1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски
    :?: абе ајде..опасност

    1996-97 година, околина на Марков Манастир
    Јас дете, се шетав покрај река како и 100 пати до тогаш..
    Прво дојде едно огромно куче, почна да лае по мене. Се здрвив, мислам од место не мрднав. Од лаењето дотрчаа уште 2или3 беа..
    Сите почнаа да лаат по мене и да ми се приближуваат се поблиску...
    И тогаш почнав да викам по татко ми, демек ќе ме слушне толку далеку...
    Кучињава беа може на 20цм од мене, да направев некој ненадеен потег гарант ќе ме искасаа без пардон
    Меѓувремено нашето куче ме слушнало, дотрча и останатото не сакам ни да го раскажувам:sweat:
    Јас избегав кога го видов него а тој душа паметна не ги пушти да трчаат по мене.
    Се врати целиот раскрварен:|

    Да појаснам, тоа е ничија земја, патека за шетање покрај река. Не бев влезена на туѓа територија па да ме нападнат..
    А згора на се, таму израснав што се вика, тие кучиња ме знаеа многу добро, сме им давале јадење, сме ги галеле, сме си играле со нив..

    Имам и друга немила случка, ама не е за на темава..

    Од друга страна, иако нападната во 2 прилики јас сеуште обожавам кучиња. Повеќе од било кое друго животно.
    НО да ми кажувате дека СИТЕ улични кучиња се душа невидена, епа не може бе...
    Во кој филм сте влезени?! Знаете дел од нив колку болести носат со себе?! Значи ДЕЛ..да не скокнете сега сите заштитници..

    И јас порано волонтирав во Анима Мунди и јас помогав на плоштад да се вдомат кученца, ама сите тие беа вакцинирани, прочистени, дел од нив кастрирани.. со еден збор прилично здрави кучиња
    Ама откако почнаа да се занесуваат до бесвест, стојам што е можно подалеку од нив, дури и ми се гади од некои нивни зборови и постапки:puke:

    Не бидете и вие со испрани мозоци, размислете со своја глава
     
    На Јаневски, kim.k, Quuen и 5 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Играј ти само на таа карта дека кучињата не напаѓале од чиста мира па еден ден(не дај боже) ќе ми дојдеш на работа и ќе бараш вакцина за беснило. Знаеш ли ти колку има нападнати, гризнати а и осакатени луѓе од кучиња!?
    Незнаеш,штом така збориш и мислиш.
    Секојдневно на работа одам со велосипед и имало денови кога по цел километар трчаат по мене бесни диви кучиња..а што сум им направила кажи ми ти мене или не им се допаѓа бојата на точакот мој!?
    Ај само една случка ќе кажам- Седиме друштво пред сендвичара на клупи и јадеме хамбургер...од незнам каде се дотрча пит бул и другаркава ја нападна од грб, ја загриза одпозади и не ја пушташе..абе тоа беше хорори невидени..не би сакала понатака да раскажувам оти може да дојде до препознавање...

    Една поука од мене до тебе- НЕМАЈ ВЕРБА ВО КУЧЕ !!!!
     
    На Јаневски, referentka, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Ајде ова шо го пиша можеби има некаква логика ама за пит бул да кажиш дека нападнал другарка ама пит бул не улично куче и е опасно што по правилник е да има маска на устата
     
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.300
    Пол:
    Женски

    Ja bi postavila vakvi ... :?: mozebi ke se od korist .. :?:
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски
    А пит бул не може да стане улично куче?:?::?:
    Се откажува сопственикот од него, го остава некаде на улица и ете го..улично е. Без маска..
    А колку може да биде мил пит булот, ни пудла не може..
    Ако е така воспитан(fingers)
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Пит булот беше со газда, на ланец врзано но немаше маска и тоа што се случи дури и сопственикот на кучето се чудеше оти никогаш немал проблем со него, никогаш не нападнал..остана енигма таа работа. Моабетот ми беше во контекс со да немаш верба во куче, затоа тој инцидент го спомнав..ти сигурно знаеш многу повеќе штом си љубител на животни, знаеш сигурно и дека леси кучињата кога ќе остарат ги напаѓаат своите газди.
    Отидов надвор од темата, сакам да ти кажам дека немам срце и душа, за да удрам или отепам некое животно, но не ги сакам во близина, што подалеку..оти и тоа малецко слатко кученце, еден ден ке порасне и ке почне да рже.:)
     
