Да те потсетам само, ни едно дете од скитник не е задавено. Сите кучиња беа со сопственик што нападнаа. Проблемот таму лежи. Ако нема неодговорни сопственици - нема агресивни и улични кучиња.
Инаку, што мислите, каде оди отровот после? И знаете ли колку лесно во тањир дома може да ви стигне? Или далеку е Америка...
Знам и јас. Мене пред врата ми ставаа. За домашна мачка. Оти трчкала од еден кат на друг. Минута време. И не секој ден. Само кога ќе усееше да кидне. Не е така како што ти мислиш. Дете најлесно може да дојде до таков контакт. Нажалост. Излези еднаш надвор каде што има деца, па ќе видиш што се фаќаат и ставаат во уста, колку и да им браниш.
Не се врши тука никаков притисок, дремат и чекаат на видовит шинтер да му се сони дека има глутница кучиња кај нив во маало и да дојде, да ја собере. Они во меѓувреме немаат друга одговорност, освен да се препираат дали е крив градоначалникот, Заев или Груевски.
Дома отров за глувци имаш ставано? Твоите родители? Колку деца се отруле од тие отрови? Да не драмиме сега, да не кажувам начини ко поттикнувач овде ама начини има децата да се заштитат.
За кучињата треба да се погрижат специјални служби наменети за животни, а не ние. И да се отрујат сите кучиња, давам година дена за повторно појавување на нови. Додека државата не го среди ова, луѓето ќе бидеме оштетени како што сме оштетени од многу други фактори во кои не се вклучени кучињата.
Не. Не сме ставале. Наместо да идеме напред, ние треба да го одбереме најпримитивниот начин и да го одобруваме истиот. Епа браво.
Кај нас пред две години од парк се затру дете, од таков отров, ама го заташкаа случајот тогаш ги немаше да гукнат. Го фрлаат во парк, го фрлаат кај контињери каде циганите бркаат. Ете каде го фрлаат. А плус што отровот е забранет со закон оти за почвата и растенијата е екстремно штетен.
Со години одите напред, еве толку напредни мозоци на форумов ко што прочитав никаде, ама некако на дело, што е работава? Меѓувреме, во очекување на следната жртва.
Што може да решат поединци? Ко што ќе се реши сè со поставување на отров. Пак ќе се најдат будали на кои им се здосадило чувањето милениче, па ќе го остават на улица. И пак касање, труење и сè во круг.
Кога ќе се отруе човек, одговорност кај да бараме? Може Бриџа и компанија уште ќе верглаат за "исправноста" на труење, кое ај што е надвор од сите здраворазумски дејствија, и со закон (не за џабе) е забрането.
Секогаш се бирал и бира отровот како решение,зарем не научивме досега дека ниеднаш не се реши проблемот на тој начин,дека мора да се најде друг начин.
Тука не се согласувам со тебе. Пишав претходно, не сите кучиња-скитници се кучиња кои се исфрлени на улица од страна на газдите. Кој може да го контролира размножувањето на кучињата? Можеш да гарантираш дека баш кучињата кои Анима Мунди ги вади од Вардариште не се размножиле? Сите кучиња кои имаат сопственици се мирни и кротки? Не, еве мојата кучка покажува агресија кон мачки, птици и непознати луѓе кои сакаат да влезат во двор. Да нагласам дека е нахранета, чиста, има куќа и двор во кој трча слободно преку ден, секој ден ја шетаме, секако ја галиме и се играме со неа, нема дресура да го чува дворот или некој член од семејството. Од друга страна, кога шета на ланец е кротка и се гали со секого.
Како бе тука некои поддржуваат отров не ми се верува. Каков менталитет цц. Тоа не решава правда во никаков случај. Тоа е најпримитивно нешто што може да му текне на човек. ("човек") Отровот не е средство само за да се убијаат кучињата, тој е потенцијален убиец на деца, луѓе, се што мрда и се што дише. Зошто кога има похумани решенија, како можат другите држави да го немаат овој проблем и не, не го решиле со труење. Не за џабе рекле дека од државава повеќе се бега ради примитивизмот, а не тоа што нема пари.
Баба ми викаше порано за оние што се мачеле дур умирале - аа овој убил мачка, куче. Надам се точно е тоа.
А има и такви што избегале од државава и си го понеле примитивизмот со нив, но тоа е веќе друга тема. Он топик, еве овде каде што сум јас како се решаваат проблемите со бездомните кучиња: https://www.rspca.org.uk/findapet/rehomeapet https://www.dogstrust.org.uk/ https://www.bluecross.org.uk/rehome/dog Точно е дека овде нема улични кучиња, но тоа е затоа што има институции спонзорирани од граѓаните (како овие горенаведените) што се грижат за нив. На телевизија многу пати имам начекано реклами за донации за бездомни кучиња, за загрозени видови на животни и слично, имаат штандови по трговските центри од време на време каде што можат да донираат луѓето или пак да си посвојат милениче. И овде има бездомни кучиња (сигурно меѓу нив има и агресивни), но на никој ни на крај памет не му текнало да ги убива. И да, верверички и лисици трчаат слбодно наоколу, но да беа во Македонија, со сигурност ке му сметаа на некој и ке ги немаше и нив. Јас овде немам видено куче со маска, често гледам некои ги шетаат и без ланец, во парк се цело време пуштени и ги оставаат да трчаат заедно со деца. А за трујачите, тоа за мене се нелуѓе што едвај чекаат да се деси оваков инцидент за да можат на раат да убиваат знаејќи дека ќе си поминат неказнето.
