Купив леб и нa 4-5 улични кучињa им гo пoделив. Му фрлaм нa првoтo куче, ме гледa вo oчи и не се пoместувa дa гo фaти лебoт. Втoрoтo истo. Гo прибирa сo шепaтa и не јaде. Oтидoв дo кoлa и ги пoсмaтрaм. Гo душкaaт лебoт. Еднoтo гo изеде, другите веднaш пo негo. Дaли е мoжнo дo тoлку дa се свесни штo се случувa?
Само леб им даде, така сув? Имам забележано дека само леб без мевце некое не им одговара, прво го душкаат, како да не го сакаат, но на крајот го јадат, немаат избор.
Се накоти човекот на целата земја, ја сотре, и ја расплака мамицата , па стигна и да кажува кои животни да се сотрат...А кај да живеат кучињата, на Марс да ги пратиме? Резервати ,Сафари да им праиме? Уствари, извини на прашање, да ги убиеме сите викаш, оти освен за играчка по дома, за друго не служат. Ако куче нападнало некој, нека се успие. Иаме држава и служби ( демек ), нека водат ред, а не само пари да лапаат и да си ги држат. Не сите животни напаѓаат. Мене да ме нападне куче, или дететo мое, моментално би го истепала, клоцнала, би го пријавила у Вардарише. Ако треба и дома у двор ќе го врзам додека да го земат. Али истото ќе му се деси и на тој кој фрлал отров, па ми го отрул миленичето ни криво ни дужно, или пак немој случајно детето по грешка. Дај земете педофили вака ловете, силувачи, море мамицата...
Кoгa дoјдoв дoмa скршив oд лебoт купен зa дoмa и демек oд жaл и нa мoетo куче му дaдoв. Верувaј декa е ученo нa мнoгу пoвеќе oд леб, a гo лaпнa вo лет. Не е дo менито..
Можно е да имаат и страв. Пред некое време кога подадов рака на куче да го погалам, се преплаши, мора да било тепано па страв има. Така и овие може гледале што е со храната па внимателно пристапуваат.
Страв е, но не од отров, од камења. Обично со камења ги гаѓаат и не им е баш верно дека некој храна им дава. Исто и моево куче ќе скокне во вис да го фати лебот, а на уличните ако фрлам кон нив храна инстиктивно прво бегаат, па душкаат, па јадат. Не се навикнати на добрина тие.
Слушам муабети од општина било наредено да се фрлат отрови. Куче немам видено на улица, ова не е народ, ова не е држава. Наместо да гледат проблемот да го решат долгорочно, со градење прифатилишта, прибирање на животните на едно место, тие бездушно дават такви наредби. За мене тоа се луѓе без душа, монструми. Ми се гади од такви луѓе, ми се гади од таква држава. Никаде во светот го нема ова.
Јас се надевам дека не е точна информацијава (што и на друго место ја прочитав) дека по наредба на надлежни (општина) се фрла отров, ако е - не знам што да се каже понатаму... Стварно сме невидена брука од држава!
Женска, ако не ти одговара урбаната средина, еве ти ја планината, собери ги кучките и живејте си среќни на планина заедно со волците, лисиците, мечките и змиите отровници. Ко што те гледам храбра, при напад на куче ќе си го клоцнела. Очигледно не знаеш како изгледа напад на кучишта, а да не дава Господ ни да дознаеш. Еве ти ги видеата од претходниот мој пост, изгледај ги. Ако мислиш дека при првото клоцнување ќе ти ја пушти ногата, продолжи да мислиш. Да ги собирала државата, немаше да ги има стотици по улиците. А уште помалку да напаѓаат. Ама револтот си го прави своето. Можда не е правиот начин, ама барем малку ќе им се намали бројот. А кога напаѓаш дека некој е психопат, прво размисли дали не е психопатски да ставаш живот на животно пред живот на дете. Дали отиде во болница да ги посетиш децата, да видиш дали се ок, дали тоа што некоја кучка им откасала парче месо од ногата не им оставило трауми, дали можат да спијат тие деца, дали немаат кошмари. Ама им даде храна на уличните кучки, нели? Бонус прашања. Зошто ако ви е се накотат стаорци во подрум, ставате отров или стапица? Зошто кога се појавија змии во Штип се викна служба да ги истреби, и тогаш не кревавте паника за правата на змиите (смок во случајот), туку се буните за кучките? Зошто доколку би избегал тигарот од зоолошка, ќе се затворите сите дома и ќе чекате да го заловат? Па нели е само мачка, ако не ја нападнеш не каса? Кој е толку храбар, нека им влезе во кафез на милите животинчиња. Зошто ги дискриминирате животните? Зарем сите не заслужуваат да живеат? Се додека ждерете месо секој втори ден, печете јагне за Ѓурѓовден, прасе за Велигден, кокошка еднаш неделно, џабе се лупате во гради дека ги сакате животните. Не дискриминирајте, или сакајте ги сите, или мразете ги сите животни.
Наместо расфрлање отрови и повици на линч, би било попаметно и поефикасно да се информираме сите како правилно да се однесуваме во ситуации со кучињата - неколку практични совети во видеото:
А ако те нападнат глутница од 8-9, во зима на ладно, кога се гладни? Постојано бараат нов вектор за напад, волци се. Ти додека се гледаш со едното и си ја држиш територијата, другото врти од страна и напаѓа, заземаш став и кон него со еден чекор назад за да ги ставиш во иста линија, третото од друга страна напаѓа... За неколку моменти ќе бидеш целосно опкружен и ќе те искасаат убаво. Како што тоа во лов на плен се случува. Освен ти напред да ги нападнеш нив уште побесно и да видат дека ќе ги кошта, особено меѓу првите и најгласните алфата, а потоа - да си ја држиш територијата, нема спас во оваа ситуација. Со други зборови, колку и да не сакаш, во природата некои ситуации бараат насилство за да преживееш, сите сме диви ѕверови. Е, кога сето ова кај нас го има во урбана средина, значи дека не си ја чуваме ние територијата. Точно е дека можеме да бидеме дел од глутница и така натаму, но очигледно не секогаш.
