Дојде кај мене да видиш што е. Спас нема. Да му е страв на човек да излезе од дома. Ма нека ги носат кај што треба. Имам комшии што се љубители на кучиња, па нека си ги чуваат дома. А не да се расправаат со оние што не ги сакаат кучињата. Пред некој ден за малку ќе ме каснеше куче. А Не дај Боже да ми касне дете.
Многу сакам кучиња. Ама ете немам услови да приберам едно дома. И да вдомам, едно ќе е, неможеш кучкарник дома да правиш Целта не ми е ТРУЕЊЕ. Само сакам оние што се бунат , да кажат начин како да запре ова
Kажано е сто пати низ темава, Референтка. Има решение - да се приберат во соодветни стационари и да се кастрираат/стерилизираат. Сопствеништвото построго да се контролира. Тоа е единствениот начин. За вакви случаи со каснување и напад од скитници, општините да се држат одговорни и да плаќаат огромни суми за оштета. Целта не ти е ТРУЕЊЕ, ама некако ко да ја оправдуваш цело време наназад.
Често се пријавува во оштина, ама џабе. Не сакаат ништо да преземат. Не биле надлежни. Ова не се издржува.
Кучињата не се криви што нивните газди ги чуваат док се мали и слатки,после ќе му прдне на ку*от и го фрла на улица ни кастрирано ни бутур па после зошто се размножувале и имало толку многу кучиња скитници. Ние луѓето сме криви за тоа,никој друг!
А зошто е детето виновно ако е каснато? Сестра ми пред повеќе од 20 години ја касна куче. А она ништо не му направи. Си играше надвор со децата. А кучињата скитници треба под итно да се приберат, за да нема случки како со труењата.
Самер никој не вика дека детето е криво,тие кучиња скитници биле нечиви миленици се додека некој не решил да го пушти на улица нестерилизирани,тоа ми беше муабетот.
Не се однесуваше тоа на тебе. Се нервирам кога на тв упорно се бранат кучињата, а се обвинуваат тие што се каснати. Пред некој дена си доаѓав од работа, со кеси во рацете. По мене почна да иде куче. Јас да не го повикав? Малку фалеше да ме касне. Траумата никој не може да ти ја надомести.
Не се бранат кучињата и не се обвинуваат каснатите,туку муабетот е дека тоа е проблем на луѓето. Кучињата нема сами да отидат у стационар и да се сместат,наша работа е тоа.
Секакви коментари сум прочитала на интернет. Косата да ти се крене. Под итно да се преземе нешто. Вака не бива. Неколку комшии постојано пријавуваат, ама џабе. Надлежните се глуви по ова прашање.
Aко те касне куче без никако да го предизвикаш, кучето е виновно. Општината е виновна. За тие до кои се пријавува а ништо не прават - отров во кафето. А ако по тебе почне да иде куче а ти се трауматизираш, извини ама... до тебе е. Да те касне или да те нападне па да се трауматизираш, разбирам. Ама ове не го разбирам. Не може цел жив свет надвор да го снема за да им помогнеме на луѓево да не се плашат. Некој се плаши од птици, пајаци, глувци, мачки, бубачки, пчели, луѓе... и шо да прајме сега?
А што ако ме касне? Себеси да се утепам или некој од надлежните? Општината никогаш не е виновна. Не знам зошто седат во фотелјите. Кога спомнав траума, мислев на каснување. Деца надвор си играат, а кучињата по нив. Не ги разбирам оние што ги чуваат кучињата, па после ги пуштаат надвор.
Прашајте ја мајка ми дали ги сака кучињата и дали и се мили итн итн она најдобро ќе ви каже пошо нејзината керка хоспитализарана еден месец у болница ја чуваше, лекови вакцини иникции штаки и инвалитски колички да застане човек на нога не може а каде се тука траумите и финансиите.. Вие немате појма како ми "дрхта" ногата покрај куче.. Мојот случај не беше обична касаница што мине за неколку дена Тероиите што си ги збоувате тука лесно е бла бла бла А праксата тек не ви посакувам да ја доживеете ко јас!! И пак ќе кажам не мразам кучиња и не треба да се трујат ама треба решение да се најде. Ама, нели се додека не ти дошло на глава можеш само да мудруваш и мудруваш Е јас сега не мудрувам само сакам да не видам куче до мене и околу мене кучиња не ме засегаат ич.
