Еве како тазе вратена од Пефкохори да си напишам што си мислам. Многу е убаво, ги поршетав сите плажи и Паљури ми се највеќе допадна. Во селцето Паљури има убави таверни за јадење. Вриеше од срби и македонци и по некој грк залутан на плажа. Ми се допадна што навечер заладуваше и се чувствуваше таа свежина на воздух. Јадевме само по ресторани и скапоооо беше. Правам споредба, 500мл чоколадно млеко во Грција е 1,5 еур а во Шпанија 1 л е 1 еур. За носење гиро 2,5-3 еур а да го јадеш во таверна 6 еур, суфлаки 8 еур, риба парче од 12-30еур, печена кокошка да си ја земеш 8 еур..... Морето е кристално бистро и топло. Не бев задоволна од апартманот и немаше паркинг место ни за лек. Вртиш по 2-3 круга за да најдеш место за паркирање (плажата беше блиску на 50м од апартманот ама одев и на др. плажи). Сватив дека најубавите места се запоседнати од србите, така да ако сакате убав апартман најубаво е и поевтино е преку српските агенции. 10 дена ми беа потребни да го прошетам цел прв крак од Калитеа, Ханиоти до Паљури и мој заклучок е никогаш повеќе освен ако морам. Затоа што тие пари што ги фрлив таму ќе добиев поголем луксуз и почитување на некое друго место. Ок, видов како се развива селски туризам во Грција, во иднина ќе си ја носам и мајка ми да ми готви а претходно ќе наполнам кола полна со намирници за да имам што да јадам 10 дена . Жими морето што е убаво и што е блиску а друго ништо не би ме натерало да одам. Страхопочитување за другите ама тоа е моето резиме, и да се разбереме ,,не ги сакаат македонците,, не ни знаат како да се насмеат и не ни умеат како да ни ги земат парите. Ес да тешко дека ќе видиш грк кој работи по таверни, плажа, продавници ама и тие што работат говоре само српски или руски или од инат несакаат ни реч да кажат....тоа е друга приказна и зависи кој што бара од одмор. Како и да е, 10 дена се тргнеш од секојдневието и не размислуваш на ништо. Пефкохори е ок место и за млади (има полно дискотеки) и за фамилијарни луѓе.
жени ај дајте некоја понуда од агенција за празников сега, се напнаа моите на море да одат Aко знаете некоја понуда дајте ми плис да ги леквидирам од дома по брза постапка
SKALA TRAVEL ... И оваа година, за продолжениот викенд за празникот Богородица, Ви ја нудиме единствената можност за крстарење по Заливот Торонеос, сончање на плажата Торони, посета на Неа Мармарис, уживање во водите на Егејското Море и островот Келифос... Цена по лице 3.999,00 мкд!!! Во цената на аранжманот е вклучено 1. сместување во Калитеа - 2 ноќевања 2. превоз со високотуристички автобус 3. патничко осигурување 4. КРСТАРЕЊЕ по заливот Торонес со ручек на брод
Сакам да прашам дали во селцето Паљури има места да се шета (кафулиња, продавници) или единствен плус му е прекрасната плажа ?
Леле, Паљури какви убави спомени ми буди од пред едно 6-7 години. И тогаш постоеа оние романтични лежалки на плажа. А морето, фантазија особено за оние што сакаат да нуркаат. Таму прв и единствен пат се сончав топлес. Тогаш го доживеав местото како откритие и ми се чинеше дека ниеден македонец не знае за него. За оние што биле сега скоро, ме интересира дали сеуште постои кампот во близина?
