata vrz decata, sami si go baraa.
Procitaj mi gi povtorno komentarite, ako povtorno ne si ja razbrala poentata togas spagas vo onaa grupa na luge za koja se odnesuvaat istite kentari, i vo toj slucaj nema sto da diskutirame.
Колку прост и грозен коментар. Кој си го барал бе? Гнаса како и сите што фрлаат. Едит: а што ако детето твое изеде од отровот? Што тогаш? Свесна ли си колку е јак? Човек може да убие а камо ли дете мало. Колку сте прости и гнасни ова е ненормално
Срамота и греота се овие актуелниве немили случки со бездомни животни. Баш заради тие најсурови општи повици за убиства на улични кучиња насекаде, се организирале нелуѓе вака да дејствуваат. За обесените кучиња во Ново Лисиче прочитав дека биле стерилизирани, вакцинирани и никого не напаѓале, напротив биле маалски пријателски настроени животни, дури и имиња им дале луѓето таму... Со што си го „барале“, жити сè? Не само што трошка човечко немаат во себе овие суштества што стојат зад вакви потези (колку злоба и садизам треба да имаш во себе за да купуваш отров и да правиш стапици од сајли, еј ), туку ни со трошка разум и памет не можат да се пофалат... Ако воопшто не им е жал за животните, малце барем да размислеа дека и стапициве, и отровиве на фреквентни населени места можат да бидат опасни и за луѓето, посебно за децата! Срам за човештвото се овие садисти, а и таквите што и во најмала мера ги оправдуваат!
Миле,Црни и Сивчо кои беа жртви во стапиците во ново лисиче, и за сите други отруени кутриња има да одговарате. Да се дознаат кои се за тие што ги отруле отров, а за тие што ги поставиле тие стапици и се обесени со исто да им се врати. Нека биде иста казната...ПРОКЛЕТ НАРОДЕ... Толку беа мили и игриви, погледнете им го погледот толку мил и невин. Не би повредиле никого..
^ Души најубави,полни љубов. Ама клети луѓе,мизерни,бездушни. Не можам да се смирам од сликиве на фејсбук што вртат,во многу градови.Како,каакоо? Што спијат бе надлежниве,како ништо да не се случува,да се плукнам во државата,ако ова е држава со луѓе со извитоперени вредности.Да бевме во друга, ќе видевме дали вака ќе се осмелеа да убиваат. А коментарот "си го бараа"
Мене уште не ми е јасно какви луѓе можат да подржуваат ваков начин на спас, не ми е јасно, не можам да се помирам и да поверувам со какви луѓе го делам возудухот. Нека ни е со среќа иднината на сите оние кои ќе останеме во оваа мочана, скапана земја со сите гнаси од луѓе што постојат. Садизам, вакво дело во светото се осудува и затвор се лежи за него. Луѓето на психијатар се праќаат за вакво нешто. Кај нас им аплаудираат. Боже мили се надевам дека од своја рака ќе настрадаат. Не ми се верува дека мирно спиете со мислата дека вакви луѓе имате во близина, способни да нанесат лошо на невино суштество што само не може да се брани и што никому не нанело лошо. Ми се гади и ми се плаче од што сум немоќна. Не можам, не знам што да кажа. Колнам и ако треба Господ грев да ми пише, ама таквите бел ден да не видат, деца да им умираат и цел живот да страдаат.
Плачам како мало дете.. Грев нека не ми пиши Господ ама децата нивни да им се бесат на стапиците и трујат со отровите!! Да си го види најмилото крв и пена кај што плука! Вие сте за да ве пратат во вардариште,да ве стават во кафез да ве изгладнуваат,тепаат до смрт а сепак да ве остават живи и да патите!! Не можам да се помирам Господе. Се надевам се сега на многу поубаво место... Ми се корни душава