Те разбирам, ама со тоа може да направиш само полошо..наместо да ги плашиш и да им создаваш страв од кучиња, научи ги дека кучињата не напаѓаат од забава туку поради инстикт за самоодбрана и поради тоа подобро е да се однесуваат мирно и сталожено во близина на куче (особено кога кучето не покажува никакви знаци на агресија), наместо да паничат или да пробаат да го избркаат. Шансите за напад тогаш се многу поголеми, едноставно кучето сака да се заштити. Кучињата се суштества кои инстиктивно реагираат а човекот е оној кој има свест, ама после скорешниве случувања да се запраша човек дали е тоа така..
Луѓе сфаќам дека сте сите загрижени.Ама верувајте куче нема да ве нападне ако не го предизвикате.Не го гледај не го сскај ништо нема да ти направи.Личен пример ми е баба ми, мило комшиско куче го ссна сакаше да го избрка и тоа ја зграпчи за ногата, од страв.Оно ништо не и направи. На крај краева животни се мораат да преживеат некако макар и да нападнат човек.Вас да ви дигнат рака или нога да ви дадат вие ќе седите во тоа време?Ај човек е и да ме лупне ќе го тужам а со кучињата по дрва и камења.Јас лично сум обожавател на животни поготово кучиња и мачки, иако никогаш не сум чувала.Редовно им давам нешто за јадење било саламче месо лебче.Памтам лани-преклани преладно беше надвор ми цвилеше мало кутре пред куќа го избањав го ставив во соба до греалка да се згрее, ме боли душата едноставно..Мислам дека сум спомнала негде на форумов.Попрво на куче маче би помогнала него на човек. Чувствуваат кој ги сака кој не заради тоа ржат и лаат.Ако ве збркаат свикајте им ќе се тргнат нема потреба од дерење шутирање мавање.
Браво одлично кажано.Ме интересира, еве ќе го направиш ,,мелено месо" и после??Што ќе добиеш со тоа?Раната на детето МАГИЧНО ќе исчезне???Ќе го заборави моментот?Сите други ЏУКЕЛИ ќе ги убиеш?Сфаќам и револт и дете да се има и се ама очигледно вие не сфаќате дека и кучињата имаат ДУША имаат емоции и тие се живи суштества иако не можат да зборуваат. Треба на мнооогу луѓе да им се одземе способноста да говорат бидејќи зборат само лошо, а тоа може да го добијат кучињата да кажат ним како им е. *Ова не е за тебе да се разбереме пред да ме нападне цел форум и да јадам пријава.
Секоја чест, јака женска си нема што. Пред да ги омаловажуваш кучињата, да ги нарекуваш џукели и други погрдни зборови, сети се дека и тие имаат душа. Не се сиротите животни криви што бездушните луѓе ги напуштиле. Куче не напаѓа без да биде предизвикано. Учи ги децата да ги сакаат животните, а не тука омраза спрема нив да шириш.
Nazad vi e zimata devojcinja...koga ke dojde vreme ke svatite koj e prioritet vo zivotot. Ajt so zdravje i so sreka vo spasot na dzukelite.
Ќе дојде време де, а вие што имате приоритет во животот совеста по пат да не си ја заборавивте случајно?Извини молим те сум видела ја мајки и тоа децата уште од мали ги растат со кученца ама ваква морбидност и садисти не.
Ме интересира како мислиш дека куче не напаѓа ако не е предизвикано? Еве јас одма ќе ти кажам дека не е точно тоа. Јас како помала бев нападната од џукела од чиста мира. Си возев велосипед и ми се стрча и јас се исплашив и паднав Епа да имав поголем камен ќе го лупнев и утепав без око да ми трепне, а не пак не дај боже дете да ми нападне. Ма ич бре не му ја мислам
Можда, ама тоа не се СИТЕ кучиња..па и мачки ама ете ко шо видовме деновиве ради едно куче сите животни по улици што ни беа ги сотреа.
I covek koga ke te povredi namerno se budi vo tebe bes i sakas nasilno da mu vozvrakjas toa e isto i so kuce vo red e.. no ne znaci deka ako edno kuce napadnal nekogo i ajdee site kucinja da gi ubieme epten e necovecki pa i tie imaat dusaa i oni ne sakaat da bidat nadvor i oni baraat griza i vnimanie ama ete nema koj da se grizi za niv pusta Makedonija koga nie lugjeto gi nemame osnovnite uslovi za zivot kamoli zivotnite.
