Со сета должна почит кон сите љубители и чуватели на кучиња, кои као ги сакате животните. Зошто сте такви дискриминатори? Ако крт ви ја ора нивата и јаде плодот, дали ке се ослободите од него? Ако лисица ви ги јаде кокошките, дали ќе се ослободите од неа? Ако волкот ви ги дави овците, дали ќе се ослободите од него? Ако глушец ви влезе во спална, и глода од мебелот и тепихот, дали ке се ослободите од него? Ако стаорец ви влезе во подрум, дали ке се ослободите од него? Но зошто ако куче искаса дете или возрасен, не се ослободувате од него, туку упорно ги браните? Ако сте поборци за животните и нивните права, зошто ги јадете свињите, кокошките, телињата, јагнињата? Зошто сте такви хипокритици и ги дискриминирате некои животни? Зарем сите не заслужуваат да живеат? Ако не знаете како изгледа напад на кучиња, земете воздух и гледајте А сега малку размислете што браните. Не треба да има ни едно куче што слободно ќе шета по улица. Па макар било по цена на убивање на сите улични кучиња. Ако толку многу си ги сакате, земете по 5-6 и чувајте си ги дома, нека спијат со вас во кревет. Итно мора да се смени законот кај нас. Чип за секое ''милениче''. Секој неодговорен чувател да биде казнет со 20 000 евра казна. При случај на напад на човек, конфискација на цел имот на чувателот и неговата фамилија. Остави ги цела фамилија на улица. Соголи ги до гола кожа. Па да видиме дали некој ќе се дрзне да го крши законот. Другар и после дваесетина години од напад на куче, пелтачи. Ни разговори со педагози, подоцна и логопеди, ни хипнози, ништо не помогна. Исти случај запознав и тука, девојка од јужна америка, преубава, згодна, паметна. Била нападната од кучиња, рацете и нозете и се со лузни, пелтачи и таа. Има мала самодоберба заради тоа, ретко комуницира со луѓе. Се надевам дека децава што беа нападнати нема да имаат некој таков проблем што доживотно ќе им претставува проблем.
Па да споменав дека веројатно не сум во право за нивното потекло, но не ми треба википедија пошто доволни ми се очите да видам за какво идиотско створење се работи, имам видено замрзнати скуши во маркет кои еманираат поголема интелигенција од Ротвајлер, тој поглед, тој став, тој гард, таа незатскриена тупост и латентна агресија, набиено, здепасто, кафено-црно како големо гомце на 4 дрвца да стои, 5-то му е опашот. Сибирскиот Хаски е пес неспоредливо супериорен на Ротвајлерот, во секој поглед, за што сум имал многу прилики да се уверам лично, од изглед, поглед, памет, инстинкт, самоконтрола, брзина, издржливост... Волковидноста му е само фактор икс плус Имаш по нет милион стории на Ротвајлери и питови како имаат искасапено дечиња, како ги имаат комадано буквално дел по дел, такво нешто не верувам да има кај Хаски.
Ljupcho Zlatev 15 hrs · Браво за одговорните граѓани кои вечерва трујат улични ѕверови кои во изминатиот период искасаа десетици граѓани на Скопје. Одговорно општество, вака ја штити својата безбедност. Искрено се надевам дека воделе грижа и отровот кој го поставиле не е штетен по човечки живот, затоа што може да дојде и допир на човек со него. Има неколку такви супстанции, да речеме „син камен“, тоа е средство за прскање грозје кое не е смртоносно за човекот. Може да се купи во земјоделска аптека. Сопствениците на домашни миленици, нека внимаваат кога ги шетаат и тоа е тоа. Останатите мора да се тргнат од улица. Ова не се поднесува. Би го натерала отровот да го изеде лично он.
