Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Исто ко искасаниве деца, шодапрајш.
     
    На JuLleE, joy1 и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во двор и се случи ова. Освен мајката која што беше стара кучка, останативе беа ептен мали кучиња, не биле на цицка мислам ама во секој случај поголема закана би бил зајак него тие во таа возраст.

    Само што во случајов немаше искасани и труењето беше на нивни имот, пред врата што се вели. Викнале полиција, направиле записник и толку. Некој би рекол дека некакво цивилизирано справување со кучиња е над можностите на македонци, албанци, роми, срби, турци, торбеши и остали припадности кои се мотаат на овие простори...
     
    На theowndemon и sjdgo им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа
    Ако не си одговорен сопственик, не очекувај од другите да имаат разбирање.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не се збори тука за труење домашни миленичиња оти ти сметало лаење или природно психопат си. Бесни кучиња скитници кои никој не ги контролира напаѓаат луѓе. Скандинавец да е во Мк на посета што мислиш дека ќе направи во ваков случај? Ќе пријави, ќе види нема аир, мислиш ќе продолжи да го праќа детето надвор со ризик да е нападнато и искасапено?
     
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И во Скандинавија некогаш немало механизми за справување со тие ствари, не им доаѓа тоа по дифолт, па сепак пронашле некој начин. Ама пак ќе направам круг во муабетот и враќање на 200-те евра како симбол на видот на приоритети во едно општество, како и во онаа темата за загадување...
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.104
    Допаѓања:
    163.612
    Пол:
    Женски
    Се збори за решавање на овој проблем со фрлање отров кој може да е неселективно опасен и за безопасни животни и за луѓе, што е и противзаконски.
    Се убива/успива само конкретно бесно куче кое навистина е опасност за околината и напаѓа. И точка. Ништо друго нема ни трошка оправдување.

    А иначе не е убаво ни да се игра мајтап од било кој аспект на темава, ама ти си играш ете ко и секаде... шодатипрајме ;)
     
    На ivi1987, theowndemon, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Се чудам што читам.
    Во станот кај што живеев порано, мачката што ја чував често знаеше да излезе пред врата и да трча низ влез кога ќе отворевме. Пред врата секогаш ми беше оставан отров. Сега имам деца, тогаш не. Да имав и да дојдеа во контакт со отровот, јас сега ќе бев зад решетки, за тешко кривично дело. Ќе превртев планини за да дознаам кој е. Има начини за справување со ситуацијава, а тоа никако не е отров. Како што се гржите децата да не бидат нападнати од кучиња, така треба да се грижите, децата да не бидат отруени поради непромислени наводни решенија.
     
    На ivi1987, piglet1, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    А тој начин сигурно не бил седење на женски форум и куцање мислења за тоа колку ги сакаме животните. Протест нешто, фрлање со јајца, ангажираност поинтензивна од -Убијцииии, видете слика од мртво куче на сред плоштад, каде ќе ви оди душата...ама ај. За некои и тоа е доста.
     
    На honest girl, baba Rada и Vitaly им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.719
    Ако ти пречи кучето на комшијата, се јавуваш во полиција, аман.
    Како бе сами си терате правда?! Замисли дека утре ти некому ќе пречиш, и тој некој ете нема разбирање, треба да дојде и да ти ја расцвета главата? Малку акл да се немало.

    Примитивизам.
     
    На ivi1987, Amellie13, sjdgo и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.719
    @Lianna Anna далеку било, ама да се отруе човек, баш еве размислувам дали трујачот сам себе би се пријавил...
     
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Женски форум, форум за мобилни, за раноградинарски производи, фејсбук, твитер, инстаграм (мирц, хајфајв, емесен :party:) радио милева, пред коорепација не е битно, мора од некаде да се почне, вакви платформи и социјални мрежи и не се така лоша опција за почеток.
    Имаше протести, беа и пријателиве, пред некое министерство и тоа неколку пати и никој не ги перцепирал, не оди тоа така во земјата каде што solunenas:hai:
     
    На Lianna Anna, Someonespecial и Bridget им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.764
    Допаѓања:
    266.719
    Протест има во недела, за заинтересираните :)
     
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Ако има доволно човечност во него, нема ни да го направи ова со отровот. Мора да е тешка психичка индивидуа. За вакви работи, не е тешко да се претпостават последиците. Ама тешко кој умее да ги препознае.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Луѓе за бајрам муслиманите убиваат милиони животни во рок од 1 ден, ние исто така за многу празници, зошто тогаш петиции не правите, зошто тогаш не се буните? Плус тоа тие животни воопшто не се опасни а сепак се убиваат, а вие се буните за куче кое искасапило некого.. Не ве разбирам навистина.. Од друга страна пак велите секој нека прави што сака а сепак гледате што прават тругите и се буните... :?:
     
    На Oscar Lady, joy1, honest girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Во полицијата ќе го предупредат, можеби не и пак во круг. Тој што нема свест и на месечина да се качи ништо не менува. Сопственик на животни сум и во цел мој живот никој досега се нема пожалено. Како прво би се срамела, како второ би се извинила и би се трудела никогаш да не повтори што и да било.
    Ај сега ти замисли - утре кога ќе станеш мајка твоето дете да ти го искасапат. Би ти дошло кучето да го задавиш со голи раце, ама таму некоја ќе го брани и вели греота е кучето.
     
    На malerozna и Vitaly им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Каде живееш ти, што се занесуваш? Имав комшивка која редовно јадеше ќотек од сопругот, пријавуваше и таа и сите околу неа па се' се завршуваше со неколку саати разговор во полиција и толку |(
     
    На joy1, honest girl, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервираат овие двојни аршини, само за мачиња и кучиња се протестира, а јагниња, прасиња итн. што се колат, тие не се животни? Или тие ви се помалку слатки? Овај многу ви се слатки за јадење...
     
    На TheSecret и Vitaly им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.110
    Пол:
    Женски
    А вие што знаете многу да кажете дека немаме право да се потресуваме за животните оти јадеме месо дали ви е познато што е синџир на исхрана? Некои од животните се јадат оти тоа им е наменета, нејќе да земеш да чуваш кокошка дома сигурно, ама тоа не значи дека ни е сеедно ако кокошката пред да се убе се мачи, се трови, да и де кубат пердувите на живо. Се убива без мачење. А тоа дека се чуваат во нехумани услови и овие животни е несовесно и злобно и за тоа има закони кои треба да се почитуваат. Никој не рече дека е нам ни е убаво што има кучиња на улица и ние не ги сакаме таму оти не сакаме да се мачат, ама труењето во ниеден случај не е решение. И човек што убива човек и што заслужува многу повеќе од затвор сигурно нема да излезете да протестирате да го убијат на ист начин како што убил тој. Ептем мешате баби и жаби и колку сакате убедувајте сте дека сте многу добри, тоа што подржувате такво однесување покажува колку само сте скапани во душите. А кога сме кај тоа дека сте изреволтирани и затоа е така, мој братучед го касна бесно куче како мал и ептен по болници со години се метлееше, во ниту еден момент тетка ми не помисли да ги труе сите кучиња, напротив сега и чуваат дома.
     
    На manja666, piglet1, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ај прибери си го речникот да не почнеме на тој начин сите, или сакаш?
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.110
    Пол:
    Женски
    Извини Бриџит никого не навредив, ти си таа што цело време на сарказам ја тераш. За мене сте злобни и не би сакала да ве имам во животот. Само си кажувам мислење. Ако не ти одговара не читај. Сакаш?
     
    На theowndemon, Hellobeautiful, andromedae и 4 други им се допаѓа ова.