Бре бре филмови!! А кој е виновен што има кучиња скитници: човечкиот умоболен фактор,зема домашно милениче и после го фрла не било расно,па и луѓето не се сите БОГАТИ и УБАВИ па мора да живеат,така настанале кучињата наречени скитници па сега цацко е крив ццц
Безброј пати имам пишано на темава, меѓутоа со одредени луѓе очигледно не вреди да се докажуваш....навистина се алармантни одредени ставови што ги прочитав и ќе ви кажам само дека тоа многу зборува за вас како личности. Недостаток на емпатија е во прашање. Да посакувате смрт на невини и беспомошни суштества е навистина болно. Проблемот не се решава со насилство, наместо со страв подобро е да шетате со храна во вас и да се обидете да им пристапите на мирољубив начин на кучињата и ќе сфатите колку грешите....Не осудувам никој, можеби некои од вас не биле никогаш во присуство на кучиња и навистина се плашат, но со тоа само ги влошувате работите.Причината е едноставна - и тие се плашат од вас и кога чувствуваат опасност може да ве нападнат...иако тврдам дека тоа се ептен ретки случаи, кога вие први ќе го нападнете кучето или било претходно нападнато...јас сум цел живот со животни и срце ме боли поради нивната беспомошност и страдање, тоа никој не го заслужува. Еве можам да ви кажам еден личен пример кога еден ден поминував низ Рекорд и наидов на глутница разбеснети кучиња кои лаеа по луѓе и коли, беа очигледно вознемирени...јас бев заедно со две другарки и почнаа да лаат и трчаат накај нас. Настана хаос, луѓе почнаа да застануваат и да ги бркаат, а проблемот се реши многу едноставно....истапив и на мирен начин им пројдов, за да видат дека не постои никаква опасност и никој не сака да ги повреди....после неколку секунди почнаа да се галат и да мафтаат со опавчињата Ете до толку се безопасни уличните животни доколку правилно им се пристапи
Денес видов обезглавено куче, само телото беше на сред патека. Мислам дека тоа доволно кажува какви луѓе постојат. @UnordinaryOne
Страшно! Во кој град, успеа да пријавиш во полиција? Иако не верувам дека некој ќе се заангажира околу случајот.Најтрагично кај нас е што насилството врз животните не се третира како потенцијално опасно, а сите знаеме дека тој што повредува животни е способен да повреди и човек
Во идризово, таму студирам. А верувај сум била во полициска станица на пракса, и понормално им е што некој пријавил дека му е украдено 2 кила пилешко месо (да, озбилна сум за ова) отколку некој да пријави за насилство врз животно, тоа се третира како заебанција и изгледа е многу смешно.
Јасно, секогаш исто реагираат кога некој пријавува насилство врз животно или отруени животни. Такви ни се законите. Се додека не се воведат поголеми парични казни или затворска казна истото ќе се повторува....а тоа тешко дека ќе се случи во блиска иднина. Преку глава ми е да живеам под секојдневен стрес без да можеш ништо да прземеш...а што можеме ние кога надлежните воопшто не се замараат. Исто беше и за кучето силувано на кејот на вардар, дошла полиција ама не сакале да влезат во куќата на сторителот пошто немале налог за претрес. И после тоа зошто психопатите би се воздржувале да го повторат истото дело кога нема да имаат никакви последици.
