Уште една жена нападната а постот игнориран тотално. Побитно е Спешл да ја читаме со нејзините патетитки да се докажува колку "космополит" е, за животните бар. Да тужи и да извече нападнатата милионски суми од државата, како што всушност треба па да видиме дали нема да се погрижи. Оти не е една нападната па проста математика е. Ама...повторно, во исчекување на следната жртва.
Ајде ти реши го проблемот. Земи и расфрлај отров. А после соодветно одговарај пред институции за истиов, како и во случај да се затруе дете. Мислам дека е фер и соодветно решение. Пошто гледам дека се наоѓаш како најзасегната.
Па игнориран ќе е во твои очи кога читаш само тоа што ти одговара за да се правиш паметна. Токму јас пишав дека од фрлањето отров што го релативизираш и оправдуваш, не само што страдаат невини животни - туку нападите врз луѓето од оние опасните не престануваат. Ако мојот „фејк космополитизам“ не помага, затоа пак твојата цинична „засегнатост“ од којзнае колку километри далеку сигурно ќе помогне. Фала на комплиментите, штом сум патетична за такви како тебе - знам дека сум човек и дека имам чувства. Сериозни проблеми си имаш ти жено, не си ни вредна за дискусија. Веќе ни буква не трошам на твоите очајни обиди да се покажеш колку си посебна
Не го напишав тоа иронично, и јас сум за тоа дека треба да се бара решение...ама сите ги знаеме предлозите а надлежните не сакаат да мрднат ни со прст за состојбава. Тоа е проблемот, објавувањата на вакви информации само ги поттикнува луѓето да ја преземат правдата во свои раце и што направиле - убиле невини и мирни кучиња а проблемот си останува. Камо како поединци да можевме да најдеме решение, проблемот бара подлабок пристап од повисоки институции. Еве наместо градоначалникот и останатите да постираат секој ден колку многу им е жал за ситуацијава (што е само собирање на поени), да почнат да го реновираат вардариште и посериозно да се зафатат со стерилизирање/кастрирање на кучињата што се внатре, истите да имаат многу подобри услови од сегашните, акции за нивно вдомување, пристап на вололнтери внатре кои ќе се грижат за животните и од друга страна да се засили полициската контрола и да се фатат неколку трујачи на кои ќе им се препишат големи казни, ама стварно големи зошто такви психопати нема да се свестат на друг начин освен ако не се удрат по џеб...каде со логиката да ги молиме да не фрлаат отров, која е поентата? Демек ќе прочитаат и ќе се покајат од стореното дело, мхм, секако. Тогаш работите би мрднале од мртва точка, ама вака како што е страдаат само невини животни и луѓе, можам да замислам како им е во целава ситуација оние кои стварно имаат страв од кучиња, да се движат со страв низ градов. Ама јас тврдам дека тие не се оние кои ги поставуваат отровите, туку тоа се лица со психопатски нарушувања кои сега имаат можност да се иживуваат врз некого. Целава ситуација ги поттикнува да си ги остварат болните фантазии, на нив им е сеедно дали од отровот ќе настрада улично, домашно куче или дете. Навистина стана алармантно, со волку дождови отровот се разлева и сите може да го внесеме дома несвесно, па после да го дишиме. Нема крај на ситуацијава, нема.
