Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    Чии логики?
    Знаеш од каде, кој и за што донира? Освен ако на грб немаш свое здружение кое тешко добива донации, не ти ја сфаќам поентата?
     
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    CameliaMiller зборам за славните анима-мунди. Мислев дека си дел од нив затоа те ставив у ист кош.
    |(
     
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    Како што кажав, тие 300 евра немаат никаква врска со АМ, туку ги дава велешкото здружение кое транспарентно ги собира донациите, најчесто од странци, преку gofundme и слични.
    Јас преферирам никому да не "припаѓам", сама спасувам животни, ако ми требаат пари за некое животно, објавувам кое е животното и за што ми требаат пари.
    Ако донирам, имам право да донирам за што сакам - па и за награда.

    Кога ликовите како трујачот и џелатот ќе завршат зад решетки, свеста ќе се подигне. Пошто никој не ги пријавува, се бараат начини за да се дознае кој е.
    Ако полицијата го фатила, а обвинителот го обвинил, ќе го имаше во билтенот - а го нема. Што значи дека се' уште немаат никого фатено, затоа што никој од нив не го ни бара.
    Липски џелатот се терети пошто имаше 30 сведоци на убиството и пошто многу луѓе, меѓу кои и градоначалникот на Општина Центар, вршеа притисок врз полицијата.
    Да не беше така, и тој случај ќе се заташкаше.
     
    На piglet1, christinnn, Zlatna12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Во последно време се зголемува бројот на труења, најискрено мене ми е страв секојпат кога го шетам моето милениче....веројатно покренале иницијатива за откривање на сторителот за да го објават јавно, па на тој начин да ги заплашат сите што планираат да поставуваат отрови и во иднина. Јас не сум дел од ниедно здружение, одреден период имам соработувано со членови од Анима Мунди и дел од нив се навистина посветени на тоа што го работат...посебно ми стана јасен делот со донации, кај нас никогаш не се собира целосната сума потребна за одредена операција и мора самостојно да дејствуваат. Иако потребно е поголемо залагање и од нивна страна.....тоа е факт.
     
    На piglet1, Joi, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Луѓе не смее јавно да се откриваат злосторници се со цел да се заштити нинвата приватност, овој муабет на оваа тема и на тема педофили го правев со другарка магистер по право што е.
    ЈАс сум секогаш за јавно да се обелоденат и да се кажат со слика, име и презиме ама тоа така во светот на правото не е можно, еден од нив да има кликер и да го подучи некој може слободно една тужба против државата со откривање на идентитетот без разлика што е злосторник.

    За фаќање на трујачите се фаќаат ова го знам од блиски извори ама не смее тоа да се каже јавно а и плус за новинарите и не е некоја вест да ја пишат.
     
    На theowndemon и UnordinaryOne им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    АМ долго време бара да ВОЛОНТИРА во Вардариште, или да добие дозвола да отвори стационар.
    Ни едното, ни другото, град Скопје не ги дозволува. Не се бараат средства од буџетот на градот, туку стационарот би се одржувал од донации.
    Ама Вардариште е фина перална на пари, како и се' друго.

    АМ одамна имаа своевиден стационар, изнајмуваа нива, но тоа не е легално и не можеа да бараат донации за истиот.
     
    На piglet1, theowndemon, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    266.893
    Апсолутно не треба да се каже идентитетот поради пресумпција за невиност. Затоа се користат иницијали.
     
    На theowndemon и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  8. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Sekoj za sto saka moze da donira, i mislam deka nema potreba da broime tugi pari za (pogotovo) takva rabota. Koga se vrsat donacii vo anima mundi, konkretno naglasuvas za sto sakas da bidat iskoristeni tvoite pari. Ako lugeto ne donirale za konkretno zivotno, ne znaci deka ne donirale za slucajov so truenjevo.
    A deka policijata ne prevzema nisto, so glava tvrdam. Ne mora da otkrivaat identitet, nikoj ne go bara toa, dovolno e da kazat deka podnele krivicni kon nekoe lice ( bez da naglasuvaat licni podatoci), ama eva ja uste nisto ne sum cula...
     
    На Cinderfakinrella, UnordinaryOne и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    ----
    Автор: А. Антевска
    Извор: https://sdk.mk/index.php/naslovna/k...seno-na-vardarishte-se-baraat-sopstvenitsite/
    ----
    КУЧЕ КОЕ НАПАДНА 9 ЛИЦА УЛОВЕНО И ОДНЕСЕНО НА ВАРДАРИШТЕ, СЕ БАРААТ СОПСТВЕНИЦИТЕ
    8 декември 2017 Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

    [​IMG]

    Родителите на едно од нападнатите деца на Фејсбук објави фотографии од повредите на нивната ќерка и најавија дека ќе поднесат тужба до Град Скопје и до здружението за заштита на животни „Анима мунди“.Фото:(Фејсбук)

    Заловено е кучето кое синоќа нападна девет лица во скопската населба Аеродром. Шинтерската служба на Град Скопје попладнево го нашла кучето и веднаш го однеле во стационарот Вардариште.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека станува збор за домашно куче, кое сопствениците го напуштиле и го оставиле на улица.