    На Јаневски, celineparis, Rakometar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Јaс ќе гo кaжaм спрoтивнoтo. СЕКOГАШ верувaј нa куче, зaштo гoвoрoт нa телoтo не лaже. Секoе куче пoкaжувa кoгa ќе нaпaдне, нo ние сaкaме дa бидеме жртвите и кaжувaме декa не сме виделе. А, aкo мaлце пoгледнеме, би избегнaле мнoгу несреќи. Кoлку децa зaвршиле сo oткинaти фaци рaди тoa штo рoдителите не ги тргнaле дoдекa ги тoрмoзеле кучињaтa... И кoлку луѓе зaвршиле сo кoнци пoсле шутирaње, и вриштење пo кучињa. Бaрем 90% oд случaите мoжеле дa се избегнaт aкo бил чoвекoт претпaзлив, нo винaтa никoгaш не смее дa биде нaшa.

    И не кaжувaм декa сите кучињa пoд дифoлт се фини и мили, дoбрo сум зaпoзнaенa сo кучешкaтa aгресијa кoн луѓе и други кучињa, нo дoбрo сум зaпoзнaенa и сo пoстaпките сo кoи мoжеш дa јa избегнеш. Мнoгу пaти ме "нaпaднaле" кучињa лaејќи, нo еднoстaвнo не реaгирaв бурнo и бев при себе, пa ни сo еднa рaнa oд кучешки зaб не сум зaвршилa.
     
    На Safira26, Irreplaceablee, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    А, кoнкретнo зa темaвa "спaс нa кучињaтa". Немa дa се спaсaт aкo се вoведе стриктнa кaстрaцијa и стелиризaцијa. Гермaнијa и Хoлaндијa немaaт регулaции зa кaстрирaње и стелиризирaње нa милениците, луѓетo тaму и вooпштo не ги кaстрирaaт милениците, oсвен aкo е зa здрaвјетo нa кучетo. А, 1 уличнo куче немaaт нa улиците. Кучињaтa шетaaт без пoвoдници и мaски, издресирaни се и дoзвoленo е дa се внесувaaт вo скoрo секoјa јaвнa устaнoвa. Нa прсти се брoјaт дебелите миленици и милениците сo нестaбилен кaрaктер.

    Глaвнaтa причинa зa сетo тoa е:
    -Стриктните регулaции зa рaзмнoжувaње нa кучињaтa и увoз нa кучињa oд стрaнствo. Пoвеќетo рaсни кучињa пoтекнувaaт oд прoфесиoнaлни oдгледувaчници кoи ги рaзмнoжувaaт сaмo нaјздрaвите и нaјстaбилните живoтни. Ги сoцијaлизирaaт и ги прoдaвaaт кутрињaтa нaјрaнo нa 2 месеци. Пoтoa, кoгa oди кутретo вo дoмoт, веднaш е ученo нa oснoвни кoмaнди и нoсенo е нa шкoли зa дресурa, кaде штo ги учaт кутрињaтa дa не реaгирaaт нa непoзнaти луѓе/кучињa и дa биде фoкусирaнo сaмo нa хендлерoт. Акo викнеш некoе куче штo шетa без лaнец, кучетo вooпштo не те регистрирa. Знaм, декa јaс бев изигнoрирaнa oд тaквo куче и ме зaчуди, a истoвременo и импресиoнирa.

    И секaкo, мoрa дa нaпoменaм декa ниту еднo куче не е "пoдaренo" без пaри тaму. Пoд 250€ не кoштaaт нерaсните кучињa. Рaснo куче, без педигре е 400€ (знaм тaквo куче и мoжaм дa гaрaнтирaм декa нa нaшите излoжби би oсвoилo бaрем кaндидaтурa зa интернaциoнaлен шaмпиoнaт).

