1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Како што треба некој да одговара за нападите, така ќе одговараат и оние кои ја земаат правдата во свои раце.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, 1209, bile454 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Не треба да сум мајка, граѓанин сум.
    Исто колку тебе имам право на сѐ во државава.

    А отров да поддржуваш, нема врска дали си мајка или не.
    Тоа е фалинка, тешка и тоа.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, 1209, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, кучиња напаѓаат без причина и тоа како!
    Не може сите луѓе и деца уште од најмали да се научени и да знаат стручно сѐ околу тоа како да се однесуваат во нивна околина. А и да знаат, не може на пример со превозно средство – точак да престанат да се возат за да не испровоцираат некое улично куче.
    Не смее да се пристапува така безобѕирно и да се припишува некаква провокација на жртвите на вакви страшни напади. Провокација може да се нарече единствено ако се работи за закачање и изживување врз кучето, па така да дојде до нападот. Ништо друго.

    Се наежив од случајот на @vitamina, многу ми е жал што си поминала низ тоа и за последиците :hug::hug::hug:
    Страотен доказ на кое ниво ни е оваа дупка од држава, и со години не се поместува ништо од таа бедна точка.
    Мајка ми минатата зима за малку ќе ја нападнеше улично куче, за среќа реагирал случаен минувач. Се јави во општина веднаш да искаже револт за ситуацијата со улични кучиња, ѝ рекоа дека тие не се надлежни. Се имаме јавувано и за хаосот во јавниот превоз, повторно креваа раце од тука. За ништо не се надлежни господата.
    Е затоа не се срамам ни најмалку да кажам дека државата ни е дно, дека око не би ми трепнало од патриотска гледна точка ако имам шанса да му ја дувнам од тука, дека ни во лудило не би застанала и во војна да ја бранам како што се занесуваат некои и се чукаат во гради итн итн.

    И да, кога Витамина и покрај тоа грозно искуство ниеднаш ни џукели не ги нарече кучињата, и нагласи дека ни самите тие што ја нападнале не е таа која треба да им суди – доволен доказ е колку вие што браните отрови и би испотепале сѐ улично сте ирелевантни и просто безобразни душебрижници. Ама Витамина е ЧОВЕК и тоа огромен, и вистински реална, а не е горда ивл лејди дојдена овде да плука и хејта и модерни и конзервативни, и животни и луѓе и сѐ живо и диво што мрда!
     
    На DAngel, Црна Ружа, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Спешалке, токму твојот муабет прави разлика меѓу луѓето.
    Витаминче е посебна личност :)
     
    На ivi1987, 1209, bile454 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.278
    Пол:
    Женски
    @TheSecret никаде не се спомна дека кучето на некој ќе му биде поважно од детето. Јас еве сакам да имам и деца и да чувам кучиња и мачиња. Па што? Како што кажаа погоре, се што има душа и што чувствува болка е еднакво важно на овој свет. Фала Богу дека ако куче ми го нападни детето дека детето ќе го бранам на секаков можен начин, но нема потоа да седнам на фејсбук и фемина да ширам омраза кон кучињата како сите се исти и треба да се испотрујаат тие проклети "џукели". Не дај Боже твоето дете да налета на тие отровите што ги фрлаат, тогаш не знам дали вака ќе размислуваш.
     
    На 1209, bile454, TheGirl23 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.715
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial и јас кога ме нападна кучето се јавив во општина и ми рекоа дека шинтерка служба е за цело Скопје, кај нив да се обратам, и мене ми рекоа дека немаат во тој дел никаква надлежност. Со малку досаѓање во шинтерска обавезно го прибираат агресивното куче. Ама сепак мислам дека треба по реони да се направи тоа а не една служба и едно место за цел град. Од тука треба да се почне а не од труење како што преферираат повеќето...
     
    На bile454, CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Немој да ме вреѓаш. Како прво јас не спомнав дека поддржувам отров и да се трујат сите животни , туку зборам за моментално да те нападне куче ко мене што ме нападна, нема да мавнеш со камен? А како второ ти сакај си животни и јас чував далматинец порано, ама не можеш да кажеш дека е исто човечки со кучешки живот. Детето што го искасапија до смрт, што ќе кажеш? Дека е мал инцидент и дека провоцирало ? Ти се молам.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Ниту јас не спомнав дека куче секогаш е испровоцирано за да нападне, па тоа ми го залепи :)

    Да ме читаше на темава, ќе сфатеше дека куче ако те нападне (и не само куче, човек да те нападне) ќе се браниш со што ти стигне. Кажав и дека некое куче ако ми нападне дете, со голи раце може ќе го убијам. И не кучето, и човек да е, и мачка да е, и верверица да е.

    Ама нема логика да убиваш сѐ околу себе. И не само што нема логика, бездушно е.

    За детето што го искасапија исто кажав веќе во темава - не е искасапено од улични кучиња, туку од кучињата овчарски на чичко му. Ама семејството не го пријави чичкото, па сега види ти зошто.

