Да ја бараш вината во несвесни суштества кои се водат по инстинкт и да бараш нивно "отстранување" без разлика дали со труење или не, на секој можен начин, те прави поголемо животно од нив. Не се криви ни каснатите, ама не се ни кучињата. Вината е во луѓето што ги напуштаат и не ги стерилизираат и до општините што не сакаат да одделат од џебот за еден салам стационар во секој град за хуман третман на животните каде ќе бидат вработени вистински љубители на животни. И полиција за животни која ќе осигура дека се почитуваат законите во врска со нив. Не знам по кој пат го кажувам ова ама тоа е единствено решение. Разбирливи се трауми од кучиња и се, ама тие сами по себе не се нашле на улица туку некој ги пуштил. Ама и овие порталиве претеруваат. Наслов: човек искасан од куче. А во текстот дека бил гризнат. Не е исто искасан да си и гризнат. Само омраза да се ширело. Correction: Треба да се вели, во човек верба да немаш.
луѓе јас некако не верувам во ова касање без причина. цел живот живеам во скопје. секогаш имало мн кучиња.СЕКОГАШ. Последниве неколку години им става огромен акцент на бездомните кучиња, како да немаме поголем проблем. Сега ќе Ви кажам зошто ЈАС мислам дека тоа е така. Не значи дека сум во право, само сакам да си го искажам мислењето. Скопјани од секогаш сакале кучиња, сме растеле со нив. Сум имала прилика да прошетам во скоро сите краеви на земјава, од села до мали градови, до поголеми градови, И како љубител на животни, едно нешто ми паѓало секогаш во очи. Кучињата во тие градови и села, се секогаш исто СКЕЛЕТИ И ПРЕПЛАШЕНИ. Ретко кое куче ми се доближило и да сум успеала да го погалам. Зошто? Зошто се плашат од луѓе. Зошто во помалите градови, не знам зошто ама едноставно имаат аверзија спрема животни. Не сите нормално.ама поголемиот број да. Никој не ги храни, преживуваат од ѓубре, едвај стојат на нозе, со опашот повиткан. Секој ден се шутирани и бркани. Додека во Скопје, можете да приметите дека кучињата се прилични дебелки и социјализирани, нема куче тука кое ако не го повикаш со насмевка нема да дотрча со распавтано опавче. Откако масовно се доселија од сите краеви од земјава, почнаа овие проблеми. Зошто? Зошто се мрзачи на животни, и кога ќе видат куче сакаат да го шутнат, и за разлика од преплашените кучиња од нивните градови кои веднаш би избегале со опашот меѓу нозе, кучињата од градов се научени на соживот и љубов,и таа ситуација не ја сфаќаат како секојдневие и реагираат. Сум имала неколку ситуации,кога сум била сведок на како извинете на назив ама провинција, лупа со нога во бетон и се дере мрш на куче кое лежи на улица и не се ни доближило до нив. И тие од страв и изненадување како рипаат и почнуваат да лаат нормално. И верувајте дека ПАРТАЛ СУМ ГИ ПРАВЕЛА СИТЕ ТИЕ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛА ДЕКА ТАКА ПРАВАТ. Не е проблемот во кучињата. Не го негирам ни фактот дека постојат кучиња кои се залетуваат без причина, нормално дека има, меѓутоа мнооооогу се ретки. Не сме само ние на планетава. Има и други живи битија ,и ова е нивен дом и тие заслужуваат да живеат тука исто колку ние. Тоа што сме ние најпаметни не ни дава за право да ги истребуваме. Мора да се научиме на соживот. Место мрш ако погалиме некое, нема да не направи помалце достојни. Ама иди објасни му го тоа на искомплексираното македонче.
Самер, замисли само да се појави попаметно и поеволуирано битие од човекот. Да ја насели планетава земја, и нас ,како поразлична раса од нив ДА НЕ ОДНЕСАТ КАДЕ ШТО ТРЕБА. Да не трујат и да не затвараат само ради тоа што им се може и затоа што се супериорни. Замисли не нас, жени,мајки и деца напикани во кафези без храна. И да не можеш да си помогнеш, и да си умираш бавно. Замисли да постои карма и тоа го снајде човештвото. Е тогаш колку ли би биле вака јаки и гласни и без емоции.
Не знам што е смешно. Сум за соживот. Сигурно не си од Скопје и одма се навреди? знаев дека погрешно ќе ме сфатат сите што не се од Скопје. Ама драга моја,мене не ми пречи тоа. Сопругот не ми е од Скопје. Ова е мое искуство, и мое мислење, нагласив дека не значи дека сум во право. И во Скопје има мразачи на животни ама сепак мислам дека во други градови е тоа понагласено, според состојбата и физичкиот изгледа на бездомните.