Јас ќе пишам, на кого му се чита слободно, на кого не, Поздрав. Исто така ова се МОИ мислења значи нема да наметнам ништо на никого, се изначитав свашта и сакам нешто да кажам. Дечко/Господине, велите 1 година и повеќе сте веќе вегетаријанец. Пред тоа не ви ли сметаше тортурата на тие невини животни? Мислам, деца од мали знаат што има на трпеза и отприлика што и како дошло до таму. Значи до моментот кога сте решиле да скратите месо од исхраната, месото (по претпоставка) ви одговарало..никаде не прочитав во темава дека вие сте имале проблем со тоа? И почитувам, и јас сакам да станам вегетаријанец ама што плукате тука по други кога и вие сте го правеле истото ете пред, година и повеќе. Ја немав таа привилегија да изучувам анатомија така да тоа што си го кажала за делот со хербивори не можам да го коментирам, али да те прашам. Од раѓање јадеш брокула и спанаќ? Не ти давале месо? Значи и ти си била месојад како господинот/дечкото од погоре али сега си решила дека тоа не е во ред. Значи, јадењето месо, вегетаријанството и веганизмот сите се лични избори и нема шо да се мешаме во тоа кај никого. Никогаш нема да се промени фактот дека некои животни се за "јадење", па вие колку сакајте проповедајте со тоа. Има некои луѓе што воопшто не им е жал па дури за месо и сами ќе земат секира и ќе колат. На други им се гади од помислата на месо. И тоа е така и секогаш ќе остане. Сега уште нешто за членката што прашуваше зашто ги убиваме змиите кога ќе се накотат или ставаме отров во подрум коа имаме стаорци. Еве вака. Мислам дека сите во нашите животи немаме слушнато нити сретнато (многу ретко) дека змијата е домашно милениче, дека змијата е т.н. "пријател на човекот". Реално, ниту едно животно не е доверливо ама ај издресирај змија да те видам или накани некој да ја погали коа ќе ти дое на гости. Стаорци па да не зборам. Има луѓе што ги обожаваат ама сигурно никој дома не чува 250 глувци. А за зарази од нивна страна да не зборам. Постојано се пикаат по цевки,канализации,канали. Јас немам сретнато кученце да ми дое од канализација и преку цевка магично да ми дое у подрум и да се размножи, значи не. Познато е кои животни се миленици, кои животни се реална опасност. Генерално не треба да се има доверба у животни, али најмалку во тие ти шо ги спомна. Еве чим си толку против убивање, коа ќе видиш бубашваба дома ја седнуваш на маса и и даваш трошки леб или ја маваш со папуча? Реално, и тоа е животно, зашто да го убиваме ако е за така. Сега конечно на темава. Отровот НИКАКО и НИКОГАШ нема да биде решение. Да, успивање на КОНКРЕТНОТО куче што нападнало дечиња, и казна за неговиот сопственик и тоа голема. Зошто со отровот да отруете нечие или не дај Боже мое милениче? ШТО СО ТОА? Спас од улични животни никогаш нема да се најде, освен ете како што рекоа да се направат стационари, мада и тогаш ќе пушти некој куче/маче надвор итн итн. Во мојот живот сум била и те како нападната од кучиња ама никогаш решението не било отров. Пример. Во моето маало, коа бевме деца неколку куќи подоле живееше едно психопатско дете и чуваше вучјак. Е сеа можете да замислите шо беше со кучето. Еден ден ме загриза мислев бутката ќе ми ја откорне. Моите реагираа со разговор и кучето дали беше успиено или "однесено во Катланово", не знам и не ме интересира. Детето после тоа имаше уште 2 вучјаци и сите имаа иста судбина, пошо така беа одгледани. Сакате да ми кажете сите вучјаци се ненормални? Не, сопствениците се. Друг пат, бев нападната од куче на комшија. Значи во фаца ми скокаше и ми ја изгриза цела папка ликовно. После тоа кучето СЕКОГАШ шеташе со газдата и маска на лице. Значи пак не отрувме куче. Е сега, летово ме нападна мачка И ТОА ДОМАШНА. Шо требаше дента да се собереме да ја расечеме цела? Не, поготово што и јас бев делумно виновна. Мачката-мајка во тој период имаше мали маченца и сите на куп си лежеа во моја соба. Јас нешто и раксажував на мајка ми и за да доловам момент почнав да скокам и урлам. Е ТОГАШ, бев нападната. Зошто? Ме осетила како закана за неа и нејзините малечки. Тоа не значи дека ја оправдувам, ама не значи и дека и текнало оп денес ќе напаѓам. Во повеќето случаи дали мачка дали куче, има причина да нападне. Истото и со скитниците. Не сите, повеќето. Вие што го оправдувате отровот алал да ви е, сигурно не размислувате дека "отровот во колбас во парк" може да го вдиши и не дај боже изеде некој ЧОВЕК што нема храна. Епа ај поздрав.
Малку преку воздухов дишиме отров, па ајде и на земја да си ставиме. Отров во никој случај не е решение, и не знам со кој мозок се одлучуваат за таков потег...Пак на крај ќе настрада домашно милениче или некое детнеце, а тој ѕверот што јаде луѓе по некоја случајност ќе се спаси. Додека соодветните служби не го мрднат газот, ништо не направиме. И како лесно луѓево се собираат кога се работи за некоја партија, а за вакви работи никој нема време. Ни за воздух се организирале да се протестира, ни за кучињава скитници....Не дај Боже заедно да се обединат дпмновец и сдсмовец, и да протестирааат за нешто што сите не засега. Скраја да е.