1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Да де, не може.
    НЕ САКА.

    И кучињата ама ич не се криви за тоа.
     
    На Traveler91, SnowWhite8, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Се вртиме пак околу оние безобразни и тотално неодговорни “љубители на кучиња“ кои ги чуваат, додека не им здосадат.

    Кај мене во маало, кога беше карантинот, набавија доста фамилии кучињa за децата да си играат и да се шетакаат - нели беше дозволено за нив.
    Сега, истите тие фамилии, ги пуштија надвор кучињата и ене ги у парк, лутаат околу.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Пријави ги.

    Ама нема каде да ги пријавиш.

    Јас им оставам на голем картон порака со мое име и презиме и телефонски број доколку не го решат проблемот кој сум го увидела дека ќе им се качам буквално на врат со инспекции и казни.
    Некаде успева некаде не. Најчесто македонче се плаши од пријави и казни. Ама и да го прибере ако не го сака само децата ќе го малтретираат. Може посреќно ќе биде надвор од такви куќи. Па ќе го најде некоја фина тетка и ќе го вдоми некаде далеку од таа дупка. Мејби.

    Немоќ другарчиња немоќ. Тоа е она за кое зборуваме овде. Тотално сме немоќни сами наспроти сите. А тие сите со подпросечна интелегенција десет души да ги собереш нема да ти кажат колку букви има азбуката. И од таму иде и гневот. Да се бориш против проста маса е нешто најтешко. Ниту може да те сфати ниту се труди да те сфати. Тарабука.
     
    На Iv D, Idedemja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Дечки претерувате со напаѓање и осудување. Не може секој како вас да ги сака уличните животни. Факт е дека ги има во огромен број, се собираат во глутници да ти е страв да поминеш, а исто така факт е дека тој проблем потекнува од нас.
    Јас ги обожавам, ама тврдам дека куче напаѓа и без да го погледнеш. "Моите" кучиња кои ги чувам на работа и кои ми се радуваат како никој, досега имаат нападнато многу луѓе. Среќа никој не го повредиле сериозно иако на повеќето оставиле заби како во случајот со членката погоре. Затоа сметам дека треба да се има разбирање бидејќи е навистина сериозен проблем.
     
    На Gosh, GymGirl❤, FedoraFedora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.512
    Пол:
    Женски
    На државата и е должност и да ја осигура безбедноста на народот. Така да, мора да ги згрижи уличните кучиња. И уште поубаво, строго да ги казнува сите оние кои малтретираат животни. Од вакви психопати до сите сопственици што малтретираат и напуштаат миленичиња на улица.

    И треба сите да се буниме и протестираме додека не се среди тоа. Зошто не засега сите. Љубители, нељубители и самите кучиња.

    Ама оди натерај багра да протестира што мисли дека ќе фрли отров и завршена работа. Се до следна тура дебили што ќе купат кученце и ќе го чуваат додека е мало. После ко ќе порасне и ќе биде обврска, ќе го фрлат на улица и ќе земат пак мало. И така во круг цело време.

    Грешка си, ми се има случено и мене. Пред точно 13 години и тоа. Уште го паметам настанот во детали. Не верувам дека беа агресивни, бркаа кола. Не знам зошто, ама кучињата секогаш се пуштаат по коли. Најверојатно бранат територија. Кога си замина колата останав само јас сама на улицата па по мене почнаа да лаат. Мојата грешка беше што ги изигнорирав и само ги заобиколив, па осетив угриз на задниот дел од коленото.
    Така да знам дека напаѓаат и непровоцирано, колку и да не веруваат некои луѓе. Но пак не сме виновни ни јас ни кучињата. Туку да повторам, државата што не го решава проблемот и понатаму упорно дава целосна дозвола секоја будала да купува кученца и да ги напушта на улица. Зошто тие ги малтретираат, кучето може да стане агресивно од тоа малтретирање, па да го пуштат на улица.
     
    На Gosh, Iv D, Член5555 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Зашто мислиш дека животот на човекот би требало да ми е поважен од животот на едно куче? Еве на пример јас мислам дека за убиство на куче треба од 10 до 15 години да се лежи во затвор, и со ова ги ставам кучињата пред луѓето. И да, јас колку и да сакам не можам да ги приберам сите кучиња кои вие ги фрлате на улица, а за тоа што викате дека напаѓаат во Лајка колку што знам ќе има и ресоцијализација на кучиња па можете таму да пријавите а не како што знаете да ги труете и да ги тепате одма. Викаш дека сме кажувале дека животните знаеле кои им мисли лошо и го напаѓале, епа ете зашто и тебе те нападнале а нас не.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Немаше ни 100 луѓе лани на протестот за благосостојба на уличните животни кога протестиравме, исто активистите бараа да се забрани продажба на отров без дозвола ама ништо не постигнаа.
     
    На Annora и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.512
    Пол:
    Женски
    Знам, тоа е проблемот кај нас во државата генерално за се. На сите ни сметаат мал милион работи, ама никој не сака да излезе да протестира.
     
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Имаше и повеќе на оној генерален протест кој се одржа во Скопје ако не се лажам две години поминаа од тогаш. Лајка ти е измишљотина за жал која ниту функционира ниту има намера нешто да преземе. Според опремата која е внатре сместена очигледно планот им е приватно да си прават операции. Како и за се во државата на никој ама баш на никој не му е гајле за другите или да реши проблем. Лајка е создадена за следните избори за градоначланик како памфлет: еве ние нешто направивме. Вистината е дека бројот на улични е три дуплиран. Со короната кучињата се лоцираа околу контејнерите и жестоко бранат територија. Што е нормално нели кога нема толку остатоци насекаде од храна. Сега се најагресивни. Како ја снемува храната така кучињата ќе напаѓаат почесто бранејќи ја територијата од секого.

