Џоли не така и сама знаш дека не си во право, ако нешто сакаме да смениме во ошеството треба да почнеме од самите себе, тоа го зборам цело време.
Рaбoтa нa држaвaтa е дa се грижи и зa бездoмниците и зa живoтните, aмa ниту едните ниту другите не се прaвилнo згрижени и третирaни. Еднoстaвнo се зaбoрaвени. Дa не зaбoрaвиме декa живееме вo еднa срaње oд држaвa.
Епа што сме им и ние криви на кучињата за живи да не изедат? Така си имал среќа да не те нападне... Татко ми на инекции заврши заради тие скитници. Го нападнале и за среќа едвај ногата му ја спасија во болница. Како ги испровоцирал тој? Си идел по улица и одеднаш му скокнале по него... Исто и ова дете... Татко ми уште има трауми и страв од кучиња. @1209 епа како не сум во право? Нели државава нешто треба да си превземе или тие здруженија за заштита на животни? Што треба обичниве луѓе да правиме? Јас сакам на раат да одам по улица, а немам желба да згрижувам кучиња... Па што треба да правам? Со сила да се преправам дека ми е гајле? Што сакаат нека прават од државава, само да се спасиме.
Сакам животни, сакам и кучиња. Ама реално и едните и другите грешите. Читам сега за детенцево. Навистина мислите дека не може од чиста мира да го нападнат? Мене ми се имаат пуштено три како мала што само поминував покрај нив, и среќа им свика еден човек, па се исплашија и се тргнаа. На мајка ми ѝ се имаат неколку пати пуштено кога фрлала ѓубре, околу контејнери често се мотаат. Еден човек што го познавам и знам дека не би испровоцирал куче, го има каснато куче. Имало и други случаи, да не набројувам. И домашните кучиња мора секогаш да носат маска. Инаку, ако тоа куче нападне некого, сопственикот ќе си добие казна. Решението не е да се успијат. Успивање би подржала во случај на појава на болести кај кучињата, на пример беснило. А од друга страна, како што рече некој, ние луѓето едвај се снаоѓаме за себе, нема секој можност да помогне на куче. Државата треба да преземе нешто околу тоа. Вакцинирање, отворање засолништа. донирање храна... И не ги спомнувајте Анима Мунди, зошто тие се тешки психопати. Од една нивна активистка сум прочитала дека би убила и дете да спаси куче, исто никогаш не би рекле дека куче самото би нападнало. Тие што јадат месо, Анима ги стваат во исти кош со педофили, убијци и силувачи.
Да државата треба, ама не прави, здруженијата се составени од обични луѓе никој не ги финансира и сами не можат да постигнат, ако дигнат и тие раце тогаш знаеш што ќе се случува? Не да те е гајле ама не е тоа решение, за се што не чини во државава велиме не ме засега не е ми е гајле ете затоа сме до гуша во го*на, оти никого за ништо не го е гајле.
Хах. Па кој ги пуштил тие животни како прво на улица? Од воздух да не настанале? Дај ако не да земеме физички да се пресметуваме, што ќе ни се судови? Ни наштети некој, вади пиштолот бам. Штети на општеството. Апсолутно сум на страната на жртвите, ама дека човек нема улога во ситуацијата, да не се лажеме. Зошто низ западна Европа не може да се сретне пуштено само куче на улица? За мерак на детето ќе му купат кутре мало, па кога ќе порасне оф па не било толку слатко, па многу барало внимание, нега, храна, па се окучило како тоа од каде? Не дека го чувате дома, згрижено или во соодветен простор. Не сакате кученца, имате кастрација, стерилизација. Врзи го со јаже во некој ќош од двор, ни куќичка кога врне, фрли корка леб. Па ќе го изгризе јажето и ете ти опасност. Особено по планинскиве места, фрли корка леб и мавај со стапот. И брат ми како мал беше нападнат од куче, уште има лузна на главата. И пак цел живот по кучиња се вртеше, и на крај без прашање дома ни донесе едно. Има закон, а не функционира. Зошто? Еве и јас се плашам од бездомните кучиња, кога се собрани повеќе. Па и луѓе да се, нели може да ме бутнат, да ме ограбат, да ме повредат? И пак како магнет сум, ќе му речам едно кај си бе и ете ги по мене и на човек добар ден да му речеш, може денот ќе му го направиш. Што дојдов, само се исфрустрирав
Што ги испровоцирало? Да не ги погледнало на косо? Ти се читаш што пишуваш? Сериозен си? Мало дете, лесна мета. Глутница, силни се, крволочни се, напаѓаат.
