^цветчињата не се важни во смисол - тие не даваат некое посебно значење, но се интересни....а ете последното може да е во различни бои, секое ливче да му е во по една боја од претходните што биле: бело,плаво,зелено,жолто,црвено
Нова сум и сакам да прашам за што служат цветчињава? Бидејќи гледам кај сите линијата со цветчето е до пола обоена, кај некои цела, а кај мене ништо (ии да не испаднам глупава )
цветчињата немаат никакво посебно значење... како ти се зголемуваат мислењата така и се менува цветчето
Јас мислам дека цветчињата не треба да се менуваат, но ако веќе менуваат нешто, нека бидат тоа првото и последните две. Првото цветче - белото, јас би го заменила со AntiqueWhite или PeachPuff од втората слика. Синото цветче ми е омилено, премногу одговара со розовата лента која е под него и за ништо на светот немојте да го менувате. Исто одговара и жолтото цветче. Црвеното некако не ми штима и јас би го заменила со MediumVioletRed од првата слика или PaleVioletRed од втората слика. Последното, вилоетовото, би му дала некоја боја побледа од таа на лентата како на пр Thistle од првата слика или Plum од втората слика. Тие сите заокружени бои на сликите мислам дека би одговарале, па ако менувате, можете да употребите некоја од нив. Инаку ми се допаѓа и таа идеја последното да биде во различни бои.
Мене ми е супер со цветчињата, ми се допаѓаат вакви, не ми пречат. Нема потреба од бои многу, но се сложувам деака последното цветче треба да биде шарено, да биде привлечно за око. Да се испочитуваат форумџиките што стасале до таму со многу труд и работа. Незнам зашто ви се боиве на цветчињата, не менуваат тие ништо.
^ И јас сметам дека може да се воведат повеќе цветчиња. На пример, да се воведат уште неколку, па да се распоредат меѓу оние цветчиња за над 3000 мислења. Вака границата некако е многу голема меѓу цветчињата, поинтересно би било да има повеќе. Just sayin'
мислам да има некое цветче помеѓу црвеното и виолетовото и ова сега што е розево да биде во сите бои:бело,сино,зелено,жолто,црвено,розево.
И јас сметам дека треба да се воведатт уште цветчињња. Пример:На секои 100 мислења да се менува или 50 ?