    Не се движете во близина на контејнери моја препорака е. Штом видите глутница која трча застанете и завртете се бочно. Најдобро позади дрво или ламба. Не трчајте, не бегајте, не правете ништо. Не ги гледајте во очи. Главата свртете ја странично од нив. Со тоа давате порака дека не им правите ништо.
     
    На Idedemja, CameliaMiller и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Па ако си толку загрижена за луѓето оди притискај држава, општина, или треба некој друг да го среди проблемот со кучињата, ние да си седиме дома на топло, ај види ти таму среди нешто.
    Има здруженија кои од петни жили пробуваат да ги сменат работите, си донирала 1 денар некогаш?
    За мрчење први сме, знам.
    И оваа @Kimberly11 молимте за момент види малце подалеку од себе си, и не кажувај многу прикаски да си ги собереле дома сите кои сакале кучиња.
    Не е обврска на луѓето да ги собираат туку државата која ја гласаш на избори.
    И не зборам за "решавање" на проблемот со отрови туку на хуман начин да се реши пошо тие кучиња не паднале од небо, ние сме ги донеле.
    Да бидам искрена, само себе си си се посрамотувате со вакви изјави.

    И да те касне куче, па ако си зрела, паметна личност ќе сфатиш дека каснало затоа што имало причина и дури и да не си била ти виновна, ќе ја кривиш државата, нема да го кривиш кучето. На кого му се лутиш, на несвесно животно? Се редиш на исто интелектуално ниво со едно куче? Не можеш да размислиш дека не е кучето криво? Па мораш малце да си попаметен од кучето, имаш способност за размислување, срамота е да не можеш да си видиш подалеку од носот.
    Не сте виделе како ги судат насилниците на животни по светот. Во судови, на рочишта. Која европа, кој свет го бараме после, па колку сакате правете се интелектуални, во една обична ситуација се познава до кај ни е свеста.

    И пред да плачите како леле леле ништо не му направив, а ме касна, сетете се дали некогаш сте рекле МРШ на куче што ништо не ви правело, дали сте фрлиле камен, дали сте виделе некој да брка или да мава куче кое седи мирно, си спие мирно, буквално на никого не му смета, и дали сте изреагирале на тоа?
    Или можат луѓето да му се наметнуваат на секое живо суштество на планетава, тоа не смее да се брани, ама пази ако на некого го касне куче, одма правата си ги рецитирате.
    Милички, со права доаѓаат и обврски.
    Од куче до змија, никое ама апсолутно никое животно не напаѓа без причина.
    Може вие сте поминале со точак и ви се пуштило, а не сте му направиле ништо.
    Ама пред тоа поминал некој со точак и го плеснал. Па вие сега бидете малце попаметни од куче пошо сте човек, а на човекот му е поразвиен мозокот од на едно куче и размислете дека кучето нема свест дека вие не сте истиот точак.
    Само се брани. Не застанува кучето да мисли леле кимберли едвај чекам да помине за да ја каснам. Таква злоба само од човек излегува
     
    На Iv D, СуперДевојка, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20201029-191257.png Screenshot_20201029-191303.png Screenshot_20201029-191303.png Screenshot_20201029-191311.png
     

    Прикачени фајлови:

    На SnowWhite8, 1209, hermosa и 11 други им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Ниту еден стационар не може да згрижи 20 илјади улични кучиња колку што има моментално во цела Македонија, залови, стерилизирај, врати е добар проект ама треба да се реализира како што треба иначе нема да има ефект. И казни за неодговорните сопственици.
     
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    55.263
    Пол:
    Женски
    Браво за мислењево. :clap:
    Треба човек да има малку повеќе мозочни клетки за ова да го сфати, ама кај нас мнозинството не погледнало подалеку од својот нос и не размислило зошто ситуацијата со кучиња е таква каква што е.
    Знаат само: аКо ТоЛкУ сАкаТе џУкеЛи пРибЕреТе сИ гИ дОмА.
    За секое едно што ќе го земиш од улица 10 нови се фрлаат и раѓаат. И после кучињата се виновни, да.
    Лани се карав за истово со едни амеби (не тука на форумот, туку во real life) и стопати го објаснив истото од погоре ама џабе беше немаа капацитет да сфатат и на крај јас бев ненормалната што се загрижила за кучките на улица, според нив.
     
    На Iv D, Idedemja, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. FedoraFedora

    FedoraFedora Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ako si vo toj krug na zgrizuvaci na kucinja I'ma li besnilo kaj ulicnite ili ne? Dali I'ma prostor za zagrizenost
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Нема беснило во Македонија кај куче повеќе од 50 години.
     
    На Idedemja и Amellie13 им се допаѓа ова.
  16. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Ајде ти се молам не ме прозивај и не ми кажувај што треба да правам кога воопшто не ме познаваш и не знаеш дали и колку им помагам и се залагам за уличните кучиња.
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Има некое здружение како што е Левијатан во Србија? Освен Анима мунди
     
  18. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    ЛАЈКА – Јавно претпријатие за третман на улични кучиња
    https://lajka.com.mk


    Лајка треба премногу да работи , во главниот град има премногу опасни улични кучиња.
    Постапка за вдомување на куче: Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче ќе треба да испрати меил на електронската адреса vdomi@lajka.com.mk
     
  19. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    Лајка - Јавно претпријатие за третман на улични кучиња
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Благе везе нема едното со другото. Но сепак фала