не зборам за тие во стационар, знам како изгледаат тие, хорор е. зборував за бездомните на улица,маалски миленици,што тука ги има во изобилие. секоја населба си има по неколку маалски кои освен редовна храна добиваат и таблети и вакцина. во други градови а често шетам, ретко гледам нахрането куче, или може не сум имала среќа да видам. а може и претерувам за скопје,и мислам дека се чувани,пошто ги ранам сите, и ги терапирам, а и неколку сум стерилизирала јас лично и сум си платила. др луѓе ми се смееле,како тоа сум трошела пари за такво нешто. како и да е,не сакам да дебатирам,мое мислење е тоа, макар и да е погрешно.
https://skopje1.mk/archives/27391 Масовни труења во Пехчево, од комунално ги креваат со багер и ги закопуваат додека се уште живи. Какви монструми, како можат воопшто да немаат емпатија. Многу е болно видеото.
Никој здраворазумен човек не би правел вакво нешто. Никој здраворазумен човек. Никој. Све то психопати.
Јавна тајна е дека најверојатно општината и градоначалникот ги трујат затоа што не знаат како да се справат со ситуацијата. Колку отруени миленичиња ајде, големите сорти се и разумни некако, убеди ти некое од малите да не пробува наоколу. Премногу миленичиња се отруја, премногу Само се прашувам чие е кучето што требаше да се отруе за да прозборува некој за ова. Не е од сега, со месеци е. Од пролетта/летото минатата година. Се ширеше видео од отруено куче што се исповраќа на сред центар, до детското игралиште. Одма до него деца си играат, го гледаат како се мачи и умира. Траума за цел живот да им остане, уште полошо, недај боже да се отруе и некое дете...
greska si..jas ne sum od skopje (mi e sram da kazam od kade sum) no moeto kuce i toa kako e nahraneto, i drugi mu davaat hrana go cuvav pusteno, cesto donesuvase koski koi nekoj mu gi dava , sega go cuvam vrzano otkako pocnaa da gi trujat , edinstvena mana i greska mi e sto ne mi e vakcinirano no ednostavno nemam pari za toa, .. n nemoj da tvrdis deka kucinjata na nas provincijalcite s zapostaveni i neuhraneti ili deka gi mrazime ... toa sto nekoi se psihopati pa gi trujat kucinjata(a takvi i v skopje ima) ne ne pravi nas pomalku vredni od vas "kulturnite skopjani"
После оваа случка со касапење кучиња во Аеродром, дефинитивно треба да се погрижиме вакви монструми да одговараат пред закон.Страшно.
Од моево место има еден ловџија што го објавија јавно дека убивал и обезглавувал кучиња. Исто така убива секакво животно што ќе му се најде на пат и се фали по фб со слики. Ама типот си имал врски в полиција па ништо не му можеле. Јас го знам отсегаш, и секогаш имаше една гнасна психопатска фаца. Ми се повраќа од вакви. Монструми, психопати, па овие се опасност за општеството. Тој што може ладнокрвно да убие животно може и човек. Факт е дека скоро сите убијци почнале да мачат и убиваат животни пред да почнат со луѓе. Од каде да бидам сигурна дека ненормалниов утре мене нема да ме репни со пушката? Или било кој. Голем дел од народов е за на групно лечење, и монструмиве и тие што ги поддржуваат но немаат муда сами да појдат да убијат (засега). Уште многу ни треба да еволуираме. Многу.
Ни како куче да не се родиш во оваа проклетија. Ебати државата скапана по сите параметри, убијци да се шетаат слободно, да се кочоперат со пушки и улови од невини животни, трофеи по социјални мрежи и никој да не мрдне со прст. Премногу невини животи изгубивме, а не можеме да сториме ништо, пошто никој не чуе, зафатени се со лева рака-десен џеб и со греење на фотељата. Проклети амеби. Правда секако нема да има, барем објавувајте ги убијците со име и презиме и профил, ако ништо друго, барем етикета 'психопат' нека имаат на челото. Скапаници глупи.