Извор: Макфакс -> Кајгана http://kajgana.com/pochina-zhena-iskasana-od-bezdomni-kuchinja-vo-balanci http://km.mk/pochina-zhena-iskasana-od-bezdomni-kuchinja-vo-balanci.pdf ---- Почина жена искасана од бездомни кучиња во Баланци 17. МАРТ 2016 - 16:41 | МАКФАКС Во четвртокот наутро, една жена жителка на селото Баланци во општина Центар Жупа, почина по каснувањата што и ги нанесоа кучиња скитници. Според очевидци, 58-годишната Ф. Буџаку била нападната од кучињата во моментот кога излегла во бавчата до својата куќа. Каснувањата биле смртоносни, изјавија претставници на дебарската болница. Таа била изгризена по главата и по телото, по што починала. Истражните надлежни институции направија увид на местото на трагедијата. Во општините Центар Жупа и Дебар има голем број кучиња скитници, од кои и до сега се забележани голем број на каснувања на жители од двете општини. ----
И што сега, треба да ги убиеме сите кучиња скитници? Никој не негира дека не постојат агресивни кучиња кои напаѓаат без причина, ама се е тоа последица на вашите преувеличени реакции. Низ Македонија постојат голем број на лица кои секојдневно ги бркаат, малтретираат и тепаат кучињата и после се чудите зошто тие напаѓаат луѓе? Мислам дека се ова ви е јасно, така да не вреди да се докажуваме. Факт е дека носите омраза и фрустрации во вас поради причини кои само вие си ги знаете.
И што сега.. Како не ти е срам да прашаш вакво нешто Мислиш ли ти дека може некој нејзин близок, мислам на јадната почината жена од језива смрт, да чита тука на форумов Јас носам омраза АМА кон особи како тебе кои поистоветуваат човечки живот со едно диво куче и така ладно , без емоции прашувааат -И ШТО СЕГА свашта Сигурна сум дека ти само овде се топориш демек си засегната за тие уличарски кучиња а всушност ништо немаш направено за нив. Земи вдоми ги сите што се на улици и ние нема да бидеме исфрустирани.
Јас пак мислам обратно, дека баш јас и сите останати кои застануваме во одбрана на животните сме повеќе засегнати од случајот, отколку ти. Во минатите постови пробав да објаснам зошто доаѓа до такви ситуации, но кој да чита и да се замара, полесно ви е да напаѓате. Се додека има луѓе како вас кои не сакаат животни, па и лица кои ги истураат личните фрустрации врз нив, ќе има напади од кучиња скитници врз невини луѓе. Крај на приказната.
Не планирам да се карам ниту па некому да објаснувам што правам во одбрана на кучињата. Во приватен живот правам се што е во моите можности да им помогнам и заштитам. А тука изреагирав бидејќи почнавте со коментари дека треба сите улични животни да бидат уништени, еве кажи ми тебе здраво и разумно ти звучи тој начин на размислување? Додека ние ја бараме причината на проблемот, вие ги истакнувате само последиците. И немој само мене да ме правиш бесчувствителна, бесчувствителни се оние кои не се способни да чувствуваат емпатија со оние кои се послаби од нив, баш се прашувам кој е тоа во случајов.
Добро , знаеме уличните кучиња ( имам 3 ) неможеме дома да ги згрижеме но еве јас ги сместив во помалата наша куќа нешто како куња им дадов вода храна ги избањав малечки беа души кога ги видов на улица , а тек замислете колку многу скитничиња кучиња има ги задржав душа не ми дава повторно да ги фрлам на улица На фб преплавив со статусите за споделување на вдомување кучиња , но што да правам мора да им се пружи дом на душите мали жално е што ги задржувате машките а женските ги фрлате само поради тоа што ќе родат малечки Комшијата ми идеше да го утепам ќе ја тепал кучката аман бре што ди згрешила ? тебе кој да те утепа ?
Не. Кучињата се крволочни. Ние сме крволочни. Природата е крволочна. Составен дел од животот. Секое живо суштество сака да се нахрани и да се размножува. Секое живо суштество има нагон да живее. Доколку имаш потреба и ти се укаже шанса во животот - ја користиш. Се друго е ситни приказни и заблуди. Еве и конкретно - како што разбрав во тој случај жената излегла во двор ѓубре да фрли, ама глутницата била гладна. Не дека кучињата се договориле атентат да направат во име на замислена одмазда.