    „Повикавме екипи од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои ќе одлучат како да се постапува понатаму. Се бараат сопственците кои дозволиле кучето слободно да шета низ населбата Аеродром. Град Скопје работи на нова програма за кучињата скитници, како и за домашни миленици, која наскоро ќе ја презентираме во јавноста“, вели Шилегов.

    Родителите на едно од нападнатите деца на Фејсбук објави фотографии од повредите на нивната ќерка.

    „Ова се раните на раката на мојата помала ќерка Ума која беше нападната од куче во населбата Аеродром. Покрај неа искасани се уште 7 деца и две жени. Детето ми е спасено благодарение на случајна минувачка која се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Сакам да ги тужам Град Скопје и Анима мунди“, напишаа родителите на едно од нападнатите деца.

    Од Клиниката за инфективни болести велат дека синоќа биле примени 9 лица искасани од куче. Д-р Милена Стевановиќ, директорка на Инфективна клиника, вели дека меѓу повредените имало и деца и возрасни и дека по пружената медицинска помош се пуштени дома.

    „Повредите претходно им беа санирани и исчистени, а кај нас се прима профилаксата, односно вакцина. Во случајов бидејќи станува збор за домашно куче дадена е само вакцина против тетанус, на оние пациенти кои немале примено. Никој не е хоспитализиран”, вели д-р Стевановиќ.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив имало пријава за нападнати шест лица од куче скитник. Немаат информација дека станува збор за куче кое има сопственици.

    „Во полициската станица Аеродром, пријавени се шест настани во врска со напад на куче врз граѓани на подрачјето. Се работи за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години, кои се каснати од куче“, велат од Министерството за внатрешни работи.
    ----
     
    На *Amethyst* и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Не сфaќaм зoштo секoј пaт кoгa имa нaпaди oд кучињa aвтoмaтски се плукa пo Анимa Мунди. Тие се сaмo групa луѓе кoи се сoбрaле дa им пoмaгaaт нa улични живoтни, не се претстaвници нa кучињaтa и немaaт никaквa oбврскa дa ги згрижувaaт, дa ги хрaaнaт и вaкцинирaaт. Единствениoт винoвник зa вaквите ситуaции се oштините, срaмoтa е вo нoрмaлнa држaвa дa се дoзвoли дa шетaaт глутници преглaднети кучињa-скитници. Вo кoнкретниoв случaј нaјкрив е сoпственикoт штo гo пуштил кучетo.
    Не е хумaнo и не е кoриснo еднoстaвнo дa се убијaт сите скитници. Ќе се нaјде некoј штo ќе oстaви куче нa улицa и пaк ќе се нaкoтaт. Мислaм декa прoблемoт ќе се реши aкo се стерилизирaaт сите улични кучињa и се нaпрaви дa биде зaдoлжителнo сите дoмaшни кучињa дa бидaт сo чип, пa aкo некoј гo испушти дa биде кaзнет пaричнo.
     
    На Arthur, PaLaVa, Feminka22 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.768
    Греота.
    Да ти е страв да прошеташ дете.
    Раната ќе залечи ама душата?..траумите??

    Анима мунди ги слушам со изјавите..не орифаќаат одговорност и претпоставуваат дека се работи за куче одгледувано за борба.
    Иначе и кај што не ги сееш ќе никнат со обвинувања,па дури и сега.
    И после ги убивале кучињата..ги труел некој.
    Прашајте ги родителите сега што би сториле ..
     
    На ivi1987, buba4e89, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Тие се секта. Болни во главата.
    Јас разбирам љубов кон животни, ама ова се граничи со лудост нивното.
    Пред некое време една жена се жали дека во пази, зградата, има луѓе кои чуваат куче, одат на работа и кучето по цел ден лае завива цвика и плаче. 8 саати дневно, секој ден, цела зграда го трпи тоа. И една секташка болна од анима мунди вика, па нека го де, и мене ми смета на пример бебе кога вришти.
    Ај не речи дека ова не е лудило.
     
    На ivi1987, Bubce38, kikikikirika и 20 други им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ај што се надлежните луди, и луѓето се многу прости. Никогаш не пријавуваат улични кучиња во нивната околина, неми се, не реагираат едоставно. Се свестуваат откако ќе се случи хорор, до душе и тоа е за кратко, детето што загина од кучиња пролетта, сите веќе го заборавија. Преку глава ми е со какви амеби делам воздух. Се плашат, ама не се жалат таму каде што треба.
     
