Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Издресирана, мирна и сл???
    Абе од каде доверба толкууу во животни?
    Едно зајче метро педа што беше, го чував дома, ме гризна без причина. Јадено, пиено, му давав да шета колку сака, па дури и го дотерував :D Галено, прегалено. Спиеше до мене во кревет.
    Ме гризна ејјј! Како лав во кафез се понашаше. А не беше од оние обичнине, расно некое , лавја глава и доста скапо го платив.
    Нз, јас сакам и еве се канам да земам минијатура некое кутре, ама не би... Не ми се предвидливии. Луѓево околку не се предвидливи,а не па животни.
    И јас ќе сум била за малце нападната од улични кучиња, татко ми ме шетал, речиси и не се сеќавам... Некој човек се нашол, кој е не дознавме. Ги повикал накај него оти видел дете... Многу сакам животни ама стварно со страв ги галам, битно ги галам деее. Освен мачки :D Со нив со поглед се разбирам. :P
     
    Последна измена: 11 декември 2017
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    На кучињата не им е место на улица, пред сè поради нивна лична безбедност а потоа и поради безбедноста на луѓето. Но не им е место ниту во станови што не се на приземје - кучето бара слобода, поотворен простор.

    Но исто така убивањето кучиња во име на заштита на граѓаните нема да ги реши проблемите, напротив ќе ја програмира иднината да има уште повеќе напади, ако не од кучиња тогаш од други животни или пак од зарази кои ги пренесуваат животните. Што луѓето им прават на животните, порано или подоцна им се враќа, без разлика да ли сакаат во тоа да поверуваат или не.

    Решението е стационар каде за кучињата би имале соодветна хумана грижа, а не таму да ги чуваат во тесни кафези, или дури да ги тепаат и убиваат.
     
    На kim.k, PaLaVa, bile454 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    НЕМА секој услов..Некој има но не сака да чува куче, оправдано е и тоа. Дали си свесна дека луѓето денес едвај преживуваат а не па кучиња да чуваат. Кој може нека чува, секој неможе. Епа повеќето луѓе чуваат расни кучиња. И незнам дали знаеш дека од едно куче може да се размножат 10 така да не сите скитници кучиња се напуштени. Ако можеш чувај и 10 што друго да ти кажам.. Мене подеднакво ми се сите животни затоа и не јадам месо 1 година и повеќе. Ептен ми се смешни оние на кои им е жал за кучиња а секојдневно на нивните трпези има месо. Жал ми е и мене уште повеќе малечките пиленца штo ги мелат и прават паштети.

    Погледниго видеово..
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски

    Пред некое време гледав на вести мајка инвалид, со инвалидкса пензија, живее заедно со ќерка си, која е невработена.
    Условите за живеење им беа ужасни, внатре се старо, мувлосано, се гледаше дека одвај крај со крај врзуваат.
    И на крај го дадоа и дворчето, ќе се зачудиш но чуваа куче.
    Му го давале тоа што им останува.
    Да не забегам од темава, зборот ми беше дека тој што сака животинче ќе најде начин да чува.

    Видеото искрено и не можев да продолжам да го гледам, пречувствителна сум на такви работи.
    И јас гледам колку е можно повеќе да избегнувам месо.
    И не само куче имам и други миленичиња.

    Тоа што цело време сакам да го кажам е не ја барајте вината во животните и отровот не е решение.
    Ако едно куче нападнало зошто сите други да настрадаат ?

    Решението е да се направи прифатилиште за животни, во кое сите би можеле да донираме храна и се што е потребно.
     
