Св.Витaлиј Мoетo куче е дресирaнo дa биде чувaр. Имa пoминaтo 3 дресури. Акo влезе чoвек вo МOЈOТ ДВOР нa МOЈOТ ИМOТ ќе гo прaти негoвoтo движење и мoјaтa реaкцијa кoн пoсетителoт. Oвaa техникa му е веќе oлеснетa сo oглед нa тoa штo веќе знaе кoи пoсетители се пријaтели. Акo влезе живoтинче oд еж дo куче ќе гo зaдaви, зaтoa штo гo гледa кaкo oпaснoст. Нaдвoр oд дoмa без кaиш не излaгa. И сo луѓетo е пријaтелски нaстрoен. Пoздрaв4е
Хер санјаева и мој братучед чуваше хаска која беше дресирана па на крај го нападна. Сакам да кажам дека не можете да бидете толку сигурни дека кучето нема да нападне без разлика дали е дресирано или не. Тоа е животно и нема човечки разум за да бидеме толку сигурни во него. А и пред ова кажа дека кучето не се раѓа како убиец а сега велиш дека твоето куче дави од ежови до кучиња што значи дека си го научила убиец да биде нели?
Од каде тоа? Во случај да се нападнати луѓе пред мои очи, посебно деца без размислување би убил куче. Порано и јас бев од типот на луѓе кои имаа став ''да се убијат сите кучиња скитници'' но сега во одредени случаи го ценам животот на животните повеќе од животот на некои ''луѓе'' Во случајот тоа куче штом нападнало 5-6 души не гледам причина да се вдомува или да се чува, лечи и т.н Мислам навистина е чудно како може да се буните толку што некој поддржува убиство на кучиња кои напаѓаат кога секојдневно на најголемиот дел од тие што се бунат на нивните трпези има месо. Па нели и тие животни се греота? Плус тоа тие животни не напаѓаат а се убиваат, а некоеси куче кое искасапило дете не треба да се убие.. Хахаха, еве пример зошто го ценам животот на животните повеќе од животот на некои луѓе.
Немaш пoим штo пишувaш. Немoј мене дa ми стaвaш збoрoви вo устa. Грешнa игрaчкa си фaтил. Прoчитaј гo мoетo мислење зa нaстaнoт и не глуми мнoгу.
Тој Хитлер ќе го меша... Уште кога ги прочитав немилите настани јасно ми беше дека почна сезона на труење. И не ја сфаќам логиката, ќе убие неколку кучиња, ќе помини неказнето, ќе заборави, по неколку месеци ќе има беснило ново куче, или ќе биди гладно, ќе се случи нов немил настан и дотичниот пак ќе труе. Ако во меѓувреме, не дај Боже, владата реши да отвори стационар, да стерилизира улични кучиња за благовремено да се намалува нивниот број, да бидат вакцинирани за да не беснеат, да имаат доволно храна за да не напаѓаат, тој прв ќе се буни. Ќе вели поќе се грижеле за кучиња него за луѓе без да сфати дека тоа е трајно решение кое води кон безбедност на деца. Само да се надеваме дека нема некое дете кое се става во уста да вкуси од отровот, зошто претходни пати при масивни труења и во дворови од градинки имаше фрлено, детски паркови и училишта.
Љубител сум на животните, секогаш по дома морало да има некое милениче без разлика дали е тоа маче, куче па макар и желка или хрчак. Ама ужасно против сум уличните кучиња. Под итно мора да се одстранат од улиците оти ситиацијава во главниот град е веќе алармантна. Како мала сум била напаѓана, за среќа без последици но во мене останал стравот до ден денес и сликата на некое куче со расклештена уста и шпицасти заби кои очекуваш во секој момент да ти ги забие. Не сум должна ниту јас ниту никој друг во градов да се соочува со такви трауми, да биде изложен на опасност да му биде загрозен животот, да трпи болка, режими на лекување и лузни до крајот на животот. Големите поборници за заштита на животните нека не лајат само по медиумите размислувајќи како да дојдат до некој денар плус во нивната каса туку ете на пример нека размислат и најдат решение како би можеле да потпомогнат во одстранувањето од сред плоштад на групата од десетина кучиња која се пушта и ги лае сите минувачите. Си имаат и кревет, пред некој ден сите беа полегнати над прекривката на фонтаната. Мислам, покрај безбедноста, која апсурдна слика е ова...