    Последна измена: 8 декември 2017
    На gjoker4e, Rama, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Затоа што Анима Мунди ги напаѓаат сите луѓе кои на некој начин да се заштитат себе си, напаѓаат кучиња
    Се сеќаваш на случката кога човек уби куче (незз која беше причината само) бараа затвор за човекот и го напаѓаа со какви не грди и нападни зборови
    Исто случката кога куче изгриза дете до смрт, лудаците од Анима Мунди велеа дека детето си било само криво зашто го провоцирало кучето.

    А еве ги сега се кријат како пи*ки. И нека ги тужат. Редно време е некој од нив да си го добие заслуженото.
    Не можам да сфатам во вакви ситуации какви луѓе можат да застанат во одбрана на нападно животно наместо да го бранат човечкиот живот


    Греота за луѓето само. И повредените деца и родителите
    Ова е траума
     
    На buba4e89, koritsaki, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Не одете во крајности.
    Жалосно беше што човекот го уби кучето на сред бел ден во сред центар со секира. Жалосно и трауматично, јас да сум видела такво нешто со свои очи како некој убива со секира по глава живо битие немашше да спијам до ден денес од траума. Свиња колеа комшииве пред месец дена траума имам како цвилеше жално свињата а не пак главта да видам дека некој му ја расцепил на две на куче. А замислете дете да види такво нешто, ај јас сум крава од 27 години, ами дете?
     
    Последна измена: 8 декември 2017
    На PaLaVa, Feminka22, Zivyle и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Кaкo сaкaш нaречи ги и се сoглaсувaм сo тебе декa мнoгу пaти имaле испaди, aмa oни и здруженијaтa кaкo нив се единствените кoи зaеднo сo други љубители нa живoтни се зaмaрaaт уличните живoтни дa бидaт згрижени и нaхрaнети, иaкo немaaт никaквa oбврскa дa гo прaвaт тoa.

    @Shery не знaм зa кoј случaј збoрувaш, aмa знaм декa прoтестирaa пред куќa нa чoвек кoј среде центaр сo секирa искaсaпи куче. Дa убиеш куче дoдекa те нaпaѓa е oснoвен инстинкт, aмa дa пaлиш кучињa, дa бесиш и дa убивaш сo секирa е веќе психoпaтствo и нoрмaлнo декa ќе се бунaт здруженијaтa зa зaштитa нa живoтните.
    Oсвен aкo кучетo не билo чувaнo oд Анимa Мунди не гледaм причинa зoштo би се тужеле тие.
     
    На PaLaVa и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Кога никој ништо не презема, преземаат луѓе - со труење и убивање на кучињата. За да спречат еве вакви немили настани. Не е добро да се одзема живот, но не е добро ни да се загрозува безбедноста на луѓето, притоа и нивниот живот е во опасност, имало смртни случаи. Шилегов, ако добро се сеќавам, пред еден месец велеше дека ќе се работело на решавање на проблемот со кучињата скитници, ама не е само Скопје... Општината треба да ги реши овие проблеми, крајно време е сериозно да се сфатат.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Епа и покрај толку хуманитарни организации сепак има сиромашни луѓе нели. Некој не ја направил од бес организацијата или од љубов кон животните, таа е направена да се профитира и да се вртат пари.
     
    На Nigredo Odor, baba Rada, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.768
    Точно Витали.
    Во која општина е регистрирано тоа здружение, таа Општина доделува среТства за спас,лечење или вдомување на уличните кучиња.
    Та да е само едно вакво здружение..
     
    На *Amethyst* и Vitaly им се допаѓа ова.
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085

    Познато ти е дека човек уби куче на улица, а ситуацијата кога глутница кучиња изгризаа 4 годинишно дете не ја знаеш?
    Епа повели, едуцирај се
    http://24vesti.com.mk/glutnica-kuch...evsko-so-teshki-povredi-zavrshilo-na-urgenten
    https://www.facebook.com/notes/anima-mundi-здружение-за-заштита-на-животни/реакција-за-јавност-по-повод-смртта-на-четири-годишното-дете-растргнато-од-кучињ/1399319773457590


    Детето умре иначе, ако те мрзи да читаш. Да, 4 годишно детенце умре од тешки повреди.
    Черепот му бил изгризан, не можеле да го сошијат на клиника зашто му фалеле парчиња месо
    И не ме палете за ситуацијава. И секој има, или ќе има некој ден деца.
    На никој не посакувам ова да му се деси

    Иначе, и јас сум голем фан на животни, чувам и дома. Ама за кучиња скитници сум голем противник
    Нека се направи засолниште и таму да се чуваат, а не во ниедни часови навечер да се оставаат кучиња во населени места и да сеат страв
     
    На ivi1987, buba4e89, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.