    На theowndemon и Vitaly им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Во право си за се освен за првото. Значи не секој сака да чува милениче. Еве јас имам услов, двор имам од 700 квадрати ама не сакам куче. Имам чувано куче и можам да кажам дека обврска е, не е само да го врзеш во двор и да квичи...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Точно куче не треба да биде врзано цело време и да квичи.
    Кучето сака да се истрча да се прошета. Си треба и време.
    Ако живеете повеќе членови може да се менувате кој кога е слободен.
    А за храна мислам дека не е проблем секој може да оддвои, ќе излажеме ако кажеме дека не ни останува од ручекот или од било што. Па и храната за кучиња е ефтина. Но ако се одлучиш за големо расно куче треба повеќе.
    Сепак ти си знаеш зошто не сакаш не можам да навлегувам во тоа.
    Можеби си чувал, но не си се приврзал доволно. Јас од мала израснав со кучиња страшно многу се приврзувам, а за возврат нивната љубов е огромна.
    Сепак се надевам ќе се премислиш еден ден и ќе си земеш куче. :D
     
    На theowndemon и Vitaly им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.129
    Пол:
    Женски
    Јас немам ни коментар, толку сум разочарана и тажна. Душата ме боли што знам дека сме немоќни да ставиме ред. Секаде во светот грижата за животните е на висока скала на преоритети како за општеството така и за оние кои чуваат, на тој начин нема вакви немили настани, кај нас никогаш нема да биде подобро. Не со овој клет народ, прост и нехуман. Јас колку и да звучи лошо се надевам дека оној кој фрлил отров самиот ќе се отруе еден ден. Не е тоа ниту начин, ниту решение за проблемов. Привремено.
    Се додека законот сериозно не профонкционира, се додека не се сфати сериозно згрижувањето на улични животни, се додека не се изгради доличен стационар, поедниците нема да можат ништо. Ќе се напуштаат животни, ќе се касаат луѓе, ќе сии умираат деца, ќе се трујат животни и се така во круг.
    Ми се гади од оваа држава, од овој народ, од се.
     
    На kim.k, Amellie13, kristina.k и 11 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    76.818
    Пол:
    Женски
    Си имала среќа што не си налетала на агресивно улично куче. Кај мене во маало имаше агресивно куче-скитник и напаѓаше у грб. Еден тон комшии ги нападна, дете на точак пред мои очи, човек од кола си искача, кучево му се фрла да го касне. Мои комшики со бебиња дур си шетаа деца во количка па дури и мене што во живот ми се нема случено да ме нападне куче. Си поминував улица, и од страна во тревник си душкаа две кучиња, само што ги изминав кога рече едното трча по мене, лае, р'жи, накострешено со извадени заби. Ми се моташе околу мене со намера да ме касне ама среќа носев кеса со замрзната риба па ме спаси, го мавнав по муцка и кидна.
    После тоа се јавив три пати во шинтерска, прво негодуваа, наводно биле, го собирале ама луѓето од околина си го зимале назад. Ама среќа бев досадна па го собраа и сега ни трага ни глас од него.
    Значи, во кучињава улични немам верба веќе, од човек што сака кучиња, чував порано, спиев со него и секогаш сум сакала кучиња за сега тоа уличното да ми набие таков страв, коски ми се ресат кога ќе видам улично куче, незнам што да очекувам.
    Не сум за труење, тоа само монструми го прават, меѓутоа треба да има поинаков закон, да се соберат во соодветен стационар, да не шетаат така слободно по улици и да има казни за сите што си ги напуштаат милениците и ги оставаат слободно по улици да шетаат.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Не си во право Рефке.
    Ако некој ми повреди член на семејството, да одам да му го утепам неговото семејство, или да одам во полиција?
    Каде би требало?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Незнам каде тоа не сум во право..
    Во кој дел
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Не постои разбирање за трујачите. Нема разбирање.
    И нема оправдување.

    Според таа логика, која ја користите (што би направиле), јас на детето што со камен ми го маваше кучето додека го шетав на поводник би му мавнала еден ќутек мене да ме памти, а не кучето; ама цивилизација, нели, па само се обратив на мајката која седеше во непосредна близина и ѝ кажав дека следен пат ќе ја пријавам неа во полиција дека јас сум нападната. Госпоѓата делуваше навредено, но тоа е нејзин проблем.

    Бидејќи сме комшии и се знаеме, повеќе не ми се приближува ниту таа, ниту детето нејзино.