    Исто кажав и дека се подразбира дека човечкиот живот е највреден.
    Ама кажав и дека тоа не му дава за право да убива кучиња како ќе му ќеифне. Со отрови, секири, пушки итн. Не му дава за право да ги исфрла како партал на улица и да бидат туѓ проблем. Човекот е ОДГОВОРЕН за кучињата и е одговорен да се грижи за нив. Кучињата не се диви, планински животни, па таму да ги праќаме. Кучето може да постои само каде што има луѓе. И да, кучињата се голем и важен дел од човечките животи.
    За мене кучиштето и мачиштето се љубов и лек.
    И баш ми е жал што некои не успеале тоа да го почувствуваат.

    Испаѓа дека мајка ми не е мајка што ме растела со кучишта и мачишта, и мајкиве во мојава фамилија и пошироко не се мајки пошто и мачишта и кучишта и деца заедно растат.

    Зошто мора да е избор - дете или куче?
    Мене во комбинација совршено ми доаѓаат :)
     
    На 1209, bile454, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Јас никаде не реков дека е океј, туку реков дека сепак не било од чиста мира т.е. дека позади тоа стоела конкретна причина. Тоа што ние не ја знаеме причината - а тоа е честоапти поради неедуцираност на населението од страна на надлежните иснтитуции или пак едноставно поради возраста - не значи дека таа не постои и дека не дејствува со последица.
    Споредбата со силувачите не држи вода затоа што тоа се луѓе кои имаат сосема поинаков вид на мозок и свест од она на кучето кое се раководи од инстикти.

    На пр. некој јаде некаква храна со нечисти раце и потоа навидум од чиста мира се разболува - тоа не е убаво што му се случило и би било нехумано да кажеме сам си е крив не си ги измил рацете, но доколку бил едуциран за потребата од хигиена тој тогаш со примената на тоа знаење можел тоа да го одбегне.

    Во шума на пр. кога береме шумски јаготки секогаш сме советувани со стап благо да удриме помеѓу растенијата за во случај да има змија, таа ќе се тргне а ние ќе ја забележиме и ќе бидеме внимателни, нема да допираме некое време таму.
    Е тоа е веќе проблем токму на велосипедистот - колку е тој способен да го задржи мирот во целата ситуација. А тоа пак има врска со работењето врз себе, психолошки, има врска со тоа каде му талкале претходно мислите и со уште многу нешто.
    И јас напишав дека не треба да се на улица, но ги има. Со тоа што не сакаме да зборуваме за потребата од едуцираност индиректно стануваме соучесници во потенцијалната опасност која се предизвикува со незнаењето.
    Прашањето е искрено или од пркосење? Доколку е искрено тоа треба секој сам себе си искрено да се праша, ние не можеме да кажеме за другите, туку само за себе.

    Препорачувам да се прочита поглавието „Животното напаѓа - причината лежи во човекот„ од книгата „Ти човек, - ти животно - Кој има повисоки вредности„
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @daylight, да сумираме - victim blaming. Океј, јас сум крива што се враќав од школо, веројатно тој ден не требаше да излезам од дома. Како што реков, и ти си дел од проблемот :)

    Едит- никаде не пишувам дека кучињата имаат ист мозок како силувачите (??? кај го најде тоа, жити се?) туку дека вие „кучето никогаш не напаѓа без причина :!:“ фаци реагирате на ист начин како и апологистите на силување, со тоа што вината ја барате во жртвата. Пример- изјавата „Епа, да застанела, (ко што пишува во таа и таа книга) немало да ја нападнат“ не ти делува многу, многу слично со „Епа, да не се облекувала провокативно, немало да ја силуваат!“?
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На Yowannty, Црна Ружа и ivi1987 им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Ниту најмалку нема сличности. Едното е последица на природата на кучето врз кое тоа нема моќ, другото е последица на нечиа свесна одлука да силува некого при тоа користејќи одреден изговор. Животните не се служат со изговори.
    Да, и јас, со таа разлика што го препознавам решението и го споделувам со другите, за разлика од тебе која не сака да се вдлабочи во причините на проблемот за да го реши, туку прокоси со иронични реченици од типот:
    За волја на вистината можеби и не си требала, или можеби си требала да тргнеш по друг пат кон дома. Можности има многу, но ние луѓето уште од детството сме преплавени со небитни информации преку медиумите, погрешно конципираното образование и други фактори кои нè спречуваат да го препознаеме говорот на нашата интуиција и на тој начин да одбегнеме многу непријатности и опасности. И тука повторно доаѓаме до моментот: едуцираност на населението.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и 1209 им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @daylight, или, место од мака сите да се претвараме во Цезар Милан, можеби градските татковци конечно да го направат тоа за што земаат пари и да најдат решение за проблемот ;)

    Исто, жити се, не ме смеј. Тебе утре дете да ти дојде нападнато од куче, колку поразлична песна ќе пееш од „Епа, јбг сине, си требала по друг пат да одиш, кој ти е сега крив!!!“ (Секако не градот кој не превзема ништо по тоа прашање)
     
    Последна измена: 15 декември 2017
    На Yowannty, DAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Мислам дека не се разбирате.
    Кучето е испровоцирано, но не од тебе. Не си ти крива.

