Јас верувам дека е баксузен ден Секој петок 13 ми се случува нешто, претходниот пат кога беше петок 13 паднав на сред пат и се засрамив пред сите
Не ич не ми е баксузен ... На петок 13 за прв пат се качив во авион - го имав првиот лет за Америка .Мајка ми ме разубедуваше да го сменам летот,али јас исто како да не е тој ден си летнав
Не верував, не верувам и никогаш нема да верувам во Петок 13-ти.. бабини деветини.. Ако веруваш - цел ден ќе те следи такво расположение и всушност ти самиот ќе си го направиш баксузен Ако не веруваш - секако ништо нема да ти се случи (се додека не почнеме да веруваме секако) :geek: :geek:
Во основно, средно број 13. Петок 13 значаен ден во мојот живот, многу дешавки и тоа убави без црни мисли. Со дечко ми се фативме на 13 пред 12 часот ама си го ‘‘славиме‘‘ 14. Тие два броја ми се најомилени и најзначајни.
Мене не ми е баксузен бројот 13 и никогаш ништо големо ми се нема случено освен вчера шо се истрескав 9 пати
Денес е петок 13-ти...Сум слушнала некаде дека сабота 14-ти е побаксузен ден од петок 13-ти...Не верувам ни во тоа...
Денов ми е како и секој друг. Ништо посебно (или можеби секој ден ми е баксузен па не приметувам разлика )
Јас мислам дека не е баксузен,така останало тоа,баксузи на овај ден има каде ако не во земјата на чудата- Америка,сите баксузи и хорори ни ги сервираат тие
Се согласувам, до некаде и се е перење мозок. Инаку денес петок 13 и паднав на последниот испит. Баскуз да, но во ред обичен ден беше и се истури дожд.
Ахахахахахахахахахахахахахахх! Браво за оние кои мислат дека петок 13 е баксуз! Колку само е проста работа тоа! Ај, сега јас да треснам дека 14 е баксуз, глупо е нели?
Е не баш: Хахаха.. Инаку мене денеска ми беше прекрасен ден, повеќе би рекла дека е невообичаен отколку баксуз, досега ми се нема случено баксуз.