1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.709
    Пол:
    Женски
    Ај контролирај се малку. Јас не лажам, мене лично од чиста мора ме нападна. Зборам за телефон и позади грб ме напаѓа, со ништо не сум го испровоцирала, не сум го закачала или удрила за да ме нападне.
    А дали го закачале или нападнале, од кај да знам јас. Кучето го ранеа, со огрлица беше, значи чувано куче беше. А, пекинезерот што го чуваше жената како бебе, зошто ги напаѓаше сите? Чувано во стан, галено, мазено па испокаса луѓе во маало за нога.
    Толку од мене со тебе на темава.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира што целиов проблем се врти околу кучињата, а всушност проблемот воопшто не е кај нив.

    Пред да ми рипне некој, дочитајте. И јас сум била нападната од куче како мала и поради тоа сè уште имам страв кога поминувам покрај кучиња, но знам дека тоа е нормална реакција на некој кој бил нападнат и е во ред.

    Е сега, она што не е во ред е да се натегаш на форум како кучињата напаѓале, биле лоши, агресивни... Сите знаеме дека кучињата напаѓаат, но не е од нигде никаде, како што нам ни изгледа.
    Таквиот вид напад ни кај човекот го нема толку, а не пак кај животни, кои се водат само според инстинкт и моменталната ситуација.

    Ќе се послужам со примери кои ги прочитав поодамна во темава, некој бил нападнат бидејќи возел велосипед, друг бидејќи имал реси на облеката и сл.
    Да, знаеме дека тие причини не треба да се доволни за да нападнеш човек, но луѓе бе за животни зборуваме. Значи, без причина секако не е, може да биде со банална причина (што не можеме да ја свариме), ама тоа сепак не го побива фактот дека не е без причина. In fact причината може да биде толку банална како жолта чанта, ќелав човек, еве реси на облеката... Секако жртвата не е виновна, но напаѓачот е суштество без свест, не заборавајте.

    Некои тогаш велеа Ама што може едно дете да му направи, што заканувачко во едни реси видело?.
    Знаете што? Прашајте го кучето за тоа, why don't you? Очекувате животни да се приспособуваат на нашите морални стандарди, па кога очекувано некогаш ќе излезат од тие рамки напаѓајќи дете или случаен минувач, ги судиме кучињата морално како тие свесно да одлучиле да нападнат. :D

    Потсетете се дека правиме муабет за суштество што нема морална свест, па така ниедно нешто што ќе го направи не може да биде морално осудувано, ниту напад кон дете, ниту херојско спасување на сопственикот.

    Проблемот не може да лежи во кучињата, па наместо да го истураме бесот врз нив како емоционално лабилни луѓе, можеме да размислиме разумно и да сфатиме дека вина не може да се бара во несвесен ентитет. Време да го насочиме фокусот кон вистинските виновници - тие чија работа е да не дозволат инстинктот на несвесно суштество да повреди некој.
     
    На Scott Weiland, Harper, Scorpiongirl12 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Епа ако е чувано,воспитано неможе да нападне,ми нема логика тука нешто
     
  4. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Браво за ова што го напиша
     
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Треба нова тема да се отвори...петиција..спас на човекот од кучиња..Јас навистина ќе почнам со пиштол или пушка да одам на работа или кога излегувам за било каде од дома..па ова е бетер од дивиот запад...секојдневно бегам од кучишта кои трчаат по мене кога сум на велосипед, секојдневно деца вриштат од страв и се кријат по влезови поради цела тајфа на кучишта..ОВА НЕМА ВЕЌЕ СМИСЛА...ме заболе и за тие со домашни миленичиња и за сите...срамота е голема, страв огромен, повредени илјадници...СПАСОТ Е ВО ОТРОВОТ, кога немаме друго решение приморани сме на тоа..моето дете е поважно од таму некое бесно куче....а овие кои се против труење, нека не подржат и тие во борба и барање на решение против уличарските пци, нека бараат под итно шинтерски служби..наместо да не критикуваат ....
     
    На Vitaly, Petra777, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Твоето дете или туѓо дете прво ќе настрада од тој фрлен отров.
    Факт е дека од кога град Скопје започна да плаќа оштета за каснување од куче зачестија пријавите. Знам многу луѓе кои за 1000 евра и самите би клоцнале куче за да го испровоцираат да ги нападне.
    Нормално дека сум против труење, одземањето туѓ живот те прави убиец.
     
    На Feminka22, theowndemon, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Шансите да некое дете се отруе од отров се 1000000 спрема 10..побрзо од куче ќе умреш отколку од отров.
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Ај не трескај сеа глупости. Кај мене во маало имаа фрлено во градинка. еееј во градинка! !! е до толку е умот на 'најсовршеното' суштество на планетата.
    труење не е решение. не треба да се однесуваме како да сме од планина симнати.
    едит а кој умрел од куче а од отров се спасил??? баш ме интересира
     
    На Feminka22, oblace1, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  10. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Кога фрлате отров фактички убивате невино куче, а не тоа кое ве нападнало....ама не е важно тоа за вас нели, битно вие да си го исфрлите гневот било на кого. И се лажете дека дете не може да настрада, само не ми е јасно како може и најмалиот процент да се случи тоа да го игнорирате, вреди ли да се ризикува кога се работи за живот на дете? Една девојка само од вдишување на отровот кој се обиде да го тргне имаше последци, не дај боже дете да го допре играјќи па да ги стави рацете во уста. Со тој примитивен начин на решавање на проблемите ризикувате да направите огромна глупост. Ама кој да мисли на последиците нели, сега е модерно да поставува отров кој каде стигне.
     
