1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Баш сега брзо кај мене во населба се случи девојче да е искасано од улично куче. Многу се агресивни,пред некоја година и мене ми се случи да ме нападнат кога идев прва смена накај школо а ништо не им направив најнормално си одев.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека човекот ги трауматизира и агресијата е повратна реакција.
    Ама најчесто не го напаѓаат тој што ги клоцнал. Мнооогу ретко да се случи тоа, посебно со улично куче, затоа што се преплашени.
    Се случува на луѓе со точак да им се пуштат, на пример, а никако не се виновни. Пак е човек крив за тоа зашто најверојатно некок со точак ги исплашил, ги клоцнал, бил идиот. Ама не овој што сега поминал.


    Јас 100% се согласувам дека човекот е злото, истото го пишував. Ама за жал од злото на еден настрадува друг. Ретко. Ама да не се правиме дека не се случува.

    Едит: да не се разбереме погрешно, далеку од тоа дека ги обвинувам кучињата.
    Само со тоа делче од мислењето не се согласив, затоа што има луѓе што вистински настрадале а не предизвикале лично, освен можеби со страв и бегање што било тригер.
    Се согласувам со тоа дека на друг треба да се лутиме, а кучињата треба да се заштитат. Гладни се, малтретирани. Кога само би биле нахранети и немалтретирани, не би било проблем да се полни улиците со кучиња.
    Зошто има идиоти од луѓе, и јас не можам да се помирам.
     
    Последна измена: 1 мај 2020
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Се случува, посебно зима, кога се и погладни.

    Мене искрено куче ме нема нападнато, а од мала ги збирам по улици.

    Баш за ова зборев во 40ка, кога ќе почне да се контролира размножување на расни и ќе се чипира секое куче, уште пред да го купи некој, можеме да збориме за реално решавање на проблемот.

    Пречесто луѓето размножуваат, па раздаваат, па тие што ќе го земат наеднаш им смета, па ај на улица.

    Ништо нема да се смени ако државата посериозно не се позанимава.
    Нема сакам нејќам, задолжителна кастрација/стерилизација на нерасни, од расните одбрани кучиња од легло за парење, не сите 5 кученца.
    И казни дебели за напуштање на куче.
    И конечно дозвола за приватен стационар.

    Само мислам дека ништо нема да се смени додека човек не се отруе, а не сакам така да мислам. Само кај нас емпатија слабо, од страв свестување само.
     
    На 1209, Sejfullai, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Вака. Да кажеме дека мене никогаш не ме каснало куче. Не е доволно што ги гледам кучињата околу мене и што знам дека постои можност да ме касне некогаш? Епа тоа е доволна причина да одам и да вршам притисок врз институции кои треба да го спроведат законот. Организираат здруженијата протести, се појавил некој од овие искасаниве на таков протест? Не, само љубителите на животни излегуваат. Овие чекаат некој да ги испоотруе кучињата затоа што за нив тоа е сосема нормално, а мене ако ме прашуваш, психијатар треба тука да провери. Не се појавиле затоа што за нив поимот хуман третман на животни е непознат поим. Верувај, ако некој најмногу сака кучињата да се тргнат од улица, тоа се љубителите на кучиња. Направи муабет со некој од странство ( Холандија ќе ја земам за пример пошо стана прва земја без ниедно бездомно куче во 2019 ). Направи муабет со Холанѓанец па ќе видиш какво освежување се од овдешниов менталитет. Партал да го направи куче нема да му текне да се лути ко овдешниве недоделкани. Пошо го бара коренот на проблемот. А не ко мали деца недозреани. Кажи ми ти лично, каков притисок си направила кон државата за да ги згрижи бездомните животни?
     
    На Annora, FreeMind, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Лично притисок не сум направила.
    Но придонесувам со донации кон здруженија и хранам улични, па мислам дека на некој начин помагам.
    Не знам зошто разговараме за мене сега.
    Се' си мислам дека некако погрешно ме разбра.
    Се согласувам со речиси се' што напиша.
    Ама кога некој плаче зашто бил искасан, не помислувам веднаш дека си заслужил.
     
    На dayla, CameliaMiller, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Извини ако ти звучам дрско, ептен ме дотакнува оваа тема :D Не реков дека си заслужил. Само ептен ќе ми го направи кејфот некој ако излезе и каже ме касна куче, воопшто не сум му лут на кучето, ама најчесто масовни труења бараат. :D
     
    На CameliaMiller, LivingGlam и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Не мисли ниту Мантуб дека заслужил лично човекот, туку човечкиот род како род.
    Да не бил клоцан од човек претходно немало да нападне човек потоа - овој е колатерална штета у муабетот.
     
    На 1209, dayla, Sejfullai и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.156
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Кај мене пред зграда живееше едно кученце, 6-7 години сигурно, старо беше, ќе умреше природно за година- две, да не го отруеше некој без причина. Кучето не знаеше да лавне, не пак да нападне. Се изнаплакаа сите деца во маалава, се изнаплакав и јас, и мајка ми, и многу луѓе од од соседствово, немаше кој не го сакаше, сите го хранеа и го играа. Се прашувам дали сега се чувствува безбедно личноста што го уби и што не и беше гајле за детските солзи. Не се криви кучињата, државата е крива што не обезбедува соодветни стационари каде ќе бидат згрижени, па после ги има во глутници и ги трујат..
     
