1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека ти тоа си и на други форуми??
    А за времето што велиш да ти дадам..хахаххаха..па и ти душичко кога ке остариш, ке имаш повеке време за трошење бадијала.:)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    12.442
    Пол:
    Машки
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Товар_на_докажување

    Не, ти докажи. Него те игнорирам па морав да стиснам покажи. Поздрав, немам време колку тебе, победи. Бадијала време трошење не е за фалење, сочувствувам.
     
  3. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    И во помалите градови, секоја недела носат кучиња од некаде со камион и ги истураат да шетаат слободно низ градот, наместо да се преземат мерки за да нема вакви последици.
    Кучињата се криви? Отров е решението?
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Изгледа сакаат да не иселат сите од државата, друго објаснување нема. Инаку, и јас мислев дека е бадијала додека не пријавив, па испадна дека не било бадијала, сепак реагираа надлежните. А знам дека луѓето не пријавуваат. Eден може да биде игнориран, ама кога би реагирале илјадници, друга плоча би се вртела.
     
    На LivingGlam, baba Rada и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Е тек кога би реагирале илјадници нема со прст да мрднат..
    Немаат толкав капацитет..
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    во тој двор си играат и деца. Да беше твое во таа градинка истово ќе го велеше? или откако ќе пораснат небитни се туѓите...
     
    На theowndemon, Someonespecial, MagsDestiny и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Епа нека не реагираат илјадниците, нека продолжат да кукаат како и секогаш, или да не се замараат се додека не видат некоја вест за напад од улично куче која ќе ги натера да паничат. I rest my case.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Деца да играат во двор каде што има опасни кучиња е за осуда а не за дискусија.
    Јас мислам за сите деца, за сите луѓе, не за моето или твоето....не ми е јасно ти како планираш да го решиш проблемот и како не те здоболе тебе за она детео кое што беше буквално изедено до коска од дивите кучиња..или тоа беше туѓо дете, тебе не те здоболе, нели...ете гледаш, јас сум засегната и преплашена за сите.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Прва работа, кога децата се пуштени во двор нема опасни кучиња. додуше нема никакви кучиња тогаш. конкретно кај нас навечер има кучиња оти тинејџери седат до доцна и пијат и остават врата отворена. Нема чувар.
    Ако не урлам по форуми -Отров му е спас! -не значи дека не ми е жал и грев. Можело да е моето дете. Мајка сум не сум безрбетник. Но смрт никому не му посакувам баш дека не сум тоа.
    Претходно спомна немало во двор да ги пуштаат децата .. а како таа жена да знае дали да ги пушти или не кога ете прв пат се случи тоа и фала богу немаше последица по децата. .!? Да не треба да го чешла двор за да не му текнало некој таму да фрли!?? Абе луѓе бе... не научивте дека се е карма. Ти ќе фрлиш туѓо да се отруе ама твоето ќе настрада. Кој кому копа гроб...

    И да се разбереме. Не велам дека е во ред тоа што се случува. Но пак бељата потекнува од човекот. Разберете го тоа веќе еднаш.
     
    На LaraSolare, CameliaMiller, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Лили душо, разбери едно само..се додека овие дебиливе и кретениве што се на позиции и кои треба да ни ги решат проблемите, а на жалост ич не им чуе стојко, ние мораме на голема жалост да се снаоѓаме како умееме.
    Јас имав куче, домашно(не е битна расата)со три награди цаци, кое беше нападнато од пит бул...јас знам што маки истргав, ветеринари, операции, плачење, стресови, пари идр....немој да мислиш дека мразам животни..но како беше она, поред сувото и сировото гори..или поред дивото и питомо ке настрада.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Извини ама ни тие не се криви што на некој му здосадило да чува куче па го пуштил на улица. .. си била ли некогаш во Вардариште? Сакаш да ти кажам опширно како е?? Човекот е крив за сево ова. Човекот. А потоа тие што седат во фотеља. И на крај и за тој што ништо не прави пак е крив човекот зашто го одбрал таков да седи... И на крај кај човекот крив па уште и човекот труе. ЖитИ се !!!
    И баш како што кажа-"поред тоа и тоа оди . Поред куче и дете ќе се затруе. Дете фаќа по земја. Бере цвеќе трева ... мириса цветови..
    Отров не е решение !!!!
     
    На LaraSolare, CameliaMiller и Cosmi им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Боље отров отколку да почнеме со пиштоли и пушки..инаку отровот не е толку лесно достапен за децава, па гледаме што фаќаат..искрено јас не сум ставила отров никаде и незнам колку е штетен за деца, во колкава доза и сето тоа, но верувај дека пријателкава што е сега во болница и нејзиното дете, исто и сите напади до сега од чопорот на кучишта што беа врз луѓе, толку ми ја скаменуваат душава што се би направила за некаков спас од нив...најлошо е кога се чувствуваме безпомошно и оставени сами на себе да се снаоѓаме.
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е проблемот, што ненормалниве со отрови НЕ ги ставаат онаму каде што има опасни/бесни кучиња, туку на рандом места... Неколку пати имам слушнато/прочитано за миленици и мирни маалски кучиња што настрадале од тие отрови, пред некој месец во Ново Лисиче така беше отруена една кучка што преку 10 години ги пречекува дома луѓето, ја сакале сите таму, посебно децата...
    Си има институции и за агресивни кучиња, и за овие со отровите. Јас со мои очи да видам некој каде што става отров, би го пријавила и око не би ми трепнало. Се знае какви луѓе со какви тенденции може да бидат таквите.
     
