Ти знаеш што збориш? Значи според тебе сите луѓе се виновни, а кучињата за греота? Кога бев помала имавме пит бул и јас бев да му однесам јадење и тоа ќе ме фатеше за нога, значи моето сопствено куче, а не беше ни малтретирано, ни ништо замисли. Во куче доверба НЕ. Се надевам сфати, а не секаде нагласуваш малтретирано, тепано.
Било тепано од други луѓе, а што е крив татко ми што го нападнале? Тој ништо не им направил. Нека ги напаѓаат тие што ги малтретираат а не тие што им се плашат... Ама животни се овие, не можеш осет да очекуваш. Значи сепак НАПАЃААТ без ти лично да им направиш и не кажувајте глупости.
Па луѓето се полоши од кучињата и неможе секогаш кучето да е криво и моето куче ќе ми скокне,ке ми рипне ама во игра а не дека сака да ме јаде
Жено, кучето ми за'рже и сакаше за нога да ме фати, среќа што се тргнав на време. Каква игра, какви бакрачи
Да де, мајка ми од чиста мира, си оди накај работа и кучето и се нафрлило и ја гризнало за нога. Каков страв, какво малтретирање, какви бакрачи. Мене куче во грб ме нападна, поминав покрај него, не го ни зарецкав, не ни осетив страв, и подмукло позади грб ми се стрча и почна да ми лае, ме нападна, сакаше да ме гризне. Значи општо кучињата, без разлика домашно или улично МОЖЕ да нападне БЕЗ ПРИЧИНА. Можеби е гладно, ама тоа не значи дека треба секој случаен минувач да страда поради тоа.
Абе, да не правиш copy-paste на постовиве? Ништо ново не кажа, цело време вртиш во круг со една иста реченица. Значи, да заклучиме, според тебе секое напаѓање и каснување од куче е оправдано од страна на кучињата, луѓето се криви, така?Ок, има луѓе што тепаат, трујат и клоцаат кучиња, меѓутоа има и луѓе што ни криви ни должни го јадат стапот. Луѓето чувствуваат страв од целава ситуација во последно време, вклучувајки ги и оние кои чуваат или чувале дома куче, а и јас сум една од нив. Куче може да нападне од чиста мира, без провокација и без причина!
Жал ми е за тоа, ама куче од опасни раси како што се питбул, ротвајлер, доберман и сл. не треба да чуваш освен ако си многу искусен сопственик и знаеш да ги тренираш правилно. А да, стојам на тоа дека луѓето се виновници за зголемениот број на скитници по улиците, тие не се нашле таму по сопствена волја, не паднале од небо. И тоа е факт.
И јас провоцирав кучиња пред 11 години оти сакав да ме искасапат така како што ме искасапија до ножната коска што сама си ја видов и што и после 11 години имам проблем со ногава и дупка на.. волкава.. дел фали од мене од месото на ногава. Тоа е.. јас провоцирав.. Сама си го барав изглеа..
Е неможе куче да нападне од чиста мира,зашто да те нападне,има кучиња што биле тепани и малтретирани и затоа се агресивни и како може кучето да е криво кога е без мозок??
Што кажа ти сега, се читаш ли? Како можеш да кажеш дека кучињата се без мозок? Куче напаѓа без причина, мене лично без никаква причина ме нападна. И, ајде сега после ова пак повтори го истото.
Да бе од чиста мира те нападнале,како мене не ме напаѓаат?? Друг лажи дека онака те нападнале,сигурно имало нешто па затоа,може некој ги закачал па те нападнале
Еми, психијатар да викнеме и да направи проценка на кучето, дали проблемите му се од мајка му и татко му, од детството пренесени...па затоа и ја нападнало. Неопходна, која сака нека му е причината. Ја нападнало. End of story. Денес неа, утре некој друг. Ако тебе не те нападнале, не ќе чекаме сите да те нападнат, па дури тогаш да решиме: а, добро, кучињата сепак напаѓаат, редно да измислиме нешто како да постапуваме во вакви ситуации. Безбедноста на луѓето и децата е приоритет. Оди види во други држави каде има кучиња по улици? Оди види како постапуваат со агресивни кучиња. Да, подобро би било да никој не ги малтретира. Да не гледам дури и расни кучиња како ги оставаат по улици. Да, проблемот е во нас луѓето. Ама тоа е друга тема наспроти темата дека некое куче било агресивно.