Приказна за пет сестри кои по загубата на своите родители, остануваат сами да се борат во животот. И покрај тоа што некогаш се караат, тие секогаш се тука една за сите и сите за една.Најстарата сестра Елиф има 20 години, студентка по право која ја има улогата на мајка и татко за останатите. Средношколката Арми има 17 години и е бунтовна, силна и со диво срце. Петнаесетгодишната Јелиз е тинејџерка која е загрижена со училишните проблеми и сака да стане популарна меѓу другарките и покрај малкуте пари кои ги има во нејзиниот паричник. Билге е 12-годишната сестра, страстен читател, одговорна и пред неа се наоѓа нов период во животот, пубертетот. Најмалата е џансу, шестгодишно слатко девојче која е многу чувствителна и која многу ја сака музиката.Овие сестри секој ден го почнуваат со љубов и борба за живот, живеејќи во куќата во која работеле нивните родители.
serii-i-emisii/pet-sestri-kanal-5-t17486/ На првата страница од серии и емисии беше веќе постоечката тема, разгледај малку друг пат пред да отвориш нова тема.