Баш за тоа погоре што пишала Amellie13,малку е чудно што после ланската случка,ако не се лажам кога во село мислам беше,мало детенце од агресивно куче што имало сопственик(логично -неодговорен),почнавме барем еднаш месечно да слушаме и читаме вакви стории,кој дете,кој возрасни искасапени од кучиња и слично. Секој паметен може да сфати дека има нешто тука,дали се лажни вестите,или стварно не знам што,само се запрашал ли некој зошто пред 2-3 години скоро и да немаше вакви настани? Колку често слушавме ,,куче искасапи дете",,глутница нападнаа две девојки ",те било со сопственик,те било улично? Многу ретко,реално многу ретко. Мене навистина ми е жал за ваквите настани(ако воопшто се случиле,a и да не може да се случат во иднина) и не оправдувам да се шетаат слободно на улица кучињата,особено не во градски средини,освен што се опасност за луѓето,зашто ите како знаат да се ,,пуштат" за да е доволно да уплашат дете,и самите животни кај се осудени на глад и студ, не се заштитени од удари од возила во цел градски метеж. Местото не му е по улици дефинитивно. Ама ова со труењето сега,па повикување на социјални мрежи,па организирање масовно труење и секакво измачување ко случајот со петардата,па тоа што беше влечено со кола од тој некој си доктор-ретардиран и слично, мене не ми изгледа ни малку разумно и современо решение на проблемот. Им го разбирам и бесот и грижата на родителите,стравот за безбедноста на сопствените деца,ама дали ако се отрујат 30-40 или 80 кучиња,мачки,а меѓу нив и некоја човечка жртва(дете) ,нема да има нити едно улично куче? 5 да има,ќе се размножат пак,колку години им треба да фрлаат отров константно за да се реши проблемот? Но,за жал,особено во нашата сирота држава,полесно е да се дејствува,отколку да се размисли со своја глава. Не ми е толку жал за кучињата,колку што за тоа каква нација сме,колку мизерен и прост народ. Парите што ги даваат за отрови,да одеа во некоја организација за згрижување на бездомни животни,далеку подобро и похумано ќе беше,а можда и со тој пристап,за неколку години ќе го решеа проблемов.
Еве како некои деца се многу попаметни и со повеќе љубов во нив од овие "совесни граѓани" што решение бараат во труење на кучињата и мачките. И ова е траума за нив. Уште од толку мали да се соочуваат со суровата реалност..
Спојлер: Отвори https://www.mkd.mk/crna-hronika/vchera-chetiri-skopjani-bile-kasnati-od-kuchinja До кога?
На ул.Македонија и на плоштад врие од улични кучиња, трчаат по луѓе, напаѓаат страшно. Незнам зошто не ги соберат од шинтерска, многу напади има од нив. Мене ми е страв на пауза да излезам од што се цел чопор збеснати. Кај катната им направиле куќарки од картон, со ќебиња, со тањири и чуда, и секој ден доаѓаат и ги ранат.
Кога се нахранети не се агресивни. сте приметиле дека зимно време ова се дешава највеќе? студот буди агресија кај животните. .. И да ги соберат освен кастрација и тест за лишманија ништо друго не се прави а пак се враќаат назад од каде се собрани.
Тоа да, ама порано немаше ниту едно улично куче во строг Центар и тоа ме чуди,неколку месеци одеднаш се собраа. Мирни седат и одеднаш напаѓаат, агресивни стануваат. Кај нас земаа неколку, ама сега друга група од нигде никаде излезе. Којзнае што прават.
Не е точно, знаеш колку случајни минувачи беа нападнати од ништо. Глади и бесни се зимава па затоа и да не ги ни приметиш може да те нападнат и да ти откинат месо.
Не си налетала на агресивно куче. Затоа не викај два пати. Мајка ми на нејзини 50 години ја касна куче, до тогаш ништо. Јас гледам луѓе што мирно си одат по ул.Македонија и одеднаш куче излегува и ги напаѓа. Нит испровоцирано, нит измалтретирано од него. Кај што живеев порано во влезот живее пензионерка и чува пекинезер. Сите можни комшии ги нападна, вклучувајки ги маж ми и деверот, со угриз на нога завршија. Кучето е агресивно, пуштено од ланец и напаѓа. Сакаш да ми кажеш дека цел влез нечини според тебе???
Куче не напаѓа без причина никогаш. Мора да е испровицирано, претходно малтретирано и/или изгладнето (кое животно не е агресивно кога е изгладнето?) А најголем виновник за зголемениот број на скитници е само човекот. Со напуштање/нестерилизирање кучињата се збираат и размножуваат. Навистина ми е жал за тие што се каснати од куче ама никое не го прави тоа сакајќи оти му е досадно или сл.
Неможе без причина да напаѓа или било малтретирано од мали деца или тепано од деца и на тоа куче што ги нападнало твојте може му прават нешто
Ај не бидете смешни со тоа дека ако не им направиш ништо нема да те нападнат... За животни зборуваме. 100 пати имам кажано за татко ми кога го нападнале без да им направи нешто. Од мал се плаши од кучиња и еднаш поминувал со страв покрај нив, му се пуштиле, го касале и во болница завршил. Може биле гладни и затоа го нападнале, ама што им направил тој лично за да заврши во болница? П.с. И домашно куче го има каснато во фаца детето од сопственикот на кучето....значи го чуваш и храниш а тој детето ти го повредува. Во животно верба се нема.
Може кучето било исплашено,кучето осеќа страв од човек или може било малтретирано,тепано од мали деца