1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.282
    Пол:
    Женски
    Нема за жал. Јас неколку пати ги глумам со маж ми и другарите.
     
  2. Terramr

    Terramr Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    21
    Luge da ve prasam kako raboti ova Lajka znaci sakam da prijavam edno kuce malo mnogu e ubavo nesto mesance so vucjak moze ima 3 meseci,nekoj go frlil dava raka za dravo sednuva koa mu kazuvas duri ukralo od negde bokserki i so niv spie dojde kaj mene pozadi vlez problemot e sto imam 6 macki plus edna omacena i go pravat partali ostaj sto imam 5 deca sto go gnjavat pisav na ona happy shalter na edni 2 drugi nikoj nemoze da go zeme.. zatoa sakam barem vo lajka da ne e na ulica da ne go gnjavat :/
     
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    Пробај тука https://docs.google.com/forms/d/1_E...R56tcAACojdWrqLk/viewform?edit_requested=true
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Лајка не прифаќа кучиња помали од 7 месеци.

    Тоа е така затоа што малите се најголеми преносители на штенечак и др., а нема капацитет стационарот да ги одвои овие кутриња од веќе повозрасните и здравите.

    За повозрасни кучиња пополнувајте барања слободно, постапуваат по секоја пријава.
     
    На Terramr и LiliBoz им се допаѓа ова.
  5. Anomys

    Anomys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски


    Се уште ли не прима помали кучиња Лајка?
    Сега при шетање видов дека некој оставил во кутија 5 мали кученца и сакав да им пишам на нив меил.
    Јас не можам да ги земам дека имам куче што не сака други животни дома, а не сум ни на фб, ни на инстаграм па да постирам по групите и затоа сакав на нив да им пишам.

    20230627_232549.jpg
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Колку што знам не.
    Град Скопје треба да изгради посебен дел за мали кучиња, пошто се голем ризик за сите останати инаку.
    Со оглед дека ГС нема доизградено објект, не верувам дека нешто е променето.
     
  7. Anomys

    Anomys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Има друго место кај што може да се пријави ова, или останува на добра војла на граѓаните?
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Освен здруженијата навистина не знам кој друг би ти помогнал, ама кај нас и здруженијата се граѓански т.е. рандом граѓанин ако се пријави, немаат стационари.
     
    На Anomys му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Нема шо да ги спасувате вие кучињата, ако некој паметен таму у Влада израчуна колку пари ќе соберат само да ве репосаат по џеб за секое нечипирано и нестерилизирано куче, а па да не праам муабет за пуштено само на улица, или па у бокс пола на пола, или фрлање на улица, и плус данок годишен да ви се мава, одма ќе ве издресираме, исто ко кучиња.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    20.246
    Пол:
    Женски
    За несобирање измет исто и шетање без поводник:)
     
  11. Anomys

    Anomys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Обично луѓе што се грижат за животни и се дел од тие здруженија за заштита не ги фрлаат нивните кучиња по улица, ниту пак ги пуштат сами да се шетаат, али добро...
     
    На Lena0903, GirlLove, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.348
    Допаѓања:
    20.246
    Пол:
    Женски
    Само што кога имаш куче, не треба да се грижиш само за кучето туку и за тие околу тебе:)
     
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Епа ондак нема шо да се секирате, него логички би требало и да ме поддржите.

    Данок да плаќате, обавезително чипирање, на колку метри квадратни иде по едно куче, за да живее квалитетно, казни за мочање, какање, само шетање, со пасоши ово оно...

    Или не?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.862
    Допаѓања:
    178.794
    Не:D
    Пошто Ама знаеш...ова, она:|
    Еве и јас се трудам да разберам, па да и објаснам на ќерка ми што е проблемот, ама слабо ми оди. :(
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.880
    Пол:
    Женски
    Отвори било која група за миленици и ќе видиш дека цело време се пишуваат истиве работи. Малку на погрешно место ти е насочено мислењево.
     
