Кога бев основно и средно школо, со брат ми му се радувавме на денов, не за друго, него заради хорор филмовите што ги даваа де. Не дека нешто верувавме дека лошо ќе се случи, него си бевме двајца браќа филмомани и си чекавме денови со филмски маратони, па ова беше еден од таквите на списокот. ццц Е, тоа имав приметено едно време мислам дека не даваат филмови на денов ццц баш сега ми текна, всушност и не знам дал даваат, не ми текнало да чекам некој филм сега, пошто се симнуваме од нет, пак и престанав да гледам хорор филмови одамна. Мислев ми влијаат врз Инсомнија, да ме сака повеќе, но не било до тоа. Али секако и она време што го спијам би да ми е мирно, без јас да се филмам дур си мирно спијам... оф ем спиење ем мирно две у едно што кај мене никогаш не се спојува.
Го обожавам петок 13ти Две најубави работи у животот ми се имаат десено на овој ден -се фатив со дечко ми и првпат ни беше на петок 13 и за нас воопшто не е баксузен,туку прекрасен ден.
Мене Петок 13 ми е среќен ден и баш го прославувам,бидејки на тој ден пред 9 години,имав една тешка операција од кои шансите да останам траен инвалид беа 100 %.Но бидејки се заврши во најдобар ред,од тогаш па се до денес јас го славам тој ден како мој втор роденден...
И мене ми е најубав ден. Како идеше песничкана Роденден е денот што го чекаме, цела година, цела година. Роденден е денот што го сакаме, најмногу на свет...
Не верувам дека е баксузен. Инаку кога бев помала верував. Еве една случка што ми се случи кога бев помала и верував во глупости. Вечер време е да се вклучат сијалиците со другарки собрани раскажувавме страшни случки демек таков е денот де! И доаѓам во зградата моја влегувам во влезот и одеднаш на првиот спрат слушам јас никој нема никој не поминува светлото се гаси одеднаш и се слуша еден грозен звук! И повторно и повторно правеше згаси-вклучи се повеќе пати пак звукот аууу! Јас со трчање горе влегувам в стан задишана и им викам на мама и тато им раскажав за ова и ми одговорија: Спојлер Тоа беше затоа што се договоривме за помалку да плаќаме за сијалици да даваме месечно извесна сума на пари и на тој начин ќе се овозможи.... Сијалицата да се исклучува за одредено време ,а ако ни треба на секој спрат има за приклучување на светлото и кој си поминува нека си ја вклучи,а не ти работела добро бидејќи само што е направена и ни рекоа дека во ред е така да е на почетокот потоа ќе се подобри... А како ми биеше срцето значи... Инаку на многу им е погодено на овој ден да имаат роденден и на другарка ми мајка и денес има па што?! (бевме излезени другарка ми порано си отиде да прославеле да излезеле) без страв без ништо како обичен ден така да на вас роденденките денес ви посакувам среќен роденден и не се плашите се е во ред. Бај да веј го обожавам петок 13 ВЕЧЕР ЌЕ ИМА ХОРОРИ! ВЕЧЕР ЌЕ ИМА ХОРОРИ!
Воопшто не го сметам како баксузен ден! Досега ништо лошо (баксузно) ми се нема случено на овој ден, ист како и другите, обичен ден! Дури наопаку, се некои добри нешта ми се случиваат, никако баксуз Дали можеби оти јас сум многу спротивна личност, секогаш имам различно мислење, ама гледам дека и кај другите е така, убав им е овој ден
It's Friday the 13th, and Guess who's Playing Freddy?! Денес фенот ми се расипа, иии 2 пати ми падна обетката, ама си ја најдов, а фенот пак проработи, демек се на се, не беше баш лошо...
прв пат во мојот живот петок 13 е баксузен ден. Несакајки притиснав нешто на една програма и се, ама баш се ми се избриша од компјутерот. од слики до програми до апликацијата за конектирање на интернет. дури и тие игрите соларитер ми се избришаа, а утре треба да пишувам семинарска. Фала му многу на дечко ми што ми покажа како се прави систем рестор по телефон, барем за да си ги повратам сликите, и фала им многу на дечките од интернет провајдерот што дојдоа во 8 и 30 вечерва да ми направат друга конекција. ах мори црешо мори баксуз ниеден!
хаха, мене па не ми ни текна дека денес е петок 13 дури попладнето ми текна ама ништо посебно не ми се случи ни лошо ни добро, онака еден обичен и интересен ден
И Јас сега случајно видов тука на форумов, знаев дека е петок а за датумов ич не приметив а денес низ рака ми поминаа 100 документи со датум колку бев разбркана цел ден можеби до 13 да е
по батал ден амин...се раскараф со колегите, со некои „другарки“ (што ги е**м), се изнагледаф искомплексирани фаци и све то... ама зато ноќва беше мммм ПРЕКРАСНА...до сега