Ми се немаат случувано лоши работи на петок 13ти, ама за овој петок имам страшно предчувство и токму поради тоа планирам цел ден да си спијам и да не излегувам, освен ако не ми дојде некој кошмар во сон, ми нема спас.
Битно да го прегрмиме и да бидеме оптимисти,да се надевама дека сепак ништо лошо нема да ни се случи!
А бре овој Петок,13ти шо е...абре од ко станав кивам ко нетокму,а до вчера арна бев...и тоа не е се! Во ногата ме касна комарец,а и шо уште супрајзи ќе ми прави Петок 13ти....не бре Симона,не е до петок 13ти...до тебе е
Врска си нема петок 13ти. Повеќе верувам во моќта на полната месечина, освен во ова глупостиве со петок 13ти.
Петок 13 е најобичен ден, нема врска со никакви баксузи. Јас не можам да ги сфатам тие кои го окривуваат овој ден за се што им се случува. Еве пред малку едни школски се заглавија во лифтот од мојата зграда, ама си кажаа дека натискале на сите копчиња и на „Стоп“ па петок 13 им е крив.