    На Matotheja, Amellie13, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.699
    Пол:
    Женски
    Во право е LiliBoz.Отровот не смее да биде решение.Такви садистички пориви се решаваат кај психијатар.
    Јас не би можела да убијам куче .
    Башка многу повеке напади има од кучиња со сопственици него ли од улични,што само по себе сугерира дека проблемот е во човекот.
    Ние не знаеме да го решиме проблемот со уличните кучиња.Во Турција прават импровизирани хранилници ,па кучињата не се гладни и се мирни.
    Ние знаеме само за убивање со отрови или со пушки ,зарем тоа доликува на човечко суштество?
    Не сме единствени на земјава живееме заедно со нив.
     
    На LaraSolare, UnordinaryOne, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Полека девојче, немој одма со навредливи мисли...како што тебе ти жал за настраданите невини кучиња, така и нас ни жал за настраданите невини луѓе.....Во дворот на градинката во мое мало има кучиња, шприцови, игли...се има, само лулашки за деца нема.....Ова е Македонија душо.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Немој мене да ми се лигавиш со души и срциња, многу убаво се знаеме по форумов, патетично е.
    Со која дрскост тука делиш на некои „мене/ние“ и „вие“ што единствено ви е жал за повредените луѓе? Демек само вам на вжештените глави што повикувате на расфрлање отрови, ви е жал за нападнати луѓе од агресивни кучиња?!
    И нема никакви навредливи мисли тука, ти повикуваш на кривично дело, ни помалку ни повеќе - не знам колку си свесна.
     
    На LaraSolare, UnordinaryOne, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    А зашто пушки? Див запад ли сме? Толку ли ни е културата? Како тоа негувателка со 33 деца да гледа у исто време кое што ќе фати. Уствари 2 се ама пак е малку.
    За дете да се затруе треба да вдише само ронка од отровот. Кучињата се поотпорни од децата нормално затоа и во поголема количина се фрла ..
    Ја збориш пријателката.. греота е тоа што се случило. Жално е. Да имало тоа куче чип одма ќе се знаело кој го пуштил на улица па нека одговара на суд. Ама верувам немало.
    Ќе ти кажам и како човек со куче која одговорност е сето тоа да не касне да не исплаши да не било што наштети но мојот има чип. Ако некој има штета од него без разлика на ланец боже мој знае да се скине- бујрум нека ме тужи. Ќе се докаже дали е навистина од него каснат колку е каснат и све. И јас ќе одговарам. И пак ќе речам. Не за отров. Не за кољање. Не е начин !!! Не во денешно време.
     
    На LaraSolare, CameliaMiller, MagsDestiny и 2 други им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Се те разбирам, не е начин..но ајде де кажи решение, кажи нешто ново..гледаш дека години си одминуват, број на повредени се зголемува..дај предлог, нема потреба да се навредуваме, треба да се подржуваме и да си помагаме.
     
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Токму така не треба да се навредуваме. А кога сме кај тоа те читам како ја навредуваш спеш и се чудам. Демек нели постара помудра ама ко генерација да сте се однесуваш. На страна тоа. Чаре -повеќе стационари за почеток. Подигање на свест кај народот. Кога ќе се зима куче законски да мора веднаш чип да се стави та и да го пушти да го репнат казна јер македонче само кога по џеб го мават го боли. Е тоа е чаре.
     
    На LaraSolare, Amellie13, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  20. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Прво покажувате агресија и повикувате на насилство (тука спаѓа поставувањето на отрови и пушките, има и такви случаи во земјава) па после се правдате како барате мирољубиво решение ама крива е државата што не презема ништо, па вие најхумани од сите ќе ја преземате правдата во свои раце. Неправди и лоши работи постоеле и ќе постојат, ама свесно повредување на друго суштество спаѓа во групата на психопатско однесување од страна на човекот, па лутете се колку сакате. Случајот е на исто рамниште како кога човек ќе повреди друго човечко суштество или не дај боже дете, па прво што го правиме во тој случај сигурно не е посегнување по оружје или убиство на таа личност. И не ми кажувајте дека има надлежни за тие случаи, знаеме како функционира и тоа во државава. Но, доколку нападнете човек ќе бидете казнети. Е сега во случајов со кучињава ви се може, институциите не реагираат на отровите па ајде ќе убиваме и повредуваме само бидејќи нема да имаме никави последици од тоа, а наводно сте го решиле проблемот. А знаете што се случува тогаш? Некое мирно и прегладнето куче ќе помине од тука надевајќи се дека нема да го помине денот со празен желудник а наместо тоа ќе умре во најголема болка и агонија. Дали вие имате барем малку свест и разум па да се заинтересирате како убива отровот? Што всушност му се случува на тоа суштество кога ќе го изеде последниот оброк во својот живот? Немој само да ми кажеш дека тоа е само куче, кучињата се интелигентни и премногу посветени суштества и да, замисли исто чувствуваат болка како и нас. Тоа што постојат агресивни кучиња никој не го оспорува и никој не кажа дека не треба истите да бидат тргнати од улица. Но да поставувате отрови со оправдување дека сите кучиња се агресивни е исто како да посакувате крај за човештвото со оправдување дека меѓу луѓето постојат манијаци, психопати кои свесно нанесуваат болка на останатите живи суштества. И еве и да не ви е грижа за кучињата, ама што правиме со шаната човек или дете да настрада од отровот? Зарем чекате тоа да се случи за да се свестите? Цело време напаѓате со исти аргументи и се вртите во круг, ама немојте да бидете до толку несовесни и да го доведете во опасност животот на некое дете, не е прв пат да се поставуваат отрови до градинки. Ме иритира фактот тоа што глумите богови па сте решиле свесно да поставувате отров, да не дојде до ситуација некоја мајка да го изгуби детето заради вашиот начин на дејствување па да биде доцна за каење!
     
    На dayla, christinnn, MagsDestiny и 2 други им се допаѓа ова.