Мислам дека темава треба да се преименува во-петиција за спас на луѓето од кучињата. Тогаш би било кристално јасно. А смешно е во овој век да се смета на некакво дејствување од страна на државата. На тоа не треба да повикуваме, тоа требаше одсекогаш да биде нивна грижа. Не навлегувам во тоа за дискриминација на животните, тоа вие си знаете, колку и што јадете. Јас не сум вегетаријанец и знам како се коле свиња, теле, јагне итн... Човекот јаде за да преживее, но и се брани за да преживее.
Не е во афект. Тоа е мое мислење. Дали тоа ви е ок или не тоа е ваш проблем. Не ги сакам кучињата и точка. Во детството имав неколку инциденти со вакви улични ѕверови или наречете ги миленици, и дури сум жива нема да ми се смилат. Германски овчар и доберман ме имаат нападнато, среќа што им избегав со трчање, не успеаја да ме каснат. Се обраќам на сите што солзи ронат над отровените кучиња, а ни еден не отиде да ги посети раскасаните деца во болница. Епа да им излезе некој со секира да ги тепа, или недајбоже со пушка, ќе заврши во затвор. Кога државата не го прави своето, народот ја превзема правдата во свои раце. Еве ни ти не одговори на моите прашања, зошто ги дискриминирате животните, некои ги браните, други ги јадете?
@malerozna .... секој има право на мислење. Тоа никако не значи дека мислењето му е поткрепено со било каков аргумент. Или здрав разум. И еве од вас научив дека треба правда во свои раце да земам. Следен пат кога некој ќе ме повреди некако мене, фаќам секирчето. Оти така треба.
Слободно. Напад над куче е прекршочна, над човек е 10 години затвор Мене ме иритира тоа што не видов коментари дека им е жал за дечињата и нивните трауми, туку сите беснеат заради отруените кучиња. И никој не се дрзна да одговори, зошто при наезда на змии не реагирате така?
Мислење е да не сакаш кучиња. Разбирливо. Имам и другарка што не ги сака, но таа не повикува да се усмртат сите заради едно, во случајов куче тренирано за борби. Да повикуваш на смрт не е мислење, туку чиста омраза и злоба. Секако дека жално е за децата но ако барате вина барајте ја во луѓето.
Добро, може ли да сме стварно до толку гниди? Ако е ова вистина, и се стварно спремни да убијат невино кутре, турете ни пепел и како држава и како луѓе!
Затоа што на глупави прашања нема потреба никој да дава одговори. Се подразбира дека убиство на човек и убиство на куче не е исто - но за убиство на куче такоЃе се лежи затвор. Чисто информативно, ете провери ако не ми веруваш. За расфрлање на отров се башка 1-10 години затвор. А со расфрлање на отров потенцијално убиваш и луѓе, па види си колку ќе се собере ќорка. Јас за кого сакам ќе жалам, тоа е мое. Еве ти пошто ги жалиш децата, еве, беше ли во болница, им купи ли нешто? И зошто еве ти се лутиш на кучињата, а не на моронот кој го тренирал кучето да напаѓа и го испуштил на улица?
За жал знам како се колат. Пак одиш со претпоставки како некој си живеј животот, без да знајш на кој јас давам леб. НЕМА да ти одговорам на прашањата зошто се банални ... Ако пробваш да ме натераш да се чувствувам лошо, нема да можиш зошто пак ќе речам, ти зборуваш за претпоставка за мене и за што се грижам јас, а тоа не задолжително е точно. Стани ми поздравена.
Па да бев во Ск сигурно ќе отидев да ги видам нападнатите. За моронот кажав веќе, потребен е закон за апсолутно сите кучиња да се чипираат. И да се знае чие е. Шета ли куче надвор без маска, 20 000 евра казна. При напад на човек или дете, конфискација на цел имот на цела фамилија. Остави ги на улица проклетниците. Главниот сопственик во затвор. Па да ги видам тогаш дали ќе се јачаат со агресивни кучиња наоколу. Ама поради тоа што Македонија е банана држава, луѓето мора сами '' да ги решаваат проблемите '' во случајов со фрлање отров насекаде. Уште едно '' глупо прашање'' според тебе. Зошто се лежи затвор само за убиство на куче, а не и на змија? Или тоа го кажа во контекст на растурање на отров по улиците. @theowndemon Супер, остана без аргументи. Биди ми поздравена
Ти опишав во моето прво мислење, не сфати. Барем не прашувам баналности за да изгледам попаметна. Или Бог да чува да генерализирам. Во склоп со едно твое мислење ќе избегам од тема, дали можи да те прашам приватно? Не мора да одговориш, ама неќам да бидам многу оф топик.
така се вадат за да откачат демек од таму се пратени. не сум сретнала јас, одма полиција ќе викнам па нека им кажат на нив од кај се. искрено морам и да нагласам дека овде кај што живеам полицијата дефинитивно убаво работи на терен. да, во Македонија живеам, поточно во Скопје.
@malerozna пошто не живееш во Македонија, а јас ја имав среќата да поживеам малку во цивилизиран свет, еве одговори ми сама на прашањето: дали таму кај што живееш можеш од чиста мира да убиваш змии, или само доколку си во непосредна опасност? Дали ако видиш некаде змија, мечка, крокодил зимаш пушка, отров, секира и го убиваш или се јавуваш на Animal Control? Како одат тие работи кај вас? Јас кај што бев не можеше ниту змија да убиеш освен ако не е директна, непосредна закана, а комшиите мои во подрум најдоа змија и замисли, не ја утепаа. Е сега, меѓувремено во Македонија почнува судењето на дедо Љубе, кој во самоодбрана уби човек (кој му влезе дома и го малтретираше него и бабата). Во самоодбрана секого ќе утепаш. Човек, куче, змија, што да е. Тоа е различно од смислено убивање и расфрлање отрови. Сакам да кажам - кај нас ќе те судат ако се одбраниш од човек. Уште не сме еволуирале доволно да се грижиме за останатите животински видови, вклучително и змиите. За неодговорно сопствеништво се согласувам. Токму тие дебили се криви за толкава популација на улични животни. Еве ќе се согласиш, дали кај што живееш можеш да исфрлиш куче на улица?
