Можам што со што сакам да споредам. Не ми треба почит од тие "што не сакаат" куче, или планираат како да ги убијат, за нив прво јас не мислам ништо добро и ги сметам за најдолни суштества на светот. И се' зло што ќе направат - се надевам трикратно ќе им се врати. Со свој стап по своја глава.
Да знам дека џабе е да пријавам во полиција и да пријавам он може да дознае,а понатака не сакам да си имам проблеми со таков човек. И анонимно да биде барање до општината да му ги земе и да ги даде каде што треба. Тоа што им се случува е многу жално. Се надевам дека ќе најдам решение бидејки цел комшилук ќути И НИШТО НЕ превзема во врска со овој случај што веќе со години траае ,а само се жалат од лааењето и тепањето на кучињата и може им е страв да пријават
Супер за нас. Доле имам 5,6 вакви. Имаш двор? Ќе ти кажам каде да дојдеш па гушкајте си ги, ранете си ги, ја раат ќе си шетам - сите среќни. Без труење, оти и ја сум против. Живот си е живот, дали човечки или кучешки ...
За глупости се карате. Вината лежи во државата,а не во нас самите. Се би се решило кога би имало објект за кучиња скитници, кога некој би сакал да инвестира во нив. Никогаш нема да се реши оваа проблематика.
Ке одите во општина и ке пријавите кај комунален инспектор,одма реагираат,ке го пријавите сопственикот за несовесно чување кучиња,плус се што ви смета,веднаш ке дојдат по пријава да направат увид на лице место.
Редовно хранам маалски скитници,никогаш проблем со нив,не се тепаат за храна ,не лаат,мирни и златни,но затоа проблем имам со еден маалски фраер и неговиот боксер кој го шета без поводник и редовно ги брка маалскиве ,а јас моите (имам 2 мали)во раце и бегам дома. Јас имав паничен страв од кучиња ,а сега имам две( секаде ги носиме со нас на одмор во грција секоја година одат,чипирани,вакцинирани,таблетирани),но проблем е тој ирационален страв,па стравот е преголем од реалната опасност од уличните. Односно поголем страв треба да имате битанги сопственици и нивните кучиња,овие уличниве се желни само за храна и некој да ги помилува.
@Izdrzliv Мојата кучка е мелез, џукела, како сакаш кажи. Ја чуваме со сите нишани. Од храна, вакцини и витамини, до редовно бањање и чистење на нејзиниот бокс (каки секој ден собираме, еднаш неделно рибање со вода, а преку лето и почесто) и шетање (секој ден). Никогаш не сум имала куче со педигре и никогаш нема да имам такво. Никогаш нема да дадам пари за куче од одредена раса, барем не додека има толку многу мелези кои чекаат топол дом. Исто така, да напоменам дека луѓето кои чуваат мелези не се реткост. Јас, другарка, другар и уште неколку луѓе имаат кучиња мелези кои се прекрасни. Ова се луѓе за кои со сигурност знам дека немаат расно куче, сигурна сум дека има многу повеќе такви. Не знам дали имам пишано, ја шетам кучката редовно и до сега не сум имала проблем со кучињата скитници. Не сум имала инцидент и кога сум била сама. Всушност, ме има каснато малтезер, со педигре кој чини 300 евра. Сопственичката го држеше во рака а јас сакав да го погалам.
Јас се плашам дека така само ќе си направи проблемот со соседот, кај нас полицијата сигурно нема да се заангажира да врши редовни контроли или да ги одземе кучињата. Многу лоша ситуација, на ваквите луѓе дури и да им ги одземеш кучињата ќе земат нови и истото ќе го прават. Сепак прво побарај совет од некое од здруженијата, верувам дека ќе ти пишат што би можело да се преземе во случајов, анима мунди имаат и свој адвокат кој реагира во вакви случаи.
Глупи прашања - глупи одговори. Кучето и мачката ми се џукели, од улица. И колку што луѓето можат да бидат на улица, толку и кучињата можат. Од таквите просеравања "земи си ги" ми е преку такво дојдено. Ќе си ги земам истиот ден кога ќе си ги соберете луѓето за кои толку се грижите. Не знам што е нејасно. @Rebecca_R ни мене ни дечко ми куче улично не' нема нападнато никогаш, а дм го касна мини пудлицата на мојата комшика од кај неа дома, кај нас во двор се стрча и право за нога го фати.