Od komentarite sto gi procitav po facebook se potresiv uste poveke, lugeto se navreduvaat edni so drugi- edni pisuvaat se molat za deteto a drugi za kucinjata, zarem ima takvi luge sto agresivnite kucinja gi opravduvaat, I coveckiot zivot im e pomalku biten, da za zal ima Premnogu mi e zal za deteto daj boze da ozdravi ama ke si ima dozivotni traumi, I dali ke bidi normalno dete kako I site drugi bez bubreg I slezina I tesko povreden graden kosh A mnogu ja osuduvaat I majkata sto go pusitila samo deteto, ama za ova koj ne ziveel vo selo ne moze da znae. Vo selo decata se poslobodni od kolku vo gradot I od mali noze sami izleguvaat od doma I si se sobiraat nekade za da igraat pa I sami odat po komsi. I citav I komentari od aktivist uzasno, pisuvase nedaj boze vlakno da mu fali na kucinjata, I kako kucinjata mu se pobitni od decata... I uste mnogu drugi. A nikoj od tie aktivisti ne se stava vo kozata na roditelite. I jas sakam kucinja I imam I macki I zajaci, ama coveckiot zivot mi e pobiten.
Не знам многу за случкава со детето, затоа и нема да коментирам за тоа. Кучињата се со послаба свест од нас луѓето и затоа може некогаш и без причина бурно да реагираат. Не значи дека само улично куче може да те нападне. Сестра ми пред некоја година ја искаса домашно куче. Не сакам да бидам погрешно сфатен, ама ова може на секој да му се случи. Ај ако не сите кучиња да ги истребиме. Секако дека ваквите случки би се намалиле со вдомување на уличните кучиња, ама ова е Македонија и ретко на кој му е гајле. Зар требаше да го изедат детето за да се свестиме? Ова требаше уште одамна да биде средено од страна на државата, ако дојде на нас ред да превземеме нешто - тешко нас. Повеќето во државава си гледаат само за себе, така да ние може до утре да збориме на темава без никаков ефект. И убиството не е никакво решение.
@1209 Не знам јас дали напаѓаат од глад или од беснило. Што не реагирате тогаш во институции? Соберете се од сите градови отидете на протест и решете го проблемот више. И онака више за се протестираат. Не може ради џукели да страдаат луѓе.
Дајте ви се молам читајте што пишувате малце Страшен нонсенс е да помислиш дека 4 годишно дете може на некој начин да ги испровоцира уличните кучиња. Може такво нешто да се случи со невоспитани тинејџери или пак несовесни возрасни луѓе, што ги клоцаат/фрлаат нешто по нив и сл. па да заврши тоа трагично, ама 4 годишно дете?! Жално и многу вознемирувачко, се надевам ќе биде добро детенцето Не е вистина ни дека исклучиво поради провокација напаѓаат, ни дека не се случува и возрасни луѓе што воопшто не им обрнале никакво внимание - да ги нападнат. На мајка ми еве зимоска од нигде никаде ѝ истрчале 3 кучиња, разлајани такви ептен ѝ се доближиле... уште беше потресена кога се врати, среќа некој човек во близина се нашол и ги разбркал. Јас сакам животни, но од улични кучиња имам извесен страв отсекогаш од нивната непредвидливост, кога ќе видам некое поголемо и раздвижено, вознемирено (или уште повеќе ако се 2-3) - за да го/ги избегнам по дупло подолга патека идам ако треба, дури и ако сум во 5 до 12 тргната за некаде. Од друга страна пак, како што реков ги сакам навистина животните и не оправдувам насилство кон нив... од некои коментари за убиства како решение сум speechless (уствари не знам и зошто воопшто сум, со оглед на тоа од кој член ги читам ) Државата треба нешто да преземе за да не лутаат по улиците, и да се вразумат луѓето да земаат домашни животни само ако навистина се подготвени да се грижат за нив.