    А АМ нема зошто да прифаќа одговорност за нешто за што не е одговорна.
    Кучето има сопственик (ако моето куче те касне, јас сум виновна, не е АМ, не се сите кучиња на светот, туку само јас и само моето куче).

    И еве трујачиве пошто се многу “одговорни“ - што не се пријават сами во полиција? Забрането е со закон расфрлање отрови.

    И да, ако моево куче (потенцирам, кое го шетам врзано) се отруе (ланате е доволно само да душне, доволно е јас да душнам и да се отрујам), од кого да барам одговорност? Или пошто не ми е познат сторителот да одам по улица и да тепам секој што ќе ми заличи на потенцијален трујач?

    Не постои оправдување за насилство.

     
    На kim.k, PaLaVa, ♣ Alba Viduam ♣ и 10 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Не сметам дека :човековиот живот = на кучешкиот живот:)
    Затоа нема да ја продолжам дискусијата.

    Само едно имам да кажам: врзано куче е добро куче:)

    За се што шета без контрола и никој не гарантира за него - не гарантирам и јас за својата постапка ако се најдам во опасност.

    И на најголемиот љубител на кучиња кога ќе му дојде најмилото во прашање, незнам баш дали ќе постапи културно и ќе му се поклони на кучето или со првиот камен ќе го тресне по глава:)

    Ова е мое гледиште, незначи дека некој можеби не мисли спротивно:)
    ...и неможе никој да ме разубеди или да ме наведе да мислам/ да се однесувам поинаку:)
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Па ако некој гаѓа со камења кон моето куче кое е до мене, ме напаѓа и мене, и како такво можам да го пријавам. Дали треба да го пријавам, да ја тепам мајката, да го тепам детето или да пробам цивилизирано да го решам проблемот?

    Не се трујат кучиња кои создаваат непосредна опасност, туку со умисла се расфрла отров. Тоа не е заштита, тоа е напад. И моето врзано куче е во опасност. И ако настрада, еве ме интересира со кого да се оправам. Да тепам ли луѓе, ќе добијам ли правда?

    За мене животот на моето куче е бесценет. И ако некој го повреди, а тоа е невино, кого да убијам, ако така се тера правда?

    Ако некој те нападне, посебно најмилото, нема да гледаш дали е човек или куче, и тоа се вика самоодбрана.
    Ама намерно да одиш да труеш, тепаш, колеш, масакрираш... тоа не, не е самоодбрана.
     
    На kim.k, ♣ Alba Viduam ♣, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.133
    Допаѓања:
    156.140
    Отровот не е решение.
    Проблемот треба да се решава поинаку.
    Во целата ситуација стравувам за своите домашни миленици - мачки.
    Кај моите се 5 кои ги чуваат надвор.
    Мојата знае да се симне до доле во локалното паркче и се враќа назад, си го знае редот и комшиите ја знаат. Сега не ја пуштам да излезе.
    Од друга страна има многу бездомници, од стота страна, отровот го лепиме на нозе и го внесуваме и дома, тие со мали деца и домашни миленичиња нека пазат и на чевлите.

    За ситуацијата не коменитрам, ама отровот сериозно ме плаши.
    Куче не може да ми е помило од човек (иако нели докажале дека на луѓето кучињата им се помили од други луѓе, а на оние кои не им биле помили ни кучињата, во суштина не им било гајле за никого, не знам, не тврдам) , ама овие кои немилосрдно ја зимаат правдата во свои раце ми се опасни и за луѓе, очигледно им фали нешто. Едвај чекале тригер за да го извадат својот револт за кој знае што, демек загрижени од настанот.
    На неколку пати бев нападната од улични кучиња, еднаш од домашно, гневот што ти се собира во моментот е НЕОБЈАСНИВО голем, ама НЕОБЈАСНИВО. Не можам да ви објаснам колку многу си бесен и револтиран. Но, никогаш не ми паднало на памет да трујам.
    Ќе се отрујат овие и после некое време пак ќе дојде нова глутница и никаде не се решил проблемот...
     
