1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Јас прочитав само статус за случајов, зарем има и такви идиоти што ги оправдуваат детиштава? :o(facepalm)
    Tука не ни станувало збор за напад. A деца што наоѓаат забава во малтретирање животни, веројатно исто така малтретираат психички, па може и физички и нивни врсници, и понатаму ќе се развива насилство и садизам во нив.
    Како што и оној летоска што из чиста мира со секира удри по куче на сред бел ден и на сред град, утре може да крене рака по човек што на некој начин во неговиот болен ум му пречи.
    Треба асално да се загрижат и погрижат родителите на деца со вакви садистички склоности...

    Адоки, а ти само продолжи да се брукаш. За каков случај се пишува, а ти што пишуваш... Вака во школо да си ги учиш учениците, во најмала рака со отрови да се бранат од кучињата! :headbang:
    Брука светска!
     
    Последна измена: 22 декември 2017
    На ivi1987, Rose96, DAngel и 13 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    не ми одговори на прашањето
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Рацете да им се исушат на тие дечишта што го направиле ова. Да патат и они како што сега пати сиротото животно. Во овој случај, абе милион пати ми е поважен животот на кучево него ли на малите психопатчиња.

    Сите сме биле деца. Јас проплакав по маче или куче кога бев дете, не ми дозволија да чувам, стан, блабла. Сакав да ги галам, не да ги мачам. Нема едно еб*но оправдување за ова што се случило!!!
     
    На Rose96, Cataleya, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.443
    Допаѓања:
    165.437
    Пол:
    Женски
    Еден ден ќе читаме за како некој си силува детето, си ја уби жената со секира и сл. Ова зошто не ви е гајле за кучиња, да објаснам како ќе афектира луѓе ситуацијава зошто почетокот е нешто ваков. Да ги браните „дечињава“, тие во ова ќе пораснат. :) И после ако ова куче касни некој во иднина, да знајте зошто, да не речите до кучето е. :wasntme:
     
    На IronLady, Gosh, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.978
    Пол:
    Женски
    Не мора дете да имам за да бидам човек.
    Секој живот подеднакво вреди.
     
    На ivi1987, Bitter-Sweet, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.792
    Сеедно дали станува збор за напад на куче врз дете или обратно, одговорноста на едните ниту ја намалува ниту ја исклучува онаа на другите.
    Уствари не гледам ниту како едното би било изговор за да прифати другото како нормално и неказниво дело.
    Не е добро ниту едното ниту другото и не треба да се замижи и да се игнорира проблемот, оној суштински, ни во едниот ни во другиот случај. Односно барање на одговорност од оној кој го оставил тоа куче на улица или службите кои потфрлиле со вршењето на нивната дејност од една страна, а од друга децата и нивните родители.

    Дека моето дете го сакам повеќе од детето на Трајко/Петко, дека моето дете го сакам повеќе од едно куче скитник, дека моето дете ќе го сакам повеќе од домашното милениче куче е факт. И стојам зад истото кко мајка.
    Ќе ги сакам, ќе им се радувам на останативе... ама не е исто. Барем не за мене.

    Но, љубовта значи и признавање на своите грешки, односно оние во воспитувањето на сопственото дете, или увидување на неговите несовршености.
    Хипотетички морам да се изразувам, но за мене би било многу поразително да дознаам дека моето дете сторило вакво дело. Прифаќање на одговорноста е само дел од алката со кој би се соочила во обид да се надмине оваа состојба, сеедно од психолошки или општествен аспект.
    Јас за рака би го однела моето дете и би го пријавила.
     
    На ivi1987, Mishela, Cataleya и 10 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    се сложувам. да емое дете ова би било мој срам. и јас би го однела на разговор. но не секој е ко нас..
     
    На ivi1987, DAngel, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.792
    Остај срамот... болка би било.:(
     
    На ivi1987, Nausicaa и LiliBoz им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Прашањето каде згрешив.. знам точно на што мислиш..
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.704
    Пол:
    Женски
    Е тоа се случува кога од кога ке се роди дете му всадуваат страв од куче,заради сопствениот страв,па му советуваат да ги мава со камења кога ке оизлезе надвор,па на крај тоа дете гледа на кучињата како на опасност и нешто што не вреди да живее ,па му става петарда во уста во обид за обиство.Патологија.
     
    На ivi1987, 1209, elimkd и 6 други им се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Еден ден ќе станеш родител. Ќе му ги пренесеш ваквите несозреани ставови на своето дете и истото ќе мисли дека е сосема во ред да се забавува со тоа што ќе му стави петарда во уста на некое улично куче, бидејќи нели, неговиот татко му ја всадил идејата дека неговиот живот е помалку вреден. Ете тука лежи проблемот.
     
