1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петиција за хемиска кастрација на педофили и силувачи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ≈ Moyocoyotzin, 12 јули 2021.

  1. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Здраво, во последно време се соочуваме со огромен број на силувања и педофилија, па мислам дека треба да се обратиме до властите да превземат мерки за заштита на жртвите. Како трајно да се заштитиме и истите да не го повторат делото?
    Како што знаеме имаат минимална казна затвор, единствено што може да не заштити нас и најмалите е хемиската кастрација која е легална во Америка.
    Дали се согласувате да покренеме петиција за легална хемиска кадтрација на силувачи и педофили во Македонија?
     
    На theowndemon, Роберт 7, Miss666 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Потпишана.
     
    На Дејан. и ≈ Moyocoyotzin им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.889
    Допаѓања:
    43.603
    Пол:
    Женски
    Потпишав и јас, ова е најмалку што го заслужуваат тие ѓубриња.
     
    На Дејан., темјанушка, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки
    Потпишана.
    Ама кастрација без анестезии, вжештена маша и меѓу нозе и одземање на животот т.е смртна казна.
     
    На Traveler91, Snowflake97, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Ме потресе последниот случај со 3 годишно девојче силувано од татко и, гоо снимал чинот и споделувал на социјалните мрежи.
    Инаку Министерството за труд и социјална работа е запознаено со овој случај уште пред 1 година, пред ова да се случи и никој ништо не превзема, го чекаа најлошото.
    Запрепастена сум и мислам дека ова е најмалку што можеме да направиме, барем да се отвори дискусија на оваа тема во парламентот.
    Ќе ве замолам ако може да споделите и на социјалните мрежи, да се собетеме во поголем број.
    Ви благодарам многу.
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.015
    Допаѓања:
    12.735
    Пол:
    Женски
    Потпишав и јас. Ми се повраќа од тој случајот што татко си ја силувал ќерката. Добро прво родител како може тоа да му го направи на своето дете?
     
    На Nikinena, Traveler91 и ≈ Moyocoyotzin им се допаѓа ова.
  8. st-el

    st-el Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Потпишав. Запрепастена сум со какви психопати, монструми го делиме воздухот. Секое дете има право на среќно и безгрижно детство, да им помогнеме кога оној кој треба да им биде поткрепа засекогаш ги уништува...
     
    На Traveler91, nevermet18, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Ма незнаеме со колку вакви го дишеме воздухот. Сигурно има уште многу случаи кои не се знаат и не се пријавени заради страв. Време е да ги охрабриме да се борат со монструмите.
    Во врска со девојчето среќа некој им дојавил на најблиските и им ги пратил сликите и видеата, инаку тој веќе неколку месеци се иживувал врз детенцето. Греота што да кажам, траума за цел живот, среќа нема да остане во раце на социјалното во кое работат исти такви монструми. Веројатно сте известени дека им даваат контрацепциски апчиња во случај да се случи силување.
    Мислам дека сме отидени во крајност со ваквите дела и треба да се стави крај.
     
    На Nikinena, Traveler91, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.510
    Допаѓања:
    206.092
    Легална е, ама е на доброволна база.
    Ако се нафати престапникот, само тогаш се спроведува.

    Не знам дали е изводливо државата да одлучува да кастрира некого.
    Правник некој да каже?
     
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    33.418
    Пол:
    Женски
    Размислувам гласно, што ако лицето не е виновно? Добро знаеме дека има и луѓе кои се осудуваат без да се виновни, сплет околности, недоволна истрага, мито и корупција, еден куп причини.
    За вакви мерки, правниот систем треба на завидно ниво да биде, бидејќи секогаш ќе има некој кој ќе настрада покрај тие кои навистина заслужиле казна (за вторите не ни зборувам, се подразбира дека соодветно треба да бидат казнети).
     
    На Traveler91, WildMk, Дејан. и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Ај да се работи за убиство или не знам каков случај да речеме па да постои можност да не е виновно, да не се знае кој, како, зошто. Ама татко кој си го силувал детето? Возрасен маж кој силувал деца? Овде воопшто не треба да има дилема.
     
    На Роберт 7, noteforself, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    33.418
    Пол:
    Женски
    Разбирам, секој случај е посебен. За тој погоре не ни спомнав. Се работи за деца, морбидно нешто, секако треба соодветно да бидат казнети.

    Чисто тоа ми падна на памет, бидејќи правниот систем сите знаеме каков ни е.
     
    На WildMk, Waverly Raven, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Правниот систем ни е таков каков што е, ама ова ако се воведе не верувам дека би нанело штета некому. Мора нешто да се превземе, па и да не е најидеално решение.
     
    На ≈ Moyocoyotzin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Frosin4e

    Frosin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Кај нас ова ?
    Не сум запознаена со случајов ,ама ми дојде со голи раце да го задавам :punch:
     
  16. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    За полов однос со лице кое не наполнило 14 години и те како треба задолжителна кастрација, а и силување кај нас ретко кој ќе излаже ( не велам дека некој нема) знаете во каква средина живееме 'ќути срамота е да кажеш дека си силувана'. И таквите на кого прават штета?
    Башка па и никаде јавно ги нема овјавено силувачите и педофилите за народот сам да си се пази зошто институциите абер немаат. У Англија се објавени со слика и име и презиме и адреса икаде најчесто се движи, цела историја има за такви, а кај нас ги штитат.
     
    На Роберт 7 и Frosin4e им се допаѓа ова.
  17. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    21.664
    Пол:
    Машки
    Ги има:

    http://www.registarnapedofili.mk/
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.430
    Пол:
    Женски
    Па не им работи баш страната, само ако пребаруваш некој по име или презиме. Што се коси со поентата на регистарот. Ако веќе знам некој по име и презиме не ми треба таков регистар. Пробував по локација, ама само една иста страна дава. Толку од ажурноста, исто како да нема регистар.
     
    На theowndemon, Hellobeautiful, Traveler91 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ≈ Moyocoyotzin

    ≈ Moyocoyotzin Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    21.664
    Пол:
    Машки
    Ги вртеше сите страни и по локација, ама од утрово гледам имаат некој проблем, им беше падната страната кога ја барав првиот пат.
    Ја имаше неколку пати постирано странава на форумов во слични теми уште одамна и работеше се како што треба.