И ја имам совршено издресирана мачка, ама не тврдам дека не е убиец. Се што има заби, потенцијал за агресија, природни нагони, од било кое животно па се до човекот е потенцијален убиец. Дресирано или не, никогаш не можеш да знаеш што ќе придонесе и во кој момент, било кое животно да се почувствува загрозено и да нападне. Во никого се нема апсолутна доверба. Ниту во животно, ниту во човек. Зошто се прозива анима мунди? Затоа што, кога уличните кучиња се заловуваат, од анима мунди одат во Вардариште ги вадат кучињата од таму и ги враќаат назад на улиците. Било кое дотогаш кротко и мило куче, кога ќе огладне, може да се претвори во крволочен убиец и поради тоа претставува потенцијална опасност. Со тоа, анима мунди се исто одговорни. Па така, ништо не ме спречува да помислам дека еднаш можеби, анима мунди го имаат ослободено така и конкретново куче. Додека си имаат сопственици си имаат, кога едно куче веќе ќе се најде на улица, нели анима мунди се “грижат” за нив, па така тие делат и одговорност. Истово куче место да нападнеше, да беше удрено од кола, анима мунди немаше да го бараат сопственикот со Интерпол, туку тие ќе палеа и жареа и тужеа.. и ќе драмеа, протестираа... oh well.. so much drama to handle... Епа не може така бе другари. Вардариште е ужасно место. Крајно нехумано. Ниту некој се грижи за тие животни таму ниту ги храни. Не е бубашваба да пуштиш таму, ќе си пресуди сама, а тек какви се ужасни условите за животни. Ама во “синџирот на исхрана” во елиминирањето на потенцијалната опасност по живот, животот мој и на моето дете од иднината ќе ми биде далеку помил. За толку многу скитници, факт е дека човечки фактор е најмногу виновен. Ама веќе е толку голем проблем што човекот сам се направи жртва на своите каприци, на својата неодговорност, и својата несвесност за долгорочните последици од сопствените дела. Општините мора да профункционираат. И тоа во насока на обезбедување сигурна средина за сите. А тогаш кога свеста кај човекот не оди нагоре во правец на грижата на миленичињата, нека почнат да удираат по џебот, таму најмногу боли. Кога не сакаме да научиме со убаво, нека ни е.
Не ми беше намерата да ги бранам Анима Мунди, само сакав да кажам дека се здужение формирано самоиницијативно од група на граѓани, не може да им се препишува вина за секој напад на куче во градов. Иако се согласувам целосно дека нивното работење во конкретниов случај повеќе прави хаос отколку што помага, сакаат да ги спасат кучињата од Вардариште, ама нивното пуштање на улица гладни и премрзати е најлошото можно решение. Па затоа го разбирам револтот што се јавува кај луѓето кога даваат изјави за ваквите ситуации а реално не преземале ништо за да се среди проблемот. Имаше ветувања дека сега со новата влада ќе го реновираат стационарот ама се плашам да не биде полошо. Моментално се што гледам е голем број на кучиња слободно пуштени по улици што во никој случај не смее да се дозволи. Во природата им е да се групираат по глутници и секогаш кога се во глутница имаат поголема самодоверба да нападнат, посебно доколку некој намерно или ненамерно ги испровоцира. Еве еден пример од вчера, вечерта бев излезена и на враќање видов едно куче, се доближив до него да му оставам храна ама наместо да јаде тргна по мене. По пат накај дома му се придружија уште кучиња и се формираше глутница од околу 9 големи кучиња. Веројатно поттикнати од скорешните напади, луѓето буквално креваа паника, бегаа а некои дури и пробаа да ги избркаат со мафтање на чадори, буквално без кучињата ништо да им направат, само поминуваа покрај нив. Јас разбирам дека постојат луѓе кои се плашат и можеби несвесно така реагираат, ама таквата реакција може лошо да заврши. Па така еден човек тргна накај нив со чадорот, кучињата почнаа да му ржат и да го лаат и морав да се вмешам и вниманието на кучињата да го насочам накај мене за да не дојде до напад. Не знам што да кажам, ужасно ми е жал што бездомните кучиња се најневини во целата оваа ситуација а бесот се истура токму на нив...не е во ред.
