Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петок 13ти

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anickata, 13 август 2010.

  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    не верувам во петок 13ти .. понекогаш ми се случувало баш на тој ден да ми се случат убави работи :)
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Суеверија |( Не никако тоа е само ден , обичен ден како и сите останати . Баш ми е сеедно :^)
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Баш суеверие! Ако треба да умреш, ќе умреш, не е битно дали денес или на петок 13 ти! Ова суеверие, почнува уште од стотини години, наназад, а сега е вмрежано во нашите умови, како нешто што не е во ред! Тоа тие авто сугестија.....петок 13 ти....баксузен ден!
     
  4. MarushkaMaci

    MarushkaMaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    Хах...мене ми е ист како и сите други денови :rofl:
    Ама има луѓе на кои стварно им се случува нешто.... :?:
     
  5. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    мене ми е најобичен ден само еднаш на петок 13 ми се случи седејки на лулашка се превртив, а во моја близина имаше многу луѓе :$
     
  6. Odiseja

    Odiseja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    32
    петок 13ти ми е омилен ден
    во ноември пак има јеееееееј :D
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Не верувам во ова чудо,но еве што прочитав :^)
    Дека Адам и Ева биле протерани од градината во петок,поплавата на Ное почнала во петок и Христос бил распнат во петок.На Тајната вечера имаше 13 луѓе (Исус и 12 ученици вклучувајќи го и злото Јуда)
    Христијаните исто така истакнаа дека 12 вештерки и еден ѓавол се присутни на Сатанските церемонии.
    Па поради тоа петок 13 е смртна комбинација :mm:
     
  8. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Јас не знам дали да верувам..Баш тој петок сакав да одам во Кавадарци кај баба ми и дедо ми..Појдов со такси и на сред пат ми текна дека е петок 13..Многу се уплашив што му реков на шоферот:Пази каде одиш оти е ПЕТОК 13 :lol:
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Пфффф не верувам во несреќи поради тој ден што е петок и датумот е 13 8)
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.510
    Пол:
    Женски
    Не внимавам на тоа која дата сме, па поради тоа петок 13ти не сум ни забелала кога е или бил. Но ,не ни верувам во такви суеверија.
     
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Петок 13ти ми е ист како и другите денови и не му придавам значење или пак да не излегувам од дома да не ми се случи нешто :rofl: :rofl: :rofl: нема шанси, некогаш не ми ни текне дека е Петок13
     
  12. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    јас сум на петок 13 родена :D :D :D :D
     
    На Iceberg му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Порано воопшто не верував во суеверието за Петок 13, но за жал сега верувам!
    Верувам бидејќи на тој ден ми умре мачорот што многу го сакав, не беше ништо болен, вечерта се мачеше неколку сати и умре...Што како незнам, ама ете, нешто има, и затоа верувам.
    Секоја година по 2-3 пати се паѓа петок 13. досега имам забележано дека барем еднаш од сите тие 2-3 петоци, нешто неубо ми се има случено... :x
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    И јас сум на петок 13ти родена. Реакција: вештерка си! хахаха
    Лоши работи се случуваат секој ден, ама луѓево некако обрнуваат внимание најмногу на денов ради филмовиве или не знам што.
    Постои тоа дека биле запалени на клада не знам колку темплари од црквата, ама како прв пат да е некој пален на клада или убиен.
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас не верувам во тоа. Петок 13ти-уште еден обичен петок по кој следи сабота. хаха
    А не верувам ни дека бројот 13 е баксузен, мене баш ми е океј!! хихихи
     
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Петок 13 не е ништо во споредба со 1 септември и 24 јануари! :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.502
    ^ Се согласувам со коментарот над мене. :D И јас баш не верувам во петок 13ти, некогаш не ни забележувам и никогаш не би останала дома за да не ми се случи нешто лошо. :^) Само памтам кога бев помала, добро знам дека беше петок 13ти, а јас имав ликовно. Е, тој ден се ми тргна наопаку. На часот целата од глава до пети бев нашљакана со бои, косата си ја замрсив со нив, отидов да ја истурам кофата со вода во вц, и зашто беше многу тешка скоро целата ми се истури врз мене. :D ]:) Потоа наставничката ќе ме утепаше, исто се скарав со другарка ми, а потоа и дома нешто ме караа. И јас бев многу тажна и нервозна тој ден, и потоа се жалев на вујко ми дека петок 13ти ми бил баксузен! Ама сега, кога ќе се навратам на тоа, знам дека било само некоја случајност. Така да, не верувам. :)
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    мене 13 ми е омилен број! :l: И секој петок 13ти сум си го поминувала супер. Навистина не верувам дека е баксузен. :)
     
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    Не ми е баксузен.. многу пати сум забележала дека убави работи ми се случуваат на тој ден.. мислам дека се само измислици кои патуваат од генерации на генерации :)
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Датумот на раЏање ми е петок, 13-ти, така што некако не го сметам денов за баксузен. :)