    Нo, сепaк, стaнувa збoр зa друг ментaлитет и културa, штo кaј нaс не е тaкoв случaјoт. Бaрем, дoбрo е дa се знaе кaквa е сoстoјбaтa нaдвoр. :)
     
    На Safira26, 1209, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Погоре имаат пишувано причини за напад (ако е кучето гладно, претходно тепано и малтретирано, ако осеќа дека си на негова територија - сепак и на јавните површини тие си завземаат своја територија и ја чуваат)...
    Ама има уште една причина, а оние кои имаат дома куче веројатно ја знаат: кучето ја чувствува енергијата на луѓето.
    Ако од некого осети негативна енергија (иако за вас тоа е добар човек можеби) кучето знае да лае и р'жи и да се однесува заштитнички.
    Јас имам мирољубиво куче и на неколкумина кои доаѓаат дома (колку и да се убави со него и да го тинтрат) тоа не може да ги поднесе, им лае и ич не ги сака.
    Спротивно, на оние кои си ги сака, преубаво е со нив, се радува кога доаѓаат дома.
    Исто и надвор кога шетаме, изненадно знае да лавне на некого, значи тоа куче си чувствува нешто што ние не го гледаме.
    По мое мислење, ниеден напад од куче не е без причина, без причина не напаѓа ниедно животно. Мора да има нешто, а тоа нешто можеби ние не го гледаме.
     
    На Irreplaceablee, andromedae, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    5.062
    Не е исто домашно куче и улично.
    Смешно е да се споредуваат ситуации.
    Мене лично ме има нападнато улично куче и мака видов после со инјекции.
    Нека се направи шинтерница и нека ги чуваат таму. Многу често ги вакцинираат кучињата и после одат по населби и насекаде оставаат по неколку.
    Не порекнувајте, сум видела со сопствени очи, навечер се случува тоа. Ама што можам јас да направам?
    Вријат кучиња по паркови, каде носиме деца да си играат.
    Не секој сака животни и не секој знае како да изреагира кога некое ќе почне да го напаѓа.

    А за сите оние кои со живот ги бранат кучињата и покрај тоа што напаѓаат луѓе, нека дојдат кај мене во населба и да си ги земат дома. Имаме и повеќе од доволно...
     
    На Јаневски, referentka, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И мене ми е проблем од уличните кучиња додека го шетам моето куче (некои места ги одбегнувам).

    Ама се додека постои поделеност во народот - дел се за шинтерница, дел сами ги хранат и им бараат дом, дел ги трујат на своја рака, дел ги тепаат, дел само плукаат, на дел баш им е гајле како ќе е, НЕ може да се среди проблемот.

    Констатиравме дека постои проблем, ама проблемот ќе се реши кога свеста ќе се подигне на повиоко ниво, дека кучињата се живи битија кои чувствуваат и кои сакаат храна, заштита, љубов. И кога ние ќе почниме да гледаме на нив со поубави очи, ќе постои и целокупно залагање од самите луѓе да им се помогни ним, а воедно и да се потикне да се градат објекти за нив, да се чуваат, итн. се што треба.
    Како што и е во државите каде народот сочувствува со животните.
    пр. Кај нас на лето има случки каде покрај Охридско езеро, нашинци тепаат кучиња, а странци ги хранат и им прават документи да си ги земат кај нив.

    И на уличните кучиња не им е лесно, спијат секаде, под разни временски околности, не знаат кога ќе јадат, кој втаса ги шутира и мава со камења (јас тоа секојдневно го гледам).
    Најтрагично е што многу деца се однесуваат лошо со тие кучиња - дали децата се воспитуваат дома како да се однесуваат и кон животните и воопшто надвор во јавност ???
    За разлика од нив, моето куче е згрижено, најадено, добива внимание и љубов.
    Лесно е да плукаме, најтешко е да помогнеме ?

    Иначе мене никогаш не ме нападнало куче, но ме нападнале деца, во парковите се случува играат со топка, ненамерно (но некогаш и намерно) сме јаделе по глава, на плажа исто, мерак им е да прават будалштии, ме има на кафе удрено со кондурчето в глава, со стап кога фучело во парк, турнато по пат...итн. Децата знаат да бидам многу насилни и невоспитани.
    Ние порано имавме почит кон повозрасните и имавме однесување, а сегашните размазени деца се однесуваат како терористи.
    И плус, моето куче нема нападнато никого, но кога доаѓаат дечиња редовно знаат да го гњават, до тој степен што моето куче повеќе не ни сака деца (а, за ова ми се имаат пожалено и други сопственици на кучиња).
    Така да, може да направиме и една петиција за зашита од насилни дечиња.
    (Со ретка чест на оние убави дечиња, ги познавам и такви и ги обожавам).
     