-До тебе е? Куче слободно пуштено на улица, секоја недела вести како некој е нападнат и ти велиш дека со луѓето што се плашат од одврзани улични кучиња нешто не е во ред? Треба да те нападне и касне па после да се трауматизираш? Треба став да имаш кон сите кучиња дека се мили нежни суштества и како кон такви да им пристапуваш и покрај вестите што се слушаат и читаат?
Не зезај, ако само видам слободно куче и да тргне по мене да се трауматизирам? Па мислам дека до мене и до мојот страв (неоснован) би било. Да видам дека е агресивно, тогаш ќе се плашам. На муабетов, си ја шетав мојава пред некој ден, на поводник најнормално. Човек (се плашел, го нападнало порано некое куче) оддалеку почна да вика и слезе од тротоарот, за малку ќе го изгазеше кола зашто тешко се кочи по снежниве неисчистени улици. Не го зафаќав цел тротоар, слободно можеше да помине или да ми подвикне, ќе застанев и ќе ја држев. Пробав да се објаснам, да му кажам дека е мирна и да не оди по улица, ама нема разбирачка со тие луѓе. Се плашел и ќе одел по улица. Океј. Извини, ама до кого е? До мене или до него? Тие што имаат страв од кучиња не се плашат само од скитниците. Скитниците и мене ми пречат. Треба да се регулира и да се контролира. Не знам дали имам пишано наназад, имав лани случај со глутници во маало, едното касна член на мое семејство дури дивееја и тој се обидуваше да ги раздели да не се дават. И не бега само што ќе види куче на улица. Секој со страв, било каков, треба да си поработи на тоа. Не може да ги снема кучињата. Скитниците може да се средат системски, но подолго време треба. Пак ќе има кучиња на поводник. Проблем е што тие што се плашат, и од нив се плашат.
Внука ми на пет години беше касната од куче. Фино и се објасни дека ако едно куче ја каснало тоа не значи по автоматизам дека сите кучиња се лоши и страшни. Сега има десет години и нема никаков проблем со кучиња. Знае дека ако не ги закачаш не те закачаат, и ја почитува нивната природа и инстинкт па не ги провоцира. Кучињата напаѓаат ако се почувствуваат загрозени, сепак се територијални животни водени од инстинкт за самоодбрана и преживување. И јас не сум некој љубител на кучиња, не би чувала куче, но човечноста ме тера да ги хранам уличните кои не се по своја вина на улица.
Паничен неоснован страв на кој треба да се работи е една работа, нормален страв од куче скитник или неврзано кое шета по улици е сосем нормален. Се појавува веднаш мисла како да одиш, како да реагираш, да намалиш, да забрзаш, да го игнорираш, агресивно ли е, не ли е. Навикнати сме биле сите на маалски кучиња кои ги познаваме, не познаваат, па сме шетале покрај нив слободно. Но тоа не значи дека секаде можеш така да шеташ и во сите кучиња доверба да имаш. Тоа што сме израснати со кучиња низ улици не го прави нормално. Доказ се нападите за кои се слуша редовно. Зошто во држави во кои не можеш да видиш куче на улица сите се плашат доколку сретнат случајно некое? Имаат сите проблем на кој треба да работат?
Интересно е што луѓе од тие држави воопшто не се плашат од скитниците кај нас. Напротив, тие се тие што се галат со нив и ги хранат. Кога ќе видиш група туристи во Охрид, обавезно две-три кучиња одат низ нив. Многу од кај нас се испратени во Холандија и Германија. Тие исти туристи праќаат донации и храна, и плаќаат пансион за истите кучиња од кои наши граѓани се плашат само ако ги погледнат или недај Боже некое тргне по нив. А кај нас ќе слушнеш и за куче на поводник - ааа чувај си го ти, ама во куче верба да немаш. Напади има. Не негирам. Мора тој проблем да се реши, и тука мислам дека сите се согласуваме. Ама исто така мислам дека има неоснован страв кај многу од нас. И заостанати сфаќања дека со отров се решава. И секогаш завршуваме со тоа дека отров не треба. Па пак ќе излезе случај и вест. И пак следат постови - вие што бевте против труење сега шо ќе кажите? И пак следат труења. Треба да се реши проблемот со скитниците. Ама и на народов наш треба да се поработи. ... се редактирав. Неубаво го прочитав тој дел кај што те цитирав. Всушност, од мое искуство гледам дека не се плашат.