За претходните пати имаше објавено со име и презиме па полицијата не превзела ништо. Шо ти е стоундке кој ќе дреме по станици и пие кафиња по цел ден. Уште кога прашав зошто нема санкции за сторителот одговорот беше дека тоа биле само кучиња
Под итно треба закон за животни, згрижување, чување, кој би ги штител и луѓето и животните. Не е помал монструм некој кој штотуку родени животинчиња остава на улица, во контејнер, во река, од некој кој ги убива. Неконтролираното размножување на животните мора да запре. Не е тотално безопасна глутница гладни кучиња. Но не е ни решението убивање или труење. Мене лично ми се допаѓа предлог законот за задолжителна стерилизација и чипирање. Но стерилизација и на уличните кучиња, мачки, џабе ќе се стерилизираат домашните ако тие на улица се размножуваат. Строги казни за монструозни чинови како овој со секирата од пред некој ден. Но исто толку строги и за секој кој сопственик на милениче кој нема да ги обезбеди потребните услови за згрижување на миленичето и ќе го пушта да шета секаде без соодветна заштита. Јас мака мачам со милениците на моите комшии. Цело маало ми е со измет од животни, влегуваат по дворови, ријат во земја, кршат растенија. Друго, јас имам паничен страв од се што мрда, не мразам животни ама ми е многу страв од нив. Се дешава да ми залета куча и газдата да ми рече дека тоа само така се гали, во ред е разбирам, ама нека се гали со него, со мене не сакам. Еве ако во тој напад на паника јас мавнам со камен по кучето и го усмртам или повредам ќе сносам одговорност, казна, ама кој ќе сноси за мојот претрпен страв или каснување од куче? Не викајте дека куче не напаѓа, дека не е опасно, освен ако не го задеваш, и дека нема никаква опасност од него. Примерите околу мене друго говорат.
Постојат во странство TNR програми, (trap, neuter, release) со кои се заловуваат бездомни мачки и кучиња, стерилизираат, и враќаат на локација, секако ако се здрави и неагресивни. Кога државата бесплатно би стерилизирала, и активистите би ги носеле бездомните животни,а и сите луѓе би си ги носеле милениците. Оние чии не се стерилизирани, да регистрираат одгледувачница па ќе бидат така под контрола.
Дека во помалите места помалце се сакаат кучињата и полошо се третираат се согласувам. Многу младина си замина од државава, а и таа што остана е во поцивилизираните градови т.е поголемите. Возрасниве имаат подруг менталитет околу прашањето за учичните (барем во моја околина) Сите би само да ги нема, а не донираат на здруженија, скоро секој сопственик купува куче бидејќи е расно и убаво ама совест се нема. А и да не се само во Скопје буцкасти. И тука кај мене ги сакаат колку за толку И досега не сум сретнала куче што ќе нападне а преживува на улицата подолг временски период. Не можам да видам куче а да не го изѓнавам сведок сум како се "пуштаат" по одредени луѓе со чадор, велосипед, ќеса, ама ако човекот не возврати негативно или ако им прозбори со љубов congrats u just made friend. Ии во врска со напаѓањево уште една работа Колку е поголемо кучето не значи дека е поопасно, мојата теорија- повеќе љубов има во него значи и мало куче да е, ако е пуштено на улица, а цел живот е чувано дома, било да е преплашено, разгалено.. поголема е веројатноста да нападне. Дајте им шанса тие што имате можност. Општо се по приврзани со луѓето ако стекнат доверба, повеќе ценат и се повеќе педантни.
Имаше пуштен вучјак на улица, дали беше избеган или нешто друго- причина непозната, после два дена го снема. За тие два дена тој не мавташе со опавчето на луѓето што ќе го викнат како сите останати на улицава. Реагираше само на друго куче па додека дечко ми го шеташе неговото без причина го апна на ногата и сега си носи белег. Случајот е пријавен, ама исто како ништо да не се случило. А кога се правеше записникот си напишаа во карактеристики учично кафеаво куче иако беа добро известени дека не е едно од оние со обетка. Ама што? Утре тие кучиња ќе настрадаат од отровот и луѓето ќе го знаат тоа што сакале да го дознаат. Така да промената почнува од сите нас. Како помала сама го надминав стравот од куче со една улична голема убавица Меги што подоцна ја отруја. Касната сум 3 пати од 3 различни домашни кучиња а сум човек што не поминува покрај куче без да го поздрави. Така да ако не можете да го надминете вашиот страв од кучиња (што е ограничување во вашата глава создадено од пак само вие) или ако не можете да помогнете на било кој друг начин, учете ги вашите деца да ги сакаат да не се плашат да се соочат со нив, апелирајте на младите за идните генерации да живеат посвесно т.е поубаво. И немојте родители, немојте кога мине улично куче да викате чибу бегај бе, а во истиот момент ќе помине до вас домашно расно куче да речете види го сине кутрето шубаво е, оти од лично искуство детето ќе рече чибу бегај бе.