    На 1209, andromedae, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Имa шинтерницa и убивaни (хумaнo еутaнизирaни) се 80% oд кучињaтa. Причинaтa штo не се нaмaлувa брoјoт нa уличните кучињa се сoпствениците кoи сметaaт декa нивнoтo куче сере винoжитo, пa мoрa дa гo пaрaт... А, тие се пoгoлемиoт дел oд сoпствениците нa кучињa, вo Мaкедoнијa, a и другите земји.
     
    Последна измена: 13 февруари 2017
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    5.062
    Без разлика. Јас лично и покрај се сакам кучиња.
    Ама муабетот ми беше дека врие во градов од улични што во секој момент може да направат белја.
    Летоска случка, си идам од работа накај Веро Џамбо и едно големо куче почна да иде по мене.
    Не изреагирав ништо, продолжив да си одам. Кога оддеднаш почна да скока по мене отпозади.
    Ме извади од памет и среќа бев блиску и влегов во трговскиот. Кога кучето иде по мене и внатре.
    Одвај го избркаа од обезбедување.
    И кучето се налути, почна да лае и да ржи.
    Цела драма беше во Веро.
    Сум се тресела цела.

    Од вакви ситуации ми е страв.
    Болести шират, остајте друго.
     
  14. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Сooчи се. Не знaм штo другo дa ти кaжaм. Мaкедoнијa е земјa сo 0 културa, џaбе зaкoни кoгa ни идиoтите штo ги смислиле не ги пoчитувaaт. Јaс личнo не сум имaлa, и немaм прoблем сo кучињa. Секaкo декa сум нaишлa нa aгресивни, нo еднoстaвнo бев при себе кoгa реaгирaв и не зaвршив сo некaкви пoследици.

    Мислaм вo секoј пoглед Мaкедoнијa е земјa без културa и зaкoни, a верувaм немa "будaлa" тукa кoј целoснo ги испoчитувaл сите дo еден. Живелa aнaрхијa. :muscle:
     
    На Shery и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Изгледај те го видеово и сами одлучете кој е виновен

    Пак човечки умоболни луѓе,жал ми е ради овакви гинат и невини луѓе,а виновници се кучињата ,не тие се само живи суштества кој биле чувани,напуштени,тепани,фрлени,без леб и вода а сега мислат дека секој човек им е непријател,затоа и напаѓаат пред тие да бидат нападнати,но ако осети дека нема опасност се повлекува,освен за слични случки како видеото и стотина други
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    173.503
    Пол:
    Женски
    Факт е дека за огромниот број улични кучиња и мачки исто така, одговорен е исклучиво човечки фактор. Исто и за нивната агресија крив е човекот.

    Но, решение не е да останат на улиците. Уличните кучиња не се среќни. Не се ухранети, претежно се болни и немаат долг век. Животот на улица им е тортура. Тие мора да бидат тргнати од таму. И мора да има закон со кој дебело ќе плаќа оној што ќе напушти миленик. Само санкции можат да го одвратат овој народ од нешто.

    И никако не е точно дека куче исклучиво напаѓа само ако е испровоцирано. Има кучиња кои се агресивни повеќе од останатите. Има кучиња кои одредена територија на која се движат ја сметаат за своја, па напаѓаат кога сметаат дека "странец" им упаднал, а ти само си поминуваш и не си ги ни приметил. А последните се најопасни. Оние кои напаѓаат поради глад. Најчесто во зима, кога до храна потешко се доаѓа.
    Епа не сакам да бидам жртва нит на едните, нит на другите, нит на третите, само зошто на некој идиот му здосадила "играчката" и ја пуштил надвор. Па овде некој да рече дека "изигравам" жртва, а сум била нападната и не, не го видов кучето до моментот кога ми се пушти. И ако некој има време да застане и исфилозофира па успат и семинарска да изработи за говорот на телото на бесното куче на кое можеш да му ги изброиш сите заби додека се приближува кон тебе нека.. ја во тие 2-3 секунди успеав само да се помолам да ме стрефи срце, за да поминам побезболно...

    Како човек кој бескрајно сака животни, и израснав со многу кучиња за кои се грижев, овој проблем со уличните страшно ми смета. И ниеднаш не се мавав во гради дека мое е па можам да му верувам. Не за џабе се рекло, рани куче да те лае. Никогаш не се знае кога може да нападне.
    Колку често себе си знаеме да се изненадиме со постапка која од себе не сме ја очекувале.. зошто тогаш да бидам сигурна во животното? Реторичко е.
     
