Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    @Yowannty јас моите не сум ги земала од здружение, туку директно од улица, меѓутоа твоево искуство е ретко, зборувам за оние кои јас ги познавам. Не велам дека не е точно, само е ретко и до сега барем јас не сум се сретнала со слично.

    А ако човечкиот живот е во опасност поради кучешкиот, се подразбира дека човечкиот е поважен. Но, да убиваш животни кои не ти згрешиле, за мене е крајно психопатски и многу зборува за тој “човек“.

    Само “човекот“ уништува се` околу себе, ниту едно друго суштество на светот не го прави тоа.

    Инаку, да се дополнам:
    @friendy голем дел од активистите и љубителите на животни кои постојано се грижат за бездомните мачки и кучиња, СЕ ВЕЌЕ РОДИТЕЛИ.
     
    Последна измена: 14 декември 2017
    На Gosh, bile454, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Корекција - мала но битна на тоа што го пишав:
    Треба да стои: а не изживување од страна на вработените.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.715
    Пол:
    Женски
    Кога го чувавме со мм кучето, (14 години живееше кај нив) не правеше никаков проблем, помирно куче не сте виделе, на ланец шетано, комшиите глас не му слушаа, ама на некој болен ум од комшија му текна парче живо месо со отров да му стави баш пред сама влезна врата. Со кој памет бе? Да имав дете тогаш можеше комотно да се наведне и да го земе месото, Среќа што кучето од внатре го врзувавме на ланец па не успеа да му се доближи на месото.
    Дома кај моите во двор три пати пробаа да си чуваат кутре, ни лаење ни проблем правење, ги труеја без трошка срам и осет.
    Од тука ќе видите каква мизерија од народ сме.
     
    На Gosh, Joi, piglet1 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не сите, само тие што напаѓаат недолжни деца и луѓе. Ти конкретното, некој друг неговото конкретно, некој трет неговото конкретно итд.

    Човек кој мрази кучиња не ги чува дома.
    Сум против скитниците и недолично водени и чувани.
    Не сакам кога одам во парк да гледам неврзани кучиња и без маска, зошто не знам во моментот кога ќе се затрча дали ќе се спушти по син ми кој трча истовремено по топката макар и помало да е.
    @Nausicaa Мачето Маза како се најде од кревет и топол дом во картонска кутија на улица?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    Логиката не ти чини.
    Убиени се кучиња кои никогаш никому не згрешиле.
    „Покрај сувото гори и сировото“ е ужасно, одвратно, и не знам дали знам доволно грозен збор за тоа што се случува.

    Не е нормално невини да страдаат, било луѓе, било животни. Едноставно, налудничаво е.
     
    На Hellobeautiful, 1209, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    Го направила тоа што требало да го направи. Го пријавила нападот.
    Должни се од Вардариште да ги пронајдат кучињата и да ги заловат, а Град Скопје да исплати оштета, како сопственик на уличните кучиња.
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Никому не згрешиле, ама имаат потенцијал да станат напаѓачи и убијци.
    Подобро да се спречи, отколку да се лечи.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако гледаш така, и луѓето имаат потенцијал да станат напаѓачи и убијци. Ајде да ги отруеме, сите, до еден.
     
    На Hellobeautiful, Gosh, bile454 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    Сите имаме потенцијал... многу поголем од кучешкиот.
    Поголем убиец на луѓе од човек, во светот, не постои.

    Не го измислувам ова, гуглај слободно статистика.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    ^Јас мислам дека правевме муабет за кучињата скитници. :nod:
     
  12. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Ајде пак да шириме омраза спрема кучињата скитници и да ги поттикнеме психопатите да ставаат отров, се додека не дај боже не настрада човек....
     
    На Gosh, bile454, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    А со луѓето бездомници што правиме? Ако правевме муабет само за кучињата скитници :wasntme:
     
    На Gosh, bile454, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Мене знаете што стварно ме интересира.
    Сите вие што тука се силите и се залагате за садистичко убивање на кучиња и мачиња, кога утре дете ќе се затруе од метонил, зошто и тоа е еден од ризиците кога психопати фрлаат отрови, дали ќе продолжите да бидете вака искулирани? Јбг, детето е колатерална штета во борбата за општо добро или ќе барате доживотен затвор за лудаците за кои еве сега навивате и ги подржувате?

