Верувам во петок 13, односно во легендата за него, само што кај мене, како и за се друго , овој ден е обратно од што треба да биде.На петок 13 секогаш ми се случуваат интересни работи
Јас па забораив дека е петок 13. Цел ден во парк, топ друштво, па супрер си поминав. Ништо од "празникот". Оne love.. Bob Marley.
ееееее фала срце арно ме потсети ама стварно немам појма шо се дашавало ама сигурно е било нешто добро ...
Јас се секавам. Мојот најужасен, одвратен, катастрофален ден у животов. Толку лош ден одамна не сум имала, пу пу.. Другарка (при крајот на денот, беше некаде 5-6 часот напладне) ми вели, дека знаеше петок 13ти па потсвесно и така испаднало да е лош ден... Ја велам незнаев, незнаев се додека не се вратив од школо..случајно видов на календар дека било 13ти.. ем незнаев ем испадна стварно лош ден.. тоа е.
Mене ми беше ден ист како претходните..ниту несшто феноменално ми се деси,ниту нешто катастрофално..воопшто не верувам во тие глупости за петок 13
Не верувам во проклетството на овој ден, ниту пак на самиот број 13. А и како би кога сум си родена на 13. Досега, барем за мене овој број се покажал среќен него ли да ми е некој си баксуз. Тоа си е кој како си верува, сепак сето тоа е до потсвеста, па ако веруваш дека ти носи малери и навистина ќе ти носи. Последниот роденден ми се падна на петок 13 и си го поминав најубаво досега.
На петок 13ти ми го хакираа мсн Ми се имаат случено уште некои негативни рабои на тој ден, меѓутоа мислам дека тоа е случајност, не верувам во тие бабини деветинки
Петок 13, ист како и сите останати денови Само со повеќе хорори на TV. Досега ништо стрррррашно ми се нема случено
Обичен ден како и сите други денови и датуми. Ако треба да се случи нешто ќе се случи без разлика дали било петок 13 или друг ден и датум.