Секој петок 13ти му се молам на Џејсон да дојде, да не просветли со неговото мило ноженце, да напраи една чистка.
Amen. Не стварно, многу сакам кога се паѓа Петок и нели 13ти, каков баксуз какви глупости, мене ми е баш интересен ден, отсекогаш ми бил.
Не дека е баксузен, но така ете. Сепак ми се случувале некои глупави рабои, на петоци тринаесети Mинатата година, пешки се враќавме со една другарка од на школо, пана половина пат, пред нас излезе едно куче.. огромноо! па не бркаше назад до школото кога стигнавме таму, автобусот си заминал, па за среќа сеуште таму беше една служителка која со нејзиниот автомобил не донесе до дома..
Интересно ми е кога се паѓа петок 13. Мне ништо конкретно ми се нема случено. 4 години со ред на петок 13 не носат на викенд од училиште и секогаш си врвиме преубаво. Во петто оделение бевме исто на викенд и го гледавме филмот петок 13 и цела вечер не спиев .. ако тропнеше нешто мислев Џејсон дојде..
Мене петок 13ти ми е далеку од баксузен ден. Обично ми се случуваат некои убави работи. Некако интересно ми е и многу сум среќна на тој ден. Се ми оди од рака.
Ако не ми беше среќен ден можеби и ќе го делев мислењето на другите од околината, т.е. дека е баксузен. Но секогаш на овај ден ми се случуваат убави работи, во најмала рака сум одлично расположена, така даа барем за мене НЕ е баксузен, сосема спротивно
Баш на петок 13 пред скоро 22 години мојата јадна напатена мајка добила контракции и итно била пренесена во Општата болница во Прилеп. Нешто повеќе од 24 часа ,со триста маки ,болки ,несвести и делирантни состојби ме омачила мене... Така да, понекад ми е баксуз кога се мразам и кога го мразам сиот свет ,баш поради тој факт дека на 13 јас уствари сум пројавила желба да го видам светов ,за години подоцна да се разочарам од него. Во подобрите моменти ,пак ,го благословувам... Шала на страна ,не верувам во баксузи ,секој сам си го наметнува тоа чувство и секој си е одговорен за последиците на своите дела...
http://www.demotivation.us/search/all/bad-days-1247786.html За кого како..... Ден како и сите други денови....................
Освен шо Мајкл Маерс од филмот Петок 13ти до ден денес ме прогонува, значи одамна го гледав филмот, и џабе е, иако се откажав од хорор филмовите таа фаца одвратна ми остана во главата и уште имам страв кога и да помислам на него, а петок 13ти како ден не ми е нишо посебен, може за некој е баксуз, како за мене шо е секој втори ден во неделата.
Кому му зборуваш,па речиси секоја нок го сонувам како ме гони и трчам по улиците да се кријам од него.Ах пичка му мајчина,еден ден јас ке го фатам него па ке го растурам на парчиња и ке го правам на ражен Толку гнасен лик од хорор филмовите не сум гледала. Петок 13 како Петок,за мене не е баксузен ден туку сосема најнормален.Повеке верувам дека ке ми се случи нешто докколку црна мачка ми го пресеќе патот отколку ова.А бидејки Американците премногу се суеверни за овој датум па можеби и оттаму дошло ова.
Mене ми е петок 13 најубав ден недолго назад беше петок 13 и добив четири петки одма си го запомнав денот хаха
Оооо што фина тема сега ја видов Петок 13 ти го обоЖУВАМ уште од кога дознав дека тој ден го сметаат за баксузен . На секој 13 ти петок ми се случуваат убави работи најнормален ми е тој ден и секогаш си поминувам најубаво . Башка на тој ден се фнавме со мојот сегашен дечко т.е излеговме тој ден а минута пред 12 се фативме и го рачунаме 14 ти ама нема врска
Петок 13-Тој е денот кога се скарав со бифшиот мој И оттогаш несакаме да се видиме,ни едно здраво си немаме.А ако прашате зошто сни се скарале.И јас незнам,стварно незнам :///
Јавно кажувам дека немам календар дома, па не би било лошо да ми биде кажано дека утре е сабота 14ти, како и во наредните денови, додека си зберам некое денарче за да си купам еден. Не верувам во оваа дата, од чиста причина дека сметам дека деновите си немаат врска со нашите моментални расположби. Па, да се погоди некоја лоша работа прво би помислила дека е чиста случајност, отколку да велам дека е масло на датава.
Многу детско ми е тоа да верувам дека денес е баксуз ден или пак да не изглегувам од дома, или да не идеш на работа само зашто е петок 13 Американска дебилна работа Верував во ова на 10 години и обавезно си ги вртев чорапите наопаку но сега 11 години подоцна тоа ми е смешно и надраснато. Петок 13 како било кој ден во годината, ништо поразличен.