Ти имаш сериозен проблем штом можеш на тој начин да опишеш раса на куче. Навистина не знам од каде инспирација за толку одвратни придавки и описи, не можам да оценам дали мислењево ти е смешно или трагично. Сум видела Хаски кои се ептен глупи (ако воопшто може куче да се опише на овој начин), агресивни, без самоконтрола дури и во непосредна близина на деца. Мој аргумент против твој, само што јас не го накитив мислењето со незатскриена тупост и латентна агресија, јер чудничко е такво мислење да имаш за куче, верувам ничим изазван. Колку треба да си изопачен за да гледаш стории со Ротвајлери и питови кај што касапат дечиња?
Што сакаш речи. Природата на кучето е таква, не се знае кога ќе нападне, ако знаеш дај јавно пренеси да преознаваме, да комуницираме со нив за да спречиме касапење на деца. Погледниги видеата погоре те молам па види зошто не ставам на исто рамниште човек со куче. Кажав дека во одредени случаи ги ценам и животните повеќе но ти не го забележа тоа. Еднаш една членка ме убедуваше дека живо месо незготвено безбедно било да се дава на кучето... Куче како куче, што ќе му дадеш тоа јаде, во тој случај се навикнува на крв и после зошто напаѓа.. Е во овој случај не кучето и газдата би го утепал кога мое дете или јас би станал жртва на таков ѕвер.
Куче како куче нема предиспозиции да напаѓа. Зошто точно бил нападнат твојот братучед може да биде од хормонален дисбаланс (кој доведува до агресија) до слепило кај куче или не го фатил на мирис а му дошол од позади. Секогаш има причина без разлика што е куче.
Сочувствувам многу со луѓето и дечињата кои настрадаа во последниот настан. Очекував да почнат труењата уште ко ги читав коментарите на интернет од поедини луѓе, ама дали е решение? На страна тоа што е кривично дело и што може да настрада и домашно милениче, а не сакам да помислам и дете, ама сериозно и за уличните кучиња дали е решение? Тој што треба да се погрижи за проблемов, сериозно потфрла во сите градови во земјава. Од друга страна па здруженијата ем се немоќни, ем претеруваат и предизвикуваат недоверба и негативни реакции кај луѓето.
Сепак животно е тоа, безразлика дресирано не дресирано. Кога веќе нападнало не ми е важно што му било на кучето и тоа веќе не е за чување бидејќи штом нападнало еднаш ќе има и втор пат. Милиони видеа има како кучиња напаѓаат без причина. Сите ли имаат хормонален дисбаланс или во крв им е тоа пошто се животни?
Па зошто напаѓаат ако не им е во крв? Животно е, јаде месо, има остри заби и нокти, веројатно не му се створени за галење тие. Пак ќе кажам, милиони видеа имаш како напаѓаат наеднаш без причина не само кучиња скитници туку и миленици додека се шетани од своите сопственици.
И ти јадеш месо, и ти имаш заби и нокти. Милион видеа има и како човек малтретира дете, како човек силува дете, како човек тепа дете, како човек коља дете.... и? Дур не ми дадеш слика од книга по ветеринарна медицина каде што стои дека кучето затоа што е животно во крв му е да напаѓа-не ти држи вода муабетот. А нема да најдеш така да... Зошто треба да те интересира причината зошто нападнало кучето? Велат човекот е најсовршеното суштество на земјата. Како такво треба да го интересира. Наредново општо ќе го кажам. Луѓето не се интересираат како да се заштитат. Посебно оние кои се плашат од кучиња место да седнат да прочитаат, тие се кочат. Куче ако осети страв (а го фаќа на радар стравот) и те како ќе те ржи и лае па може и нападне. Не зашто има таков нарав, туку зашто тоа е бетер исплашено. Малце простичко се опнашаме за најсовршени суштества нели? (не го велам ова за тебе, зборам за тие што се плашат а не се едуцираат) Да не испадне дека не ми е жал за нападнатите. Сочуствувам , жално е, можеше мое дете да е. Да беше мое ќе го покољав кучето без разлика на причината. Но пак ќе кажам, секогаш има причина, па макар и глад да е таа.
