Петиција за спас на кучињата

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од SnowWhite8, 13 јуни 2013.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    18.447
    Има онлајн петиција „Казна за убиецот на Феликс!“, околу 10 000 се потпишани. Иако не верувам дека нешто се менува со петицииве али сепак потпишете се, можда ќе допре до некој надлежен.
     
    На st-el, SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.356
    Допаѓања:
    278.986
    Има и кривична пријава и за него и за останатите.
     
    На SummerGirl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    3.327
    Пол:
    Машки
    Потпишано.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.719
    Допаѓања:
    62.529
    Пол:
    Женски
    На st-el и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    31.448
    Пол:
    Женски
    Значи толку злобен народ кој за се нешто сака да се контрира мислам дека нема никаде. Во последно време неколку пати ми се има случено да треба да заобиколувам и вртам цели кругови ради улични кучиња во сред град. Се плашам а тој страв не ми е неоправдан затоа што не ретко напаѓаат и месо можат да ти искинат. Немам намера да претрпувам стес, страв и да носам лузни по мене. На оваа тема се развила дискусија некаде на фб. Логично, многумина се плашат. Од друга страна некои многу паметни велат дека требало дома да седиме и останати глупи муабети. Ние да седиме дома за кучињата да бидат раат. Значи не им се допаѓа идејата да се реши проблемот туку вака да биде. Не бараат решение туку кавга. Секаде каде патувам а патувам многу често, реткост е да забележам улично куче. Никаде нема проблем како што има како кај нас. Ко за почеток, љубителите на кучиња кои веќе чуваат и имаат услови можат да вдомат уште по едно. Ем сите безбедни ем кучињата среќни. Не сакаме да не вадат од памет и касаат по улици, не им е таму местото.
     
    На Mother of 2boys и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    32.827
    Пол:
    Женски
    А па кога ќе ти пишат "шо не им даде да јадат, гладни се, затоа и те трчкаат" :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Не, друже, туку баш таму се собираат и те трчкаат баш затоа шо им даваш да јадат.

    Искрено, ги сакам животните ама ова е претеризам шо се случува по улиците. Сите јаки само на уста и на тестатура, ги бранат кучињата од телефон а никој не мрднал со прст да ги смести некаде или да им помогне некако. Затоа, уопште не ги кривам тие шо ги трујат. Еден ден ќе ти пукне тиквата и ќе го направиш тоа. Кога нема спас од надлежните, мора луѓето сами да се спасуваат.
    И да, има кучиња шо напаѓаат без причина, еднаш одамна ме трчкаше едно само затоа шо бев на велосипед. Ами да беа глутница и да ме опколеа?
    Спасувајте се луѓе како знаете и умеете, и штама, нема шо никој да знае. Никој нема да ви помогне, а тие па кучкарите ич.
     
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    31.448
    Пол:
    Женски
    Разбеснети кучиња кога ќе ти се пуштат неможеш да ги смириш со храна. Ниту па можам цело време да имам храна во себе, не знам кога и каде ќе наидам на нив. Не дека не ги сакам, генерално сакам животни. Чувам мачор и често пати комшиката кога има потреба ми ги остава двете кучиња да ги причувам. Ама друго е домашно куче кое го знам а друго се улични глутници. Еден период лани баш на место покрај кое минував за на работа се родија кучиња кои подоцна пораснаа и се пуштаа по сите. Луѓе чекав за да поминам. Не е ок некој со страв да оди на работа. Точно, многу се јаки на уста и на тастатура а да треба да земат дома по едно нема шанси. Ние сме криви што неќеме да не плашат и касаат.
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    32.827
    Пол:
    Женски
    Како и за се друго во државата, крива е жртвата.
    Ајде, тие шо не ги сакаат кучињата скроз ги сфаќам, ама овие шо ги "сакаат" а ништо не превземаат уопште не ги разбирам.
    Ако тврдат дека толку многу ги сакаат, зошто не превземаат нешто? Ете нека се соберат сите заедно, нека си скратат од одењето по кафани, казина, одмори, од купувањето скапа облека, нова кола, нов стан, од јадењето месо секој ден, и нека напраат некој шелтер за кучињата, нека ги заловуваат и нека ги носат таму. Нека ги ранат нека ги поат, шо сакат нека им праат.
    Ама никој ништо не прави, оти никој не сака да си скрати од својата удобност за да помогне на кучињата за кои тврдат дека толку многу ги сакаат и ги бранат.
    Абер немат од сакање, тоа е само колку да се каже дека ги сакаат.

    И ќе кажат дека тоа не е нивен проблем, дека треба надлежните да се позанимаваат. Епа ете, на надлежните не ги боли к*р. Одиш пријавуваш во полиција, ти вика епа отруј го, шо да му праеме ние.

    Ако толку многу ги сакаат, ќе нашле решение до сега. Но, на никој не му е гајле, верувај.
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    17.532
    Пол:
    Женски
    Делумно се криви и тие кучкарите што ги хранат, а не ги пребираат. После кога немаат храна, напаѓаат. Сега последно имаше унаказени деца, ако ова не е алармантно не знам друго што треба да биде.

    Исто, за да станат бездомни кои ќе станат цела глутница е исто „придонес“ од страна на многу несовесни сопственици кои откако ќе им помине меракот сами ги испуштаат. Ама багра не можеш да превоспитуваш. Или си свесен или не, просто ко грав. Е сега дојде време имање на миленик да е мода и затоа истите ќе се менуваат на секоја година. И така се испушта она куче кое веќе не е интересно, па ќе дојде ново, па поново итн. И чувам миленик, ама не се понашам ко да треба да го менувам.

    Сумирано, проблемот не се решава ако нема трајна, видлива промена на свесноста кај луѓето. Нека има не знам какви решенија, ако луѓето си продолжат по стариот терк, само уште повеќе се замаскирува главниот проблем.
     
    На Gosh и Zaljubena26 им се допаѓа ова.