Епа значи сепак не било од чиста мира, како што велиш и самата си возела ВЕЛОСИПЕД! Џуклето го нападнало точакот не тебе... Проблемот е што не си знаела, а и како би знаела си била само дете, како и многумина од нас луѓето што не знаеме дека кучињата (и можеби уште некои животни) вртењето на тркалото мнооогу ги провоцира. Дали дека во точакот/моторот/автомобилот гледаат друго животно или тркалото произведува некој додатен инфра или ултра звук нечуен за човечкото но иритирачко за кучешкото уво не знам, но голем број пати ја имам забележано оваа појава. Значи ако ги гледате работите од кучешка перспектива работите стануваат многу логични, и тука доаѓаме до моментот на (не)едуцираност на населението. Еднаш во населба повозрасен човек возеше најобичен точак дење, му се стрча цела глутница - но тој сосема мирно само ги сврте педалите наназад (кај повеќето точаци така се кочи) точакот запре и кучињата - во истиот миг речиси - престанаа да лаат и ржат, го погледнаа секунда-две точакот и се разидоа! Нам децата не ни се веруваше... И тука воедно треба да се има во предвид дека понекогаш сакајќи да го гризнат точакот или можеби гумата, постои опасност да ја потфатат некому ногата (бидејќи не мирува поради вртењето на педалите) - затоа внимателно со работи што имаат тркала, и ќе повторам на кучињата не им е место на градските улици, како поради безбедноста на луѓето така и поради безбедноста на самите кучиња - но за тоа се потребни соодветни стационари и едукација, аизгледа и политичка добра волја.
Според нивната логика нега земат сите луѓе нека ги испоубијат, за секој случај да не се и тие педофили па закана се за нив дома. Читам и се чудам, ова е дебилизам. ДЕБИЛИЗАМ! Да ти се плукнам у државава, наместо да се најде тоа куче и да се успие и наместо да се соберат сите кучиња за да не бидат на улица (зашто жално е, мрзнат на ладново па уште генијалциве почнаа да трујат се живо и диво и мачки и кучиња ) Ама на никој не им чуе бе. Ова треба сите во затвор да скапете, како немате ни срам ни осет ни душа. Не мислите дека и дете може да се отруе бе? Од кај разбира ќе фати нешто на земја или ќе падне и после оп раката во уста ќе ја пикне и толку треба. Постов ми е лом, жалам ако е мачен и неразбирлив за читање ама не се замарам за тоа моментално премногу се изнервирав. Да ве најдат сите и во затвор отров да ве ранат. Психопати.
Кучињата секогаш се вознемируваат од тркалата на велосипедот. И мене ми се има случено, куче да ми затрча по гумите на велосипедот, па веднаш сум кочела. На крај памет не ми паѓало да мавам со камења, не пак да го утепам. Кај ја изгубивте човечноста ?
А доколку човек ти го нападне детето исто мелено месо ќе го направиш? Или ќе размислиш два пати пошто ќе треба да одговараш? Значи доколку нема соодветна казна, паметот далеку иде...
Ајде дечки сега вака- куче И ТОА КАКО напаѓа непровоцирано!!! Се додека инсистирате на тоа, и вие сте голем дел од проблемот. Ги читав вчера коментарите за нападнатата жена и детето: „ Ама што правела за да ја нападнат?“, „Аааа, сигурно фрлала со камења!!!“. Знаете на што многу потсеќаат тие прашања и изјави- „Што носела кога ја силувале?“, „А пиела?“. Не ви звучи познато тој момент „Сигурно провоцирала!!!“?. Victim blaming, само кучешка варијатна. Жртвата сама е крива за нападот кој и се случил. Не, жртвата само изглегла надвор од дома, очекувајќи се дека за некој саат ќе се врати назад жива и здрава. И пред да продолжите со такви анима мунди небулози, прочитајте го страшното сведоштво на @vitamina па размислете онака убаво таквите изјави, каде куче не напаѓа непровозирано, каде жртвата мора сама да си е крива, дали не делуваат како плукање во лицето на оние кои се настрадани. Не е битно дали кучето е природно агресивно, дали е територијално ориентирано па те напаѓа зошто мисли дека му ја загрозуваш територијата, дали некој пред тебе го гаѓал со камења, не е битно! Се што е битно дека кучето нападнало некого и тој некој сега ќе носи и психички и физички лузни. На кучиња не им е местото на улица