Па веќе кажав во неколку објави погоре дека во одредени случаи повеќе ги ценам животните од луѓето.. Но во ваков случај кога деца се искасапени неможам да глумам научник да барам книги и тези да поставувам зошто напаѓаат кучињата наместо да спречам таков случај. Која и да е причината на нападот пред се тука е загрозен живот на човек така да не би го поштедил кучето.
Добро знаеме едно куче нападна и сега сите сакате да ги отруете така. Па им се восхитувате на тие што фрлаат отрови. Каков народ сме ние ? Сите кучиња во градот наш денес истровени, насекаде отрови. А колку беа мили, ни едно не се закачеше. Инаку не зборувам за Скопје не живеам таму. Како бе мене досега ме нема нападното куче, само другите ги напаѓаат. Вината ја барате во кучињата а не во луѓето и во околината во која живеат. Секое куче сака да има дом во кој ќе биде згрижено, да има храна и вода, ниедно не сака да биде скитник на улица и во постојана потрага по храна. Кучето е за во дворче, да чува, а ние да го наградуваме со храна и љубов. Тоа е најголемиот и најверниот пријател, но луѓето го имаат пораметено сето тоа. Убаво рече еден човек кучето има потекло од волкот, а џукелата потекло од луѓето. Зошто им носете на вашите деца подарок куче ? Да му се израдувате неколку месеци а потоа да го оставите на улица ? Кучето се чува со години, тоа е пријател. Ќе биде задоволно со место за спиење и со остатоците од вашата храна. А за тоа ќе ви возврати со огромна љубов и верност. Луѓето со неодговорно и лошо понашанје го претвараат кучето во непријател. И секогаш ќе има дете на улица кое ќе биде потенцијална жртва од неоговорноста на народот.
Па не сите имаат услов да чуваат куче. А и не се сите напуштени бидејќи на улица скитниците како што гледаш многу ретко расно куче да има. Ете имаш слики како има искасапени деца и возразни луѓе. Минатата година детенце почина кое беше нападнато од куче. Ако ти се толку мили зошто не собереш од улица 5-6 па чувај.. Во време кога самите луѓе едвај преживуваат вие барате спас за кучиња да бараме што и не е баш мала инвестиција.
Не си барај белја. Инаку, стварно е греота сега да трујат се живо по улици што е. Мајка ми два пати била нападната од кучиња па не ги мрази кучињата поради тоа, не ги труела, не им наштетувала. Едноставно само повеќе се пази. Кога ги видов сликите од отруените кучиња и мачки објавени од Анима Мунди... страшно.
Секој кој живее во куќа и има дворче, има услови да чува куче. Нема тука некакви посебни филозофии. А што ако не се расни, значи не се биле домашни ? Јас никогаш не би купила куче, да дадам толку пари за куче, кога толку други кучиња чекаат да бидат вдомени. Јас не чувам куче за луѓето да ми се восхитуваат колку расно куче имам, го чувам од љубов. За твоја информација, кучето што го чувам исто беше оставено како мало, го зедовме, го спасивме. Исто пред месец дена зедовме уште едно малечко напуштено, немаше повеќе од три месеци. Го згриживме и него, дома го чувавме, но болно беше откако го зедовме. Го носевме по ветеринари, го боцкаа, преку ден на инекции, му правевме посебна храна и баш кога мислевме се оправи повторно му се зголемуваше температурата, повторно кашлаше. И на крај за жал испушти душа. Не се сеќавам од кога толку немав плачено. И кој е крив за сето тоа м ? Тој што го оставил на студот, на дождот, без храна, без вода, малечкото не знаело да се снајде премрзнало. И џабе беше после се. Се надевам најстрога казна ќе го стигне искрено. Тоа се случи скоро уште ми се пресни сеќавањата. Ќе земаме уште едно, за жал повеќе не можеме, да е до мене сите би ги прибрала дома.