    Но не е вистина ни дека животното планирало да те нападне, или те нападнало од злоба. Некако е офф да зборуваме сега за кучешка психологија, иако е важно да знаеме како да се одбраниме, како да реагираме на напад (ова важи и за човек ако те нападне).

    На пример, со трчање од куче нема да се спасиш. Кога ќе ме разлаат кучиња (обично кога го шетам моето) се наведнувам и глумам дека земам камен. До сега секогаш се повлекувале. Втора "финта" е да се проѕеваш, секако ако е дење и кучињата се доволно далеку да те забележат што правиш. Во кучешкиот "јазик" зевањето е знак на примирје, и истово ми успевало.

    Значи не станува збор за вина во тебе или кој било нападнат, и не можеме да очекуваме свест во куче еднаква на човечката (секој човек знае што значи "не" - па свесно те силува откако знае дека не сакаш да имаш секс со него). Кучето не напаѓа свесно и со умисла.

    Не, не треба да одиме по улица и да смислуваме стратегии за одбрана од кучиња, но во дадениов момент, додека институциите не почнат да работат, би било паметно за луѓето да знаат како да смират разбеснето куче и да му избегаат.
     
    На Gosh, theowndemon, ♣ Alba Viduam ♣ и 4 други им се допаѓа ова.
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Кога се правите дека сте толку загрижени за нив зошто не вдомите сите по 2-3 мачки или кучиња и нема да има скитници.
    Другарка ти ја сликала мачката на кревет, а после наводно мачката била отровена во кутија на улица.
    Зошто другарката не ја задржала мачката кај неа дома ако е толку голем активист за згрижување?
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Еве моите се од улица.
    И кастрирани се двајцата.

    Ама што дека јас ќе соберам од улица, кога утре некој друг остава на улица пошто му се здосадило?
     
    На Gosh, theowndemon, ♣ Alba Viduam ♣ и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Од петиција за кучиња дојдовме до тема која е поголема мајка и како тие без деца се прости и глупави и неуки а мајкиве се Богињи *јас вака си ја осетив работата.
    Да можев ЌЕ ВДОМЕВ ама ете никој од фамилија не ми дава да чувам било што бидејќи секое милениче бара засебна одговорност.А и не се некои обожаватели.Јас да можам радо би живеела со кучиња и мачки и би зборела на нив.Бидејќи од кога дојдов пак овде што не прочитав Боже мили..:worried:
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @friendy, абе, ако си ти тооолку загрижена за децата, што не одиш да посвоиш 2-3 дечиња од дом и повеќе нема да има сами дечиња? Тотално ретардирано и ептен глупо звучи изјавава моја, така? Епа ајде сега прочитај ти што си напишала!

    И дај престани да ја користиш ужасната смрт на кутрата мачка во некои твои грди цели. Разбравме, се залагаш да се истура отвор, сакаш да се отрујат и мачиња и кучиња и луѓе и после веројатно ќе бидеш среќна и исполнета. Колку пати се напиша тука колку е опасен отворот, колку пати се објаснуваше зошто тој не е решение (повторно газдите ќе пуштаат миленици на улица кога ќе им досадат), колку пати се пишуваше колку е болна смртта настаната од внесување ама не, ти не бараш конструктивно решение, ти сакаш смрт и садизам...Штом се залагаш за нешто вакво, за ваква ужасна смрт, за вакво мачење на невини суштества, ти немаш љубов во тебе. Се навреди? Не ми е галје.

    Исто (важи за сите!), да не заборавиме, мачето Маза не ги искаса децата, ниту пак отруените улични гревови, напаѓачот е домашен расен пес, најаден, со домче и газда, кој полицијата знае кој е ама го крие. Ама не, ајде да труеме недолжни животни.
     
    На christinnn, Gosh, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Па себично би било од моја страна да посвојам дете кога многу брачни двојки кои немаат деца се борат да посвојат, а и да сакам сигурно нема да ми дадат бидејќи веќе имам свои.:nod:

    Не сакам смрт за животните, сакам ред,:!: како и што напишав во претходните постови.
     
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    оф-топик:
    Има ромчиња, деца со посебни потреби, постари деца. Верувај, има деца кои никој не сака да ги посвои а тие самите многу би сакале топол дом и родител што ги сака. Ако навистина сакаш да посвоиш, има дечиња кои чекаат на тебе.

    он-топик:
    Труење во никој случај не е правење ред и ако не примети, барем повеќето тука сме за тоа дека на кучињата не им е место на улица. Градските татковци, кои тргаат пари од буџетот специјално за тоа (а каде одат тие пари е друго прашање), треба да најдат хумано решение за проблемот. Труење или, не дај боже, одстрел не е решение!
     
    Последна измена: 16 декември 2017
    На Gosh, ivi1987, TheGirl23 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Мајки во смисла ако куче ти нападне дете, што ќе направиш? Зборам за тоа куче, а не за убивање и труење на други кучиња. Јас лично тоа куче би го утепала во тој момент. Ете така