Па јас не гледам некоја корист од тие здруженија, така да мислам сеедно ќе биде и тие ако кренат раце. Значи во секоја општина треба да се превземе нешто... Ете ајде ќе излеземе и ќе протестираме за да се забрза работата. По улици нека шетаа комбиња и нека фаќаат улични кучиња... Нека ги носат по прифатилишта, па кој сака нека си посвојува кучиња за дома... Ко во секоја нормална земја што прават. Се сложуваме сите дека државата ништо не превзема, епа некои напукани и револтирани граѓани (што не се баш љубители на кучиња), без око да им трепне ставаат лепче со отров по улици. Што да прават друго...
Да ама тоа лепче со отров може да отрови и некое дете или човек кое ќе се потегне по тоа парче леб. Ете толку не размислуваат. За корист не гледаш оти не можат да постигнат се. Ете јас секој месец купувам храна и носам во здружението, давам пари за пансионите за уличните кучиња, постојано вдомувам некое, го кастрирав моето ама еден човек не прави разлика.
Луѓе, мислам дека некои од вас малку ги побркаа работите. Додека едни зборуваат за детето, други зборуваат општо, и хаос се направи. Тоа што му се случило на детето не е ни најмалку за оправдување, никој не го спори тоа, а особено не е за оправдување од страна на овчарските кучиња кои си биле само така пуштени, иако технички имаат сопственик кој би требало да се грижи за нив и да си ги прибере. Но, џабе се реално дискусиите овде, бидејќи сме помирени со фактот што живееме токму таму каде што живееме, а тоа е место каде што за луѓе се мизерни условите, а не пак за животни. Кога условите би биле идеални, би имало прифатилишта кои ги водат физички лица, кои меѓутоа се потпомогнати финансиски од државата, па животните би се вдомувале, и би имале пристојни услови за живот. А кога условите би биле идеални, и колективната свест на населението би била на многу повисоко ниво, па наместо за убивања и колења и труења, народот би се научил дека земајќи мало кутре или маче си зема обврска за наредните десетина години да се грижи за тоа животно, а не што е ова, земи го мало кутре од голема раса, пикни го во стан од 30 квадрати, и кога ќе потпорасне е тогаш е голема мака чистење и хранење и грижа за него, па фрли го на улица. А од што ни се „ефикасни“ установиве еве ви чист пример за Скопје: центарот вриеше (и се уште е полн) со кучиња скитници, ама доколку ви се чини дека во последно време е малку подиспразнет, тоа е затоа што од Вардариште ги фаќаат оттаму, меѓутоа наместо да ги приберат кај нив (што и да треба да сторат со нив, во тоа не навлегувам), тие ги пуштаат по населбите и селата на излезот од Скопје. И, тоа решение ли е? Или „граѓаните“ од центарот на Скопје да се спасат од таа напаст, а „селаните“ на излезот нека трпат цели глутници? Поради таква глутница минатово лето, во една населба загина млада девојка, 23/4 години, која пробувајќи да избегне неколку кучиња кои одеднаш и излегле пред кола на улица, скршнала во спротивната лента, удрила во автобус, и загинала на лице место.
Факт е дека проблемов постои, ама 90% од луѓето само лаат и не преземаат ништо. Сите до еден викате на државава е проблемот, тие треба да го решат... Добро, навистина ли мислите дека има шанси нешто да направи државата. Свесни сте дека кучињата им се последен проблем, гледате дека не функционира. А сепак сакате да исчезнат кучињата, сакате да ви се симне некој и да ги растера. Убаво вели @1209 никој нема да ви го реши проблемот додека самите не интервенирате. Одете во општина, жалете се, барајте... А оние кои викаат дека кучињата биле крволочни ѕверови, веројатно се истите кои велеа дека мачките се користољубиви. Нема смисла да ги обвинувате кучињата за нивната природа. Демек кучето си рекло: Еј денес ми е досадно, ај ќе бидам крволочен ѕвер и ќе напаѓам четиригодишни деца. Вината е во човекот, во секој од нас е. Не, не во детето, не ме сфаќајте погрешно, туку во сите нас што не преземаме ништо додека не се случи нешто вакво.
