Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Петок 13ти

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anickata, 13 август 2010.

  1. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Па добро јас колку што знам ова суеверие започна со истоимениот филм така? :^)
    Пред тоа не се сеќавам да ја спомнувавме оваа дата. :lol:
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Интересна работа е ова што мене ми се случува. Значи секој 13ти во месецот мене мора нешто да ми се избаксузира, освен на петок 13ти
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Petok 13, jas imam fini spomeni od ovoj den. Ne mislam deka e malerozen.
     
  4. Staredad

    Staredad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    25
    Тотално баксузен ден... :D
    Ама за Темпларите.
    Суеверието околу петок 13-ти е од неколку извори а потеклото му е од еден настан - масовното апсење на сите витези Темплари низ цела Европа во координирана акција меѓу Францускиот крал Филип IV и Папата Клемент V кои во петок 13.Октомври 1307 ја спроведуваат таа акција.
    Истите се проколнати од страна на водачот на Темпларите, Жак де Молеј кој пред погубувањето ги проколнал Кралот и Папата “да цркнат пред следниот петок 13.“ заради нивните злодела кон витешкиот ред. Клетвата, за воља за вистината - се остварила, двајцата кривци за падот на Темпларскиот ред умреле пред следниот петок 13. при што меѓу народот се јавило суеверието околу овој ден, подоцна проширено и “апдејтирано“ секако...
    Подоцна една англиска легенда повторно со корен во реалноста го засилила ова верување, британската морнарица во обид да расчисти со суеверието на морнарите околу испловување во петок, решила да именува еден нов брод Петок (H.M.S. Friday). Бродот бил почнат да се гради во петок, првпат запловил во петок а првата службена пловидба била закажана за ден - петок...заедно со капетанот на бродот Џејмс Фрајдеј...
    Бродот испловил од пристаништето и никогаш потоа не е виден, ниту некој слушнал нешто за него...

    И секако Холувид и еден куп хорори... :D

    А можеби е само сугестија и очекување на некои дека баш затоа што е петок па уште и 13-ти...треба да се биде на штрек.
    Како и секој друг ден и на овој се случуваат несреќи,природни непогоди,криминал,убиства,баксузни ситуации...што за оние на кои ќе им се деси баш на тој ден секако ќе кажат дека е заради денот.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    само суеверија не верувам во тоа иако ми се има случено еден инцидент на петок 13 ама што знам истото можеше да ми се случи и било кој друг ден
     
  6. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Петок 13ти никогаш не ми бил баксузен ден. Секогаш сум се смеел и обично сум гледал по некое хорорче на тој ден :devil: НО, друго нешто што имам забележано, сабота 14ти е полн со баксузи :@
     
  7. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Најнормален ден е, како и сите други денови. Баксузен ден може да имаш и во било кое време во годината, што немора да значи дека петок 13 е проколнат или незнам што па на сите им е баксузен ден и нешто лошо им се случува. Баш напротив, петок 13 на некои луѓе можеби им е најубав, еве имаа спомнато во некои предходни постови.. :)
     
  8. Marucu37

    Marucu37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пред 6 години на петок 13 паднав од велосипедот , и завршив во болница на шиење . А минатата година , пред мои очи падна дете со велосипед и неможеше да стане а одозгора идеше кола , за срека дојде еден стар човек го дигна детето ... поточно го спаси . :/
     
  9. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Јас искрено повеќе верувам дека е случајност и дека тој ден е впрочем како сите останати. За некој среќен, за некој баксузен... :)
     
  10. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    НЕ ВЕРУВАМ
    Ама знам дека некој човек секоја година му се случувало нешто на овој ден, и еден петок 13-тиседнал дома затворил прозори, врати, спуштил ролетни, се врзал на столче за да не му се случи нешто, арно ама предходно влегол стршлен и го каснал човеков.. дали останал жив-неам појма.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    За мене петок 13ти никогаш не се покажал како баксузен ден. Ист како и сите други денови. Колку што се сеќавам и убави работи ми се имаат случено на овој датум. :)
     
  12. kiikeTo

    kiikeTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    не верувам во тврдењата за петок 13
    сепак утре е петок 13
    и баш ме интересира дали ќе ми биди баксузен ден :)
     
  13. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    51
    Дојде петок 13ти јејеје!
    Обично овој ден ми е убав, сабота 14ти ми е многу побаксузен :lol:
    Затоа се што ќе правам, ќе правам утре, сабота...цел ден да спијам а? :D
     
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Како и секој обичен ден ништо посебно.
     
  15. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Мене овој ден навистина ми почна баксузно (ако рачунаме од 00:01 :) ) Се искарав со еден пријател за нешто толку без везе, и се потресов ептен. Инаку овој ден отсекогаш ми бил интересен, во позитивна смисла. ;)
     
  16. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Ехее мене баш секогаш ми е најсреќен ден. Да видиме денес како ќе е :D
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    8.480
    Пол:
    Женски
    Се е започнато од Нордиската митологија.Имало група од дванаесет добри богови.Локи,духот на злото се придружил како тринаесетти,а не бил поканет.Во караницата проследена поради ова најомилениот бог Балдер бил убиен.
    Исто се смета дека уште со тајната вечера на Исус,кога биле на маса 13 луѓе (Исус и дванаесетте апостоли) и Јуда го предал Исус,и тогаш се спомнува баксузноста на бројот 13.
    Од таму потекнува целата приказна со петок 13.
     
    На DeDee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас па имам читано за Темпларите кои на ден петок 13 биле убиени и така останал денот како лош датум. А што се однесува до филмот мене ми е повеќе смешен , отколку страшен :lol:
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0% ... 1%80%D0%B8
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Денов е супер имав 2 часа на кои учевме а еден празен и јас бев дома во 10 и 30 и не е нешто баксузен незнам барем за мене
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Па никогаш не сум го третирала како баксузен ден, исто како другите денови така и овој. Денес баш чекам многу битни резултати што можат да ми го променат животот темелно. Ако се покаже петок 13ти како среќен за мене, не само што нема да го третирам како баксузен туку и како празник ќе го празнувам :wasntme: