A да си ги собереа вака членовите од Анима Мунди (воедно и љубителите на кучиња) по дома сите улични, па да си живееме сите среќно до крајот на животот??? Ем вие ќе си ги галите, правите шо ќе правите, ем ние спокојно ќе си шетаме.
Не знам за вас, ама за мене, овие луѓево што наоѓаат храна со отров и ја тргаат од местото за да ги заштитат животните, се вистински херои.
Сите кучиња ќе бидат згрижени кога и за сите бездомни луѓе ќе се најде дом. Значи да не речам, никад. А еве ти и некои други (како љубители на луѓе) шо не се соберете да им отворите врата на некои луѓе што сега мрзнат надвор и се борат за живот? Лесно е да кажеш само..
Луѓе претажно е низ градов... На секој агол отруено маче или куче... Јас револтот го разбирам, ама стојам зад тоа дека со убиство и смрт не се решава. Језиво е, тажно е... Го разбирам и стравот и се разбирам, разбирам што ти оди од внатре да направиш во моментот, ама не е здрав начин на решавање на работите. Отровот не е ништо побезбеден од разлутено куче се додека е расфрлан на сите страни...
Кучињата настанале од волкот ама џукелите од човекот. Кучињата не се на Анима Мунди за да си ги соберат. Никој не контролира парење, никој не чипува, на пола им се здосадуваат милениците после 2 месеци и ги пуштаат на улица. И покрај сите пријави од активисти полицијата досега не реагирала. Јас лично имам поднесено пријава дека сопствениците го напуштиле кучето и еве година дена никој нема реагирано. Кој е крив тука?
Некој да си ја работи работата како што треба и како што доликува можеби нема да има потреба од тровење. Или тровењето е искупување за немилите настани - еве ние се ослободивме од кучињата нема потреба од тужби. Поделени мислења како за се така и овде, но во текот на неделата за борба против насилство врз жената не прочитав ниеден коментар од овие погоре - да покажат грижа за состојбата на македонскста жената денес. Состојба каде секоја втора жена трпи насилство од било кој вид. Они запнале кучињата, па кучињата.
@friendy, нешто тргна оф-топик за да пренасочиш дискусијата во скроз нова тема? Ама, во ред е, еве ќе ти удоволам - не ми треба посебно означена недела за да ја дигам свеста за положбата на жената кај нас. Секој ден е борба. Може сега да се вратиме кон проблемот со трујачите?
Значи сите кучиња се убијци? Страшно..епа ајде да го истребиме и цел човечки род пошо еден у 1000 луѓе извршил убиство па автоматски сите сме убијци ради тоа.
Душата ме заболи за ова. Не им се доволни кучињата за да ги задоволат своите садистички потреби почнаа и по невини мачиња? Ах што народ ќе бевме.
Јас човек со куче не поистоветувам никогаш, ама баш никогаш. Не е достојно човечки живот да се замени со кучешки. Се во ред, само слабо се организирате за мирни протести, ама за кучињата скитници први сте иако во иднина кога ќе станете родители ќе го смените мислењето за нив.
Што имаат да кажат релативизаторите за ова погоре со мачето? Ајде, можете вие тоа, можете и подрско со „сарказмот“ и поголеми глупости да смислите! Ако од големи улични кучиња + посебно во група, и јас лично имам страв (да, добро прочитавте - се плашам, ама тоа не ми дава во мисла да оправдувам примитивизам и убиства) - мачиња па секој втор ден ми разубавуваат. Апсолутно никаде никој не прочитал ни слушнал за случај мачка да нападне и да нанесе сериозни повреди некому. Зошто и они да страдаат од лудилото на простациве? Греота бе, греота!
@friendy, организирај протест за било што поврзано со правата на жената и јас ќе бидам во прв ред со транспарент. Да, се согласувам дека сме препасивни и дека треба сплотено да делуваме, исто како што стварно ме интересира зошто, кога се протестираше против абортусот, бевме толку малку собрани, а сите лично не засегаа тие промени во законот. Ама ова се муабети за други теми па се читаме во нив. Верувај, сакам да дискутираме (ова е без сарказам кажано) А за тоа дека ќе ми се сменат ставовите кога ќе станам родител, не верувам Го разбирам стравот и револтот но не и мотивацијата да труеш мирни маалски кучиња и мачки. МАЧКИ, eeeej!!! Многу, многу повеќе ми е страв од трујачите, зошто тие не-луѓе имаат зло во срцето и во некоја друга ситуација, кога би можеле, не по животинчиња, туку по мене и тебе би удриле. И да не се лажеме, оној кој свесно и намерно остава отров во куќичка на маче, маче кое и да нападне не може да предизвика посериозна повреда, тој е психопат кој ужива да мачи и убива.
Можам да гарантирам за тие извадените од Вардариште, од неколку причини: 1. Кастрирани/стерилизирани се во Вардариште 2. Ако не се, АМ собира донации за кастрирање, односно ако е мало кученце вдомувачот секогаш е задолжен да го кастрира, и најчесто добива попуст за истото. И како што знаеш, овие кучиња од очигледни причини не можат да се размножуваат. Политиката на АМ (и сите здруженија во светот) е таа - кастрација/стерилизација. За ова не само јас, можат да ти гарантираат и од Вардариште, и сите кои вдомиле куче преку здружение. Инаку здруженијата не ги пуштаат на улица, ги чуваат по дома волонтерите или во пансиони. Се' ова е јавно, пошто постојано се бараат донации за истото. Во однос на вториот дел, мислам дека не си ме разбрала. Според моето искуство, како некој кој цел живот се занимава со бездомни животни, е дека домашните кучиња се посклони на агресија од уличните. Зошто е тоа така - не знам, но такво ми е искуството. Освен тоа, последните немили настани беа од кучиња кои биле нечиви, а не улични - кучињата што го искасаа детето до смрт беа на неговиот чичко, ротот има сопственик кој се крие... итн.
