Да бев член во Анима Мунди ќе ти одговорев, ама уште претходно кажав дека не сум. Јас ти кажувам како обично функционираат таквите организации зошто имаме една во мојот град. Јас би сакала парите од оштетата да би оделе кај уличните животни, кај болните животни. Можеби ги користат за храна, не стигаат за друго. Можеби ги тргаат настрана за некогаш кога ќе има доволно да отворат засолниште. Ама и не ми е толку грижа зошто штом организација како Анима Мунди тужи и добива оштета тоа значи дека некој бездушник одговара за насилство врз животни (и надежно нема да го прави истото во иднина и ќе служи како пример за што не треба за некој сличен на него) и тоа е доволно за мене. Зошто ако тоа животно преживее ќе биди тоа кое напаѓа деца во иднина, и нели на никој не ни е мило тоа. Има ситуации каде кучето е казнето и усмртено за насилството, апсолутно оправдано, но не е и човекот кој го донесе до тоа ниво. Кога би се казнувале и луѓето, тие кучиња ќе беа тргнати настрана со време во некој стационар каде нема да се опасност, а човекот ќе одговара за тоа што го прави. Но и во моето прво мислење реков, тоа се би било Утопија. Се е поврзано, внимавање, стерилизирање, вакцинирање и згрижување на уличните кучиња резултира со безбедност на дечињата. Не е Анима Мунди по кои треба да се вика за ова, по државата треба да се вика. Само најдобро е сега, зошто ако е покасно откако ќе заборават на дечињава, ќе се бунат дека нешто е поважно него да се среди ова со кучињата. Нели, се до моментот до следен ваков немил настан.
Држава крива за економија,џа иселување,за Буџет,за социјални надоместоци,за к-15,за загадување...еве сега и за кучиња. Ако е таа крива за кучиња зошто ни се тогаш повеќе од 40 НВО на територија на Скопје?!..кои примаат надомест за тоа? Ај..еве не е виновна Анима мунди. Што туку се меша тогаш и во секоја манџа пипер додава? Не.Не се виновни за касањето на разулавеното куче ама бар нека ќутат. А не..кај ДУМ таму КУМ! И навистина никој неможе да се натовари со вина дека е виновен за животно, ОСВЕН газдата ( ако го има). Ама барем НЕКА ЌУТАТ и нека не се појавуваат Здруженијата кога треба и нетреба. Вчера ја слушам,таа ќе кажува за психологија на кучето. Поминала таа покрај куче па и психологија да толкува. Нека и се појавеше родител на искасано дете па да и објасни нејзе убаво.
Шинтерската служба доколку ја има треба да си ја врши работата и нема да има животни скитници. Кога луѓето ќе пријават (на број како 191 пример) глутница учиња -да има кој да се појави и да ги собере во стационар. Таму да престојуваат одреден период и доколку не го вдоми некој или не си го пронајде да го успијат. Треба да се има централен регистар на животни (можеби има не сум запознаена)и секое животно да се пријави кога ќе се вдоми или кога ќе се роди и да си добие матичен број и плочка за околу врат. Тој број да содржи податоци за сопственикот и тој да си одговара. Да има веб страна и таму да може да се пребарува по број, раса, боја, место и секој да може да види каде му е животното и да пишува негова состојба. Доколку не го пријави, а го чува или го пушти по улица да плати голема казна и да одговара за загрозување на безбедност. Доколку го остави во стационар да плаќа одредени пенали-доволно кучето да се одржува до периодот на успивање. Толку ли е тешко да се организира тоа? Па децата се најзагрозена категорија. Важно некои безвеза закони протуркаа.
