1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Па нормално дека ќе се одбраниш, не од куче, од што да е.
     
    На Gosh, snegulkata и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Па за одбрана можеш да му свикаш на крај краева некое стапче да му фрлиш за да избега, а како ќе го убиеш да те прашам?Многу ме интересира како би изгледало тоа.Ќе го шутираш, ќе го газиш??Пред детето така?Одлично се согласувам со тебе многу добра постапка.
    Не дај Боже ти да имаш куче и твоето куче да нападне човек па да ти го убијат, после ќе кукаш овде.
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Feminka22, а кажи ми, ти очекуваш твоето куче да остане со тебе откако неиспровоцирано ќе нападне човек???
    По твојава логика, можеби и ротвајлерот треба да си остане при газдата?

    Исто, ако, не дај боже, те нападне куче ( маче,човек, вонземјанин, што и да е), ќе се браниш онака како што ќе се браниш, со се што ќе ти дојде при рака. Или ако не па, остави го да те искаса и растргне, да не случајно му повредиш нешто (највеќе чувствата) додека ти се бориш за живот (facepalm)
     
    Последна измена: 16 декември 2017
    На DAngel, Gosh, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Дедо Љубе во тој контекст го спомнав.

    Значи јас за моиве животни живот би дала. Ги сакам уличните, ги хранам итн.

    НО, било кој да ме нападне - куче, човек... ќе се одбранам најдобро што ќе можам, макар и го убила.

    Не зборувам за кучено ме залаа два пати, туку зборам за напад, не зборам за ме опцу човекон, туку зборам за напад.


    Помеѓу мојот и животот на рандом суштество, мојот ми е помил.
     
    На DAngel, Gosh, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Ах, а ако ме нападне куче кое има сопственик, ќе го тужам по сите основи додека не добијам ОД НЕГО правда.

    Најкриви за се' се неодговорните сопственици.
     
    На DAngel, Gosh, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    @Feminka22 , не знам баш со свикување дека кучето нема да нападне. А од оние големине кучишта богами со викање тешко. Да ме нападне такво и да ме касапи и што, ќе ми биде жал да не го повредам? Па и некој човек да те нападне со силување, ќе се браниш на секој начин, па може и до убиство да дојде, а не од куче, па само да му викнеш, хмм:?:(facepalm)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Не се лупај по глава ќе те боли ;) све изназборевте освен за темава.За џабе ме напаѓате ништо не ми мења тоа мене во животот.
     
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    Па така де. Со збор ќе те разбере џукелата ако те нападне (fingers)
     
    На anastasijaki и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    71.670
    Пол:
    Женски
    Кај ќе им иде душата на овие луѓе што ги убиваат кучињата?

    Полоши сме ние луѓето што ја газиме земјава, отколку кучињата. Имам страв од некои кучиња, но никогаш не би сакала да ги убијат дури и да ме нападне некое. Кучето е невино суштество кое има толку љубов во него, а ние луѓето сме креација на неговото однесување. Тие што ги спремаат за борби, чива вина е тоа? Пак од нас.
    Во мојот град има премногу улични кучиња за тоа крива е државата што нема доволно служби и места за тие да се приберат. Јас разбирам дека има револт, може да се работи утре за мое дете и јас бурно би реагирала, но не е решение убивањето. Отров насекаде расфрлан, а мали дечиња си играат во близина можеби. Размислите може и човечки живот да носите на душа.
     
    На ivi1987, TheGirl23, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    42.027
    Пол:
    Женски
    Ај малку да отргнам мисли од темава, јас имам проблем, постирав и во друга тема ама нема одзив па тука може ќе има.

    "Имам трудна маалска кучка многу мала, два дена е повлечена во дупка во земјата и во меѓувреме се породила, јас колку што можам да видам едно малечко е и за жал мртво. Има куќарка ама не знам зошто не е породена таму. Лежи до кутрето цело време, не сака ниту да јаде ни вода да пие само жално гледа, страв ми е да бркнам да го извадам, ржи. Не знам што да правам и не знам дали е починато уште во стомакот или нешто се случило, некој совет. Страв ми е да не малакса од тага и од нејадење. "

    Ова е првото мислење, а ова е апдејт.


    Никој не знае некој совет? Не знам што да правам со кучката, во непристапна дупка е со две мали, тие се живи и цицаат, а таа јаде ама не излегува од дупката само подава глава надвор. Многу ми е страв дека им е ладно и тесно или дека нејзе не и е добро. Има ли некој искуство... по колку дена ќе почне да излегува? Ако излезе надвор ќе можам и кутренцата да ги извадам и да ги сместам на посигурно и поудобно место. Вака со нејзе внатре не би да бркам.
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ништо не и е ниту нејзе ниту на малите. Како и секоја мајка така и кучката се плаши за животот на своите. Не се породила во куќарката зошто не се осеќала сигурно. Не чепкај внатре зошто може да те нападне колку и да си добронемерна. Оставај и храна близу да може да се прехрани. За ладно да и е не се грижи има крзно, а и надвор не е толку ладно.
     