Како не ви здосади се едно исто да повторувате? http://doktori.mk/element/view/4f53adc7a9462/rana-od-kasnuvanje-od-kuce-pricina-za-besnilo Што е беснило? Беснилото е смртоносно заболување кај животните (цицачите) и човекот предизвикано од вирус кој го напаѓа нервниот систем. Вирусот се наоѓа во плунката на заболените животни и се пренесува на луѓето и животните преку каснување, гребeње или лижење од болно животно. Вирусот го напаѓа нервното ткиво – мозокот и предизвикува симптоми карактеристични за пореметување на нервниот систем. Штом ќе се појават симптомите, болеста завршува фатално и кај животните и кај луѓето, но доколку навремено и соодветно се третира, болеста се спречува со сигурност. Веднаш по контакт со заболено или сомнително животно раната (местото) треба темелно да се измие со големо количество на вода и сапун и да се прими соодветен третман против беснило. Приближно 55.000 луѓе годишно умираат од беснило ширум светот. Најголем број од овие случаи се во Азија и Африка, а 60% од жртвите се деца до 15 години. Распространетост Болеста е широкораспространета во светот. Во Европа главен домаќин и преносител на вирусот на беснило е лисицата. Во Азија, делови од Америка и поголем дел од Африка главен резервоар (домаќин) и преносител на вирусот се кучињата, додека во Америка лилјаците, ракуните, творовите и лисиците. Во Европа беснилото е присутно во Бугарија, Естонија, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово. Во Македонија првиот позитивен случај на беснило е регистриран на крајот на јули 2011 година кај лисица во регионот на Велес. Заклучно со април 2012 година регистрирани се вкупно 8 случаи на беснило кај дивите животни (лисици и волци) во околината на Велес, Виница, Кочани, Гевгелија, Македонска Каменица и 1 случај кај домашните животни (мачка) во околината на Радовиш. За вирусот Вирусот на беснилото припаѓа на родот Lyssavirus, фамилијата Rhabdoviridae, групата РНК вируси. Вирусот е во облик на куршум, со должина од околу 180 nm и напречен дијаметар од околу 75 nm. На едниот крај е заоблен или конусен, а на другиот крај е рамен или конкавен. Обвиткан е со липопротеинската обивка на која се наоѓаат израстоци составени од гликопротеин G кој е носител на патогеноста и имуните својства на вирусот. Процесите на транскрипција и репликација се одвиваат во цитоплазмата на вирусот во т.н. негриеви телца (според Аделчи Негри) чиј дијаметар е 2–10 µm. Нивното присуство во мозокот е типично за инфекција со беснило. Вирусот не може да опстане во надворешна средина, надвор од телото на домаќинот. Кај угинати животни вирусот може да опстане и до 48 часа. Отпорен е на најголем број средства за дезинфекција, осетлив е на сапун и јодни препарати. Пренесување Во Европа главен резервоар (домаќин) и преносител на беснилото е лисицата. Таа го пренесува вирусот на други домашни, диви животни и човекот, освен на птиците. Беснилото најчесто се пренесува преку кожата со каснување или гре**ње од заболено животно. Болеста може да се пренесе и кога плунката ќе дојде во директен контакт со слузокожа или свежа рана. Во ретки случаи болеста може да се пренесе преку инхалација на аеросол кој го содржи вирусот или при трансплантација на инфициран орган. Не е забележано пренесување од човек на човек. Болеста не се пренесува преку конзумирање на сурово месо или други ткива од заболено животно. Симптоми (клинички знаци) кај луѓето Првите симптоми кај луѓето, зголемена телесна температура и болка или вкочанетост на местото на повредата, најчесто се јавуваат за 20-90 дена по изложување на вирусот. Во фазата на размножување на вирусот во мозокот се развива прогресивено воспалување на мозокот (енцефаломиелитис). Кога се работи за фуриозно беснило се јавуваат страв од вода (хидрофобија) и страв од воздух (аерофобија). Смрт настапува за неколку дена заради затајување на кардиореспираторниот систем. Во паралитичката форма на беснило која се јавува во 30% од вкупниот број на случаи клиничката манифестација е помалку драматична, болеста трае подолго, но секогаш завршува со смрт. Оваа форма на беснило често се заменува со други болести. Во текот на болеста може да се јават следните симптоми кои често се манифестираат и при други состојби и болести: треска, кашлица, болки во стомакот болка, горење, чешање, пецкање или вкочанетост на местото на каснувањето или контакт страв или немир кои постепено се зголемуваат и може да дојде до јака вознемиреност Во понапредната фаза на болеста се јавуваат следните симптоми: халуцинации бунило страв од вода (хидрофобија) или страв од воздух (аерофобија) грчеви на мускулите на лицето, вратот и/или дијафрагмата парализа јаки осцилации на телесната температура, пулсот и крвниот притисок кома и смрт заради престанок на работата на срцето и дишните органи Симптоми (клинички знаци) кај животните Првите симптоми не се специфични и се карактеризираат само со промена во однесувањето, намален апетит, треска и дијареа. Во понатамошниот тек на болеста се јавуваат следните симптоми: отсуство на страв кај дивите животни, ноќните животни (лисици, волци) талкаат преку ден, не се плашат од луѓето (невообичаена питомост) повлеченост кај домашните животни вознемиреност, плашливост, агресивност, чувствителност на звуци и светлина, нагли промени на расположението и некоординирано движење пореметен апетит (животните јадат предмети коишто не се за јадење) невообичаено лаење и завивање отежнато голтање, прекумерно лигавење, појава на пена на устата некоординирано движење, парализа, кома и смрт Дијагноза Точна дијагноза може да се постави само со лабораториско испитување, затоа што симптомите кои ги покажуваат животните и луѓето заболени од беснило се јавуваат и кај други заболувања и состојби. За таа цел се користат следните дијагностички методи: тест на флуоресцентни антитела (FAT), изолација на вирусот на клеточни култури (RTCIT), полимеразна верижна реакција (PCR). Превенција кај луѓето Единствен начин да се спречи појавата на болеста е со примена на навремен и соодветен третман. Превенција кај животните Кучињата и мачките задолжително треба превентивно да се вакцинираат секоја година. Се аплицира една доза од вакцината интрамускулно. Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува вакцинација на дивите животни (лисиците) двапати годишно.