    @friendy, не се брукај, ок? Сиротата мачка си била одсекогаш скитник, девојчето што објави за нејзиното труење се има обидено да ја удоми преку фб и групите за миленичиња, очигледно неуспешно.

    Знаете што, кога ве читам како жарко се залагате за фрлање отров, ОТРОВ, ми се гади што живеам меѓу ваков народ.
     
    На Hellobeautiful, Gosh, piglet1 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    А кој рекол омраза да се шири?:)

    Решение треба да се бара !:!:
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.103
    Допаѓања:
    163.589
    Пол:
    Женски
    Епа ете колку го решаваат проблемот „одговорните граѓани“ како што би рекол трагикомичната амеба Златев, со нивното херојско фрлање отров. Рандом мирни кучиња, па дури и мачки се затруени, а трауматични случаи со напади од оние опасните продолжуваат.

    Не сакам веќе ни да ја цитирам дотичната што уште овде си тера цинизам, оти ми се гади. Вие што сте таков тип луѓе, само продолжете гордо да терате вака... Не бе, ич не сте полни со злоба и бесчувствителност, само сте „реални“ а не „напредни“ како нас.
    Па уште и политика мешање... Срамота!
     
    На Hellobeautiful, Gosh, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.753
    Допаѓања:
    266.629
    Точно! Под итно!

    Тоа е нешто што здруженијата МОЛАТ и ПРОТЕСТИРААТ барем 15 години наназад да се случи.
    Ама што можат 100 души кога 2 милиони пасивно си гледаат на страна?

    Зошто во недела нема да има масовна излезеност, и на оние на кои не им се чува куче дома? Зошто не се бара решение од надлежните?

    Со доволно притисок од повеќе луѓе, властите ќе мораат да си ја работат работата. Еве нешто ветувале, јануари.

    Баш да видам, да се изненадам.
     
    На Gosh, bile454 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.715
    Пол:
    Женски
    Значи, бездомно куче може да нападне, меѓутоа и оние што имаат дом се исто толку опасни. Сега скоро дур бев на пауза двајца си шетаат кучиња на ланец, едното го кине ланецот и му се фрла на другото, го искасапи буквално, вилицата му се здрви. Дотрчува газдата и почнува така јако да го млати кучето зошто му се пуштило од ланецот. А ланецот беше несоодветен за такво големо и бесно куче.
    Кога знае дека си има такво агресивно куче што може во секој момент да нападне треба поцврст каиш и обавезно маска на муцка. А кучето е такво затоа што газдата е нецивилизирано говедо и незнае да си го издресира кучето па со тепање му ја дава лекцијата.
    И сега што треба, да се најде кучево и да се отруе??? Дај не бидете смешни, не се резилите, аман веќе со тој отров.
    На крајот, бездомно не ги искасапи децата туку расно, домашно чувано куче.
    И, да не заборавам, бездомните што напаѓаат обично се измлатени од некое исфрустрирано говедо без ронка памет во главата па затоа од се што е човек напаѓа, од страв, не од нешто друго.
     
    На Hellobeautiful, Gosh, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав дека на Скопје му треба многу голема инвестиција за санкционирањето на кучињата. Е сега минатата сабота шетајќи низ Солун стигнав до еден хотел за кучиња. Една стара зграда со повеќе катови и едно мини комбе наизглед стара, не влегов внатре и баш си помислив дека мала инвестиција би била солидна за да го решиме проблемот со кучињата + таму на улиците немаше ниту едно куче.
    Е сега бидејќи Вардариште е стационар ( не знам како изгледа ) може да се догради и да се направи хотел за кучиња, минатата влада место да фрлаше пари како да го загади Вардар можеше да издаде предлог за инвестиција за хотел за кучиња. Верувам дека некој од странство ќе се нафатеше на тоа Вардариште да биде и хотел и ветеринар и да се работи солидно, градот ќе беше исчистен и граѓаните мирни.
    Џабе се куќарки, џабе се храна кога некој кој мрази животно ќе му наштети на било каков начин.
    Не е поентата да се остават на улица, туку истите да се заштитат.

    Исто така сакам да пишам дека не верував дека мало куче старо 1 година има толкава силина да каса деца и тоа женка па и ротфајлер.
     
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    55.296
    Пол:
    Женски
    Ова доволно кажува.
     

    Прикачени фајлови:

    На Hellobeautiful, CameliaMiller, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.