@CameliaMiller примериве ни се банални, ама навистина ми е преку таквото кога ке прочитам дека џукелите напаѓале. Наводно куче кое е чувано дома и постојано е со луѓе, а покрај тоа е од некоја раса, не напаѓа. А ова со земи си ги е смешно, небаре они земале бескуќник дома и кревет му наместиле да преноќи.
@CameliaMiller @Rebecca_R Немој да мислите дека сакам да ви се противам,ја кажувам и едната и другата... Средина.. Значи чувам куче,сум чувал и мелез,намерен мелез... Сакам кучиња,сум гризнат, многу сум против труењето и лошото чување. Да се прашувам јас би направил и прирачник за чување на куче..а не земи влечи го по тебе на шетање низ мало и тепај го Заш несака да оди. Да ме разберете за,, мелезите,, Не се сите мелези агресивни,агресвни се оние со лошо фкрстување.. И сите во скитниците не се агресивни, но едно да е сите се рачунаат...зошто живеат во група Дури и сегашните,, оргинални раси,, се добиени по пат на вкрстување.. И тоа со намена! Прочитајте малку по нет.. Видете само за германскиот ротфајлер... Или за,, стафорд,, Или за канекорсо Уште еднаш за да не ме сватите погрешно.. Не сум против кучињата,нити омаловажувам за мелезите..
@Izdrzliv е каде го прочита ова со лошо вкрстување? Сериозно, дај линк или посочи каде да читам. До сега немам сретнато дека кучиња се агресивни поради лоша "спојка". И кои се тие спојки? Како да препознаам кое куче мелез е агресивно а кое не? Куче може да е агресивно ако е гладно, тепано или малтретирано, што не мора да значи, знам кучиња кои се гладни и не можат да отворат уста или тепани се и бегаат од луѓе. Го знам она старото дека куче хрането со живо месо може да касне ако намириса крв, ама на форумот прочитав дека кучиња се хранат со сирова храна, значи ни тоа можеби не е точно.
Немам поим од што е мелез мојот, го најдов на улица, го донесов дома. 9 полни години е мој плишко. Исто толку нема покажано ни најситен знак на агресија.
https://www.blic.rs/slobodno-vreme/mesanac-psa-i-vuka-neodoljiv-ali-i-opasan/cekqeee https://www.google.com/url?sa=t&sou...FjAHegQIAhAB&usg=AOvVaw145EuZRkuZe2MyYlxYKFq6 http://opusteno.rs/svet-zivotinja-f109/belgijski-ovcar-t14339.html https://www.blic.rs/slobodno-vreme/grrrrrr-zasto-su-neki-psi-toliko-agresivni/d418brn http://paszavas.com/ovo-su-najpopularniji-dizajnirani-psi-nastali-ukrstanjem-sa-pudlom/
Да и јас размислував за проблеми со него искрено не сакам бидејки таткоми со него добро стои и таткоми му има зборено за кучињата и одговор од него секогаш е ист следен месец ке ги дадам и секогаш така. И пак по старо си тера. Ќе побарам совет баш од тие здруженија за случајов. Многу сакам животни сум чувала 8 мачки имав и кутре ама ги чував како да се луге а не животни ама соседов немам коментар за него.Има болна ќерка девојчето е душа иде на хемотерапија и наместо да ги однесе да ги даде на некој кучињата он и покрај тоа уште ги чува и лаат како не му е жал керкаму сето тоа да го слуша во таа состојба човек без душа! Секој ден зазвиваат многу лошо се случува и мегусебно да се тепаат кучињата Фала ви многу на сите.