И пак се' се сведува на фактот дека и кучињата како и сите живи единки се размножуваат, Епа место да лупаат пари по тркала и фасади никакви, што не се организира една масовна стерилизација на цела земја? Од куче на куче, кастрација, така ќе се намали процентот на нивната популација, а не со труење со плескавици, да најлесно им е на нив така... Да не навлагам сега. Никој не кажа дека не напаѓаат, факт е тоа, од Х причини се случува, сепак е премногу изолирано, на прсти се бројат тие случаеви со оглед на тоа што само на територијата на Скопје има 20,000 улични кучиња според мое мислење.Па толку да касаа секој ден ќе имаше мртви, јас мислам воздухов повеќе не утепа него џуќелите, ама за тоа ништо, ни А ни Б. колку што имаме ние право да шетаме по земјата толку и тие. Не знам што толку ве чуди за доместицирано животно кое живее со човекот од постоењето на планетата. Мислиш за тигри и лавови збориме, карнивори и у секоја смисла на зборот.
Ниедно животно не напаѓа ако не осети опасност! Уличните кучиња се агресивни поради таквите (срам ми е да кажам) сограѓани, кои фрлаат по нив со што ќе најдат. Четири години поминував за на факултет низ едно исто паркче кое обично во 7 часот наутро беше преполно со кучиња скитници кои спиеа во тревата. Патеката секогаш била безбедна и не ми се случило да ме нападнат се додека еден ден не се најде пред мене еден паметен средовечен човек, кој осети опасност од нив поради не знам која причина (кучињата спиеа на страна) и зеде со камен да мава по нив. Нормално стана едно да лае а по него се разбудија и останатите и му се пуштија агресивно. Значи не ми е јасно колкав СЛЕПЕЦ треба да си за да направиш ова нешто. Жал ми е што ќе пишам ваква недолична работа, ама заслужи да го раздрпаат жив. Уште една причина за нивната агресивност и стравот од луѓе се и бездушните шинтери. Пред извесно време толку многу сум се искарала со нив што работата стигна и до полиција. На сред бел ден во строг центар на градов зеле тегнат со тие сајлите така бездушно едно кученце, што мислам дека цел град ечеше од неговото квичење. И граѓаниве уште задоволно гледаат од страна као фала Богу што ги собирале. Така безмислосно го тегнеа, го пикаа со сила во комбе, кутрото сакајќи да побегне доби неколку клоци во глава што мислам дека коски му искршија. Уште се караа со мене па едниот и насрна да ме тепа. Значи овие луѓе заслужуваат таков еден ќотек, такво едно трулење во затвор, да молат Бога да ги земе кај него. Крајно сум изреволтирана од ваквите постапки кои најчесто се одобрени од општините. И во странство шинтери ловат кучиња ама со инекции за успивање, а не со кршење на черепи. И да, ќе ја потпишам секоја можна петиција, ќе помогнам на секое бездомно суштество колку можам а луѓето кои ги мразат и тепаат, ќе ги плукам кај ќе стигнам!
Bas taka i jas sum protiv i da bi imala dobri finansiski uslovi rado bi otvroila mini zgrizuvacki centar so site potrebni tretmani za edno zivotno do denot koga istoto ke bide posvoeno. Sakam zivotni a toj sto gi saka ima dobro srce. Pozdrav UnordinaryOne
Не сакам кучиња, ама не ги ни мразам. За мене секој живот е подеднакво вреден, било да е куче, човек, па и мравка. Не би чувала куче, едноставно, повеќе сум мачкарски тип. Но, тврдам дека нема шанси куче да нападне без причина. Никогаш не ме нападнале. А не ги сакам, не ги галам, не им се умилкувам. Сепак, и последното парче леб би го поделила со некое гладно куче. И тоа има душа како мојава. Ниту еден човек на светот не е сакан од сите останати луѓе. Не мора да ги сакате кучињата. Но не мора ни да ги мразите и да им наштетувате. Секој има подеднакво право на достоинствен живот.
Се додека има луѓе кои размислуваат како тебе ќе има и нападнати и угризани луѓе од куче, нели е срамота за кучињата да употребуваш такви зборови. Ни едно куче нема да те угризе доколку не почувствува опасност од твоја страна, некни на улица едно куче ме лаеше беше сигурно исплашено од некој претходен минувач му пристапив со добро дојде да се гали. Тоа доволно кажува кој е виновен за ситуацијата