Бев искасапена од кучиња пред околу 10 години во Македонија. Беа 3 кучиња мислам. Отпосле се испостави дека најпрвен биле улични ама наоѓале прибежиште кај касап кој и давал живи органи ли месо ли коски ли не знам што па после се испостави дека се улични ама се собирале кај овој дотичниот. Што е вистината не знам и до ден денес. Оти никој ама баш на никој не му беше гајле за мене, за еден месец што бев во болница, да 1 месец лежев во болница и примив 100 инекции и вакцини. Првин бев во инвалитска количка па во штаки па кривев па после некои 3 месеци застанав право на нозе. Но до ден денес веќе не сум нит психички нит физички таа што бев. Имено градоначалникот требаше да ми исплати оштета односно трошоците во болницата ама требаше само. Целиот случај на крај се заташка под тепих а јас бев исмејана дека сум изгризана од кучиња до гола коска. Тоа е македонија и македонскиот народ се покажаа на дело тогаш, ме гледаа едно 50 луѓе од зад ограда и никој ама баш никој не сакаше да дојде да ме "спаси" уште пуканки и фалеа. Како дојде до тоа? Си одев накај дома со една братучетка, лето беше, наеднаш се појавија кучињата, се гледаше дека беа гладни ржеа и лаеја. Братучетка ми почна да црка, се исплаши и кажав "не цркај" полошо е оти така ме учела мајка ми. Еднаш фалеше да викне таа за да наездата на кучиња во секундата ме соборат на земја и да секое куче ме гризеже до гола кожа од кај ќе фатеше со забите. Не. Вие не знаете колку боли да ве гризат во живо месо додека сте будни.. не знаете!! Се молев на господ додека ме гризаа така едно 5 до 10 минути да не умрам ете така на тој начин. Оти кога ќе фатеа една страна продолжуваа и на други места да гризат. Никако не се откажуваа, беа врз мене буквално. Бев уверена дека и лицето ќе ми го снемаше за кратко време оти нели знаев дека сите позади ме гледаа ама никој не дојде на припомош. Што луѓе ќе беа стварно не знам а и не е важно веќе, не сум јас таа да судам. Гризеа а јас зајдував од болки, на крај и паднав во несвест, дојде еден школски познаник за среќа, имаше милост па за среќа ги удри со шише и тие избегаа веднаш. Се освестив јас, ја погледнав денсата нога и си ја видов коската месото и крвните садови. Паднав во несвест.. Од тука натаму не знам како стигнав во болница, стварно не знам иако бев полу свесна. Се најдов в болница да ме чистат од земја без анестезија, урлав од болки. Си викав тука е крајот. Премногу ама премногу болеше. Заминав во болница, цел месец. Секое одење на чистење на рани, на превивање, на ставање на кожа ме болеше до срж. После 10 години имам белези, огрмни, болни. И ден денес имам проблем со нозете. Јас бев премногу изгрезена. Изгрзена до гола коска. Раните се тука што да ги закачам на мала ивица може да се искине кожата оти толку ме залечија како што треба. Во италија ми бараа 3000 евра за операција пред неколку години и ми кажаа дека раните воопшто не се залечени така како што треба. После се. Дали мразам кучиња? Не. Ама не ги ни сакам. Дали треба да се отроват? Не е тоа начинот. Дали државата е крива односно надлежните? И тоа како. Не знам уште колку трагедии треба да се случат и да бидат заташкани под тепих за да оваа држава дојде и почне да реагира. И да умре некој не дај боже нема да им е гајле. Не им е гајле бе оти им се може оти ние како народ не реагираме никаде ни за ништо оти се радуваме на козата од комшијата што умрела а не нашата, оти треба да притиснеме веќе кога имаме нечовечни алчни политичари и нелуѓе. Во 21 ви век луѓето расправаат за марс за месечината а не за улични кучиња и канализации. Оти сме жив срам за денешното човештво. Оти сме исти ко у африка у бангладеш у индија. Сосема небитни за никого. Овие не можеа да се испокрадат веќе, не знаат веќе од кај да фатат да приберат и тие пари што ги имаме а ние јадните за греота вака ќе се снаоѓаме. Ќе животариме и ќе викаме "кути има и полошо". Дојде време човекот за човек да не го е жал а не пак за милениче. Дали би ги убила кучињата што ме искасапија? Не. Не сум јас таа што треба да пресуди. Државата требаше да пресуди на касапот што ги ранел со живо месо. Контактиравме и судија. Судијата рече само парите ќе си ги дадете кој патем беше наш куќен пријател. Нит правда ќе најдете нит ништо. Па да така си останавме со прстот в уста оштетени и не прашани од никого како е ситуацијата и што е. И ден денес патам од последиците и само јас си знам што се случува во мене и со мене кога гледам куче како ми се приближува. Вие другите дај боже никогаш да не дознаете. Не треба да знаете. Не треба!