Ако кучињата имале сопственик, кој требало надвор од своето место да ги држи врзани и со маска на устата, а сепак шетале слободно, зарем законот не предвидува казна за сопственикот? Многу ми е смешен муабетот кога некој ќе рече еј ми сметаат кучињата, вие што ги сакате направете нешто, протестирајте. Па нели и вам ви сметаат, што не превземете нешто? Струјата кога ќе се покачи ќе чекате некој друг да протестира за вас? А пријавувате ли некаде кога ќе видите куче на улица?
Tolku kuchinja-skitnici kolku shto gledam poslednive godina i pol, nemalo nikogash po ulicite. Mi se chini deka sekoja godina gi imalo se povekje, ama brojkava vekje stana ZAGRIZHUVACHKA. Ne znam zoshto site molchat i nikoj nishto ne prezema. Nitu institucii, nitu gragjanite - vozrasni lugje so pravo na glas i se shto sleduva. Eve jas bi reagirala, kade treba da se obratam? (ne deka nekoj kje me poslusha)
Сопственикот на кучињата ќе биде казнет... Пишувше по сите сајтови. Е сега не знам на кој начин ама битно ќе го казнат. Кучињата скитници на сите ни сметаат и мислам ќе има каков таков успех ако се протестира, ама треба некој да го организира тоа. По 100ти пат ќе повторам дека на повеќето луѓе не им е гајле ако нешто не превземе државата... Едноставно без око да им трепне ќе ги убијат кучињата. Ништо не превземаат општината или здруженијата? Ок нема проблем, ќе ставиме отров по улици и ќе се шетаме со нож во џеб. (така размислуваат и така прават)
Фaкт е декa дури и тукa aкo некoј имa пoрaзличнo мислење oдмa мoрa дa се мисли декa тoј штo пишaл свoе мислење, вo oвoј случaј личнo јaс, декa не рaзмислувa штo пишувa и мисли. Вo oвoј случaј aлудирaм нa @Someonespecial и @Јaневски. Зaтoa и мнoгу, мнoгу не нaвлегувaм вo дискусии oвде нa фoрумoв.
Нормално дека тоа што се случило со детенцето е СТРАШНО, и во Америка таквите кучиња се УСПИВААТ. Колку што можев да разберам детето е од село, и станува збор за СЕЛСКИ КУЧИЊА, а тие се најопасни , бидејќи така се учени. Во село навечер е страшно и да искочиш да одиш да се движиш поради лаеж и страв. Пак ќе кажам масовна стерилизација му е лекот, и тоа е тоа, да не се котат само, а што зборите бе отрови. Каде е државата да се активира? Да се едуцираат луѓето во село ги котат таму, аман 1200 денари е со попуст стерилизација, сум стерлизирала јас лично од мој џеб џукели маалски кај Марин, и да мое право е кај за кого ќе ги трошам и донирам парите, сега и тоа на тема на муабет бездомни луѓе, затоа и решив да пишам. Моја пара , и кај сакам ќе ја донирам и ќе ја трошам. Ама за тркала има пари, за глупости има, а за ова нема пари така? Па во странство кога ќе одиш ќе видиш дека едно куче нема на улица, сите стерилизирани, стационирани, само кај нас овдека се се распаѓа, еден саглам стационар нема во државата. Ако еден човек убие, не ги става сите луѓе во ист кош. Ептен е жално за тоа детенце, и мене ме потресе целата ситуација, ама пак ќе кажам јас вината ја барам во надлежните. Треба да се активира едно масовно стерлизириање, а не тие земи некое куче и стерилизирај, и што постигнуваш ти 30 проценти само да стерлизираш? Ништо