Значи, летово кога ме нападна мене кучето и кога еден тон комшии беа револтирани и од страна коментираа за немилите настани, никој не се јави во шинтерска туку сите збореа дека ќе го отрујат кучето, дека само тоа е спас. Досаѓав во шинтерска за да го соберат и ми успеа. Ама, моите ''паметни'' комшии сепак решија да стават отров деновите дур јас очајно ја чекав шинтерската. И знаете што се случи? Од отровот умреа две мачиња што ни се мотаа околу зграда а кучињата останаа живи и здрави, на крај шинтерска ги собра сите до едно, и мирните и бесното. А, да е трагедијата поголема, кај мене цело маало е со мали дечиња што летно време тука играат, трчаат со топките, ги фрлаат па ги зимаат во раце. Несакам ни да помислам што би се случило ако на дете му залута топката накај отровот. Фрлање отров е идиотизам, ништо повеќе. Отровот нема да направи штета само на кучињата туку и на се друго, па вклучувајки ги и децата. Ама кај нас за жал владее таков простотилук што не е вреден ни да се коментира.
Како му е дома на некој, само за некако да го оправдаш некое твое мислење е малку дволично. Сега ќе ти кажам и зошто. Кога е Јулин Фестивалот во Кина, дали поддржуваш што им прават на кучињата? Ги малтретираат, да им се крени адреналинот за месото да е повкусно. Дали тоа е исправно? Не го велам ова зошто е куче, кое и животно да е, ако е малтретирано е жално да му се прави тоа. И кокошка да е ако ја бркаш пола сат со секира, таа ќе се плаши и тоа е нехумано. Ова ти го кажав поради отровите за кучињата. Се имаш информирано како функционираат? Ете информирај се и кажи дали е хумано тоа да му се случи на некое невино куче, дури и куче кое нападнало е нехумано тоа да му се направи кога има опција да е усмртено со инјекција. Малку дрско, ама целосно во твој стил, бонус прашање! Дали е фер да се трујат невини животни? Пред да ми фрлиш зборови в уста, зошто гледам тоа го правиш често, прочитај ми ги другите мислења каде зборам што мислам за уличните кучиња, да не мислиш ги милувам. А и, обожувам деца, сакам да се најбезбедни, па со расфрлање отров се сомневам дека и тие се безбедни. И ќе пишам пак, Утопија би било да се направат убави стационари, да се стерилизираат уличните кучиња и хранат. Ако се чипувани и домашните кучиња, тогаш нема кој да се размножува на улица и со тек на време бројката ќе опадни.
Со закон е дозволено да се чуваат кучиња/мачки во град. Со закон е забрането да се чуваат домашни животни (крави, кози, овци..) во град. Истото важи за егзотични животни. Ама законите во оваа држава никој не ги почитува. И наместо да се бориме да почнат да се почитуваат, ќе повикуваме на понатамошно непочитување. Одговорност имаат само и само Град Скопје (кој е должен да се грижи за бездомните животни) и верувам АХВ - што не спроведуваат контрола за чипирање. Кучињата се жртви. И жал ми е што сте толку плитки и тоа не ви е јасно.
Дискриминатори, дискриминатори насекаде. Ајде како па да не знаеме кај нас како се колат свињите, јагнињата, телињата, кокошките, па ќе мислиме како ги убивале кучињата во Кина. А што со тоа дека на индијците кравата им е свето животно, а ние секојдневно ждереме телешко? А што е со убиството на делфините? Дали знаеш дека кај нас животните се убиваата со сечење на гркланот, а тоа е болно? Зарем свињата е помалку вредна од кучето? Еве, ти не ми одговори на моите прашања, ама јас ке одговорам на твоето бонус прашање. Дали е фер наместо на уличните кучки да дадеш храна на некој бездомник, или на некое семејство кое прима социјална помош и нема доволно за живот? Во првиот мој пост тука пишав, се цитирам '' Не треба да има ни едно куче што слободно ќе шета по улица. Па макар било по цена на убивање на сите улични кучиња '' Кучешки живот ставате пред животи на другите животни. Дискриминатори сте. Уште пожално, кучешки живот ставате пред живот да дете, човек. Е, тоа е нехумано.
Ми се гади од луѓе што трујаат и/или што поддржуваат труење на кучиња. Во оваа држава не се става кучешки живот пред човечки, туку животот на кучињата е на најниско можно ниво. Инаку еве линк што може да ве интересира: https://m.facebook.com/irena.ristic.779/posts/10156042037434726
Наместо да се цитираш и повторуваш, поправи си ја оваа изјава... Сигурно погрешно и во афект си се изразила, па многу лошо звучи. Кому ова му се обраќаш во второ лице?! На „живата меѓу мртвите“ Моника можеби? Не е таа тука на форумов, колку што знам. Ниеден/на член/ка тука нема излезено со таков скандалозен став. Внимавајте малку со драматичниве етикети. И дај навистина престанете со аргументот со (не)вегетаријанството. Никој што не е вегетаријанец не можел да застане гласно против лудилото со убивање на СИТЕ улични кучиња поради напади на одредени агресивни, со расфрлан отров опасен и по миленичињата на луѓето и по ДЕЦА? Ви се молам...!
Сама заработувам, на кого сакам ќе трошам пари. Истото важи и за останатите. За што к* сакате трошете си го заработеното.