Господе Боже - за беснилото. @vitamina твојот случај е најточната причина зошто мора институциите да си ја фатат работата, сериозно. Жално е што поради сето тоа имаш и физички и психички последици.
Нема беснило во Македонија. Ама не е тоа единствената опасност при напад од куче, самата ситуација е трауматична и стресна.
Како што многумина пред мене кажаа, бесно куче мора да се успие, опасното мора да биде згрижено што поскоро пред да се случи нешто (ех, како би се открило тогаш дека е опасно?!). НЕ е решение сите други невини да страдаат, греота е, нехумано, и они имаат внатре срце кое чука, како и ние, зошто да направиме да престане да чука? Јас имам кученце до мене, ми се плаче кога ќе се сетам тие надвор како се труени и секако сочувствувам со дечињата искасани ради недоволно развиена човечка свест да се остави така глутница да шета која е опасна. И да е развиена свеста, ете, пријајвуваш такви кучиња. И? Ќе го остават кафето што го пијат за да поработат малце? Тешко. Не знам, не ми е јасно како сте ЗА труење па си земате за право некое душиче што ништо не згрешило да не си живее како родено на Земјата за да си живее?! Исто и за децата, многу греота, многу но не се проблемот кучињата туку одговорните. Проблемот е Македонија, како таква каква што е.
Моето искуство е исто како она на @Yowannty . Пример, куче заловено од Вардариште не се кастрира/стерилизира веднаш откако ќе го соберат од улица, може да поминат неколку дена, дури и недела додека се направи кастрација. Па ако тоа куче го извадат од таму брзо-брзо откако ќе го затворат, логично не е кастрирано, а некогаш не е ниту прочистено од глисти. Вардариште можат сешто да гарантираат, доволно е да ги видиш условите во кои тие ги чуваат кучињата и да погледнеш колку се слаби кучињата, јасно ќе ти е дека не се институција на која може да и се верува. Штом тие ги изгладнуваат кучињата, а има толку донации, очигледно е дека нешто смрди. Моето искуство е дека на гладно куче не може да му се верува, па какво сака нека биде. Домашно, улично, расно, мешаниче - премрзнато и прегладнето куче е опасна работа. Друга работа, не можеш да процениш кои кучиња се поопасни. Којзнае колку непријавени случаи како оној на @vitamina има, а истите се заташкани и премолчени. Пример, тетка ми пред некое време беше нападната од улично куче, објаснување зошто - нема. Таа не чува миленик (некогаш кучињата стануваат агресивни ако намирисаат друго куче), не носела јадење со себе (особено не живо месо), одела по фрекфентна улица каде има дуќани, коли, луѓе, дури и во близина има училиште. Среќа нејзина што кучето малку ја гризнало, го удрила со ташната, ама сепак имаше рана и прими вакцина.
Нема, ама доколку си нападнат од куче и имаш рана прво и основно кога одиш во болница те прашуваат за кучето дали е вакцинирано од беснило? За стресна ситуација - и тоа како стресна посебно за родител на дете каснато од куче. За детето трајни последици. После случка кај роднини каде детето беше каснато од куче секогаш им велам на моите деца: во куче никогаш доверба па колку мирно и да изгледа.
Mene edno ne mi e jasno, kako dojde svetov do tocka kucista i macki da se povazni od zivotot na eden covek, pogotovo dete? E toa nemozam da si go objasnam. Sega pa se poveke mladinava cuva kucinja mesto deca
^ Зошто повторно се мешаат баби и жаби после сето објаснување овде дека не е така. Никој не рече дека кучешкиот живот е поважен од човечки, не можеш да споредуваш така. Ако сакам кучиња и мачиња да си чувам значи не можам деца? Епа ќе си чувам и деца и миленици, и ќе ги учам децата да ги сакаат а не да ги трујат.
Никој не рече дека се поважни или само слушате како ви одговара. Дискусијата цело време е дека е штетно, нехумано и злобно на тој начин да се решава проблемот. И дека тоа не го решава проблемот туку го одложува и се се врти во круг. А и која си ти да кажеш дали некој треба да чува животни место деца. Која дрскост.