Иако човекот е виновен за многуте скитници по улиците, не се баш сите кучиња напуштени од своите сопственици. Во принцип, мал дел од кучињата скитници се расни кучиња, по улиците најчесто гледам мешанчиња со среден или голем раст. Реално никој не може да го контролира размножувањето на кучињата скитници, и покрај тоа што постојано се стерилизираат. Имам кучка, не е дресирана од страна на професионален дресер, ама брат ми има авторитет над неа. Куче од среден/ крупен раст, силна е и морам да ја шетам со градник а не со обично ланче за врат. Инаку мило куче е, кога ја шетам секој може да ја гали, ама кога некој ќе и влезе на територијата а е сама, е тогаш лае и ржи. Не напаѓа, барем до сега никого нема нападнато, ама не можам да гарантирам. Кога ја шетам на улица најголем проблем се кучињата скитници. Не секогаш, ама често морам да ја земам во раце бидејќи се обидуваат да ја нападнат. Никогаш, никој не може да знае дали куче ќе нападне некого. Небитно колку дресури има поминато, животното е ѕвер и никој, ама баш никој не може да гарантира дека нема да нападне. Можеби ќе се чувствува загрозено, можеби ќе му смета мирисот на друго куче, можеби некоја храна ќе го поттикне да загризе. Штом куче кое секој ден е со луѓе, нахрането е и згрижено се случува да лае, што останало да кучиња скитници? Гладни се, жедни и премрзнати. Сигурно ви текнува на случката со убиеното куче со секира? Човекот е виновен? Добро, еве мене ме интересира сега кој ќе ја превземе вината? За дете правиме муабет, мало дете кое е нападнато од стана на улично куче. Спојлер http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=abe30bda-b2c4-4239-b536-a930aa1b430b
Има разлика помеѓу сибирски Хаски и Ротвајлер, едното е прастар другар на човекот кое е тука илјадници години, пред се како пес за транспортни и остали потреби, можеби оригиналниот пес кој произлегол од волкот (пошто има тука еден Хаски кај нас кој е тешко да се одвои од волк по изглед, не знам дали е подраса некаква, ама никогаш не лае, не ржи не се пушта, фино животинче), паметно куче. Од друга страна, Ротвајлер е некаква скорешна креација на лица со сомнителна ментална состојба, веројатно не е така но замислувам дека е стварано од нацисти за чување на логораши, дно од пес кој просто плени со својата неинтелегенција и тупост, тој израз во фацата коа ќе те погледне, исто како да те гледа конзерва сардини (се извинувам на евентуални чуватели на Ротвајлери, но тоа е мое субјективно мислење произлезено од новински вести како Ротвајлер во Бирмингем задавил и изел бебенце во колевка во стан на 17.кат и неколку блиски средби со таква креатура) Сериозно треба за одредени раси да се плаќа данок, сакаш такво нешто по дома, ок, 50 евра такса месечно.
Уште од кога знам за себе сме имале кученце дома. Израсната сум со кучиња и сум огромен љубител на животинчиња. Имам чувано 3 кученца досега, едното моментално седи до мене, другите за жал ги нема веќе. Сите имаат различен карактер. Не сум плаќала дресери, дома си ги воспитувавме. Ќе зборувам за ова сега што го имам. Толку е паметно, што и да му кажеш разбира ко човек е. Е сега нормално дека ако некој само затропа на врата тоа лае р'жи, брани територија. Е веќе ако тој некој се обиде да влезе може и да нападне ако се чувствува загрозено, не дава дома да му влегува секој. Но тоа може да се случи само ако нема некој од нас надвор, кога сме ние таму примерно е. Не дека куче со мал раст може да те искаса, ама се сили на своја територија. Ако се случи да излезе надвор низ мало да се истрча не се закачува со луѓе. Никогаш не би ни помислила да го напуштам своето кученце. Луѓето се криви што ги оставаат, животните не се. Го сакаат додека е малечко, слатко, а кога ќе порасне го пуштат на улица. Како имаат срце, не знам , никогаш нема да ги сфатам. Потоа имало улични кучиња, е ќе има. Па сите бегате од нив, како да имаат некоја заразна болест. Да имаше малку човечност во луѓето, ќе немаше напуштени и гладни кученца. Многу често знам да купам нешто храна и да нахранам некое од нив. Макар била и обична баничка, 20 денари нема да ме направат посиромашна. Барем ќе знам оти една душичка не заспала гладна. Сакам да ги погалам, да си поиграм со нив, затоа што и тие заслужуваат љубов. Никогаш до сега не ми се случило да ме нападнат. За кучето што нападнало не знам во која состојба било и под кои околности. Се сложувам дека во животно не можеш да имаш потполна доверба, посебно не во опасни и расни кучиња. Но се надевам дека некој голем љубител на животни ќе го вдоми и ќе го дресира.
