Поентата на темата е да се наведат бои за цветчињата, а не од ново на ново прашања кое што значи, и какво имате вие. Мислам дека можеме да видиме каква боја е... Не ми се допаѓа црвеното цветче како оди во комбинација со розевата боја од тоа линијата. Можеби убаво би дошло бело, сиво или пак виолетово. А сегашното виолетовото да ги содржи сите претходни бои. Виножитка ме инспирираше.
е па вака освен белото, синото и виолетовото другите бои не ги сакам- а незнам зошто некако не ми одговараат...мислам дека како бои може да останат такви ама нека се во друга нијанса Спојлер
Мене не ми сметаат цветчињата, е сега црвено не оди со розево - општо земено, ама додека да стигнам до црвеното ќе помине време Затоа не е битно, ее што жени сме морало цветчињата да бидат таква и таква боја
Јас пак мислам дека никој овде не постира за да си ја смени бојата на цветчето. Тоа е само онака додено како украс... Не ми е битно каква боја е...така е направено и крај. Не ми е воопшто битно ни дали ги има или нема... Убаво изгледа, сепак нели сме женски форум.
Интересни ми се цветчињата, омилено ми е виолетовото, иако тешко да дојдам до него Али ние тука сме да си разменуваме мислења и искуства, а не да си ја менуваме бојата на цветчето
Се надевам дека еден ден ќе оставам многу многу корисни мислења и ќе го освојам тоа виолетово цвеќенце Засега имам да понудам еден предлог - црвеното да се замени со пинк ,како линијата ,само со исцртани контури за да се разликува...Стварно би било посимпатично
Ни нас не ни сметаше жолто цветче односно ова што е сега, но ни сметаше тогашното кое потрај неколку дена Затоа што беше мнооогу грдичко во окер боја, некако многу депримирачка Сега ни е убава свежа жолта. Инаку мене синото и зеленото ми се допаѓаат најммногу и мислам дека требаше баш со нив да ги тераме тие 4000-10000 постови. Црвеното воопшто не ми изгледа убаво во комбинација со розевата линија.
Цветчето е убаво, но мораш да признаеш дека не оди баш со розевата линија Посекако е доцна да се менуваат само морав да си кажам јас
Те поддржувам за синото и зеленото цветче,полични се И навистина црвеното не одговара со розова лента,мава на Бандини
Мене највеќе и се допаѓа синото и мислам дека убаво стои со розевата лента. А супер ако имаме и виолетово
Еј и јас сум за сино, фино ќе стои на розе лентичката. Инаку ако се менува, какво било нека се стави жутово во глава ме мава веќе.
Да се додадат барем уште 2-3 бои на цвеќенца (за да ни биде форумов поразнобоен) Пример: 2500 Портокалово цвеќенце 7500 Виолетово цвеќенце или тиркизно
Заборавив да пишам, последното цветче мене повеќе ми личи на виолетово отколку на розово- какво што е цветчето на Фемина. Покрај предлозите во постов горе, би додала дека последното цветче би треббало да биде токму во бојата како заштитниот знак на цветчето фемина