Ситуацијата со уличните кучиња е алармантна, не само во Скопје, туку и во другите градови. Буквално си се групираат по глутници и така си живеат и си се размножуваат и убавко им е. Јас навечер имам уплав да си одам сама, не заради луѓе, туку заради кучиња. Проблемот? Во одговорните институции. Мада што и луѓево што чуваат миленици не се нешто поарни. Како може да ги земаат, да ги вакцинираат, ги бележат и ги враќаат назад без да ги стерилизираат?? Значи, нормално дека тоа куче има нагони и дека тоа куче ќе се размножува. Гледам делумно решение во тоа да се стерилизираат, барем нема да лудуваат и со тек на време ќе се намали бројката, колку-толку. Кај нас нема култура на стерилизирање, додуша, ни кај домашните миленици. Секој нека си чува што сака, ама не може мене твоето куче, што си решил дека не сакаш веќе да го чуваш, да ме ремети. Се знае - се заловуваат, се носат во шинтери, ако никој не сака да ги посвои, жал ми е ама...... повеќе ми е жал за мене кога си одам навечер од некаде и ми е страв да не ми рипне некое џукелче. п.с. Настанов се случи во моја непосредна близина, во период кога и јас бев излезена/излегував. Јас имам фобија од кучиња и тоа огромна, не знам што би направила мене да ми се случи вакво нешто ама ит еинт гона би најс. Се мислат дали да тужат општината, градот или анима мунди? Има партал да ги направам, сите по ред.
Криви се и тоа како Градот Скопје е директно одговорен за ситауцијава со кучињата. Јас би го тужела град Скопје како институција и поединечно одговорните лица (доколку постои таква можност) на чело со градоначалников сегашен и претходникот негов
Ами зошто секоја Општина посебно има одвоено во финансискиот план за фискалната година пари за НВО за оваа намена?! На територија на опш.Центар има 14 НВО кои земаат пари за ова. Општината е виновна што на нивни луѓе доделува средства..си исноваат Здружение и толку..битно џебот полн. Ама да не навлагам во други води..да се задржиме на темата. Добро. Ајде Општината нека е кабаетлија. Што се појавува Анима Мунди синоќа на ТВ? Та не е само таа вакво здружение..
Јас кучињата насобрани во мојата улица ги пријавив во општина, за два дена ги немаше. Тоа беше пред неколку месеци.
Парите одат во приватни џебови , да би се правеле засолништа за кучињата и мачињата , јас ке ја подржев анима мунди плус и ке донирав еднократна сума .
Имавме и ние таква ситуација еднаш. Одејќи си накај дома од градинка не пресретна куче од агресивните раси. Нашето куче кое одеше секогаш неколку метри пред нас му стана мета. Му се спушти и веднаш го здави за врат. Јас го оставив детето на неколку метри од влезот за дома, грабнав еден голем камен и го удрив кучето со сета сила по глава. Шок му дојде, се исплаши и избега. Немав друга опција. Тоа истото куче касна и друго дете и сопственикот беше добро познат. Среќа што не не нападна нас. Голем стрес ќе беше за сите дома.
Не знаев каде точно да го поставам прашањево. Вчера бев нападната од глутница кучиња баш пред Влада и се здобив со повреда на листот на левата нога и 2 конци. Што треба јас во моментов да направам? Да го тужам град Скопје? Што ќе добијам како оштета од градот? Ве молам посоветувајте ме!
БТЊ брејкин` њус, го привеле сторителот и какво изненадување, се работи за дебилен Ротвајлер, испуштен на улица којзнае кога, сега ќе го барале испуштачот
Некој гение со цел памет ова јавно го пишал со име и презиме, во коментар на вест од Сител Други па земале го шернуваат, го коментираат со клетви и закани него дека ќе го утепаат... Абе додека има вакво ниво на свест, ни воздух, ни улични кучиња - ништо нема да се реши. Каде живееме... Иначе, генијалциве со расфрлување Ланата, кога ќе сфатат дека и за луѓе (посебно деца) е опасно тоа решение?
Велиш тоа куче не е родено убиец човекот така го направил, а исто така велиш кученцата на комшивката ако влезат кај тебе твоето куче ќе им пресуди.. Ти убиец ли го направи твоето куче? Луѓе куче е куче, не се знае во кој момент како ќе изреагира бидејќи нема човечки мозок и не размислува.
Од една страна вика „Да живее Хитлер“, а од друга сака да ја уништи Анима Мунди - „таа фашистичка организација“. Make up your mind, man.
Би те советувал да ја сликнеш раната и истово прашање да го поставиш на фејсбук во Public post. И прати ми линк од постот и јас и други ќе го шернеме и ќе се рашири низ цела МК. Ќе добиеш добар совет од правници, ќе извршиш социјален притисок врз градот Скопје (биди сигурна дека ќе го прочитаат постот и ќе мора да реагираат некако заради гласот на граѓаните), и плус ќе ја кренеш свесноста и потребата за решение на уличните кучиња кои здивуваат сега со ладново.