Очигледно ништо не знаеш за кучињата, барем малку да си штракнал низ нет. Ротвајлер се кучиња за спасување и кучиња-чувари. Другар имаше Хаска која беше толку агресивна, што освен газдата (другар ми), друг не смееше да пријде ни близу неа. Уште примери можам да набројувам, од мали кутриња кои се агресивни, до огромни волчјаци кои се ептен мили. Сепак, останува фактот дека кучето е животно и никој, ама баш никој не може да знае како ќе се однесува во одредена ситуација. Инаку и пит бул кучињата се сметаат за насилни и агресивни, арно ама ..."In the 1800s, pit bull terriers were often called "nanny dogs" because of the protective behavior that they exhibit around children."
Кој колку има во главата се гледа и тука и во групите по самите коментари. Некој сака деца, некој не исто и со животните. И сега не мора да распалувате демек да се направите најдобри коментатори преку социјална мрежа или форум. Патем прво кажаа дека е слично на питбул а потоа изнесоа ротфајлер. Дека ротфајлерите и питбулите сами по себе имаат некој агресивен ген тоа и е докажано, меѓутоа колку треба да си глуп на куче да му даваш живо месо? Сопственикот е женско, она си избегала кога видела за што ќе одговара, се надевам ја гризе совеста и не спие мирно ноќе. Јас сакам животни ама детето ми е на прво место, да ми извините да ми се случи од мое куче лично ќе му пресудам. Сепак многу зависи и од домашното воспитување, денес секој трет има куче од некоја еуфорија додека е мало е слатко, а после си бара свои навики и време и ги отфрлаат. Што се однесува до Анима Мунди нема да коментирам, тие за се имаат изговор. Кога прифатиле одговорност за нападите кон деца и возрасни - НИКОГАШ.
Чувaв дoбермaн кoј вo oднoс нa хaскaвa беше мaче. Ќе пoвтoрaм уште еднaш декa кучетo е oнaквo кaквo сaкaме дa биде. Всушнoст зaтoa пoстoјaт и "шкoли" зa нив. Плaтиш, клaтиш. Или си спремен дa чуваш куче или сaкaј гo кoмшискoтo чaт-пaт. Кучетo нaдвoр oд дoмa се знaе кaкo требa дa се шетa. Зa живoтo местo вo исхрaнaтa.. мене тoa ми е oдврaтнo иaкo имa тукa членки кoи се пoбoрници зa сирoвa исхрaнa. Спoред мене ствaрa aгресијa тaквиoт нaчин нa исхрaнa. Не ми текнувa нa никoт нa членкaтa, верoјaтнo ќе се сети некoј и ќе ме дoпoлни. @buba4e89 oд кaде инфoрмaцијaтa зa сoпственикoт нa кучетo?
Мореее не дај боже на мое дете тоа да му се деси на лице место ќе ги запалам и кучиштето и сопственикот и Анима Д ..нди. Толку ќе кажам.
@sanjaeva имаше по групите принт скрин од сведок кој рекол дека е женско и дека она изгубила контрола над кучето и штом се стрчал она избегала. Она го шетала кучето покрај кејот. Мислам дека тоа од сликата што го затвориле е премногу младо за да каса и дека не е ротфајлер туку питбул.
Благодарам за линкот. Јас лично никогаш не би се дрзнала да дадам свежо месо на куче. По моја логика, а и по објаснувањето на ветеринарот и многу други луѓе кои имаат искуство, куче хрането со сирова храна т.е. свежо месо е навикнато на мирисот на крв. Ниту јас, а ниту било која друга личност, не може да гарантира дека куче хрането со свежо месо, во иднина кога ќе намириса крв, нема да касне човек кој го гали, а човекот има отворена раничка на раката. Едноставно тоа е инстинкт и навика.