Znaci uste ednas ke povtoram. Temata e za peticija PROTIV ubivanje kucinja vo Kina koja poradi aktuelnive slucuvanja, diskusijata se prenese za tuka kaj nas vo Makedonija. Ako vi se diskutira za bolnite deca, imate i takvi temi, ako vi se lecat kompleksi preku podrska na ubistvata, otvorete si i takva tema i isturajte go gnevot od vas tamu. Nikoj ne ve prisiluva da go gubite vaseto skapoceno vreme tuka i da se objasnuvate so nas nerazbranite. OVA E TEMA PROTIV UBISTVO NA KUCINJA.
Во ред тоа него некако е бесмислено пошто во Кина, Кореја, Виет Нам и остали далекуисточни земји песовите традиционално служат за исхрана, тоа е исто како кинезите да протестираат поради тоа што тука се јадат кокошки да речеме... Феноменот на домашни миленици е реалтивно нов и посебно во западните општества и оние кои гравитираат кон нив како балканските е несфатливо како може некој да јаде куче, за 1,3 милијарди кинези тоа е сосема нормално
Во поглед на фестивалот Јулин и главната цел на петициите не беше убивањето на кучиња туку изживување врз нив пред да бидат убиени. Ги затворат, ги измачуваат, им ја вадат кожата, се дур не умрат па после ги готват едино зошто месото им е повкусно ако буквално душата им се извади. Сите знајме дека низ цел свет се јади моментално месо и различни видови на животни и како луѓе од држава која не е голем процент вегетаријанци немаме право да пишиме петиции оти тие јадат куче кога ние јадиме се останато. Тие се изживуваат врз огромен број на кучиња. Тоа е веќе нехумано.
А ви текнува на песот (волкот?!) од Вевчани пред некоја година за време на тоа карневалот што го прават, млателе некој пес или волк (делува како волк на сликава) и после го влечкале низ сретсело? Прилично забегана раја вирее таму...
Јас не сакам кучиња воопшто. Да сум власт, би ставила поголема казна за тој што остава куче на улица отколку за тој што убива куче. Зошто?? Затоа што кучињата на улица не се од таквите како мене што не сакаат кучиња и не чуваат куче, туку од љубителите на кучиња што кога ке им се окучи кучката ако нема кученцата каде да ги дадат ги фрлаат на улица. И знаете што?? Колку сакајте убедувајте ме, никогаш немам нападнато куче а 5 пати сум нападната до сега. Два пати имам пријавено во полиција како луѓе оставаат куче на улица и полицијата првиот пат ми рече дека не сум имала докази а вториот пат комшивкава од зградата одрече дека тоа се нејзини кученца. Истата жена кога еден друг комшија си ги однел кученцата на фармата, се караше дека и ги украле а сега кога почнаа да прават штети не биле нејзини. Не бе госпого, во зграда живееш, и за пред влез да чуваш куче треба да не прашаш сите. Секоја чест за вистинските љубители на кучиња, но малку се тие што кога нема каде да го подарат малото кутре не го фрлаат на улица. Ке потпишам петиција само ако е од типот ‘‘Контрола на љубителите на кучиња, како се грижат и што прават со потомството на нивните домашни љубимци‘‘.
Вистински љубител на кучиња не ги размножува и не ги остава по улици. Точка. Тоа е последица од "земав кученце за децава, ама ми моча". И од купени ради мода "марка" кучиња. Тие што ќе се пронајдете - цркнете. Вас на улица да ве остават. Никогаш ме нема нападнато куче, секој ден сите по улица ги гушкам. И ги хранам. А вас душебрижни за деца по улица, одете и хранете ги. Нема никој право да ми каже кому да помагам. За мене секое куче е свето, и секој што ќе посегне по отров/пушка/секира, сам нека си се убие со своето оружје. А на моето влакно да му фали, сторителот Америка нема да го скрие. Ако се плашиш од кучево кое до нога на поводник ми оди, слободно помини од другата страна на улицата. И јас се плашам од тебе. А кај мене дома не си добредојден, немам намера да го "тргнам, врзам, затворам" заради тебе. Ти и твоите деца, внуци, маж, сте гости, кучето е член на ова семејство и да, поважно ми е од тебе. Поздрав.
Колку си само во право, немам зборови. И тоа како ми одат на нерви гости кои ми доаѓаат и бараат да го тргнам мачорот мој од собата кај што се тие. Не можам да им преречам, после проблеми ќе си имам со моите, ама баш заради тоа што го однесов на балкун бидејки им пречел, скокна од таму и истата вечер го чукна кола. Сфатете, животните кои ги чуваме дома се дел од семејството, членови. Јас никогаш, ама баш никогаш не би се дрзнала кај некого дома да му наредам да го тргни животното, па и змија нека чува, ако ми е страв нема да одам на гости, ќе се видиме некаде на кафе и тоа ќе биде.
Најголем дел од другарите наши имаат деца. Знаат дека кај нас има и куче и мачка и нема да ги "тргнам". Ако не сакаш детето да ти седи со нив - не доаѓај. До толку е просто. Јас искрено им кажувам и до сега со блиските пријатели не сум имала проблем.
Само што видов пост од членка на Анима Мунди. Луѓево нудат 300 евра за секој оној кој ке открие одентитет на трујач на кучиња а од друга страна секојдневно бараат донација за истите кучиња. Од каде сега тие пари за информација ги имаат а ги немаат да за операции и вакцини на кучињата?
@*Amethyst*, а ти па бараш логика во Анима Мунди Ти текнува кога сакаа да ја тужат Зоолошка за умрен мајмун? Многу е иронично- имаш пари да плаќаш судски трошоци и адвокати ама немаш пари за да му помогнеш на некое болно кутре на кое итно му треба нега... И после зошто никој не ги сваќал сериозно.
Не е наградата од Анима Мунди, туку од велешко здружение кое најголем дел од донациите ги добива од странство. Доста се транспарентни затоа што на интернет ги собираат средствата, како што се gofundme и слични. Освен тоа, може јас лично да им дадам 300 евра да понудат како награда, како поединец, за конкретниот случај. Пошто совеста не работи кај луѓето, можда алчноста ќе проработи.
CameliaMiller за откривање на идентитет можеш да дадеш 300евра (кој читај и така ке го фати полиција) а не можеш да дадеш за операција на куче или лекови? Ко што кажа членкава, логиките ви се ....
Веројатно наградата е понудена затоа што полицијата досега нема фатено ниеден трујач на животни...за жал. Далеку од тоа дека немаат пари за операција на животни, барем колку што сум јас запознаена со нивната работа секојдневно спасуваат животни, посебно велешкото здружение. Анима Мунди функционира на принцип на донации, но сите сме свесни колку кај нас се донира за бездомните животни. Имаат и многу пропусти, не ги бранам, само го кажувам моето гледиште на ситуацијата
UnordinaryOne тоа што не се изнесува јавно не значи дека нема никој фатен, ако би бил кажан му се нарушува неговото право за анонимност кој и да е може комотно да ги суди според сите закони во државава и пошироко.