    На kim.k, mimiiiii, lav4ence.e.e и 8 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Не, требаше да се одбранат од кучето, бидејќи ТОА КУЧЕ ги нападна. Дали ќе се бранат со пушка, со клоца, со бегање... не е важно. Важно е да се спасат. И важно е дека кучето е заловено и ќе се успие на крајот.

    Но, како се криви сите останати кучиња кои ги отруја? Како е криво комшисконо куче мое, во двор им фрлија отров? (станува збор инаку за кученце, нема ни година).

    Проблемот е што не може да се докаже кој е сопственик, затоа што никој не ги казнува оние кои не ги чипуваат милениците (што е законска обврска) па оди после исфрли чипуван миленик на улица. Ќе си платиш дебело.

    И сега ради таа стока од човек страдаат стотици недолжни животни. Тоа ти личи на правда?

    Еден прекршил закон (сопственикот); па ај сите сами да земеме правда во свои раце?
     
    На daylight, kristina.k, TheGirl23 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Додека не се изградат прифатилишта за кучиња вака ќе биде..Цело време едно исто во круг.
    Кучињата напаѓаат, луѓето ги трујат, па нови скитиници ќе се појават, па нови отрови...

    Не знам зошто не се покрене поголема иницијатива за прифатилиште...Ете прво во Скопје нека изградат, после може едно во западна Македонија, едно во источна.
    Ама доволно за почеток е едно.

    Ем нови работи места ќе се отворат, ем кучињата згрижени на безбедно, ем луѓето на раат.

    Ова нема ни смисла, ни логика...Од една страна жал ми е за кучињата, од друга страна ги сфаќам изреволираните родители.
    Нема што да се чека од Анима мунди, треба обичниве луѓе да покренат петиција и да бараат од Владата пари за прифатилиште.
     
    На kim.k, ivi1987, ivimis и 9 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.351
    Пол:
    Женски
    Додека не почнат да казнуваат за нечипирање миленици па ако пуштат да се најде кој пуштил па бетер казна.. ништо од ова. Двеста стационари да изградат џабе е. и тие ќе се наполнат и пак будала ќе земе куче и ќе го пушти. Не гледате ли дека се потекнува од човекот..
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    34.457
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl Џоли, тоа е проблемот што луѓево не ни ги боли за кучињава скитници, а и немаат намера да покренат петиција.
    Си гледаат, си уживаат, се дур некое куче не нападне некого, па тогаш прво што им паѓа на ум е ОТРОВ.
    И, во случај да покренат..Владава исто така ја заболе за скитниците.

    Сеа скоро прочитав пост од еден човек кој што сабајле видел дека фрлаат отров и они му рекле дека од Град Скопје така им наредиле.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Мајка ми да ме нападне нема да и' се поклонам, а не на кучето.
    Ама сепак нема превентивно да и' врзам два шамара, за секој случај, да не и' текне :)

    Има голема, огромна разлика од самоодбрана (од човек, куче, мачка...) и намерно и умислено убивање.
     
    На daylight, UnordinaryOne и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.741
    Пол:
    Женски
    Ова што се случува со труењата е примитивизам!
    Зар во 21 век,2018 година на чекор,нашиве луѓе трујат кучиња со отрови по паркови, по улици ,па ова го нема никаде.Никакво оправдување нема за ова ,само простаклук и малоумност.
    За да нема напади треба да функционираат прво општините,градоначалниците, регистарот за сопственици,прифатилиштето за сопственици ,па тек тогаш ке немаме случки на каснување деца,луѓе,но и за чување куче треба култура,не е секој за куче чување.
    И секако место да се обвинат прво градоначалниците ,секогаш е полесно да се обвини анима мунди.
    А нема зошто да бидат криви тие,ако јас го пуштам моето куче без поводник и искаса луѓе,јас ке бидам крива ,не тие.
     
    На Amellie13, ivi1987, bile454 и 6 други им се допаѓа ова.