    Последна измена: 1 мај 2020
    На CameliaMiller, 1209, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Во маалото во кое живеев пред неколку години имаше кучка среден раст. Многу мирна и мила. Се случувало да ја шутнат сељачишта од чиста мира, само ќе се тргнеше пустата. Никогаш глас немаше испуштено, 4 згради ја храневме, а децата уживаа со неа. Амааа секогаш мора да се најде некоја гнаса, па така една ја врзала за дрво, а децата од маало ја виделе, па им забранила да кажат или да ја одврзат. Они кажале на некој од родителите, па кога ја прашале сељанкава зошто, таа мртва ладна им рекла дека сакала да ја изгладни до смрт. По некое време сепак успеа да ја отруе. Отровот го фрлила во парк пред зграда каде што си играат околу 20 деца.
     
    На CameliaMiller, dayla, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Зошто мислењето ми е избришано?


    Ние сме глас на животните, тие зависат од нас. Луѓето се криви што има толку улични кучиња. Што се немаат претрпено додека се на улица и агресивни биле, ами нормално.
    И вас некој да ве шутира ќе имате одбранбен механизам.
    Над 1000 пати сум била сведок каде, тако звани луѓе ги малтретираат животните.
     
    На CameliaMiller, dayla, Annora и 2 други им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Додека седев на тераса пред две години и го пиев кафето ги слушнав маалските дечиња како се договараа да фатат едно од мачињата кои ги ранат и чуваат во картон во соседниот улаз и да го фрлат од кулата /13 спрата зграда. Децата беа многу мали можеби имаа најмногу 10 години. Во моментот кога тргнаа застанав на тарасата и од мене испадна чудовиште. Ме слушаа 10 згради во размер, ме слушнаа и на децата родителите. Им наебав и живо и мртво и се што им шета на две нозе за еден век. Усрани малите неписмени деца од уште понеписмени говна создадени избегаа по дома. Од трагот ми бегаа кога се симнував доле, мачињата пораснаа и заминаа.
     
    На CameliaMiller, 1209, dayla и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Зошто се бришат мислења кои се критика кон low life членките? Што треба, да пишуваме дека е ок да бидат убиени и слични срања? На модераторот изгледа такви мислења му одговараат
     
    На CameliaMiller, Sejfullai, thequeen95 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Кучињата се на улица поради негрижа на човекот.
    Поради тоа што дел од луѓето немаат луѓето емпатија кон нив.
    Не викам дека е во ред да касаат и да ги има во глутници.
    Ама и вас некој да ве вика мрш и чибу и да ве клоца ќе реагирате а не пак куче кое има разбирање на дете од две години.
    И тоа ме касна мене, го касна комшијата бла бла.
    Ние сега што да правиме?
    Да одиме и да ги прибираме од улица по 20 кучиња а вие кога ќе ви текне да ги оставате само?
    Епа така само на сон.
    Ќе си ги трпите последиците од сопствената негрижа и од тоа што не реагирате кога некој ваш близок ќе напушти миленик.
    Сум чувала кучиња од улица и никогаш не сум се бунела сум ги земала од што сум сакала.
    На дел од нив животот им помина со мене.
    Сакам да кажам дека последиците од сопствените постапки ќе ги трпат сите колку и да се виновни само одредени луѓе.
     
    На ElenaOfRivendell и Mantub им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Масовна кастрација.
    Ако во СРМ има 1.5 милиони луѓе.
    А има 10000 улични кучиња според груба пресметка на активистите.
    Значи дека секој треба да даде по 40 денари за проблемот со улични кучиња да се реши на долгорочен план.
    Да речеме дека за секое куче треба 3000 денари за кастрација и уште 3000 за пост оперативно оздравување и вакцина.
    Тоа се 6000 денари.
    За 10000 кучиња тоа се 60 000 000 денари.
    Значи само 40 денари од човек е решението.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Никој не треба да дава пати. Треба да си имаат општините пари наменети за стационари.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Праша што предложуваме ние за да се реши проблемот и јас кажав мое мислење.
    Сега кој како имал пари и за што мене не ме интересира.
     
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Се согласувам дека треба да се реши проблемот once and for all.
    Ама пред да речете дека некој самиот си заслужил да го изедат кучиња или слично сетете се дека членка која сите ја знаеме до детал го опиша нападот што го доживеала пред ми се чини 15тина години. Да не ја тагнувам и инволвирам сега, знаеме која беше и колку беше морничава приказната. Кој и да бил крив, таа не била и на заслужила да чита дека си го барала.
     
    На Nausicaa и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    За луѓе што ги каснало куче и повикуваат на масовно труење и колење на кучињата баш ме заболе за траумите што ги претрпеле. Нека бараат државата да го реши проблемот ко што го решаваат многу држави на хуман начин, а не да бараат убивање.
     
    На CameliaMiller, 1209, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Она не повикуваше. Само кажа за траумата. А овде читаме дека сигурно таквите си го барале.
    И не беше едно каснување. Напад од кој со месеци се опоравувала.
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    никој не рече за сите.