    На theowndemon и 1209 им се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Куче може да нападне неиспровоцирано. Имам x примери околу мене каде тоа се случило.
    Мене ми е жал за животните, не сакам некој да ги малтретира посебно не пред мене, меѓутоа не ги сакам во моја близина. Ова од секогаш.
    Посебно овој период низ центарот кај нас има околу 20 кучиња, скитници и буквално лаат на секој што ќе помине и неколку пати нападнаа. Да ти е страв да поминеш. Една другарка ( што нема страв од кучиња и ги сака ептен ), во паркот ја нападнаа.
    Мене еднаш ми се случи како што си одев по патот со ќерка ми во раце, буквално ме нападна едно куче од зад грб. Таква траума ми беше и на мене и на ќерка ми.
    Нормално дека во тој момент, не размислуваш и ќе направиш било што да се одбраниш.
    Искрено треба што побрзо да се реши овој проблем со кучињата скитници.
     
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Не знам што е проблемот со кучињава во последно време. Пред некој ден, од нигде и никаде ми се пушти едно улично куче. Ниту го погледнав, ниту ништо, поминував меѓу едни згради и ми дотрча до мене почна да лае. Среќа го прибра една жена која го шеташе нејзиниот домашен миленик, го познаваше, маалско куче бил па ја послуша и се смири. Оти нема кој да се погрижи за уличните кучиња, принудени сме да трпиме вакви стравови. Ги сакам животните но не сакам да ме напаѓаат и повредуваат по улици. nah.gif
     
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.715
    Пол:
    Женски
    Лелеее, да му се смачи на човек од ситуацијава. Значи, сега секој ден по сајтови, вести и каде уште не ќе прочиташ и видиш дека имало напад од улично куче ( демек порано кучињата мирни беа, не касаа па по вести или весници немаше главна вест дека кучиња нападнале)
    И, зошто на тапет се ставаат само уличните кучиња не ми е јасно кога кучето што ги искасапи децата беше расно, домашно чувано куче?
    Пред многу години маж ми го има каснато за нога пекинезер од негов влез, агресивен и пуштан слободно да шета со газдарицата у пакет, а уз пат има нападнато многу луѓе ама никаде по вести и сајтови немаше за ова(инаку, пензионерка уште си го чува кучето и никако да си го прибере, ланецот кога го шета и е пуштен 10 метра или воопшто не му го става на врат, па трча и гризе се што ќе му се најде на пат). Мајка ми ја гризна улично куче во Порта Влае пред неколку години, сестра ми ја има нападнато шарпланинка на чичко ми кога беше дете и.т.н.
    Се претера веќе...
     
    На Gosh и eli25 им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.660
    Пол:
    Женски
    и јас само што прочитав за Американка изедена до смрт од сопствените пит були.Нејзини биле ,ги шетала низ шума.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.715
    Пол:
    Женски
    Еден тон ваква црна хроника има по светов, колку бебиња од пит бул се усмртени. Ама ќе се заташка случајот, никој нема да го коментира зошто е од домашно куче. Едно улично да залае или недај Боже нападне, одма галама и петиции за труење се прави. Да се наежи човек.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Да не се вреџаме и келеветиме сеа, ние никогаш не сме каснале човечко битие :emo: We come in peace (don`t take us to your leader though :D )

    Инаку треба да има данок за лица кои сакаат да чуваат ризични раси, има ваљда статистики и студии по светот за тоа кои се најризични, по нет све се наоѓа пит или ротвајлер задавил бебе, убил. искасапил...никогаш нема таква случаи со златни ритривери или лабрадори или џек расели, којзнае зошто?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Баш читајќи ве ми текна за уште еден пример. Еден дечко чуваше пит бул и постојано си го шеташе без маска и исклучиво летно време по плоштад во попладневните часови каде што имаше еден куп деца. И еднаш си застанал кај една слаткарница и си зборува со еден човек а кучето на синџир долго пуштен му рипна на едно мало детенце, буквално го зграби. Колку се исплашија сите. И после мислам мајката на детето го тужеше и незнам што направија.
    Јас сум сите да се казнат до еден што такви кучиња шетаат на такви места и ги носат без маски.
     
    На EraBon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Значи по милионити пат, што реков?
    Ладно е, гладни се, диви ѕверови се.

    Светов не е Дизни цртан филм, ниту книга поделена на добри и лоши ликови.
    Во сивилото, секој си го гледа својот интерес.

    ----
    Извор: http://24vesti.com.mk/nov-napad-na-kuche-vo-naselbata-gjorche-petrov-napadnata-zhena
    ----
    Нов напад на куче - во населбата Ѓорче Петров нападната жена

    21.12.2017 | 17:32 Македонија Прочитано: 949

    Нов случај на напад од куче. Вчера околу 15 часот во скопската населба ѓорче петров, куче нападнало и каснало 52 годишна жена.

    Полицијата соопшти дека инцидентот се случил додека жената се движела по улица и според нејзиното сведочење, била касната за десната потколеница од куче - расa волчјак. Лекарска помош и била укажана во Ургентен центар во Скопје.

    Изминатиот период речиси секојдневно се пријавуваат напади од кучиња. Во исто време, беа регистрирани и бројни случаи на труење на домашни миленици, а активистите за заштита на правата на животните побараа надлежните да преземат мерки.
    ----
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739