3.Не знам каде виде дека го оправдувам, иако во секој мој пост велам дека треба да се казни и одговара ликот. 4.Со едноставни зборови, да одговара пред законот за тоа кое го направил.
Поразително е тоа монструмот што е пуштен од притвор. Тоа воопшто и не ме чуди со оглед на тоа дека обвинителството досега не се замараше со членот 233 (можам да набројам и неколку примери, дури и примери каде не сакаше да оформи ни предмет). Секогаш кога ќе се отвори предмет по тој член, каде секогаш исходот е или парична казна или условна казна, одма се алудира на тоа дека животните се позаштитени од луѓето! Работата на обвинителите е да ги гонат сторителите на кривичните дела. 233 е дел од кривичниот законик, прекршувањето на овој член е кривично дело. Чекор напред беше дополнувањето на овој член од кривичниот законик, до пред само една година гласеше мачење на животни, а сега убивање и мачење на животни. Воедно, и казните станаа постоги. Ќе биде убав чекор кога конечно и обвинителство ќе процесуира некого односно ќе си ја заврши работата за она за кое е создадено односно за кое е платено.
Па не можам, преку такво више од секојдневни гадости, се губи трпение, чоекот како човек е станат тежок гад Нема ни да одговара секако, тоа за луѓе никој не се замара, не па за животни..
чoвекот како суштество е многу комплексен, и никогаш не e бил цвеке за мирисaњe, непостојан е, склон да менува страна, мислење и сл. За луге, деца не одговараат а не за некое си куче..
Ехееее.... Не е само тој насилник. Што со оние што ги трујат кучињата? Се случувало да начекам фрлен отров на трева.
Фамилија да не ти е па го браниш? @Dominodancing ..некое си куче бе рече. Па живот имс и тоа, душа носи. Греота е. Да, овој истово може, и верувам дека не му е првпат да го прави ова. Нема ни последен пошто е на слобода. Овој монструм и дома тепа, насилник е и треба да се затвори.
Што се исфрустрира па сега ти, до прееска со едноставни зборови, [по мене ладни] пишуваше дека ликот треба да се казни за ова што го направил на некое си куче и дека дома не ги тепал.. Нема шо тебе да те интересира ја што би му направила на гадов. Мене искрено би ми било страв во иста просторија да сум со комплексново суштество. Ќе му ја раскажам Тутуноберачите ако не. Муабетот за бебиња, болници и бунење нема да го продолжам. Тазе мајка сум и премногу чувствителна за такви теми. Таму не оди. Проблемот е поголем. Не е проблемот НЕКОЕ СИ КУЧЕ, постапката е. Да удираш стопати, да се иживљаваш на послабо од тебе. Утре ќе биде некое си дете, некоја си жена. Овој е за посматрање, да се види кај му фали жичката и да се поништи. Толку е просто и едноставно. Не знаеш да живееш, штетник си во општеството, ај пријатно со здравје.
Требало да има шанса да си кажи зошто го направил ова. Синкир ќе кажи самиот го направив ова бидејќи сум монструм, аха. Не бе, не се научи и не се научи дека луѓе кои лагано мачат и убиваат животни утре без проблем тоа можат да го направат и на луѓе. Потенцијален убиец се шета меѓу нас, ние да тумачиме зошто го направил тоа и што му се вртело во мозокот психопатски. Стварно се надевам ако не државата тогаш народот ќе го казни психопатот. На фб на објавата од Лајка веќе почнаа и слики да клаваат негови. Аир да не види во животот и полошо да го снајди од кучето.
Znači jas so velam da si postapat organite nadležni za toa i da se sankcionira čovekot soglasno prekrsokot ti mi se čudiš. Ae kaži ti rešenie što da bide, kako?
Не, ти некако одма се постави ко да ти е близок човекот и го браниш, дури на членката погоре и рече дека била безобразна, а таа ништо лошо не рече. Гневни сме бидејќи не се постапува според закон. Обвинителот го ослободил. А за овој најмала казна е затвор да лежи. Најзаслужена е него со стап да го тепаат дури мрда, е тоа. Но сега моментално нема никаква, а за потенцијален убиец станува збор.
Решението е да го фрлат пред бесни улични кучиња. Да биде поука за други што се како него. Ама, пошо не може така, тогаш да цркнува зад решетки. Не да шета на слобода.
Potencijalen ubiec e sepak pregolema kvalifikacija, potencijalen ubiec može da bide sekoj od nas. A ne go branam ni malku ako sakat 100 godini neka go sudat isto mi e na mene. Ti velis narodot da mu presudi da go kazni ? Eve i ti si valjda del od toj narod, zaso ne pojdes da prevzemes neso u vrska so toa so go propagiraš?
Не знам зашто се сметате за толку супериорни за да мислите дека одземање душа на 'некое си куче' е небитно. Затоа и сме таму кај што сме, ова не е држава туку расадник на психопати.
Ај жити се. Најголемиот проблем го најде во тие зборови, небаре зборуваме за нормален човек, а не за монструм. За него и тие зборови се малку. Не знам ти што се најде толку засегнат, или тролаш едноставно. Ако не си знаел досега, најопасните личности во општеството, т.е. (сериските) убијци, почнуваат со мачење и убивање на животни, и тоа се докажало безброј пати. Мислиш овој нема потенцијал да истепа човек до смрт? Некое си куче вика па дури. Сѐ додека утре не стане некој си човек.
Нормално дека се користат поцврсти зборови кога се збора за ... ✨психопат✨. Нормално е вакви ситуации да се вознемирувачки за поќето и да се кажат тешки зборови ради фрустрација. Живот е живот и одземање на живот има исто значење. Малтретирање живо суштество шо само постои за "ќеф" - нит сакам да слушнам зошто го напрајл нештото ни па сметам дека треба да сослушам. Да не речам, не давам шанса на очигледен насилник. И фактот дека сакаш да "сОсЛуШаШ дРуГа СтРаНа", а другата страна врши толку очигледно насилство - прај сите тука да интерпретираме дека го браниш дотичниот насилник. Words have consequences, who knew. @Dominodancing Е сега си спомнал и за делот "ако тепал деца ќе се знаело". Не за секое (семејно) насилство се знај. Колку само има шо мислат и нормализираат удирање како воспитна мерка. Шансите дека насилник тепа животно и тепа и луѓе се многу големи и ова се шанси поддржани и од наука. Први знаци кога се определва психопатија е да се види дали од детство "си игра" со малтретирање животни. Следно има цели истражувања за држави каде насилство врз животни е легално и каде се зема во предвид (Накратко во линкот: - во Романија измачување улични животни е нормализирано како и семејно насилство; - во UK од испитаниците кои убивале, злосторувале деца и убивале, како и силувачи во последната декада биле гонети и за насилство врз животни; https://www.independent.co.uk/news/...se-neglect-murder-children-dogs-a9018071.html). Ама да, ако не знајме дека има тепано чоек, не можиме то да му го пишиме "на душа". Ама и те како насилници на животни треба сериозно да се казнуваат, ете не секој има осет дека удира и малтретира нешто живо, туку нека се себични тие шо гледат вака. Статистиката вели дека насилник на животно е и насилник на човек шо значи дека е опасност за општеството и другите луѓе.
Што да бараме причина кога е позната? Тепачите и трујачите на животни се ненормални личности и треба да бидат казнети. Треба да се бара одговорност.
Коментаров ти е ужас, мава ли мава. Нема што да оправдуваш ниту има он што да збори, има видео кажано е се. Казна затвор за таков психо, којзнае семето негово какво е, психопатско