Па и кучето се јаде ако не си знаела. Плус тоа ти не знаеш што пишуваш.... Немора отров еве, како и другите животни кои ги ждерете така и кучињата нека се убиваат бидејќи некој ги јаде... Ти си човек и гарантирам дека нема да умреш ако не јадеш месо, додека лавот ќе умре бидејќи не јаде треба, овошје, зеленчук така да тој синџир на исхрана за човекот не важи.... И те молам кажи каде пишува дека некои животни се наменети за јадење?
Пред "аргументов" со синџирот на исхрана кој го користите за да ви биде полесно на совеста дали уопште сте информирани дека анатомски, човекот е тревојад, дигестивниот систем соодвестува со јадење билна храна а не месо.
Ја уопште немам грижа на совест за да се правдам, месо јадам многу многу ретко, не носам природна кожа и крнзо. Ама зборам општо, кој како сака нека си сфати.
Од една страна око не ви трепнува без цел и причина да бидат отруени рандом кучиња што ќе наидат на тој отров, а од друга пак со тоа што проповедате за релативизација сте бетер од најхардкор ,,секташите“ од Анима Мунди. Токму само они го осудуваат сечиј начин на исхрана со какво било месо, се мешаат во нечија трпеза и се дрзнуваат да нарекуваат секого освен вегетаријанците/веганите убиец. И дали тоа сериозно прочитав дека човекот по својата биологија е хербивор?! Уствари се читате ли вие воопшто што пишувате или важно да се контраш, да се извреѓаш, да се направиш посебен и #хехенце додека сите други ,,мелат празна слама“?!
Сум имала неколку кучиња, домашни миленици. Никогаш никој не каснале, ниту биле агресивни. Ми ги отруја, последното го имав 11 години. Ако може мој член од фамилија да отрујат зошто било мирно, сигурно може да се отруе ротвајлерот на некојси глупак и сељак од Аеродром. Многу нормално дела ќе го тренира за борби штом напаѓа луѓе. Јас сакам да го отрујат, а на тој од Аеродром еден ќотек убав да му удри некој. За такви бесни кучиња треба труење, а не за тие што се дел од фамилија.
А ова од памет го истресе или си поткована на темата анатомија? Очигледно дека не си, човекот е предодреден да јаде растителна храна а не месо, за разлика од месојадите човекот има долги црева кои лесно дигестираат растителна храна. И човечките заби се наменети полесно плодови да преџвакуваат а не месо, ако си малку писмена у анатомија ќе знаеше ама вака одма да се скокне. А у однос на темата ужасно многу ме нервираат двојните аршини емпатија или имаш или немаш како може да ја имаш за куче а за прасе да ја немаш? Апсурд. А околу отровите ја сум против, сметам дека институциите не се сериозни, тие треба да реагираат, а се знае дека нема со прст да мрднат ни едните ни другите.
Човекот од друга страна има и различен дигестивен систем од хербиворите. И еден од најопштите показатели дека сме омнивори е фактот што не можеме да дигестираме целулоза, додека сите хербивори можат.
Да добро во право си за тоа но кога веќе се јаде свинско, телешко и др. месо зошто некои се против кучешкото? Кучињата ги жалат а јадат други животни..Што е кучето попривилегирано од прасе, теле, срна, риба??
Не е идентичен туку далеку поголем процент поблизок до тревојад него ли месојад. Од друга страна тука не правиме муабет за тоа колку се идентични туку дали човекот може само растителна храна да јаде а фактите говорат дека не само што може да преживее само со растителна туку и се препорачува растителна да јаде затоа што анатомски човекот е предодреден за таа храна.
И наместо да вршиме притисок врз органите, ајде да се поубиеме. Тек тогаш ќе се чудиме каде живееме. Инаку, не знам кога се случило ова, но сум сведок на посвеж сличен настан на семејно насилство (од пред некој месец) и сите одговорни служби сосема коректно си ја завршија (и вршат) работата. А за нарушување на јавен ред барем секогаш полиција доаѓала, на комшии мои им доаѓаше секој ден скоро баш за кучето. На крај ги казнија, па мораа да реагираат и го кастрираа кучето (кое завиваше секоја ноќ по женски). Може нема само да ми дојде, туку и навистина ќе го задавам конкретното куче што ми го нападнало детето. ТОА КУЧЕ. Не сите останати.
Колку време и како се врши притисок на органите? Со години наназад (поточно откако паметам за себе) читаме и слушаме за вакви примери, каде е резултатот од тој притисок? За последното, треба да чекам да видам кое куче скитник ќе ми го нападне детето па тогаш да реагирам? Ок.
Не, треба да одиш и да потепаш цел животински свет превентивно и тоа. На органите НИКОЈ не врши притисок освен здруженијата. Да не мислиш дека "загрижениве" излегле на некој протест?
А ти па сета ќе ја средиш во недела првпат што ќе излезеш. Сум за протести секако, ама сме пријавувале во полиција, сме се жалеле по општини дека дома не можеш да си влезеш од кучиња, па и од неодговорни сопственици и ништо. Камо среќа до тебе да е, во недела што ќе излезеш.
Не бе Бриџо, не е до мене. До сите нас е. Не случајно законите ни служат за колку да се рече дека ги имаме. Се' додека сите ги заобиколуваме, нема да има решение ниту за овој, ниту за многу други проблеми. Ама како беше - секој народ има власт каква што заслужува.
Чекаме? Па чекај малку, јас (и сигурно пола форум што ги следиме повеќето теми), колку што знам ти не живееш во Македонија, туку исто како Малерозна – во развиена европска земја каде овој проблем е среден и тоа сигурно не со диво расфрлање отрови, и каде што сигурно нема ,,фактори во општеството“ како Златев и квазиписателката. Ама битно си најзасегната ти, за сеир пишуваш сѐ и сешто. Еве не знам, јас да имам среќа да му ја дувнам од вукој**инава (pardon my French) во Германија/Англија и да останам таму, уште поодвратни би ми изгледале од тамошна гледна точка дивјачкиве решенија. Стварно не можам да ве разберам.
Епа јас не сум како тебе да заминам и да заборавам дека Македонија не е Англија или Германија па да одеднаш се гадам од труење на куче скитник оти тука со парфем може ги прскаат, да заборавам колку страв сум претрпела од нив и занемарувајќи бај д веј факт дека деца страдаат и умираат од тие кучиња за кои никој нема во план во блиска иднина да се погрижи. Мене баш лесно ми е да пишам -леле кучиња труете вие таму во Мк? Боже страшно, примитивци.