Јас дури сега приметив дека е петок 13ти ете зошто утрово дома ми влезе гуштерица ..Иначе ама баш ништо не ми значи петок 13ти, најобичен ден... не верувам во тоа суеверие .
Денов си е сосема обичен, ист како и другите Само што мојата другарка си го памти минатиот петок 13 по тоа што и го украдоа телефонот
Никогаш не ми значел лошо петок 13-ти, ама денес ми испадна баш да се карам за глупости и цел ден ми беше проследен со лошо расположение.... Но сепак, не мора да го кривиме петок 13-ти, мора да има и такви денови.
Најискрено не верувам во петок 13-ти. Како и секој обичен ден ми беше, дури и ми се чини дека ми беше среќен. Е сега едниствено лошо беше тоа шо си го скинав ташничето, ми се откачи клучот од привезокот и среде улица ми падна мобилниот. Абе чим лап топот не цркна тоа ми е најбитно.
Не знам зошто петок 13 го поврзувате со баксуз, како прво петокот е ден на венера (божица на љубовта, убавината и ритуалниот секс, а како планета владее со нашите емоции и носи среќа) понатаму со нумеролошко сметање на бројот 13 (1+3=4) го добиваме бројот 4 кој симболизира одлучност, силни идеи, правда, храброст, стрпливост. Понатаму на последниот петок 13 (овој месец) беше и полна месечина во знак на стрелец, така да денот беше ептен поволен за стрелците да отпочнат со нова работа, но не само за стрелците туку за целиот зодијак...
Не ми е воопшто баксузен ден,ако гледаме логички,мене баксузи секој ден ми се случуваат ,не мора да е Петок 13 ти туку,останало некое суеверие само,и многу денов го испублицираја онаму Америките и толку
Суеверниот страв од петок 13-ти си има и медицинско име: FRIGGATRISKAIDEKAPHOBIA Кај нашиов народ колку суеверијата постојат, мислам ќе ни треба посебен медицински речник