Значи престанете да го споредувате човекот со животните. Свеста кај човекот и свеста кај кучето и мачето не е на иста фрекфренција. Видете, секое бездомно куче е потенцијална опасност. Денеска е кротко јагне, утре на -20, 5 дена без трошка леб, изгладнето, не е веќе толку невино. Сите сме сложни дека човекот е најголемиот виновник за бездомните кучиња. Ама тие веќе се на улица и дел од нив се агресивни, а останатите со зимата што доаѓа и намалувањето на шансите да се дојде до извор на храна имаат потенцијал да развијат агресивност. Отровот сам по себе нема да го реши проблемот. Бар нема на долгорочен план. Потребно е Законот и казните да проработат. Јас ги разбирам родителите на повредените деца и нивните блиски, нивниот гнев да излезат на улица и да потепаат се што мрда. Не ги разбирам, и ме плашат оние што на никој начин не се поврзани со настанот, а како само да чекаат нешто да се деси и да излезат со разни повици за труење. Спремни во секој момент. А од друга страна пак, стравот е голем, бездомни кучиња има се повеќе и се погласно се збори за нивните напади. @CameliaMiller апсолутно не е точно дека вардариште стерилизира. Ниту пак се стерилизираат кучињата од донациите од апелите на ам. Се стерилизира по некое, за да покажат дека нешто праат. А во вардариште, општината одделува средства за кучињата таму, само тие средства никогаш не стигаат до тие што треба, затоа тие кучиња таму умираат од глад и жед и во мизерија. Секој може да отиде и да види како ребрата им се бројат на тие кучиња таму. 2 кучиња и една мачка земав од ам. Додека ги зедов ова ќе потпишеш, она ќе потпишеш, вака ќе праиш, онака. Од моментот кога ги земав, ни папир ми дадоа да потпишам ни бутур. Нит се јавија да прашаат како се што се. А предходно додека седев во Скопје секогаш бев во контакт со волонтери таму, многу добро знам како функционираат. Ова го збори некој што цел живот прибирал кучиња и мачки од улица.
Уште и вака ако почнат, срамота! Знаев дека сме никаков народ, ама во последно време па ептен се покажа. К а т а с т р о ф а
Дoбaр пoтег сo мaчевo, кaкo им текнувa не знaм. Дoсегa еден куп мaчињa oстaвени дa скитaaт и дa се рaстргaни oд кучињa пa никaде сликa и пoбитнo aктивирaње нa тaa темa, сегa вo oвoј мoмент и сметкa oтвoриле. Си гo пoлнaт тие џебoт a вие будaли aкaјте се oд земјa. Ќе ме убедувaaт зa нaпредни мислењa и рaзвиенa свест луѓе штo зa премиер oдбрaa чoвек кoј нa тв изјaви -луѓе ќе јaдеме. Зa другoтo кao митo и сличнo небитнo е дa се муaбети. Сликa oд децaтa изедени нештo? Дoнaции зa нивнo oпoрaвувaње? Свaштa знaчи.
А ти сигурно си прва на останатите протести. И тоа дека кога ќе станете родители ќе мислите поразлично ич не ви држи вода оти ете пред неколку страни пишав за случај со родител. Ако вие ги мразите кучињата, дали сте дете, возрасен или стар не прави разлика и таа теорија дека не сме родители па затоа така, не ви држи вода.
Не постојат алфа мажјаци - иту меѓу животнтие, ниту меѓу луѓето, тоа е мит. Сум го имал тоа искуство(зимно време, околу 3 сабајле, никаде луѓе на улица), ги применив советите од видеото но не удрив ниту едно бидејќи само агресивно ржеа и почнаа да се доближуваат - не ги гледав во очи, им зборев убаво (сеедно на кој јазик, поентата во зборот да внесеш милина, љубов), не трчав одев со средна брзина и испадна навистина сè во ред. Сериозно, не измислувам. Тие набргу потоа почнаа и да ме следат како придружба формирајќи прстен околу мене. Не велам дека ми беше сеедно, го чувствував адреналинот во крвта, не посакувам никому такво нешто иако испадна на крај сè добро. Многу е битно да знаеме како да се однесуваме со животните за да сите останеме безбедни, особено со оние кои најчесто ги среќаваме - во Македонија низ градовите обично тоа се кучиња и мачки. После сите напади од страна на кучиња врз луѓе во Македонија, освен сензационалистички пристап од страна на медиумите па и надлежните служби јас немам слушнато некој да се обидел да го едуцира населението како да се заштити, туку веднаш се оди во крајности: едните со отрови, стапови и пушки а другите не, нека ги на улица - на улица не им е место (може да ги удри кола, психопат, друго животно, да измрзнат и тн.). Треба стационар но не било каков туку со соодветна основна грижа барем (доволно простор, храна и вода) на изживување од страна на вработените во истиот.