    На ivi1987, 1209, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Јас сум родител веќе10 год.. и знам како е да ти го изгризе некое куче на детето..Не ми попувај многу...
    Секако не сум да се става петарди во уста на кучиња ама пак и не сум за тоа да гризат каде ќе стасаат тие крастосани пастуфи
     
    На TheSecret и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.704
    Пол:
    Женски
    Za pocetok toa se zivi bitija,kucinja ,a ne krastosani pastufi.
    I jas sum roditel x 2 veke 15 godini,moite dve deca od mali hranat ulicni kucinja, i zamisli nikogas ne bile iskasani od ulicno kuce,nikogas ,a gi ima mnogu vo blizina,ne e tocno deka grizaat kaj ke stignat.
     
    На Bitter-Sweet, Someonespecial, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Загреота...децата се одлика на родителите.Пред мене ова да се случи нема да им текне друг пат
     
    На ivi1987, buba4e89, Bitter-Sweet и 5 други им се допаѓа ова.
  15. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Не е поентата само да си родител ама ајде....те молам не ми реплицирај повеќе на постовиве, со твојов начин на изразување не не води дискусијата никаде. Подобро да не кажеше дека си возрасен, возрасен човек со ваков начин на изразување...што да кажам.
     
    На andromedae, Feminka22, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    @UnordinaryOne јас не ти реплицирам ти беше таа која ми реплицираше...
    Не ги сакам кучињата кои се штетни за луѓето...
    Но не подржавам насилство врз нив...Па не гледам тука кој е твојот проблем...
    Значи зборам за кучиња штетници секојдневно касаат деца, жени и т.н.Ако сака државата нека ги заштити нека ги земе во стационар....И не ми реплиц...!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    3.804
    децата шти тераат накај психопати со ставањето на петарда тераат..треба ств да ти фали нешто и да немаш осет и страв за да направиш такво нешто, ама, јас па уште повеке се чудам на клетвите упати спрема децата сега децата се криви секако дека да, ама криви беа според многумина тука и искасапените деца во лисиче, па криво беше и кутрото дете што почина од кучиња, за некои сите се криви само не кучињата, и гледаат на било кој начин да ги оправдаат кучињата. Ко еден удрен во умот колега , слободно ке го наречам така, викаше гајле ми е за децата не ми е жал ама ич :tmi:
     
    На Feminka22 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Гледам, читам и плачам. Ми се уништи денов откако ја прочитав веста за сиротото кученце и дечиштата-психопати. Имам грутка во грлото. Бесна сум исто колку што сум и тажна. Уште повеќе ме вознемирува фактот што има такви што го оправдуваат чинов. Доволно е само да не го осудуваат. Нелуѓе, исфрустрирани, скапани во душите.
    Нека се казнат "децата" и нивните родители, најстрого што може. Иако не мислам дека постои доволно голема казна за ваква постапка, малтретирање на сосема недолжно, беспомошно суштество. Се прашувам, не ги ли мачи грижа на совест, ама ми текна дека главната карактеристика на психопатите е потполно отсуство на грижа на совест, немање на емпатија.
    И да, верувам во карма. Ако ништо друго, таа сигурно ќе ги стигне. А таа удира каде што најмногу боли.

    Кучето уште не е фатено, бегало. Премрзнато, малтретирано, којзнае какви болки трпи.
    Срцево ми се стега...
     
    На kim.k, TheGirl23, UnordinaryOne и 8 други им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Петарди во устата на кучето.Браво.Мило ми е што напреднавме како нација.Читам некои го напаѓаат кучето.Тоа со сила е отворена устата и му е ставено,да ви кажам јас.Срамота е и греота.Точно е дека има агресивни кучиња по улиците што треба да се смират,ама овој чин не го оправдувам.Во никој случај.Но,што да се очекува од деца кои што уште сеа немаат емпатија.Какви луѓе ќе станат во иднина?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Далеку од темава ама сепак во склоп на темава. Ќе ви кажам една кратка вистинска приказна околу тоа каде ни оди иднината.
    Доаѓа мм пред некој ден дома и го гледам сиот замислен. Што си таков бе? Ништо бе се видов со З (пријателка) и нешо муабет правевме.
    Почнува да раскажува...
    Сестра и е наставничка во целодневна вели. И кажувала како од 25 деца едвај 5 се така заинтересирани посветени и учат. Другово се отидено, никаков авторитет не почитуваат, не учат, амбиции у минус.. АМА едно дете највеќе боде очи. Ако сите деца пример ги земаат родителите во одредено време, ова до фајронт неговите го оставаат. Нормално, наставничката си мисли работат до доцна. Но еден ден решила да спомне на таткото кој го зима, демек, детево е тажно, секој ден саат време повеќе седи од другите дечиња и се гледа дека му влијае. Ако можете барем некогаш земете го порано, колку да не се чуствува толку осамено.
    Одговор на таткото без грам срам и култура-Што ми е гајле МА, не гледаш колку е бесен!? од осум месеци во градинка го оставав од 8 до 18 часот и тука ќе седи до последно. Не сакам дома да ми беснее.

    Е, утре, ова дете ќе е директор на некој ко син ми, син ти.. и наравно, мал залак ќе е за него петарда на куче во уста. Луѓе ќе патат од него.
     
    На ivi1987, celineparis, prominent и 4 други им се допаѓа ова.