Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пехчево

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 29 јули 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Сум била во гратчето, но само на поминување со автобус на пат кон Берово. Освен хотел Гогов и апартманите на истите газди, дали има друго приватно сместување? Барав на нет, ама не најдов, освен една вила далеку од градот. Дали би било ок да се седи 2-3 дена. Знам дека е мало, се е на купче, нема некоја забава, народ.
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    172.853
    Пол:
    Женски
    Има и приватни ама тие се на Равна река, не знам други некои што рентаат во градот..
    Кога сме веќе кај Пехчево, можеш да ја посетиш Равна река, водопадите, манастирот Св. Петка..
    Ако сакаш да пешачиш или да возиш велосипед сега правиме повторна маркација на пешачките и велосипедските патеки, па можеш да одиш до Вртената Скала кај Буковик или преку Јудови Ливади по патеката на Петко до едукативниот центар во Негрево, има и Авантуристички парк, зиплајн и адреналинска патека кои што сега не работат моментално ама од есен планираме пак да почнат.
    За тие што се повеќе навлезени во хајкингот или планински велосипедизам, има тури до Равно Борје и Кадиица..
    Најживо е за Петровден и Павловден кога и се празнуваат овие 2 празници..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Дознав во едно кафуле издавале соби. Инаку, до Равна река може пеш и во водопадите? Мене не ми е проблем одење пеш, но не знам колку се оди.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Преку 2 часа во еден правец само со најблискиот.
     
    На Tanjamm и Dust им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.741
    Допаѓања:
    172.853
    Пол:
    Женски
    Да не мислиш на Ким апартманите?
    Инаку за одењето Дангел ти кажала отприлика .. околу 13-15км е. Поисплатливо ти е такси во еден правец а другиот пеш
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Ооо, далечко. Епа со такси. Не square кафичот имал соби. Знам Ким, Хотел Гогов и вили во Равна река има. Хотелот е убав, ама па скапо е.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ким апартманите земи тогаш, поевтино е, а колку што знам се договара за доручек со хотелот.
    Да, Сквер има соби исто така.
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Мене Ким ми се видоа скапи на букинг. За Сквер ми ги пофалија, ама не сум прашала уште за цената. Ако им се ок сообраќајните врски, би прошетала до Делчево, Каменица...
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакав да видам колку е на букинг цената, ама ваљда различни букинзи имаме, со оглед на тоашто на мојот не ги ни има на букинг.
    Шала на страна, штом е цена во прашање - Square подобро.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Ги нема, точно, се збунив јас. Гледав на златна книга, пазар 3, реклама 5, букинг, секаде каде има огласи за сместување.

    Убав е хотел Гогов, но хотел како хотел, скапо ми е. Затоа барав приватно сместување.

    Фала за помошта.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Сум ја отворила темата и да се навратам пак, мислење за градот - повторно не би одела таму. Сите кои ги сретнав ме прашаа „зошто си дошла во Пехчево?“. Мислиш ќе останам да живеам таму, па поставуваат такви прашања. Имаше две клучни работи кои не ми се допаднаа, непрофесионализам, така што пак не би одела.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Инаку, Ким имаат убави апартмани, таму бев сместена. Убав е погледот ноќе од апартманите кон плоштадот и кејот, ама буквално канделабрите ми ја осветлуваа собата. Рекичката си жубори и цела ноќ ја слушав. Народот не ми се допадна. И немојте да се возите со единственото такси во градот.
     
    На dea.18 му/ѝ се допаѓа ова.