    На theowndemon, GirlLove, Anomys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.610
    Па и така е со закон.
    Иако фалат закони, конкретно за чипирање задолжително е, имаше 2 години акција бесплатно чипирање за да се подигне свест.

    Што дека, нејќат да кастрираат/стерилизираат - им се одземало право родителство да осетат. А кога ќе осетат, ги исфрлаат на улица кученцата, некогаш сосе мајка им. Машкоста им се земала на машките кучиња.

    Личните несигурности ги проектираат на животните, ама за тоа - по џеб. Дебело.
    Казниво е да напуштиш миленик на улица, ама ако не е чипиран, нема начин да докажеш чиво е.

    Се шверцаат "расни" кучиња од Србија. Нечипирани, нормално. Со фејк педигре. Па после "малтезерот" се "размножува". И така.

    Кешки да ги има и да функционираат законите.


    Вчера кружеше видео од овде и со полиција постапија на крај. Затворено во 1м2 врзано куче, значи како во кутија метална, ликов отвара, го удира најсилно што може неколку пати и го затвора пак. Кај нас. 2 дена не можам да се смирам, колку психопати на м2 имаме, а не кучиња.
     
    На theowndemon, Gosh, Anomys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.420
    Допаѓања:
    165.270
    Пол:
    Женски
    И сега не е скапо реално ама то со фри чипирање беше одлично и особено одлично дека релативно долго траеше.

    Би рекла има сопственици и сопственици. Овие шо се и по групи активни и овде шо зборат се еден вид сопственици шо еве да речам низ дискусија и да мислеле дека чипирање е лошо или кастрирање - евентуално ќе научат дека не е лошо. И после други сопственици - шо си се опкружват само со своите и се шо не е ко шо тие мислат не чини. Сум слушнала: "Ама Митре вака го рани кучето, оти не можи и ние така? Шо глуп е Митре?" - па да.

    Не знам дали на темава спомнав или на друго место, ама основата на културата со животни мора да е ветеринар. Да, некои би напуштиле миленик место да го однесат на ветеринар ама гротото носат. И зато е важно и ветеринарите да носат одговорност за насоката шо ја дават на сопствениците. Е са неќам да ги плукам ама тој шо оди по села и го знам пошто е вет на дедо ми животните - па не можи помалку да го боли за животните. Или еден пријател на татко ми. Поќе работеа во интерес на сопственик него во интерес на животно и општество. Мојот претходен вет ми велеше дека ако го кастрирам кучето ќе му сум земала машкоста, а да кастрирам мачорот ОД ко ќе почни да бележи територија (п.с. Многу лоша идеја). И зато сега одам на друго место. Имаше работи во врска со милениците дома шо татко ми ги праеше 100% грешно. И му го укажвав то. И ко видов дека не ме слушаше бевме на вет да објасни тој. И сега не прај ништо. Поентата ми е, многу луѓе сакат миленик ама не се спремни за него и немаме многу места шо би поможиле да се спремат и то е поразително.

    Или колку луѓе познавам со женки кои не ги парат ама не ги стерилизираат. Па коса ми се крева. Пошто никој не им кажал колкав е ризикот ако не ја парат и не ја стерилизираат кучката на пример. Ваков креш курс со прва вакцина би бил освежителен за многу луѓе.
     
    На tanjaaa, Anomys, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Каде можам да пријавам да соберат кучиња, секое сабајле плус едно куче имам у двор.
    Се собраа над 10 кучиња.
     
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    21.510
    Пол:
    Женски
    Прво на кучињата ќе го барат сопственикот, ако нема сопственик, ќе ги стерилизират и ќе чекат да бидат вдомени. Ако не бидат вдомени, пак ќе ги вратат на улица.
    Ајде сега сите кучкари да вдомите по едно, доста дигавте галама за џабе
    Screenshot_20231104-161649_Facebook.jpg
     
    На Македонско04!#@ и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Lena0903

    Lena0903 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2023
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    426
    Пол:
    Женски
    Како што прочитав, во Хрватска е донесен закон и до една година казна затвор за сопственикот што напушта куче. Добро би било и кај нас да е така.