1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Треба да се заштитам кучињата и вдомат а не по улици како се убиени, згазени и слично од тоа имам трауми бидејки ми го згазија мачето пред мои очи..
     
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Како човек кој што пешачи многу (клошар), можам да речам дека Скопје има повеќе кучиња од луѓе.
    Секогаш од далеку им ги избегнувам териториите, кои што се шират со несовесното хранење.
    (Пример излегла нова Окта бензинска до Континентал - оп, кучална.)
    Но, постојат случаеви каде што не може да се избегнат.
    Тогаш, треба да не се покаже страв и одлучно, полека да се продолжи по патот, без бегање.
    Не смее да им биде завртен грб! Напаѓаат.
    Но, постојат случаеви, глутници, кога и тоа не пали.
    Тогаш треба оружје.
    Тие ѕвер, јас ѕвер.
    И патот ќе биде слободен.

    In the jungle, the mighty jungle...

    ----
    Извор: https://kurir.mk/makedonija/hronika...ushte-dve-lica-iskasani-od-kuchinja-skitnici/
    ----
    Уште двајца скопјани се искасани од кучиња скитници.

    Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.П.М. (45) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

    Исто така, вчера во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Д. (20) од Скопје пријавил дека на бул. „Србија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

    Скопје стана преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени. Искасани граѓани се секојдневна слика во главниот град во државава.

    Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а градскиот татко Петре Шилегов се уште нема решение за ова.
    ----
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.153
    Пол:
    Женски
    Не е само во Скопје вака. И никој ништо не превзема. Со прст не мрдаат. Секоја недела нова жртва, ама толку ни е функционална државата. И после, што да прават, луѓево самите преземаат мерки (трујат, убиваат).
    К а т а с т р о ф а
     
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.338
    Пол:
    Женски
    Спас за животните тема а почна со линкови кој бил угризан..
     
    На bibiiii и Annora им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.153
    Пол:
    Женски
    Па поврзано е едното со другото, на луѓето ќе им се смачи од толку кучиња скитници кои напаѓаат а никој не го решава проблемот и самите тие ќе почнат да расфрлаат храна со отров и ќе умираат кучињата во агонија. Тоа може да се спречи ама...
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.338
    Пол:
    Женски
    Ќе почнат!? Години уназад го прават тоа. Кај син ми во градинка, во дворот, имаа фрлено отров. Спас значи чаре за проблем, а не линкови без врска.
     
    На CameliaMiller и Annora им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.153
    Пол:
    Женски
    Го правеле и пак ќе почнат да го прават, тоа викам. А ако е ова линк без врска.. Изгледа и проблемов е без врска, затоа никој не реагира. Уствари, не е ни е проблем. Што е па тоа куче да те касне, ништо не е....
     
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.338
    Пол:
    Женски
    Не извртувај зборови, срамота е. Вакви линкови во Црна хроника треба. Не во спас за животни тема. Ако не ај за запршка во религија да пишуваме..
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.153
    Пол:
    Женски
    Добро ај... срамота било. :D Пријави нека преместат во хроника, да не бодне очи тука...
     
  10. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    На Mantub и beauty&beast им се допаѓа ова.
  11. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    Па дај нека царуваат кучињата. Па шо....мало битно луѓе...хмммммм

    Срам да ви е на сите што давате предност на куче пред човек
    Алооооооп
     
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.338
    Пол:
    Женски
    шо се фати за гуша сеа па ти
    ...
    досадно ти е?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady Leona

    Lady Leona Популарен член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    Стресно г-не/г-ѓо , излегувам да пешачам и постојано глутница од скитници ме пресретнуваат или луѓе со ланецот в џеб и без маска ,ги шетаат домашните.... шо попрво да пазам да гледам в земја оти на секој 10м има куч.измети , на глутница кучки или на милениците - неее ништо не ти правииии оди - а јас бремена ... е стресно ми е.
    Ама побитно миленикот да не ти го вознемириме , бебето во утробата.....мало важно
    Ајјј ...
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И шо ќе му е на твоето бебе во утробата?

    Да ви објаснам иако попусто, нема да сфатите
    Не ви се кучињата дојдени дома ок? Ни тие не сакаат да се на улица и да среќаваат секакви будали ама немаат избор. Јебига, планетава е дом на многу живи суштества не само на препотентни луѓе. Малку малку така подразмислете дека луѓето ги симнале од планина кучињата. И сега сами треба да се вратат в планина? Толку да неможе човек 2 плус 2 да собере, не сфаќам.
    Баш се расплачувам кога читам некоја бајка за искасани душички. Леле па кога излегуваат по медиуми па плачат, цмиздрат, ред солзи, ред мрсули. А го подзаборавате делот кај што сте го клоцнале, фрлиле со камен или сте му рекле мрш? Кажете го и тој дел некогаш.
     
    На 1209, Sejfullai, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Има една убава, убава изрека
    Човек кога не сака куче и така и така, ама куче кога не сака човек, скрос му верувам :)
     
    На hermosa, 1209, Sejfullai и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Се сложувам за се' друго, освен за овој дел од мислењето.
    Не значи дека нападнатиот задолжително провоцирал. Посебно ако се во глутница, уличните знаат да се исклучат скроз. Едно да се затрча, тргнуваат сите. Има и малтретирани и борени па пуштени на улица. И тие се душички ако знаеш како да пристапиш и имаш бескрајно трпение да ги социјализираш.
    Не е дека нема агресивни кучиња. Секое од нив си има приказна и не напаѓа од убост. Ама не значи дека баш нападнатиот испровоцирал.
     
    На Dust и Annora им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Не мора да ги клоцнал нападнатиот.
    Туку некој пред него, исто - човек.
     
    На 1209, Sejfullai, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.338
    Пол:
    Женски
    Абе све има.
    Ама нема толку агресивни кучиња колку расипани луѓе..
    Тоа и е поентата на мантуб
     
    На Sejfullai, Amellie13, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Па да де.
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ок, не значи. Ама во 8 од 10 од случаите испровоцирал. Колку пати се клоцнати, мавнати со камен и избегале кучињата со подвиткана опашка? За нив зошто не збориме? Пошо има закон и за благосостојба на животни, значи не зборуваме само за емпатија, за кривично дело зборуваме. И тие што се борени и пуштени на улица па не знаат како да се справат освен со агресија од што се преплашени - пак стигаме до коренот на проблемот - човекот кој ги борел. Патем и борбите се кривично дело. Сакам да кажам, овие што толку се вознемирени и исплашени да подразмислат малку и да сфатат дека кучињата не се криви и да не им се лутат нив туку да им се лутат на тие што не го решаваат проблемот. И под решавање не мислам да се испоотрујат. Една змија нема корист да касне човек од мирно стоење, а не па куче.
     
    На Sejfullai, ElenaOfRivendell, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.