    На Feminka22, dayla, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.275
    Пол:
    Женски
    Како бе решението било во отровот? Знаете кое мачење е тоа за животното пред да умре? За мене тие што трујат и поддржуваат труење не се ништо помалку од садисти. Да не зборуваме каква опасност е тоа и за дечиња мали. Жално е многу за сите што се каснати, но да земеш да трујаш се живо ни малку не е решение. Како што имам кажано досега главен виновник за скитниците на улица е човекот. Кучињата на улица буквално се борат за да преживеат, и како суштества без морална свест како нас не можите секогаш да очекувате разумно однесување од нив, посебно не во такви услови. За во Скопје не знам многу ама во мојов крај секоја недела се фрлаат нови кучиња и секоја недела се повеќе ги има. Наместо да си ги стерилизираат кучките дома тие им ги фрлаат кучињата на улица. „Што зборуваш за песот ќе давам пари?“ И така тие си се множат, секаде е така. Во секоја нормална држава има шелтери за бездомни животни каде престојуваат и нема напади врз луѓе вака. Дури не се преземе вакво нешто ќе има вакви случаеви. Ама во Македонија сме, каде државата за луѓето не се грижи па камоли за некојси животни таму.
     
    На Feminka22, UnordinaryOne, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Кој фрли отров, дабогда сам се отруе.

    Пуса, фмп.
     
    На Feminka22, UnordinaryOne, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Ами ај ако не земете и организирајте се низ цела Македонија почва да затруете, ко што повикуваше оној лудакот Златев (facepalm) Не знаете што лупетате!
    Јас спомнав и прашав претходниот пат кога се пишуваше во темата... Еве такви „паметни“ и „активни“ суштества ги има, „преземаат акција“, отрови се фрлаат многу пати (за жал). Зошто пак продолжуваат случаиве со каснувања, кога демек тоа е решението?!
     
    На UnordinaryOne, theowndemon, MagsDestiny и 3 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Кај и да видите куче-скитник, пријавувајте да го соберат, бидете упорни и досадувајте им. Сум напишала на темава, кога јас ги пријавив кучињата од мојата улица (поминаа едно 9-10 месеци оттогаш сигурно), реагираа веднаш. Ама ако имате работа со неразбрани, ќе им досадувате.
    Инаку, прочитав статија дека ротвајлерот за кој се зборуваше пред некое време што напаѓаше луѓе низ Аеродром, бил испратен во Италија на згрижување :o А јас мислев дека ги успиваат.
     
    На buba4e89, theowndemon, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
     
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    .

    Бадијала е пријавување, не реагира никој...секојдневно на плоштад пред споменикот на воинот со коњ, лежат по десетина кучиња...прекрасна глетка за туристи а за претрпени стравови на минувачи да не правиме моабет.
    Ме нервираат моабетиве од ови бранителиве кои ништо не превземаат, дремат по цел дена на форум и на истите тие, на кој животните им се подрагоцени од луѓето.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Уште колку животи треба да се жртвуваат, уште колку деца со изедени црева да бидат поука, уште колку време ЕВЕ ТЕБЕ ТЕ ПРАШУВАМ треба да чекаме за да се најде одговор, да се најде решение, да се пронајде спас??????
    Имаш ли ти некој подобар предлог??
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.442
    Пол:
    Машки
    Не е до кучињата таа работа, кој си има страв од нив друго, ако се малтретирани исто, куче дури и Питбул до некој степен си се чува одговорно.. Не е проблемот до нив баба Рада.. но понекогаш незнам колку си озбилна. Јас имам блиски со страв од кучиња поради што ги каснало како мали, но не е тоа до животното, не се тие криви, по лојално нешто од куче нема да најдеш ни во човек. Да смириме страсти, што фајде има од повредување кучиња, успивање ау? Ако е екстремен случај, тогаш треба некој овластен да реагира. Што има да делиме правда на невини суштества ние.

    На форум ако читаат, и да читаат пак нема да сториме ништо, само узбуни ќе креваме и до каде? Нигде.

    Иначе ти нешто малце превише слободно време си имаш па по сите форуми а? Дај малце наваму, малце ми се 12 сати во денот да бидам искрен.

    Што сега, ке ме кривиш за дупли профили? Знаеш онус на доказ на кој паѓа нели? Право имаш учено?

    Последно редактирање, џабе тука, ако си озбилна, протестирај, право на говор би требало да имаме, власти да реагираат. Потенцирам би да бидам коректен према тебе, знаеме какви сме во државава.
     
    Последна измена: 24 април 2018
    На UnordinaryOne, MagsDestiny и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Што сакаше со сарказмот на крај, не ми е јасно..но не е битно, ти се жигосуваш....Види душо, тие кучишта не се невини суштества, невини се тие јадници кои умреа од нивните чељусти....мораме да бараме ние правда оти од овие властодршци ни шупелка не бива да направиш а камоли некој план за спас....Мораме да се спасуваме како знаеме и како умееме..незнам ти каде живееш, но во Скопје дефинитивно да ти е страф да излезеш на улица.
    Поздрав
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.442
    Пол:
    Машки
    Сегде тоа го има, не беше сарказам бидејки видов нешто во рок од 5 минути дека има некој со слични мислења по форумиве, јас на фемина од нашите седам. Немора да се караме тука, никој од нас не зависи тоа.

    Поздрав.