Претпоставувам целта ти беше да ги испровоцраш оние кои сакаат и чуваат животни, што да знаеш уште однапред, нема да ти успее И законот беше за кучиња, а не за свињите кои ги чуваат твоите комшии, баш за тоа и е парадоксален. Сепак кој што сака, тоа ќе чува
Петиции? Еве еден лесен начин... Едит:Отворете ја сликата во нов таб ако сакате да ја видите цела слика.
Добро, и двете се животни...но...да чуваш свиња изгледа чудно и необично...дури и глупаво. Но, секој има право да чува што сака ( се додека не вознемирува никого).
Дали тоа се споредуваат кучињата со свињи? Значи,како што разбрав,темава е отворена со цел да им се помогне на КУЧИЊАТА,не на СВИЊИТЕ. Не ми е јасно,зошто мешате баби со жаби?? Значи ако сакате да ги штитите (или плукате) свињите отворете нова тема:ПЕТИЦИЈА ЗА СПАС НА СВИЊИТЕ,па таму пишувајте си за нив колку што си сакате. И какви луѓе сте бе,аман? Зар толку немате чуства и осет? А вам да ви прават такво нешто? Спојлер Или на свињите,а? Точно е дека можеби да не ги сакам толку,и да не чувам и јас едно,немаше вака да ги бранам,ама сепак сметам дека секој кој има тронка совесност и срце,ќе се згрози од видеото.
Јас не кажав дека не сакам животни и до некаде не ми се допаѓа овој закон дека треба комшиите да ги молите за еден потпис Но од друга страна ми се допаѓа што се доведува ред и тука не станува збор само за кучиња туку и за друг вид животни. Ми се допаѓа тоа што некој ако реши да чува куче ќе мора вистински да го чува како што треба да го вакцинира и почесто на ветеринар да го носи затоа што кучињата го заслужуваат тоа.
Буквално душа ќе дадам за кучињата затоа со задоволство се зачленив и се потпишав. Жално е кога ќе помислам дека се убиваат невини животни низ светот, се гледа колкаво срце имаат луѓево...
Не можам да разберам со каква душа тој човек го одрал кучево, а ниту пак како Кинезине јадат кучиња.Што човек треба да е тоа, каква злоба, гнев, омраза треба да има во себе за тоа да го направи? Како ли тие луѓе спијат? Имаат ли свест што тие прават, нели ги јаде совеста, нели имаат грижа на совест? Па аман не можам да удрам куче, не пак истото да го одерам, а не пак да го јадам и да гледам со сопствени очи како истото се витка од болка.Ужас. Та и луѓево што прават вака, за сопствени деца животот ќе си го дадат ако треба, ама за се остало живо, душа ќе му извадат.Бидејки останатото нема душа и не чувстува според нив.И после ќе пишале по нетов, како светот ќе се распаднел, комета ќе ја удрело земјата.Море ни комета ни ништо нема да ја удри.Пред нос им е уништувањето и упорно уништуваат,замижуваат пред она што го гледаат, го негираат она што тие го прават, плус згора на тоа Кинезине го сметаат тоа како нешто правилно, па уште месото од куче било здраво Па и после се чудат болести секакви имало, ќе има се, поради тоа што не внимаваат што јадат. Па колку и некој да не сака кучиња, па нека не му вади душа, нека не му ја дере кожата, нека не го јаде. Кога ја видов сликата, ми се згрози, душа ме доболе, се осеќав ко мене да ме одрале. Катастрофа, се додека не се свестат што прават, вака ќе биде, нека не се очекува нешто добро и убаво.
А ти знаеш некој кој чува куче дома и не се грижи за него? Мислам,да има двор,да го чува,да,можно е да не се грижи. Ама внатре,во стан. Ако ништо друго,ќе му мириса од изметот. Пак не те разбирам,навистина.
https://www.dailypetition.com/Punish-thugs-that-cut-dogs-ears-off-and-posed-for-photos-t-745 Не знам дали е за овде, но ве молам попишете!