Има таверни, пицерија, слаткарница и продавници за прехрамбено. Една уличка е и тоа е, мало е местото ама е убаво. Плажата е на другата страна, разделени се на едно 1-2км. Од камповите останале само знаците покрај патот (бар јас не видов кампови)
Славица, ти благодарам за одговорот- ама веќе се вратив Бев викендот, ама само во Пефкохори- некако се сместивме таму и после не ни се идеше Паљури Ми се допадна градот- има повеќе места за шетање од Калитеа, и поефтино е ама водата во Калитеа и плажата се каде каде поубави. Оваа во Пефкохори беше многу тесна и плус беше со некои ситни камчиња, а не со песок- еве видете Е луѓе кој сладолед во корнет сум го јадела од некоја грчка фирма- со чоколадо и пишуваше на него оргазмично задоволство и верувајте така се чувствував додека го лижев Се на се` убаво место, ми се допадна- посакав да сум таму повеќе денови, а не само викенд. И мислам дека немаше толку македонци- имаше срби, а и доста англичани, па имав шанса и англискиот малку да си го употребам, ми досади за зборам српски во Грција Еве и една слика од Пефкохори- да добиете некоја претстава
Пефкохори местото го сакам. го обожавам. Кога бев мала кога ќе ме прашаа кај сакам да се мажам секогаш сум викала во Пефкохори. Знам дека е мало местенце...ама...незнам, имам премногу спомени од таму. Немможе мене да ми помине летото без да отидам во пефкохори. Ги сакам и таверните таму, го сакам и гирото, ги сакам и слаткарите, ги сакам кафиќите...секаде си имам оставено по некој спомен. Со годините наназад имам запознато доста луѓе од самото градче, кои ми останаа доста драги. Единствено место до сеа кое шо кога ќе ми текне на него, буди некоја носталгија во мене. Годинава ќе одам во Полихроно месец дена, ама знам дека бар пола месец ке бидам на релација полихроно- пефкохори. Неможам бе, си го сакам градчето како мое
мислам дека сите ми кажаа некој ваков ценовник 30-35 од 1-15 јуни, 35-40 од 15-30 јуни, 40-45 од 1-15 јули, 45-50 евра од 15-31 јули, 50-60 евра од 1-15 август и после пак поцнуваат да паѓат.ова се цените у пефкохори и полихроно со прашував, за куќи 50 м од плажата одприлика.у Ханиоти беше малку поскапо. јас ќе плаќам по 38 евра за од 25 јуни до 5 август. мислев дека ќе дадат повеќе попуст ама не бе, пак се полни
јас годинава,бирам меѓу паралиа,олимпик бич и пефкохори.кога сме кај пефкохори,сакам да прашам дали ја има продавницата лидл,дали плажата е песочна и дали е плитко(морам плитко,со мене ке дојде 5годишно девојче )..и како сте задоволни вие
Јас годинава се мислам меѓу Пефкохори, Калитеа или Ханиоти. Ме интересира како е во Пефкохори ноќниот живот, дали има дискотеки и како се движат цените.
Јас бев минатата година од 10 до 20 јуни. Првите 2-3 дена попладнето беше врнежливо, но пред тоа одевме на плажа и беше прилично супер. Водата не беше ладна, па се бањавме без проблем. Море си е море. Вечерите имаше бури, но сабајлето одма на плажа. Од 4 ден некаде фати топлотен бран, па на плажа никако не одевме без чадор. Нема да се покаеш. Водата е чиста, исто и плажите. Прилично мирен беше периодот. Немаше премногу гужви.
Оваа година јас таму планирам сестра ми и мајка ми се согласија,уште татко ми да го натерам. Ние би патувале преку туристичка агенција,ама ја најдов подобро решение. Има таксисти на нет што возат до Грчки дестанации,меѓу кои е и Пефкохори.Јас најдов еден таксист им ми изгледа,на добар,лани исто така со такси бевме до Струга,цената е иста мислам со автобус,ама нормално со такси(мерцедес беше) е подобро,ем покомотно,ем е некако поубаво Ама лани со таксистот не се договоривме за враќање,па денот кога требаше не можеше и моравме со автобус . Ама ја мислам дека требаше да си предвидиме колку дена сеа арно ни беше А таксистот беше млад,добар,ништо не праеше дури и застана,татко ми требаше да си земе од канцеларија нешто. Не не врати и сеа сестра ми и мајка ми збеснаа,какво такси она оова Па ем е поефтино,ем комотно,а и овој таксистов дури напишал ако немаме смештај ќе ни најде,а и цените му се поефтини,одколку со агенција.Па им викам ќе си се договориш тој и тој ден ме носиш,тој и тој ден ме враќаш,а сигурна сум дека татко ми ќе успеа да се договори,и така човекот си нема срам,комуникативен си е(за овие работи) Епа ајде сеа,нака се согласи татко ми со ТАКСИ,па здравје боже у август... П.С и ја нема да се согласам ако не ни закаже и повратен термин,мада ги познавам луѓето,знам дека кај овој човек нема превара,со тој лани немаше закажан повратен термин!А овој изгледа тој период во Грција ќе е така да прави и тури до Џамбо,ваму таму
Здраво девојки, ме интересира дали во пефкохори одат и млади (друштва) или сепак е за фамилијарни одмори
Sekako deka odat i mladi i drustva i parovi,mestoto e apsolutno prekrasno vodata e preubava i noken zivot ima i golem izbor na plazi i sve,jas lani bev na odmor i preubavo si pominav mojot najubav odmor definitivno,najubavata plaza e Yalla i tamu samo mladi odat sredeno e preubavo cisto samo pofalni zborovi imam,cenite se malku posoleni za smestajot posebno Avgust ama vredi definitivno...