Јас кај што живеам, преку ден можеш единствено да видиш верверички и гулаби, а ноќно време, лисици. Мачка имам видено само 4 пати, кучиња многу често гледам во паркот, но сопственикот ги води со ремен преку ден, само рано насабајле и доцна навечер кога нема деца може да го пушти слободно да се истрчи. За расни кучиња има посебен дел во паркот, само за нив. Нема други животни што слободно се шетаат. Ако само куче лута наоколу, доаѓаат и го носат на проверка чие е. Кога сакаш да купиш куче, прво ти идат дома на проверка дали има простор за тоа куче и дали си ти способен да го чуваш. Нема ни да ти дадат да чуваш, а камо ли да дојдеш до стање да го исфрлаш на улица. Инаку не се секирај, и тука судат за самоодбрана. Ако некој ти извади нож, ама ти си по некое чудо каратист и го совладаш за 5 секунди, доаѓа полиција и го апси и него и тебе. Што има ти да изиграваш полицаец. Јбг, таков им е законот. Овде мотото им е, материјалното се надоместува, човечкиот живот не. И овде и во Мкд ни треба закон за самоодбрана. Ама јбг. Европските закони се различни од тие што ги знаеме по филмовите. Човекови права се на прво место. Затоа и се е хаос
Да си ми жива и здрава за првиот дел од постот. Токму тоа е решението, ете сама го кажа. Не ги гледаш ни змии, ни кучиња, ни зајци затоа што постојат агенции на државата кои се грижат за нив, постојат закони кои мора сите да ги почитуваат итн. Во оваа држава не постојат агенции кои ќе се грижат за животните, не постои начин да се регулира сопственоста, итн... Кучињата не се криви - луѓето се. Човечките права се на прво место - апсолутно ќе се согласам. Ама, верувам, ќе се согласиш и ти со мене дека од секое право, произлегува еднаква обврска. Кучињата на улица не се од мене или од активистите на АМ или од останатите здруженија. Кучињата се на улица поради ЛУЃЕ кои прибираат дома куче (најчесто купуваат расно) и потоа им се здосадува (им моча по дома, им прави влакна, имаат бебе...) и просто го исфрлаат на улица. Е како јас или било кој активист сме виновни што ова куче е на улица, што раѓа други кучиња итн.? Решението и сама го кажа, како што веќе реков, во првиот дел од твојот пост. Јас не би го убила кучето кое нападна. Ама на неговиот “сопственик“ душата со лажичка би му ја извадила. И сепак, тоа што не си видела скитник куче или змија не значи дека нема да видиш. Но, ако видиш, како ќе постапиш - според законите во таа држава?
Абе, луѓе што решиле да трујат кучиња не размислуваат за последиците. И други животни и деца па и возрасни може да се отрујат од истото. Разумен и нормален човек нема да фрла отров кај стигне, да се однесува како индијанец од племе излезен. Жално е што луѓето не размислуваат за последиците, а тие и те како можат да бидат кобни, посебно за деца. Мене кога ме нападна кучето не размислував да фрлам отров за да го средам, иако многу од околината ми викаа, џитни му отров, среди го. Има поцивилизиран начин за да се среди истото а тоа е шинтерска. Колку треба да си болен ум за да сакаш свесно да отруеш некој па макар и бесно куче. Најлоша смрт е тоа.
Минатата година еден брачен пар блиски мои пријатели (имаат две деца) им отруја неколку кучиња, ок тие се ептен по животните и со таа перцепција (не се во анима ама не се ни далеку)... Во дворот им фрлиле отров а децата си играле пред тоа баш на истото место, ме извади од памет тоа кога ми кажаа, и подобро што не знаеа кој го фрлил отровот (иако се сомневаа на комшивка) ми доаѓаше да одам и да ја убијам на лице место, да и пресудам ако била таа навистина, не можам да замислам каква траума имаа пријателиве. До тогаш немав нешто размислувано по тие теми, ама оттогаш имам некој гаден гнев према фрлачи на отров. Да е уште поужасно, после паднал дожд, којзнае каде заврши тој отров разлеан насекаде.
Стварно не е убаво така да се расфрла отров. Да се стави во парче колбас на пример па да им се даде на група скитници. Така нешто, со ред, со усул, со амин.
Гадно е, децава ги гледале кучињата како се тресат, се грчат со пена на уста, квичење, урлање и виткање од болови, децава плачеле пиштеле, трауми за цел живот, освен ако не заборават, мали се уште, ваљда ќе заборават со тек на време...
Имаше одамна и кај нас во маало глутница кучиња кои долго време ги малтретираа луѓето по улица. Никој не превземаше ништо. Најчесто ноќно време или рано наутро ќе се слушнеше лаеж одеднаш и туку некој ќе спискаше исплашен. Кога пешачевме и се доближувавме на местото моравме да земаме камења за да во случај нападнат. Малтретирањето пак од лаење нон-стоп од кое никој не можеше да се наспие беше дополнително. Некој им пресуди, ги отрови едно утро. @Црна Ружа Куче во двор се чува, ама ќе си го ставиш под твојот прозор на спалната, не под комшијата под прозорот или ако силно лае стави го во подрум, барем ноќта. Не е тешко воопшто. Никој не трови кучиња во двор без причина.