и тоа е тоа, мора градовите нешто ПОД ИТНО да превземат. @daylight, возење велосипед е буквално „чиста мира“. Фактот останува дека кучињата нападнале а тоа што они се провоцираат од тркала, зошто тоа треба да биде проблем на велосипедистот? Или ете, знаеме зошто нападнале па као океј е? Не, не е!!! Другарка се здроби кога ја збрка глутница додека беше на точак. Кога се стумбала и останала да лежи со точакот преку неа, раскрварена, кучињата незаинтересирано си отишле. И сега демек нема штета, штом не ја гризнале. И лесно е на форум да се пишува „сопри и ќе те одминат“, да ве видам колку ќе останете присебни кога ќе ви се пушти глутница од повеќе кучиња кои завиваат. Како што пишав, дел од проблемот. Нема што тука за збориме за едуцираност и неедуцираност на населението (повторно victim blaming), не треба кучиња да има по улици. Мојот „грев“ знаете кој беше? Се враќав од школо. Толку! Среќа излезе човек да ми помогне зошто кучето со оголени заби и `ржење веќе се спремаше за напад. Очигледно, во кучешкиот чукнат мозок голем човек што вика и мавта со раце е закана, за разлика од смрзнато дете па се сврте и си отиде. Ве молам, ајде кажете ми каде јас тоа сум го испровоцирала кучето. Сериозно, сите вие (не мислам само на форумов) што сметате дека куче без провокација не напаѓа и дека жртвата мора да е крива, сериозно сте подеднакво заникаде како онаа гускана Моника.
Ова не е точно зошто мене кога ме нападна кучето јас зборев на мобилен и апсолутно ништо не направив за да го предизвикам да ме нападне. Две беа, од далеку ги видов дека си душкаат во тревникот ама нит страв осетив нит рака им кренав, нит викав, апсолутно ништо. Едното ме нападна, другото си продолжи со душкањето, не се ни сврте. Башка ме нападна во грб. Нема логика тоа што го пишуваш. А кога веќе ме нападна, морав да викам. Викав ''помош'' немаше луѓе надвор, и што требаше да направам, да го оставам да ме искасапи??? Не, среќа што носев кеса па го мавнав по муцка и избега. Да не си во кожа на луѓе нападнати од бесно улично куче. А и не бев само јас нападната, многу луѓе од истото настрадаа, од деца што мирно си возат точак, до млади мајки со бебиња во колички. Никој никогаш не го предизвикуваше. Ама кучето упорно си напаѓаше, и не од причина дека некој го клоцнал па ова вратило со напад. А, нападот не е дека кучето почувствувало дека јас не го сакам, глупости. Сакам кучиња, сум чувала куче долги години и дур бев девојка и кога се омажив, улично во живот ме немаше нападнато ама ете за се има првпат. Ама, пак ќе речам НЕ ЗА ТРУЕЊЕ НА КУЧИЊАТА!
@TheGirl23 јас тогаш бев дете. Од кај ќе сум знаела дека од тркалата се вознемирува? И јас не мавав со камења, кај го прочита тоа, м? Туку пишав да имав, ќе мавнев и да, без око да ми трепне зашто како што паднав од паника имав среќа што не скршив ништо. Ќе жалам некоја џукела,ти се молам.
Mislis nema? Sekoj roditel si go brani deteto. Kako moze da sporeduvate kuce i dete ne mi e jasno ccc
Нормално е да си го брани, ама не и да се однесуваме како сериски убијци...како и да е темата беше за друго, никој не го оспори фактот дека кучињата напаѓаат и неиспровоцирани, исто како што и одредени луѓе напаѓаат без причина. Ама само затоа што кај нас не функционираат никакви закони не значи дека треба да убиваме само затоа што ни се може, посебно кога гневот се истура врз невини суштества. И да, за мене се што носи душа во себе и чувствува болка е подеднакво важно. Дај размислете на кој начин убива отровот, тоа е толку бавна и тешка смрт, што да му ја предизвикаш на некого не треба да си човек, туку животно. Е сега тоа што трујачите се однесуваат како животни, ги прави помалку вредни од луѓето, доколку си човек ќе преовладува свеста и емпатијата, нема да се водиш исклучиво по инстикт.
Ok ako podednakvo vazno ti e kuce i dete/covek neka ti bide, se gleda deka si covek. Inaku na prethodnoto tvoe prasanje dali ke razmislam dva pati zosto neli ke treba da odgovaram, kazi mi koj treba da odgovara toj sto ke go napadne deteto ili toj sto se brani?