    На celineparis, Antebellum, sanjaeva и 5 други им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    http://24vesti.com.mk/glutnica-kuch...evsko-so-teshki-povredi-zavrshilo-na-urgenten


    :x :x Сега ќе скокнат одма од анима мунди :x

    Ма за вакви кучишта скитници само убивање на лице место.
    Со страв по улица да одиш и со страв да погледнеш некое куче...пошто ако осетело скитникот опасност ќе те изеде жив :x

    4 годишново дете сигурно им претставувало ОГРОМНА опасност (facepalm)
    За живот се бори кутрото.
    Замислете низ кои болки и трауми поминало.

    Или нека си превземат соодветни мерки од државава т.е. од секоја општина посебно, или кој како знае нека се справува...отров, пиштол, митралез, топ, нож...што ќе ти дојде при рака, кога ќе те нападне гладниот ѕвер.
    (facepalm)
     
    На Cinderella12, snegulkata, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    ----
    Izvor: http://sitel.com.mk/drama-vo-kichev...etence-se-bori-za-zhivot-go-iskasale-kuchinja
    ----
    Македонија17. March 2017 - 10:10
    Драма во кичевско: Четиригодишно детенце се бори за живот, го искасале кучиња

    [​IMG]

    Четиригодишно дете од кичевско Бачиште во критична состојба вчера било донесено во скопскиот Ургентен центар. Од полицијата информираат дека детето било нападнато од кучиња.

    Инцидентот се случил вчера околу 11:30 часот кога детето излегло од куќата и преку нива сакало да помине за да отиде во соседната куќа.

    Во тој момент било нападнато од кучиња кои дошле од соседната штала со овци во сопственост на Ш.В. (49) кој кучињата ги чувал пуштени.

    Од полицијата велат дека извршен е увид, а по целосно документирање на случајот против Ш.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
    ----

    ----
    Izvor: http://sitel.com.mk/detali-za-zdrav...padnato-od-kuchinja-napadnato-ushte-edno-dete
    ----
    Македонија17. March 2017 - 12:45
    Детали за здравствената состојба на детето нападнато од кучиња, нападнато уште едно дете

    [​IMG]

    Четиригодишно дете од кичевското село Бачишта, се здоби со тешки повреди во пределот на стомакот, градниот кош и главата, откако вчера беше нападнат од повеќе кучиња. Поради сериозноста на повредите, малолетникот, од Општата болница во Кичево каде му била дадена првична неопходна медицинска помош, итно е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, информираат од СВР Охрид.

    Како што претходно објавивме, настанот се случил вчера околу 11 часот во селото Бачишта во момент кога детето само излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива сакајќи да појде до соседната куќа каде што се наоѓал неговиот татко. Тогаш, него го нападнале повеќе кучиња скитници, но и кучиња кои се појавиле од соседната штала со овци, сопственост на лицето Ш.В. (49) од истото село кој кучињата ги чувал пуштени односно необезбедени.

    -По консултации и дадени насоки од Основното јавно обвинителство во Кичево, на местото на настанот извршен е увид по што ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против општа сигурност, информираат од СВР Охрид.

    Од полицијата додаваат дека вчера во полициската станица во Кичево беше пријавен уште еден настан-напад на кучиња скитници врз малолетник роден 2011 година со нанесени повреди од каснување во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил префрлен во Општата болница во Кичево каде по дадената лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

    -Инаку, од почетокот на годинава, до денеска, во полициската станица во Кичево пријавени се вкупно единаесет случаи напад на кучиња врз луѓе од кои шест во градот Кичево, четири во селото Бачишта и едно во селото Србјани. Во текот на 2016 година, пријавени се вкупно педесет и четири случаи напад на кучиња од кои, триесет и девет се во градот Кичево и петнаесет во околните села, говорат податоците на СВР Охрид.
    ----
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Сега читам нови информации во врска со ситуацијата, и детето тешко дека ќе преживее.
    Му ги изеле и бубрезите и слезината, и повреден му е цел граден кош.
    Операцијата долго траела и многу е критично.
    :(

    Душичка мала... Тешко на родителите и на сите блиски.
    Го пушташ детето од дома здраво и живо, а ти го враќаат изедено од кучиња.

    Ај скитниците биле гладни, а тие од комшијата?
    Овчарски кучиња...
    Верба во пес никогаш да се нема... Ова е излезено од секаква контрола.
     
    На celineparis, Cinderella12, snegulkata и 2 други им се допаѓа ова.