има ли некој договор за здружено помагање помеѓу нас членкиве тука? Од типот на заедничко организирање и собирање на ќебиња изработка на куќарки итн.
Кој сака да биде хуман нека помогне да се вдоми глутницата десетина големи кучиња пред амбуланта Сингелич. Петокот ме нападнаа, непровоцирани, среќа знам како со кучиња.
Мора ваква тема да се направи нај актуелна на форумот ако треба нешто за изработка на куќарки во слободно време можам да помогнам имам нешто алат материјал ке собереме пари ке купиме
Ако треба и јас ке помогнам со се, само АМАН за аман да има куртул од овие кучиња скитници, аман веќе, преку глава ми е со срцето во петици да вртам три круга околу зграда бегајќи од нив, страотно да слушам врисоци од уплашени деца...Анима мунди нека си ги земе сите до едно и нека не ги враќа на улиците за да можеме слободно ко луѓе да шетаме без да имаме страф од изгладнети бесни кучиња. Сите се залагате за нив а кој кажете ми ќе одговара ако некој е нападнат, изгризан, преплашен од овие диви луталици? Јадна жена од Тетово мислам дека беше која почина од напад на такви бесни кучиња, никој не сноси одговорност, никој не ја спомна...дојде време кучињава побитни од луѓето!!!
Kaj nas od skitnici kucinja ne se oominuva po pat nemozes da se znajdes ako ne izbegas ke te izedat .. Treba podd hitno nekoja sluzba da gi sobere edno da ne istavi , a zgora na toa i krastosani se bolest bakterii nemozes i vrata da ostavis otvorena duri i po kukji se pikaat , za malku denes edno vo sopstvenata kukja ke me izedese! Nacekalo otvorena vrata i jas si velguvam doma zatvaram vrata koga gledam kuce zad mene edvaj se spasiv ...! Treba da se unistat site do edno kakov spas za ovie skitnici se bara nemozam da svatam
Абе малку проблеми има државата, џуќелите најдоа да ги оправаат Па и Анима Мунди дома да си ги земеле (кои патем и патем не ги почитувам нешто уау) па ондак исто му иде и вие што се плашите не излагајте од дома бе, седете дома. Која ви е таа ваша супериорност бе? Сами сте вие на планетава? Секое парче земја ваше е и само на вашиот род припаѓа?Само чоекот има право да шета низ земјената топка? Епа guess what има и други видови на земјата. Касале глутници, абе ајде ќе ве молам, изолирани случаеви, преку милион глутници сум поминала како бе не ме нападнала до сеа некоја глутница мене? Даа не фрлаа пари по споменици може ќе изградеа скромни стационари и ќе се правеше масовна стерилизација.
@ADOKI секаде во светот овие проблеми на опшеството се третираат со потребното внимание, се градат стационари и се згрижуваат, кај нас од проста раја што мисли дека само ние луѓето сме величествени и само ние треба да постоиме, животинките страдаат. Јас цел живот хранам улични кучиња и мачки, ги галам и гушкам и досега ниту сум умрела, ниту краста сум фатила, а па уште помалку сум настрадала, никогаш во живот улично куче ме нема нападнато. Ама знаеш што тие препознааваат злобни луѓе па веројатно затоа напаѓаат одредени личности. Додека има проста раја како тебе, што не разбира од хуманост и сочуство и со ваков став, повеќе скитници ќе има, се надевам дека еден ден ќе ве изедат. @baba Rada кучињата и сите животни напапаѓаат ако се осеќаат загрозени или ако се гладни, можеби почесто да им фрлате по една корка леб нема да биде ваква ситуацијата и да не пробате да ги ритате и тепате. Не можам да ве сфатам јас вас, што нелуѓе сте, без навреда ама јас сметам дека човек што мрази животни, не сака ниту луѓе и е злобен. И анима мунди и сличните здруженија немаат ни трошка помош од дражавава за да ги собираат сите бездомни животни, се е на нивни личен трошок.