Колку што имам забележано, проблемот со кучиња скитници е најчест за време на поладните денови. Тоа ме тера да мислам - гладни се. Така да радо би фрлила јадење на некое улично куче, него да бидам во ризик да ме нападни. Иако многу сакам кучиња, скоклива сум, тоа е факт. Ама и тој факт што некогаш знам да се уплашам од група кучиња кога бегам сама накај дома, не го менва фактот дека следниот ден ќе одам до продавница и ќе му земам нешто. За вакви примери имам многу. Куче во најблискиот парк го имаше некој фрлено. Поточно, кога излегував видов како го остава човекот само си реков си се шеткаат, често носат кучиња тука кога нема деца, ги одврзуваат да потрчаат и после си ги земаат. Ова исклучиво кога нема луѓе. Е и на враќање го најдов кутрето. Па трк назад во продавница и му давав за јадење зошто таму деца играат во паркот. Мало беше, ама е гладно и шуткано, се зголемуваат шанси за напаѓање. И го ставив во групи за животни и кучето беше здомено по недела дена. Ако никој не го ранеше, ај летно време ќе се снајди некако, на зима што? По децата дур си играат во паркот ќе почнеше да напаѓа? До сега едното вдомено, друго привремено вдомено, имам чувано мелези. Едното за жал, не е меѓу нас, а другата беше трудна женка која ми беше жал да ја остам на улица, на зима, пак од исти причини. Прво трудна е, се жртвува живот на неколку (пет беа) кучиња, зима е и има потреби за јадење, а зошто е трудна има многу поголеми потреби за храна. Па старата куќарка од кучето ја спремив и спиеше таму дур не се окучи, па после најдов многу добар човек кои ги сакаше сите кучиња и кучката (кучката за него, а кучињата по едно за секое внуче). Зошто ми е во близина имам и видено дека се добро чувани сите. За луѓе кои чуваат мелези, не знам ни од каде да почнам. Само зошто се мелези не значи дека се агресивни. И тие заслужуваат љубов. И сега за сировата храна. Имам комшија касап, и имаме едно маалско куче тука. Хрането е со сирово месо од денот кога си дојде само во маалото и сите си го засакавме, особено касапов. Кучето е тука скоро 5+ години и кон луѓе, зошто нели тоа е важно на темава, нема изразено никаква агресивност. Никаква. Мелез инаку. Многу често и мачките мои му се моткаат пред очи, му мафтаат со опаши, ама не се ни има обидено да му лае, а не пак друго. А, големо куче е, ако сака можи одма да ги фати. И знам дека веројатно е страшно да те нападни куче. Ви верувам, искрено. Сите имаме стравови, некои рационални, некои не. Ама секој страв е реален за човекот кој се плаши, ама труење не е решение. Ама през ден фрлете леб што ви останал некаде подалеку каде знаете дека има кучиња само да не е ете во близина кај вас и шансите за безбедност ви се зголемуваат. Зошто која би била причината куче да нападни некој ако не е гладно? Не велам дека нема такви ситуации, од секоја генерализација има исклучок, ама забележете на темава кога се повеќето мислења пишани, во период кога кучињата се парат и се поагресивни, и на зима кога нема што да јадат. Имам роднина која беше касната од домашно, расно куче. Остана да не го сака само тоа куче, а да си чува куче, и рани улични и гали. Нели, свесност дека тоа едно е лошото, а не сите. Доста сега со приказни, имам пишано што мислам дека е решение за уличните кучиња што воедно е спас за луѓето, ама и за кучињата. Мислам дека секоја општина треба да биди обврзана да ги стерилизира сите улични кучиња и да ги обврзи сопствениците на кучиња да ги чипуваат своите, а па со тоа да се изостави можноста за фрлање на нови кучиња на улиците. Со тоа што уличните ќе бидат стерилизирани - нема да се парат и нивниот број постепено ќе се намалува, ама останува тоа дека зимски период ќе бидат гладни и мислам никој нема да не кошта многу ако фрлиме некоја корка во непосредна близина на улични, маалски кучиња. А со тоа што секој сопственик ќе го чипува своето куче, нема да има можност да го остави на улица и да остани неказнет за тоа. Труењето не е решение, или можеби само моментално, ама повеќе е одраз на некултура и нечовечност на најсвесното суштество на планетава.
Да ме насочиш каде да читам? Или уште подобро, да цитираш која спојка т.е. која џукела е агресивна и како да препознаам? Пример, јас знам моето куче каков мелез е, па да видам дали влегува во тој кош на агресивни кучиња.
Ne sum strucnjak... Doktor voopste... No ako procita niz linkovite kje svatese... Kje probam da ti najdam Los proizvod za fkrstuvanje... Nema tabela koj so kogo moze.... I nemora da znaci deka site melezi se losi...vo odnos na odnesuvanje... No znam deka loso vkrstuvanje Los proizvod znae da dade....pogotovo... Incest